1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Трагедија во Кочани - најмалку 59 загинати во пожар во дискотека

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Kataklinkers, 16 март 2025.

  1. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.600
    Допаѓања:
    128.022
    Пол:
    Женски
    Луѓе, ако ние како народ не покажуваме емпатија не можеме да ја очекуваме ни од функционерите. Тие не се раѓаат како функционери, туку како дел од народот. Дел кој се корумпира оти останатиот му дозволува. Мора да се почне од некаде. Ете од тоа да покажуваме емпатија преку воздржување од весели објави во денови на жалост. Кога нешто не чини да се прави, не треба да се прави.
     
    На Ivan4e04, L.i.n.a.a, Принцезичка1 и 10 други им се допаѓа ова.
  2. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.958
    Допаѓања:
    172.253
    Пол:
    Женски
    Околу објавувањето, мене ме изиритираа мал број луѓе насмеани од уво до уво Неделата и Понеделникот. Деној најтрагични, најнеизвесни. Ама па на мој feed тие беа малцинство и веќе ги нема (yeet the fuckers). Like girl read the room. Кај наоѓаш во себе за толкава насмевка?

    Остатокот од денојте имаше куц туц објава од кафе, природа ама шодека. Не е страшно. Вистина животот продолжва за поќето, особено тие кои не се лично засегнати. Према мене, дур не се претера со то какви се објавите во ден на жалост - не е проблем. Ако се претера - невкусно е. Башка стварно, барем на мој feed, ретки беа објави кои не беа за информации околу несреќата.

    Ко шо рече некој погоре, имав работи шо сакам да ги објавам ама се шо до сега објавив не е ни поезија/текст па камоли нешто друго, туку стрикно корисни информации како линкови за донации, престој, за мирниот марш шо го имавме итн. Зошто за мене то е важно ова недела. Да, и мачорот ми е пресладок како седи на столица со шепите оптегнат на биро и личи ко да работи, ама то е слика шо кога год било можи да ја види некој. Сега неќам да се изгубат важните информации низ такви објави барем на мојот профил, а добив впечаток дека и поќето така се чувствуваат према то шо скролнав сториња и ретко видов друго.
     
    На 1209, Ivan4e04, Giovanna и 13 други им се допаѓа ова.
  3. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.682
    Допаѓања:
    22.184
    Wow, сериозно треба некој да се правда ако излегол со партнер, другар на кафе/јадење.
    Значи не славење и џускање него обичен ручек и кафе со уште една особа?
    Дај за 9 месеци овие што ќе се породат, водете им рачун дали се онаделе можда у денови на жалост.
    Поголеми болесници сте ако очекувате некој да живее на воздух овие 7 дена.

    Ништо не сум објавувала ама излегов на јадење со дм. И од работа јадев надвор на пауза. Да земам да се отепам, еве не знам.
     
    На BlackSwan22, simoncelicius, andromedae и 7 други им се допаѓа ова.
  4. DS10

    DS10 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2024
    Пораки:
    2.840
    Допаѓања:
    4.327
    Пол:
    Машки
    Па материјалите биле обични, не огноотпорни оти кому би му текнало во магацин за теписи да носи пиротехника? Кога бил пренаменет објектот во дискотека требало да се мисли, затоа што е сосема нормално и вообичаено во дискотека да има пиротехника.
     
    На JoyJoy му/ѝ се допаѓа ова.
  5. MandyLane

    MandyLane Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    3.836
    Допаѓања:
    25.723
    Пол:
    Женски
    Цело време нешто се мери.

    Кој е помудар, на кого му е повеќе жал, кој споделил повеќе, кој споделил рандом слика и сега треба да иде на клада, кој покажал повеќе емпатија, кој не покажал, кој колку донирал.. и така цело време фокусот и гневот насочени на погрешни работи. Никој не прави интроспекција да рече, чекај, од утре ЈАС да се сменам, да почнам од себе да го мењам системот.. не, секогаш друг е крив.
    И после зошто не не бива, ете зошто, зошто никој(не скроз никој, ајде да речеме повеќето) како индивидуалец не става прст на глава што може да промени како индивидуа, туку прво гледа друг колку и што направил и мери муда.

    Епа тоа е.
     
    Последна измена: 23 март 2025 во 11:07
    На Ana.brojka, 1209, Skorpija25 и 22 други им се допаѓа ова.
  6. Antebellum

    Antebellum Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2012
    Пораки:
    3.026
    Допаѓања:
    9.278
    Пол:
    Женски
    Андреј спасува деца... ;(;(;(
     
    На Skorpija25, Снегулк@23 и JoyJoy им се допаѓа ова.
  7. xGenius

    xGenius Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 мај 2014
    Пораки:
    25
    Допаѓања:
    73
    Инфомакс/мечка се најголемиот шлајм во нашиов тажен медиумски простор. Што очекуваш од луѓе што снимаа подкасти со Палчо? А и кога ќе видиш кои им се стандардни гости, Стевче, Филип Петровски, Мирка Велиновска, тоа е се што треба да знаеш за нив. Стевче бе, Стевче зборува за криминали и правдини во државава, човекот со најмногу станови и капитал од аспект на криминал од сите градоначалници во историјата на Македонија, мизерија.

    Како побогу мислеше дека овие лешинари не се обоени.
     
    На ideniki1, FridaodaMk, Mucika и 3 други им се допаѓа ова.
  8. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.735
    Допаѓања:
    40.165
    Пол:
    Женски
    Не, никаде никој не го рече тоа. Еве ме интересира каде некој напиша дека е забрането да се оди на кафе.
    Ама да објавуваш селфиња пет саати откако се случи пожаров или на денот на погребите ти да си ставаш дека си во кафана е безосетно со оглед на тоа во колку мала земја живееме. Сочувството може да се изрази и со тоа да неколку дена не добиваш лајкови од твоето лице и да бидеш тивок. Поминаа седум дена, муабетов полека станува излишен, но е на место. Да не зборам па дека овие наведени луѓе се истите кои никогаш не би излегле на протест.
     
