1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Трагедија во Кочани - најмалку 59 загинати во пожар во дискотека

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Kataklinkers, 16 март 2025.

  1. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.494
    Допаѓања:
    61.604
    Пол:
    Женски
    Топ им е на сите крупни риби што учествувале во ова, пошто најбитно е нели дали Панчо треба да лежи затвор или не. Само на тоа ви е фрлен фокусот дали човекот е виновен. За другиве како и секогаш се врти првите два три дена, систем нешто ау бау, па после се фаќаме за тие што се последни на ланецот, а тоа се Панчо и родителите на децата (?!)

    Нормално дека кога ќе закрепне човекот ќе даде изјава што се случило со прскалките, него што да праиме со овие со испотен газ од фотеља што се ѓонови што ниедна трагедија од било каков размер не ги мрда? Па да се случи таква катастрофа и мирно да си спиеш богами треба да си тежок психопат. Излезе некој од овие што штанцале дозволи, викале дека внатре е безбедно и дозволиле ова да се случи да каже дека погрешил? Секако дека не.

    Се дружам со музичари, сите истото го викаат, преплашени се да настапуваат некаде. Прво се сите скршени, не им е и нив до зурли и тапани сега, второ кој што беше сведок на ова ќе може уште еднаш опуштено да пее и настапува? Умира една цела гранка, а нажалост и ние како народ кога после напорна недела нема да можеш рајат да си седнеш на пиво и на музика.

    Душата ни ја изгореа, маме ни ебаа, ама ај ќе дискутираме дали Панчо треба да лежи затвор, дури човекот лежи со изгорена трахеа и не е ни свесен сеуште што се случило.
     
    На NeoMi, Viktorijaaa5, Izaabella и 73 други им се допаѓа ова.
  2. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.697
    Допаѓања:
    41.202
    Пол:
    Машки
    Еве пратениците на колективен двонеделен одмор, сигурно се преморени од работа.

    Памти некој што значеше срам, морал, грижа, одговорност?
     
    На spacegirl92, Emilija97mk, WarriorAngel и 41 други им се допаѓа ова.
  3. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    16.755
    Допаѓања:
    115.713
    Пол:
    Женски
    На одмор? Зошто???
     
    На Снегулк@23, flower30 и mal.ecka им се допаѓа ова.
  4. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.697
    Допаѓања:
    41.202
    Пол:
    Машки
    На NeoMi, Karamela12, Anyshka и 7 други им се допаѓа ова.
  5. Erika.greeneyes

    Erika.greeneyes Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2016
    Пораки:
    4.383
    Допаѓања:
    8.195
    Пол:
    Женски
    А каде е газдата у целиот муабет?
    Сериозно, не се зезам. Прашувам каде е, пошто изгледа сум пропуштила нешто. Немам прочитано за него каде се наоѓа.
     
    На Amelia, Anyshka, Снегулк@23 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Malesia

    Malesia Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    1.669
    Допаѓања:
    3.276
    Пол:
    Женски
    Во затвор, каде што му е местото
     
    На Amelia, Anyshka, Снегулк@23 и 3 други им се допаѓа ова.
  7. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    16.755
    Допаѓања:
    115.713
    Пол:
    Женски
    На CameliaMiller, JoyJoy и Ahoy им се допаѓа ова.
  8. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.645
    Допаѓања:
    39.857
    Пол:
    Женски
    Небитен е он за да се коментира за него. Чекај сега, Панчо им е во устата
     
    На SummerGirl, angel92, Amelia и 7 други им се допаѓа ова.
  9. Erika.greeneyes

    Erika.greeneyes Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2016
    Пораки:
    4.383
    Допаѓања:
    8.195
    Пол:
    Женски
    Некако слабо одговори за него. Никој изгледа ништо не знае. Ама за Панчо се знаат.

    @Malesia озбилна си?
     
    На Amelia, Anyshka, girlyyyu и 2 други им се допаѓа ова.
  10. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    16.755
    Допаѓања:
    115.713
    Пол:
    Женски
    Деко е во притвор, да.
     
    На CameliaMiller, Dennings и JoyJoy им се допаѓа ова.
  11. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.801
    Допаѓања:
    36.166
    Пол:
    Женски
    На JuLleE, tambelina, Ahoy и 5 други им се допаѓа ова.
  12. Erika.greeneyes

    Erika.greeneyes Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2016
    Пораки:
    4.383
    Допаѓања:
    8.195
    Пол:
    Женски
    Па затоа ја прашав дали е озбилна. Во притвор и затвор не е исто. Допрва ќе видиме колку ќе го осудат.
     
