Трагедија во Кочани - најмалку 59 загинати во пожар во дискотека

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Kataklinkers, 16 март 2025.

  1. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.279
    Допаѓања:
    270.569
    Панчо може да е виновен што внел и користел пиротехника без дозвола, не од газдата, туку од државата.

    Дај не се бунете и доста со тоа ако не му дозволеле, па ако не му дозволеле. Не е важно дали му дозволиле или не му дозволиле, не е сертифицирано лице за управување со пиротехника, внел пиротехника за надвор внатре, покрај сè ова немал на писмено дека дискотеката може воошто пиротехника за внатре да поднесе. Значи премногу работи се тука испомешани, никој, па ни газдата не сакал да дојде до ова, туку "имам човек" и "ај на црно" и "мито" довеле.

    Сите имаат удел, само не еднаков удел.

    Едит: НАВОДНО Панчо внел. Уште не знаеме кој точно внел, ќе дознаеме.
     
    На Konfetka, Ivan4e04, LiquidLuna и 13 други им се допаѓа ова.
  2. Крондилка

    Крондилка Активен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2025
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    65
    Очигледно не сте оделе на настапи кај по големи бендови. Секој бенд си има програма и точно во одреден дел на песна или кулминација на настан се пушта евентуален визуелен ефект од аспект на пиротехника, ладни прскалки, ракетки на интро на концерт и така натака.

    Значи земете било кој светски, регионален или наш бенд (мада наши не ни има многу). Кога одат во поголеми сали или стадиони си имаат програма. Доколку турнеата им опфаќа и помали клубски свирки, се разбира дека се гледа дали смее или не смее да се пуштат тие визуелни ефекти. Тоа не го одлучува бендот, туку си има регулативи.

    ТОТАЛНО ирелевантно е дали групата ДНК ги донела прскалките. Се гледа дали тој евент или клубска журка ги исполнува нормите за да се исполни програмата за визуелни ефекти. Дали го исполнува или не тоа го одлучува тој што е задолжен за тоа во договор со газдата.

    Значи, да резимирам: ДНК имаат во програма прскалки. Мислам дека рекоа дека еден од загинатите член на бендот имал задача да ги пушта тие работи. Значи, претходно сигурно било договорено дека тоа ке оди.

    Вие нажалост ја направивте работава како Панчо да фатил и да ги запалил на своја воља пошто му било кеиф. Ептен површно гледање на стварите имате.

    Проблемот е доста по длабок.
     
    На Erika.greeneyes, Ivan4e04, Manako2 и 12 други им се допаѓа ова.
  3. нина122

    нина122 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2018
    Пораки:
    4.647
    Допаѓања:
    13.297
    Пол:
    Женски
    Сите што правеле свадби, имале вакви прскалки на свадбата и знаат дека овие прскалки прскаат така наречени ладни искри и дека од нив не можеш да се изгориш ниту ако ја ставиш раката врз нив.. Се сомневам дека нешто друго е во прашање..
     
  4. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.279
    Допаѓања:
    270.569
    Тоа и на почетокот го напишав, за пример Розга ја земав.

    Во Борис (и други арени) имаше огнофрлачи, во Сава центар (и други) немаше никаква пиротехника.

    Нема сакам, не сакам, ако е по закон се знае каде, како, кој.
     
  5. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.982
    Допаѓања:
    117.932
    Пол:
    Женски
    Има ладни ама ова може да не биле ладни.. тоа е поентата.
     
  6. нина122

    нина122 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2018
    Пораки:
    4.647
    Допаѓања:
    13.297
    Пол:
    Женски
    Епа најверојатно не биле, и затоа и дошло до пожар, и треба да си сноси одговорност секој што дозволил да се користат..
     
    На nena2010 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.589
    Допаѓања:
    127.930
    Пол:
    Женски
    Очигледно не сфаќаш дека според законите е релевантно кој. А секако дека тоа е само дел од проблемот. Многу страни направиле пропусти и сите тие треба да одговараат.
    А, за Панчо никој не го вика тоа. Баш муабетот е дека не треба да се става целата вина врз него, он не е кабелот. А, знаејќи ги нашиве може да го направат кабелот.
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  8. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.982
    Допаѓања:
    117.932
    Пол:
    Женски
    Па тоа дрндам од почеток. Мислиш дека Деко ќе каже: Јас му дизволив. Гарант ќе се вади: Не му дозвилив сами ги пуштија и мое дете е повредено бла бла бла.. мртвите не зборуваат...
     
    На нина122 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Bubce38

    Bubce38 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    11.505
    Допаѓања:
    173.012
    Пол:
    Женски
    Нормално дека е со дозвола на пациентите/ родителите.
     
  10. doll.a

    doll.a Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    1.539
    Допаѓања:
    4.193
    Пол:
    Женски
    Почнаа сите општини со инспекција .
    Значи можело да се сработи и за 1 недела истото ама па зошто државна администрација да се замара да работи ?
    Или па зошто да отиде да провери кога може некој да си плати за истото дека се е ко што треба па да нема потреба уопште да проверува.
    Трагично е што не е само Деко . Уште колку ќе видиме како Деко само Господ знае.
    Пред некој ден видов стори од Александра Заева поврзано за ова во Кочани и за корупција беше сликата.
    Да ми беше мене татко Зоран Заев искрено срам ќе ми беше да ставам слика за корупција.
     
