1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Трагедија во Кочани - најмалку 59 загинати во пожар во дискотека

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Kataklinkers, 16 март 2025.

  1. Lisandra

    Lisandra Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2015
    Пораки:
    2.027
    Допаѓања:
    3.223
    Пол:
    Женски
    Не е овај случај , друг беше исто младо момче диџеј шо го отепа струја от тоа неисправна инсталација во објектот. Неговата опрема била добра ама пак тоа каблите во дискотеката не чинеле, ај да побарам ќе пуштам линк.
     
    На eliesaab, slatka39 и JoyJoy им се допаѓа ова.
  2. Iva:)

    Iva:) Популарен член

    Се зачлени на:
    9 април 2016
    Пораки:
    669
    Допаѓања:
    1.726
    Пол:
    Женски
    Точно сите сегашни и бивши по редослед Мвр, Инспекции, Општина, Ујп и надлежни министерства. Ако се фатиме убаво за работа не е лошо и реформа на цела преобемна администрација. Пулс и Кочани можевме да бидеме сите ние во последниве 20 год. Рибата смрди од главата не од опашот. Доста се сите диска покритие на дилери и тоа со целосна подршка на Мвр.
     
    На Mumoftwo30, Anyshka, Miss666 и 4 други им се допаѓа ова.
  3. kristina.k

    kristina.k Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    8.506
    Допаѓања:
    38.718
    Пол:
    Женски
    Истово го мислам и многу ми е жал..како што минуваат деновите се потешко и пожално ми е. За децата, за бендот, за Андреј, за фамилиите, а и за Панчо, не знам ни како ќе му соопштат за сите.. и неговиот живот нема да е живот повеќе.
     
    На Erika.greeneyes, Mumoftwo30, vitamina и 16 други им се допаѓа ова.
  4. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    5.137
    Допаѓања:
    33.777
    Пол:
    Женски
    @Ahoy сите знаеме кој е најголемиот виновник. Ама ако го менуваме системот тогаш киј и да е виновен треба да одговара спорес делото што го сторил. Некој условна осуда, некој доживотна нека добие. Ажа не сме пак да биде ај овој ќе го поштедиме дека греота, ај овој вака, ај овој така. За сите правда. За еднаш засекогаш да ни дојде памет на сите и за се.
    Сега се чешлаат клубови и лиценци. Отпосле. Наместо превентива се реагира задоцнето. Што е сега следно. Колку се безбедни патишта, мостови, згради и што уште не. Колку има корумпирани во јавма администрација што давалр дозволи под рака заради мито или зашто од партија така им рекле. Тоа исто треба да се смени.

    Добта вест за мене. Ми профункционира пристап до страната за донирање.
    @IRBBB да се сложубам дека оваа Влада прави циркус и отлрива работи на прес што не смее да ги открие и со тоа ја попречува истрагата. Типично за партијата на власт. Сензационализам на почеток и замачкување на реалноста. На крај долг процес и нив испрани рацете за да може да продолжат по старо. Алал да им е што успеават да го излажат народот по милионити пат.
     
    На Thinkerbell., IRBBB, Emy867 и 4 други им се допаѓа ова.
  5. Dennings

    Dennings Популарен член

    Се зачлени на:
    18 септември 2013
    Пораки:
    610
    Допаѓања:
    4.575
    Пол:
    Женски
    Нема да не биде се додека селективно бараме правда врз основа на тоа колку се сакаме. И мајка ми да е во прашање ако е крива е крива, ја сакам најмногу ама е крива. И јас ги сакам ДНК и сум пораснала со нив и жалам ужасно за Андреј и целата трагедија ама не може при очи слепи. Поради вакви размислувања како вашите кај нас никој не одговара за ништо. Секој е нечиј миленик , љубов , брат, сестра , а чим те сакам те штитам по секоја цена. И по цена да си крив.
     
    На Konfetka, Yowannty, CameliaMiller и 2 други им се допаѓа ова.
  6. nikyshka66666

    nikyshka66666 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2018
    Пораки:
    63
    Допаѓања:
    40
    Пол:
    Женски
    Ондак решен е случајот која е потребава од 213 страни под лажен nickname . Кај бевме сите ние пред да се случат сите гомнарии да паметуваме .
     