    На Anyshka, Снегулк@23, JoyJoy и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. Lelebre

    Lelebre Активен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2024
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    14
    Пол:
    Женски
    Да тргнеме од тоа дека во сред ситуација типот ладно фатил правец аеродром, па при нацртано, обоено... Шта речи :x
     
    На Amelia, Anyshka, Снегулк@23 и 2 други им се допаѓа ова.
  14. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    16.755
    Допаѓања:
    115.713
    Пол:
    Женски
    Со оглед на тоа што ќе го осудат и тоа многу ќе го осудат, а во одлежување на казната ќе се смета и времето поминато во притвор, исто како да е во затвор сега.
     
    На Malesia, CameliaMiller, nena2010 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    6.052
    Допаѓања:
    20.555
    Пол:
    Машки
    Политиката е маќеа за народот, за приредување циркузи и слично, прават добри претстави, ама кога ќе дојди за покачување на нивни плати и бенефити едногласно се сложни сите. Така да многу многу не очекувајте од нив дека драстично би се сменило кај нас, и да има такви луѓе со искрени и чисти намери претопени се од гнидиве. Еве јас можеби и сум помлад од повеќето вас, ама во овие 30 години што ги имам, какво дупење ми имаат мавнато, ма отрпнав веќе. :)
     
    На Adidas888 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Iris-1234

    Iris-1234 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2021
    Пораки:
    5.911
    Допаѓања:
    12.200
    Пол:
    Женски
    За да не се скарале за ситуацијава. Затоа.
     
    На Anyshka, flower30 и fana им се допаѓа ова.
  17. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    9.001
    Допаѓања:
    219.928
    Пол:
    Женски
    Гледавме код, па добро бе луѓе оваа дивоградба била точно да почнеме од дивоградба, нелегална, незаконска, а овие со изјави по цел ден што немало во дивоградбата нелегална, па самиот збор нелегална дивоградба што значи? Што немало? А што имало внатре ќе каже некој? Пошо нишо немало ете дивоградба било не може ништо да има та што немало та што немало/фалело :puke:
    Не си ставија прст да чело сите дека коренот е дивоградба туку тоа така нормално си го кажуваат и си кажуваат за лиценците и све тоа.
    Добро бе како не им е срам и арам да излезат и да кажат дека од 2012 е дискотека, со икс фалш лиценци и све по список фалш, поткупено, јавна тајна уствари, со години и години наназад, никој не се сетил никогаш да влезе, да провери, да затвори?
    Да се запрашаме во каква држава живееме од каде сме бре ние какви закони имаме во ДРЖАВА и нејзини ФУНЦИОНЕРИ како прво самиот објект е нелегален, све друго по список со самиот нелегален објект е нелегално нормално. И пази на никој не му текнало ништо, никој ништо не знаел.. ?! :puke:
    Приведени, притворени овие тие оние ? Па кој попрвен да приведат ? Треба сите да ги приведат пола и више од државава во затвор да одат, спреплетени ко црева сите за срамота, наместо да наведнат тоа главите да кажат згрешивме си играме ДРЖАВА пресови изјавуваат дека се било фалш.. па тоа е ВАША одговорност да проверете дали тоа такозвано диско пулс што сите го знаат е нелегално толку е просто?!
    Ми се згади..

    ДРЖАВА сме биле? Добро бре овие наши институции само на црно работат со кеш во џебот и после по кафаните?! Ннаправија нешто друго?
    Стварно се нормални овие? Фунционери фотељи такозвани институции и што ти ја знам што треба да си ја вршат работата а не да пикаат в џеб парите и на црно да работат?!
    Јас сум запрепастена..

    Сега слушам/гледам “трчкаат” документи, лиценци, пп апарати што ти ја знам, гледам ова кафуле од утре ќе се реновира она кафуле сериозно? Баш сега затварате кафичи баш сега во моментот ќе реновират зошто?
    Инспекции слушам имало.. страшно било..
    А не беше страшно што 35 год држава изиграваат и перат пари, милиони за сите поколенија .. држава било , аха да. Ние можевме да бидеме држава, ама 35 години сите не искрадоа до еден.

    тешко за истокот така ќе речам оти знаете која болка ја имаме во душата, какви цени денови доживуваме, живи гориме и дишеме.. дека ќе пројде , нема, деќа ќе жалиме ќе жалиме до крајот на животот, трауми.
    Колку починати и тешко повредени знам? Многу. Деновиве ми минуваат така, механички, имам грутка во градите, се будам и пак и пак стои, истокот сме малку градчиња, мали, сиромашни, сите со сите се знаеме, луѓето од овој до оној град одат на работа, таму сме што по доктори што по институции и ништо не ме чудеше бе луѓе ништо оти се знам се сум видела, сум била дел од гости на диско итн, што да ме чуди? Јавна тајна си е ова и ПРОБЛЕМОТ е што не не чуди оти така знаеме дека фунционираме, ненормалното со години и години за нас е нормално.. за жал..