    На Ivan4e04, Hellobeautiful, CameliaMiller и 8 други им се допаѓа ова.
  9. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.275
    Допаѓања:
    89.590
    Пол:
    Женски
    Албанциве се бунат, а и Ванковска|( и за израелските доктори експерти за изгореници кои веднаш пристигнаа и спасија многу тешки пациенти.
    Се бунат и нашите доктори кои работат во Германија зошто на толку дијаспора не зеде еден пациент на лекување.
     
    На ideniki1, LadyR, vitamina и 3 други им се допаѓа ова.
  10. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.178
    Допаѓања:
    67.503
    Пол:
    Женски
    Може ли да отворите нова тема за протестите и останати политички работи? Нека остане темава за тоа што беше, за апдејти, а политиката префрлете ја во нова тема.
     
    На No Makeup, Victorian, MB993 и 3 други им се допаѓа ова.
  11. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.827
    Допаѓања:
    254.693
    Животот за сите продолжи, муабетот е да се припази што се објавува. Па неморате на сториња објави од домашни забави и фешти. Денови на жалост се. Тоа само.
    И јас живеев нормално, дома и музика и пуштав на малава. И на кафе седев, се нормално правев, ама сториња освен поврзани со трагедијата не ставам. Некни на натпревар не отидов. Мислам почит малку да покажеме.
    За се треба од нас да тргнеме. И од утре, не се битни сторињата, туку како од утре ќе функционираме. Со врски или без.
    Време е за нови чекори и промени.
     
    На Снегулк@23, Ivan4e04, Antebellum и 10 други им се допаѓа ова.
  12. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.682
    Допаѓања:
    22.184
    Имаше негде полни биле кафичите, друг видел луѓе со слушалки, трет зашто некој дома му пуштал на детето цртани. Мислам не е само форумов кај што се збори
     
    На jacqueline.s, MandyLane и Cutiepie1 им се допаѓа ова.
  13. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.827
    Допаѓања:
    254.693
    А што има врска дијаспората со тоа кај ќе се лекуваат? Во Полска колку има или кај имаше Латвија ли?
    Немам поима како се праќале, ама ете згрижени се битно.
    Израелци секоја им чест, ама го разбирам и револтот кон нив.
     
  14. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.682
    Допаѓања:
    22.184
    Кратко прашање.
    Русија се понуди за помош?
     
    На FriendOfDorothy и Gosh им се допаѓа ова.
  15. PollyPocket

    PollyPocket Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2023
    Пораки:
    1.103
    Допаѓања:
    4.572
    Пол:
    Женски
    Кај Каролина Гочева ми испадна линк на гофандми за на Андреј детето.
    За школување.
     
    На Снегулк@23, eliesaab и JoyJoy им се допаѓа ова.
  16. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.370
    Допаѓања:
    137.748
    Не. По наш закон не ни смее, санкции имаме кон нив.
     
    На ideniki1, fana, nextredstyle и 2 други им се допаѓа ова.
  17. PollyPocket

    PollyPocket Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2023
    Пораки:
    1.103
    Допаѓања:
    4.572
    Пол:
    Женски
    Не е ова протокол на Европска унија?

    Мислам дека не е страшно и да ме понудил некој.. Може нема место, нема услови. Што се сите згрижени, не е ни битно кој не се понудил.. Да се вратат живи само.
     
    На JoyJoy му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.682
    Допаѓања:
    22.184
    Не знам, чисто прашав пошто гледам луѓе лаат против Израел, ама истиве ќе свршаваа ако се понудеше Русија.
     
  19. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.779
    Допаѓања:
    80.385
    Пол:
    Женски
    Луѓе, не се натпреварувајте и во тоа кој повеќе, а кој помалку жалел. Не пумпајте его истакнувајќи се себеси како поемпатична и посвесна личност од некој друг. Државата прогласи денови на жалост, сите знаеме што треба, а што не треба да се прави тој период ама во приватност да не чепкаме. Кој излегол со друштво и дома што правел, тој си знае, негова работа тоа. Не слушнав од никаде музика да ечи и гласни собиранки да има. Да стреламе ако некој се осмелил да се насмее деновиве? Вицови сигурно не се кажуваа.
     
    На BlackSwan22, Ana.brojka, Снегулк@23 и 7 други им се допаѓа ова.
  20. Stella1111200

    Stella1111200 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    219
    Допаѓања:
    424
    А,чекај мене ме интересира што сега треба сите ние останатите да направиме? Океј, ниту јас не одам на забави,свирки, не објавувам сториња од мене селфи, не одам на куќни журки, никаде не одам поврзано со фешти и забави, ама слушалки и музика НА МОИ СЛУШАЛКИ? Што сега и тоа ли е забрането? Еве може мене ме смирува тоа и ме отрга од целата ситуација, не сум пуштила на плоштад музика, слушам за самата себе и не играм на сред центар ко улава некоја.
    Разбирам дека се денови на жалост, ама едноставно колку и да е тешко животот продолжува и луѓето бараат начин да де отргнат од се, еве неќна бев на вечера, земите и стрелајте ме сега.
    Исто ако е толку ригорозно се и човек не може да мрдне тогаш да прашам дали може филм да си пуштам? Мислам , ви се молам стварно. Замерите им и на тие луѓе на работа што одат, срамота за нив, во вакво време тие работат и мислат на плата следниот месец…. really?
     
    На Poppins, sj *O*, Gosh и 3 други им се допаѓа ова.