  7. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.645
    Допаѓања:
    39.857
    Пол:
    Женски
    Јас Панчо го мислам цело време и не можам да опишам колку ме боли за него;(
     
    На Erika.greeneyes, JoyJoy, sj *O* и 2 други им се допаѓа ова.
  8. Iva:)

    Iva:) Популарен член

    Се зачлени на:
    9 април 2016
    Пораки:
    669
    Допаѓања:
    1.726
    Пол:
    Женски
    Имаше изјави и на тв и на нет, ги читав и сите го тврдеа истото, никој не спомна прскалки, рекоа нешто пукна во кровот веројатно рефлектор и настана хаос.
     
    На Anyshka и forumce им се допаѓа ова.
  9. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.645
    Допаѓања:
    39.857
    Пол:
    Женски
    Ако некој те разбра шо сакаш да кажеш слободно нека ми преведе
     
  10. Lisandra

    Lisandra Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2015
    Пораки:
    2.027
    Допаѓања:
    3.223
    Пол:
    Женски
    Ете ја користат и на најголеми светски концерти, но сигурно таму има цел тим шо го изведува тоа и не е некоја штала лесно запалива. То е ко дупки ни се диската, сакат пари да прават неќат да вложат.. Ако немало услови требало да се каже дека не може, се е до газдата и оние шо го оставале да работи на црно.
     
    На Anyshka му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Iris-1234

    Iris-1234 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2021
    Пораки:
    5.906
    Допаѓања:
    12.173
    Пол:
    Женски
    А реално мислите дека ќе се смени нешто? Дека нешто ќе се случи и дека менталитетот балкански/македонски ќе се смени?
    Дај Боже! Ама еве јас не верувам, искрено не верувам. Ќе ни замачкаат очи, да се смириме, да стивне сè. За две три години, кога случкава скоро и нема да се спомнува, сите овие обвинетите со тивко, ќе најдат начин за да излезат на слобода и ќе продолжат да си живеат.
    За Фросина знаете каков бунт се крена? Цела Македонија на нозе беше ама два-три протести и толку, никој не го спомнува случајот веќе.

    Тешко на тој што ќе си оди и на фамилијата, само толку ќе речам.
     
    На dafe993, Erika.greeneyes, sj *O* и 4 други им се допаѓа ова.
  12. elenaklasik

    elenaklasik Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2010
    Пораки:
    4.799
    Допаѓања:
    11.595
    Пол:
    Женски
    Пред само 8 дена сите беа тука, пред 8 дена не ни претпоставуваа колку сѐ ќе заврши кобно.

    Прашања ми доаѓаат зошто зошто зошто до олку...
    Нели можеше да се спречи, нели можеше да не биде вака?

    Јас како туѓинец, се осеќам ко во сон, ко во меѓупростор, не ми е реален моментов, сегашноста, а како им е на тие родители...
    Чудна случка, чудни работи, неприемчиви, зарем на овој начин треба лекции да учиме, нели можеше малце поинаку, поблаго да биде?
    Ова е премногу горко, ова е уништувачки.

    Не можам да ги освестам работите, сите тие луѓе како во сон збришани, сите со свои судбини...
    Зарем треба сѐ повеќе стравот да расте овде?

    Си ги гледам децава и ми се јавува јанѕа и страв, чувство дека годините ќе поминат брзо и децата ќе ги препуштам таму некаде некому.

    Премногу ми е жал, дотолку што осеќам и јас вина, зошто тие беа избрани така да завршат?
    И за детето единец, за младата мајка, за сестрата, за сите сите други. Преболно. Немам волја за ништо особено во денот, не па да се сликам и сториња да редам ли?
    Што дека продолжува животот, застана за младите, застана за еден град. Како ли им е на блиските, кутрите...

    Ги чекаа блиските дома, кој кого изневери?

    Нема назад. Само се калемат несреќа на несреќа. Дури и чудно ми е колку несреќи случени во краток период, како некое проклетство.

    Жал ми е за Панчо, којзнае како му е на човекот, душа. Кој би сакал вака да се случи...
    Не може вината да е еднострана, не може.

    Бесна сум. Колку и да не ја правиме работава политички, самото кон таму води. Оти сме бесни.
    Оти години и години истово го гледаме. Особено последниве години сите несреќи се случија. (Нит име да сменеш не те менува ко човек/систем, партиското проклетство е големо овде и кармата е лоша).

    Жал ми е за децата.
     
    На Anturium, sparklie, Bella.alleB и 22 други им се допаѓа ова.
  13. Iva:)

    Iva:) Популарен член

    Се зачлени на:
    9 април 2016
    Пораки:
    669
    Допаѓања:
    1.726
    Пол:
    Женски
    Не е во диско туку приватна куќа за издавање за забави во Радишани. Ама ситуацијата не е решена, родителите го тужат газдата, не знам дали ќе има правда и разврска, ако имаш линк до кај е постапката сподели.
     