    полицијата ако правела рација требало со нејзе да има претпоставен и онда да изгасат све, али немало… ете.. не е чудно ненормалното за нас е нормално

    обезбедувањето (зборувам од искуство) и на најмал шум, проблем, што од деца што од искра требало да гледа, наоколу нон стоп при најмала опасност се гаси се и луѓето се евакуираат ги вадат надвор нема нејкам / сакам.. и ова не било ненормално а за нас нормално..

    првото веќе кажав колку сум запрепастена .. останатото ќе се воздржам да коментирам..
    болно ми е и тешко, не поминува, а ние сме мртво живи.. ова се дешава кога си играме држава и кога не научиле дека ненормалното е нормално, кога не сме учеле не сме знаеле од обуки при пожар итн… кој е надлежен што треба да воведе ? Кој и каде се надлежните да проверат што имаме уствари не што немаме оти ние НИШТО немаме од нормалното фунционирање на еден свет, држава.

    Обемна тема.. пожари имаме често, во тој поглед не сме напреднале како лекција што да очекуваме друго?!

    честопати обезбедувањето продавало дрога, јавна тајна, што како било и кога би било не бива веќе, било што било, пола сме иселени пола сме умрени и така.
    Кој попрво да се апси околу дискотеката пулс конкретно ќе треба да се изапсат сите од 2012 та навака, во склоп со сите нас луѓето што не научиле дека безаконието е нормално, немаме ние Н од нормално. Што да очекуваме и да не чуди?!
    Па ни никаква поука немаме земено од ништо… секое чудо 3 дена и тоа е, така живееме, така не научиле и не задоиле, не знаеме ние за арно.

    само црни гробови.. како секогаш, само тоа остана.. и надеж во нас дека некогаш ќе биде подобро. Надежта последна умира.
    Истокот ни е мртов, јас лично мислам не дека не било ама сега сме дотолчени дозакопани како никад више.
     
    На Dentina, elenaklasik, Lisandra и 9 други им се допаѓа ова.
  18. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.334
    Допаѓања:
    270.910
    Кате тие се тие заради кои треба да се протестира. Не гледам некој нив да ги амнестира (освен дуи, ама тие не знаат поинаку, "нивни" испогинаа па не ги заболе ич).

    Мене (лично) ме нервираат луѓе што многу селективно гледаат на секоја ситуација и го ставаат системот во уста, а ништо не прават за да се промени истиот.

    Во секоја можна ситуација имаме одговорост, на пример да бараме фискална од билетарот и да не купуваме (не излагаме) кај што не ни даваат фискална. Ете ситница, ама тоа е системот.

    Кој ќе го оправи системот? Сам по себе не се оправа, од нашето поведение зависи.

    Затоа тие психопати ги имаме на фотелја, од овој народ се. Не се таму некои недостижни, од овде, од нас потекнуваат.

    Многу добро знаеш и знаат другиве што се читаме со години, додека работев во болница никому ништо немаше да се случи ако прифаќав поклони (не мито, поклони) па не прифаќав, затоа што верувам дека од секој од нас поединечно зависи како ќе изгледа оваа држава. Најлесно е да дигнеме раце и да викаме јас сум ситна риба.

    Токму поради ова можам без грижа на совест да очекувам сите инволвирани да добијат соодветни казни, за да се сфати (можеби) дека сите имаме одговорност, независно колкава, ја имаме. Во контекст на примерот со болница, докторот имал од мене поголема одговорност, сестрата имала, тоа не значи дека јас не сум имала никаква.

    Сите имаме. А од сите нас и зависи во каква држава ќе живееме понатаму.
     
    На Gosh, jacqueline.s, M&M и 12 други им се допаѓа ова.
  19. Bubce38

    Bubce38 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    11.536
    Допаѓања:
    173.492
    Пол:
    Женски
    Ако тргнат да чешлаат све по ред , а треба :!: појќе од половина кафичи/ пицерии,сендвичари у Кочани ќе треба одма,ама одма да ги затворат.
    Збореше еден дечко, независен член на советот во о.Кочани, колку дивоградби имало , што кафичи,што дуќани , дури и тераси , доградби на згради ...
    Ќе треба многу да рушат.
    50 деца закопаа , уште толку им се на лекување, тие што останаа живи и здрави ќе останат без работа, без дом ....
    А зошто?!
    Затоа што 30 и кусур години живееме со - абе знаеш ли кој сум јас ?!

    Не само Кочани
    Цела држава ни е дивоградба на нас.
    Племе сме ние што подалеку од носот не си гледаме.

    Се извинувам на израз.
    Има и исклучоци,барем во младината.
    Многу сакам да верувам дека конечно нешто ќе се смени во мојата татковина
     
    На dunika, Gosh, Knizhevnik11 и 30 други им се допаѓа ова.
  20. Malesia

    Malesia Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    1.669
    Допаѓања:
    3.276
    Пол:
    Женски
    Во притвор во затворот го чуваат. Еден од, ако не и прв осомничен.
     
    На Erika.greeneyes и Mumoftwo30 им се допаѓа ова.