Трагедија во Кочани - најмалку 59 загинати во пожар во дискотека

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Kataklinkers, 16 март 2025.

  1. Lisandra

    Lisandra Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2015
    Пораки:
    2.121
    Допаѓања:
    3.466
    Пол:
    Женски
    Најголема донација шо можат да ја дадат е да има ПРАВДА за овие млади деца и секој одговорен да одговара!!
     
    На Gosh, winnie02, daks и 6 други им се допаѓа ова.
  2. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.224
    Допаѓања:
    67.725
    Пол:
    Женски
    За прегледност би било убаво сите информации за донациите да бидат во посебна тема во Хуманитарни акции,да не се губат важни информации во испишаните страници овде.
    Ако може некој нека ја отвори, ако не, утре кога ќе можам ќе ја средам.
     
    На Ivan4e04, Fenix05, Mumoftwo30 и 10 други им се допаѓа ова.
  3. NoirSerpentine

    NoirSerpentine Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2021
    Пораки:
    1.070
    Допаѓања:
    2.609
    Пол:
    Женски
    И јас се надевам дека го прашале. Ако дозволил, воопшто не е некоректно. Ова беше одлично за дигање морал. Си знаат најблиските како им е ама ова требаше на сите останати кои секојдневно се надеваат на добри вести. Од ова нема подобра вест и влева надеж иако има многу критични случаи.
     
    На Dennings, Skorpija25, tambelina и 2 други им се допаѓа ова.
  4. Bella.alleB

    Bella.alleB Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2019
    Пораки:
    1.130
    Допаѓања:
    3.981
    Пол:
    Женски
    Некаде прочитав дека е со тешки изгореници по лице, раце и грб.
     
    На Sielo❤️ му/ѝ се допаѓа ова.
  5. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.152
    Допаѓања:
    27.230
    Сигурно го сакаат во градот и дека не е така како што даваат на тв, дека е најголем негативец.
    Од Кочани се, да.
     
    На 1209, Dennings, Sielo❤️ и 3 други им се допаѓа ова.
  6. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    7.220
    Допаѓања:
    27.798
    И тоа дете е жртва на системот.
     
    На Izaabella, Mumoftwo30, Ahoy и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.224
    Допаѓања:
    67.725
    Пол:
    Женски
    На Mumoftwo30, eliesaab, tambelina и 2 други им се допаѓа ова.
  8. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.801
    Допаѓања:
    80.537
    Пол:
    Женски
    Какви пратеници и политичари имаме, значи очај, будали ќе нè прават нас, ние граѓаниве кои самите сме грев со плативе, ние ќе донираме, а тие само нека полнат џебови, да не кажувам ај за што да ги трошат, да не колнам. :swear: Ама на тој свет парите со нив не одат. Абдали алчни. :@
     
    На Amelia, JoyJoy, flower30 и 2 други им се допаѓа ова.
  9. sj *O*

    sj *O* Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2016
    Пораки:
    1.183
    Допаѓања:
    3.300
    Пол:
    Женски
    Има новости за Панчо?
     
  10. Bratot

    Bratot Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2019
    Пораки:
    4.781
    Допаѓања:
    16.567
    Пол:
    Машки
    Само известувањето од Систина дека е подобро, тоа е последно.
     
    На sj *O* му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Stella1111200

    Stella1111200 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    220
    Допаѓања:
    425
    Освен правда треба да има и парични донации.
    Знам луѓе што си го продаваат станот или вадат кредит и ставаат се под хипотека.
    Со овие “закони” ѓи докусурија луѓето физички, психички и финансиски.
    Се надевам дека државата барем финансискиот дел ќе го покрие.
     
    На ЕмилијаEma, Anyshka, Dekorado и 6 други им се допаѓа ова.
  12. Цунами

    Цунами Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2021
    Пораки:
    338
    Допаѓања:
    517
    Пол:
    Женски
    Интересен подкаст поврзан со ова што се случи и што се случува..