    На Konstrakta, Konfetka, Sielo❤️ и 14 други им се допаѓа ова.
  11. Bubce38

    Bubce38 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    11.505
    Допаѓања:
    173.012
    Пол:
    Женски
    Ама нели не е прв пат во Пулс да има прскалки?!:^)
     
    На Крондилка му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Viveki

    Viveki Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2022
    Пораки:
    1.445
    Допаѓања:
    10.238
    Пол:
    Женски
    Нена, мојот сопруг е жонглер. Има перформанс и со оган. И сега го викаат на тезга рецимо во ПУЛС и му викаат настапувај. И он си настапува, еве ти пари.
    И он си изведува точка со оган.
    И кој е крив тука?
    Изведувачот или нарачателот?
    Од кај Панчо знаел дека плафонот е од сунѓер и дека ќе се запали?
    Ама тој што ја правел дискотеката знаел што материјали платил да стават.
     
    На Erika.greeneyes, Ivan4e04, LiquidLuna и 25 други им се допаѓа ова.
  13. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.771
    Допаѓања:
    323.427
    Не.
    Не се донации од народот.
    Буџетски пари се.
    Никој не донирал, тие пари се љута резерва за вакви работи
     
    На nena2010 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.982
    Допаѓања:
    117.932
    Пол:
    Женски
    Не е ама може биле ладни. Кои не горат!! Има разлика.
    @Viveki па извини ама мажот ти ако е совесен пред се за себе а и за другите ќе процени каде може да пушта оган..
     
  15. Pixi5

    Pixi5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2020
    Пораки:
    377
    Допаѓања:
    428
    Пол:
    Женски
    Над 850 илјади евра донации собрани досега преку Црвениот крст во текот на следната недела ќе се префрлаат на банкарските сметки на семејствата на повредените и починатите од пожарот во Кочани.

    Парите во првата фаза ќе бидат префрлани линеарно или по 150 илјади денари, а во другите фази исплаќањето ќе биде според утврдна методологија на која работат експерти и надлежни институции вели генералниот секретар на Црвен крст Саит Саити.

    Во првата фаза ќе бидат исплатени 36 милиони денари од досега собраните 51 милион кои во наредните денови и ќе се зголемува со оглед на тоа дека интересот за донирање е голем.
     
    На Trexane му/ѝ се допаѓа ова.
  16. light <3

    light <3 Активен член

    Се зачлени на:
    21 мај 2023
    Пораки:
    93
    Допаѓања:
    96
    Пол:
    Машки
    Со сето ова се согласувам целосно , но тоа тука би одело потешко затоа што политиката тука дирекно управува со поголемиот дел од населението , рачунај цела администрација е партиски вработена цело МВР дел од адвокатура и сеа рачунај дека тука работат закани и уцени за работно место затоа велам дека овој систем никогаш нема да се смени затоа што 75 проценти од населението е партиски вработено.Впрочем ова не е држава ова се две политички партии кој раководат со територија .
     
    На blackdeath, Abel и eliesaab им се допаѓа ова.
  17. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.692
    Допаѓања:
    41.052
    Пол:
    Машки
    Толку издржа рајата, од вечерва пак по славја и некоја друга реалност. Барем скријте се и не се објавувајте, срамота и греота е! Јаз’к!
     
    На Konfetka, Erika.greeneyes, butterfly6223 и 38 други им се допаѓа ова.
  18. Bubce38

    Bubce38 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    11.505
    Допаѓања:
    173.012
    Пол:
    Женски
    Аха,јасно.

    @Pixi5 парите од донациите преку телеком што дониравме дури од понеделник ќе почнат да се исплаќаат на настраданите.
    Овие 2500 евра се пари пд државата и веќе им се легнати на сметки.
    Јас лично сега за сега сум "задоволна" од грижата и ажурноста на нашава држава.
    Ќе видиме како ќе се одвива ситуацијата во наредниот период
     
    На baguf4e и L.i.n.a.a им се допаѓа ова.
  19. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.682
    Допаѓања:
    22.176
    Ама убаво ви вика @Biljarkata поназад.
    Проблемот со објектот не е само внесување пиротехника туку немање ОСНОВНИ безбедносни мерки. Само еден излез, премногу луѓе во мал простор. Еве не пожар, ние сме трусно подрачје, се дешава земјотрес, почнува да се руши покривот недајбоже. Пак стампедо, 500 души низ една врата. И повеќе од тоа ќе изгинат.
    Значи што год да е причината, ако немаш безбедносни мерки, не треба да работиш, крај на муабет.
    Баш деновиве си мислев од нашиве трговски мислам само ГТЦ е најлесен за спасување зашто е отворен трговски, башка има и пошироки ескалатори +скали и излези од сите страни. Наспроти тоа, Капитол жими една врата што има ротирачка и тоа ескалаторите пола гз широки и само по еден на секој спрат.
     
    На Lavender13, elimkd, An-na и 6 други им се допаѓа ова.
  20. Pixi5

    Pixi5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2020
    Пораки:
    377
    Допаѓања:
    428
    Пол:
    Женски
    Ви објавив изјава од Црвен Крст дека за тие пари станува збор.
     
    На happygirl му/ѝ се допаѓа ова.