    На simoncelicius, JoyJoy и Lisandra им се допаѓа ова.
  14. Lisandra

    Lisandra Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2015
    Пораки:
    2.027
    Допаѓања:
    3.223
    Пол:
    Женски
    Ќе има докази па нели и порано на други настапи дозволувал прскалки, така ќе се извај тој.. Тој е најмногу виновен, ако не го затворат жив да го запалат. Не можам лицето да му го гледам по слики.
     
    На sj *O*, simoncelicius, Anyshka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. Dennings

    Dennings Популарен член

    Се зачлени на:
    18 септември 2013
    Пораки:
    610
    Допаѓања:
    4.575
    Пол:
    Женски
    Ајде и на тебе поединечно ќе ти одговорам. Газдата требало да каже не може , он е виновен секако и за тоа што работел на црно и тоа што немало услови и треба најстрого да биде казнет. Се согласувам. Но, на ДНК ова им е работа, професија , не отишле на Св. Никола да пеат кај братучетка им, сигурно се свесни што прават, што внесуваат какви ефекти може да има тоа, што може да предизвика и во какви услови се носи. Па и каков тип на прскалки се ( не знам дали е утврдено ова)Ако не Панчо и Андреј лично некој што е врзан со нив одлучил да ги купи и донесе. Нив им е ова ПРОФЕСИЈА пари зимаат за настап, нивни концерт е не може да кажеме леле они појма немале така прскалките случајно се нашле таму у јакна им останале од лани.
     
    На simoncelicius, CameliaMiller и nena2010 им се допаѓа ова.
  16. Nochuu

    Nochuu Активен член

    Се зачлени на:
    26 март 2024
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    21
    Пол:
    Женски
    Не знам зошто толку души му се напнавте на Панчо, знам од сигурни извори во еден кафич каде што имаа настапувано прашале прво ДНК дали може да биде употребена пиротехниката, газдата кажа дека нема услови и на настанот немаше пиротехника, така да тој изрод од газда во Кочани исто можел да изреагира .. башка си има две дечиња за нив ќе живее и со тек на времето нема да му стане сеедно но ќе се носи некако со тоа, сите кој ги пратат со години знаат за каков бенд станува збор и колку биле хуманитарни и на колку души имаат помогнато, за ЖАЛ вкупно да собериш од осомничените немаат дадено ниту една третина донација како они што го правеа тоа.
     
    На Erika.greeneyes, La.RagazzaMisteriosa, Feniksgirl и 15 други им се допаѓа ова.
  17. Lisandra

    Lisandra Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2015
    Пораки:
    2.027
    Допаѓања:
    3.223
    Пол:
    Женски
    Колку шо до сега се знае нели жената пиша дека прскалките не ги донесе бендот, а и други пишаа дека и пред ова имало прскалки... Ќе се виде по истрагата, ќе се покаже. Не знаеме уште шо било.
    Да не испадне и во други дискотеки со други групи и пак имало прскалки сите можат да кажат ние прашавме дали може тие одобрија дека нема проблем.
     
    На JoyJoy му/ѝ се допаѓа ова.
  18. nikyshka66666

    nikyshka66666 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2018
    Пораки:
    63
    Допаѓања:
    40
    Пол:
    Женски
    Остани тука и решавај ги сите теории .
     
  19. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.275
    Допаѓања:
    89.586
    Пол:
    Женски
    Ама на лицето одговорно за пиротехника кое е загинато за жал, што му било работа?
    Да ги монтира прскалките или да процени дали има услови во никаков објект со низок таван да постави прскалки?
    Одговорноста според закони кај нас е негова.
    Затоа постојат овластени пиротехничри.

    Жал ми е и мене за бендот, жал ми е за децата и сите до еден мора да бидат одговорни од најгоре до најдолу.
     
    На Konfetka, sj *O*, CameliaMiller и 8 други им се допаѓа ова.
  20. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.591
    Допаѓања:
    127.970
    Пол:
    Женски
    Преживеаните од ДНК и да не одговараат за пиротехниката, ќе одговараат за нелегален концерт. Врти-сучи, дали ќе има некакво обвинение за сите тројца или само за Панчо, едно е сигурно. Ќе живеат со товар на душата.
    А, веќе рековме дека има и поголеми виновници. Но, вистинска правда не треба да исклучи никого.
     
    На Konfetka, Mumoftwo30, NoirSerpentine и 8 други им се допаѓа ова.