     
    На Снегулк@23, Mumoftwo30 и st-el им се допаѓа ова.
  13. rainbowec

    rainbowec Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    911
    Допаѓања:
    6.210
    Пол:
    Женски
    И кога мислам дека не може повеќе да ми се згади, повраќа, превртува утробава... :swear: абе ни грам совест, срам, сочувство немаат овие!

    https://www.slobodenpecat.mk/imalo-...cite-ne-se-sobraa-nitu-da-izrazat-sochuvstvo/


    По бурните реакции на јавноста, Собранието повторно се огласи со неуспешен обид да демантира дека не работи.

    – Во врска со неточните информации и широко распространетите обвинувања за одложување на работата на Собранието минатата и оваа недела, појаснуваме дека ваквата одлука е донесена како резултат на согласност на сите присутни пратенички групи на координативната средба, одржана на 24.3.2025 година. Привременото одложување на активностите на Собранието беше гест на почит кон трагедијата во Кочани каде што животот го загубија млади луѓе и израз на солидарност со семејствата на жртвите и со сите граѓани погодени од оваа катастрофа. Собранието ќе продолжи со работа следната недела – соопшти Собранието.

    - Во врска со реакциите за неодамнешната одлука за одложување на активностите на Собранието минатата и оваа недела, сакаме да појасниме дека Собранието на Северна Македонија и пратениците работеа и продолжуваат да работат. Откажани се пленарните седници, комисиите и неколку други настани за кои е потребно присуство на медиумите. Оваа одлука е донесена консензуално со сите координатори на пратеничките групи, на координативната средба, во знак на солидарност по трагедијата во Кочани и за изразување почит кон жртвите – се вели во денешното соопштение од Собранието.
     
    На Bebce1, eliesaab, JoyJoy и 2 други им се допаѓа ова.
  14. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.520
    Допаѓања:
    55.210
    Пол:
    Женски
    Ова што се случи е навистина голема трагедија, жалам за изгубените млади животи, жалам за секое уништено семејство... Жалам за сите оние кои цел живот ќе носат психички и физички лузни и трауми.
    Сакам да верувам дека правдата и на овој свет ќе биде задоволена, од другиот секако нема бегање. Доста беа партиски врски, доста беше корупција, сакам барем за една трагедија да одговараат виновниците, сите до еден од крвнивниците да одговараат. Не сакам и овојпат толпата да биде стишена, не сакам жртвите да бидат залудни....
    Можеме да успееме да издејствуваме правда, имаат тон грешки и вина и моменталната власт, ама ете тргнаа веднаш со истраги и апсења, за разлика од претходниците кои сите трагедии ги заташкаа... Сакам да верувам дека нешто конечно ќе се смени во оваа трула држава, деновиве се спроведуваат контроли секаде како никогаш досега. Сакам да верувам дека конечно ќе ни проработат службите и законите, дека ќе има некаква правда. Тоа им го должиме на сите жртви на проклетиот систем. Да, системот сме и ние покрај тие кои се клучни во неговото раководење. Но најголем дел се виновни токму тие кои ние ги бираме да го претставуваат тој систем, ние сме толку неважни а во исто време и толку важни, но пак ќе речам, рибата смрди од главата а ние сме опашката...
    Нека почиваат во мир сите, а повредените да заздрават што е можно повеќе....
     
    Последна измена: 26 март 2025
    На Mrs. right, Ivan4e04, SummerGirl и 8 други им се допаѓа ова.
  15. Dominodancing

    Dominodancing Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2024
    Пораки:
    604
    Допаѓања:
    1.457
    Пол:
    Машки
    Screenshot_20250326_185748_com.android.chrome.jpg Е што бе овака ли правна држава ке правиме?
     
    На Miss666, Снегулк@23, simoncelicius и 3 други им се допаѓа ова.
  16. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.721
    Допаѓања:
    41.553
    Пол:
    Машки
    Не за џабе му дава премиерот втора шанса на главниот обвинител на кого му имаше отпочнато постапка за разрешување и за кој последно на 12. март изјави дека бил шокиран од неговите однесувања и постапки. Исто и јавно си ги кажа очекувањата од Обвинителот, или меѓуредови: или вака или разрешување.

    За жал сѐ повеќе наликува на уште една корумпирана истрага дури и во ваков случај, која несомнено ќе смести некого зад решетки, но за жал селективно и како што изгледа, не вистинските или најголемите виновници. Важно се потенцира бројката на уапсени како главен анти - протестен аргумент, без објективна анализа кон тоа кои се тие уапсени лица или осомничени и најважно - каде стојат на скалата за виновност, и дали се единствените.
     
    Последна измена: 26 март 2025
    На JoyJoy, Gosh, Принцезичка1 и 17 други им се допаѓа ова.
  17. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    6.209
    Допаѓања:
    21.034
    Пол:
    Машки
    На sj *O* и Снегулк@23 им се допаѓа ова.
  18. Karamela12

    Karamela12 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 август 2020
    Пораки:
    249
    Допаѓања:
    3.852
    Пол:
    Женски
    IMG_4967.jpeg
     
    На TamaraSJ, sparklie, CameliaMiller и 31 други им се допаѓа ова.
  19. NoirSerpentine

    NoirSerpentine Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2021
    Пораки:
    1.070
    Допаѓања:
    2.609
    Пол:
    Женски
    Српски, бугарски, хрватски натпревари од сите лиги почнуваат со минута молк. Со пораки за сочуство и поддршка, со пораки за опоравување. Нема од каде не стигна поддршка. Од сите македонски навивачки групи кои исто така најавуваат стопирање на играта на 59 минута, со поддршка од разни клубови. Исто така и собраните приходи од натпреварите кои ќе ги донираат како и поставувања на кутии за донации.
    Нијагарините водопади беа осветлени во боите на Македонија како поддршка за Кочани.
    Неколку српски градови донираа. Колку направија тие луѓе, секоја им чест. Секогаш ни помагаат, први се за тоа. За жал ние не им враќаме соодветно. Тие кои за кои политичарите од македонија имаат најмногу направено одвај сочуство изразија, а не пак нешто друго. Ќе пишев дека сега треба македонските политичари да си ја чукнат главата...ама ми текна дека си дадоа одмор. За Србија и оваа неизмерна помош никогаш не смее да дозволиме да замижат.

    Фирми, особено наши кои помагаат постојано, а сега се истакнаа и со донации. Алкалоид е само една од нив иако навистина оргомна сума донираат и секоја чест за нив. А многу ги има, кој колку може донира. Исто така и поединци со маст за изгореници кои се понудија да направат бесплатно за сите кои им е потребно. Изработувачи на брошеви, на слики, не сѐ.

    Сега не можам да се сетам на сите ама натаму ќе се обидам да им ги напишам имињата на повеќето кои се вклучија.
    Нема да ги заборавиме и тие кои никаде ги нема сега кога е најпотребно. Некои од нив се со огромни приходи, а никаде ги нема. Некои не објавија и сочуство, а не пак да донираат. Забележете кои биле и правете со таа информација онака како што мислите дека е соодветно.
    Уште е рано, можеби треба време па ќе има и други ама се гледа.
    Јас знам кои држави (некои не се ни држави...if you know you know) не ми се меѓу оние за поддршка. И знам од кои фирми ќе избегнувам да купувам.

    Благодарност на сите кои помогнаа со донации. Благодарност на сите кои беа вклучени таа ужасна вечер - сите од областа на медицината, противпожарни друштва и пожарна, дел од полицијата, „обични“ луѓе, како и организациските центри на ЦУК и слични.
    Сега доаѓа потешкиот дел и се надевам дека и со ова ќе се справат добро и тие и сите погодени од ова.
     
    Последна измена: 26 март 2025
    На rainbowec, christinnn, Ivan4e04 и 21 други им се допаѓа ова.
  20. Karamela12

    Karamela12 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 август 2020
    Пораки:
    249
    Допаѓања:
    3.852
    Пол:
    Женски
    IMG_4970.jpeg
     
    На Ivan4e04, Lollipop_123, vitamina и 12 други им се допаѓа ова.