Трагедија во Кочани - најмалку 59 загинати во пожар во дискотека

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Kataklinkers, 16 март 2025.

  1. st-el

    st-el Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2010
    Пораки:
    745
    Допаѓања:
    5.199
    Пол:
    Женски
    Ова се тие злобни души... Овие што така зборат први би побегнале да се на негово место....
    Детево зрачи едноставно :sun:
     
    На Dulceee, ArabellaStarfall, Adidas888 и 22 други им се допаѓа ова.
  2. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    9.001
    Допаѓања:
    219.929
    Пол:
    Женски
    И јас сум најпозитивно изненадена од комшиите кои што веднаш во самиот момент подадоа огромна рака на нас, а ние што направивме сиве овие години?
    Само ги плукале, ги вреѓале… на нас никого и ништо на светот не ни е погодено.. се некој нешто ни прави а ние сме цвеќе за мирисиње, така. Сите криви ние жртви.
    За Србија поготово за Бугарија не ме чуди, го слушав читав надродот плаче и соочуствува со нас како за нивен, буквално, за Бугарите не знам што ве чуди, да појдам од нас, од истокот секогаш сме имале пријатели, како браќа таму, сме се почитувале до максимум, ако некој ме има помогнато тоа е Бугарин или Србин, ете кај ни е Бугарија, колку на гости иди ми дојди ми сме имале, си се чуствувавме ко наши.. и што потоа? Државата, партиите не раскараа народот го разгневиа.. јас паметам татко ми имал нати го / дај ми го најпријателски односи и безбеој пријатели таму уште во 1999 година, околу 2010 секој викенд си се канавме и си седевме со музика со све. Кога сме биле поканети или сме ги поканиле тоа е било максимално почитување од секаква страна. сведок сум.
    Никогаш сме се немале навредено или повредено..
    Сегашната најдобра другарка ми од од Нови Сад, плачевме заедно и за Нови Сад и за Кочани .. еден лош збор сум си немала ни со тие ни со овие..
    Кога ми требаше услуга која што можеше само од Бугарија да се прати едно девојче у 5 мин све ми заврши од Софија.
    Грција ме изненади .. веднаш се мобилизираа и соочуствуваа, тешко многу тешко дека ние било што ќе направавме или почит ќе одадевме како сите оние кои што нас не испочитуваа до максимум и огромна помош што ни понудија.
    Али пак ќе напоменам нека не ве чуди Бугарија, истокот со Бугарија сме имале секогаш најпријателски односи.
    Посекако дека има секаков народ секаде али зборувам генерално.
    Колку само коементари прочитав од Бугари и Срби на песните на ДНК кожа да ти се наежи.
    Ние немаме ни гази ни кислород ни зејтин немавме да така што да им помогнеме?
    За резил сме.
    Порано си се бранев самата себе си и државата моја сега што да бранам? Што е за почит кога ништо немаме да понудиме? Да помогнеме за било што? Итн..
    Знаеме/знаат само да не револтираат со соседите, во тоа сме/се тешки капацитети.
    Немаме држава, изгорена е. Немаме ништо.
    А од друга страна кога ќе помислам имаме толку многу што да подареме / пружиме..
    еден не дојде да проба да се средиме до некоја точка, да се научиме на некоја граница, ред, како што би требало да биде, да се биде емпатичен, културен итн, да се обиде да направи нешто, да помогне, не.
    Ќе пишував уште ама што да кажам уште? Срам ми е, срам ми е и тешко ми е од вака генерално нашата ни држава, најмногу срам и гнев имам кон сите политички полтрони кон сите од еден до последен.
    Секогаш сме зборувале дека треба да се смени оваа наша држава , да се исчистат сите тие што 30 години ни ја застапуваат државата на најмизерен можем начин. И се нервираме колку години? Се зацрнуваме? А народот? Пак си гласа за истите овие та оние..
    и се така во круг.
    Во каква ли заблуда се живее да вртиш 30 години едно та исто тркало и да живееш проклето?
    Си имаме ние и херои и присебен интелигентен и вреден народ али за жал се губи меѓу толпата на така научената ни наша традиција “ќути си” . До кога ли ќе молчиме и ќе гласаме се едно исто? До кога ли ќе трпиме црнила се прашувам?
    Многу сме си мизерни за жал ;(

    ниту болката не поминува, ниту песните не бледеат во моментот на днк, ниту 59 те дечиња не излаваат од глава, ниту пулс нит пожарот ниту грутката у грло од 16 ти март.. се ги мислам ги мислам и родителите .. како ли ќе живеат/живееме.. како понатаму ..
     
    На Sofia*, Sielo❤️, Anyshka и 16 други им се допаѓа ова.
  3. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    18.014
    Допаѓања:
    118.148
    Пол:
    Женски
    Поган народ сме. Толку можам само да кажам. Поган.
     
    На Sofia*, Adidas888, L.i.n.a.a и 15 други им се допаѓа ова.
  4. LadyR

    LadyR Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2012
    Пораки:
    2.456
    Допаѓања:
    8.794
    Не можам да го сварам тоа дека пратениците се на одмор.
    Наместо да не излезат од таму 24/7, да земат сите закони поврзани со разни претпријатија да ги прочешлат, да ги проучат законите на ЕУ земји, да размислат што треба дополнително да се додаде за поголема заштита на нас граѓаните, да изработат функционален план за масовна инспекција и контрола низ Македонија.

    Ако не се способни да направат систем кој ќе функционира, можат да препишат од некоја држава каде функционира. Целата постапка од почеток до крај за добивање на било каква дозвола, лиценца може и мора да биде транспарентно, електронски заверено и некомплицирано.

    Го изгледав Red Cast поткастот, колку само дупки и пропусти има во законската регулатива кај нас. Една куп апсурдни и нелогични работи.
     
    На butterfly6223, L.i.n.a.a, NoirSerpentine и 16 други им се допаѓа ова.
  5. doll.a

    doll.a Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    1.543
    Допаѓања:
    4.268
    Пол:
    Женски
    Мене веќе не ме чуди ништо на жал.
    Кај нас функционира само мито и корупција, ако работиш по правила и процедури ти си црна овца . Ама буквално црна овца.
    Не знам дали ви текнува на Стојко Пауновски поранешен директор на Државниот пазарен инспекторат. Е од него можете да согледате дека колку и човек да е посветен на работата и да сака да работи како што треба ако идеш против големите џабе ти е се. Тој беше личност која му се спротивстави на Зоран Заев и покажа карактер, кога мораше да вработи 35 рамковни, и кажа дека не се стручни за кај него и дека нема да ја почитува одлуката на владата. Што се случи понатака ? Идеше против Заев и го разрешија веднаш иако сите вработени велеа дека го модернизирал целиот Државен Пазарен Инспекторат и поставил норми и стандарди .Дојде нов директор се вработија и ќоро и сакато во државава и секако тие 35 рамковни и еве сеуште си функционираме така како што си беше.
    И кој е заклучокот?
    И да се трудиш да работиш по закон и процедури се паѓа во вода зошто тие што се горе сметаат дека не треба така да работиш и треба да идеш по нивен газ.
    Е затоа сум да се апси не само ова што е сега на власт туку и тоа што било претходно зошто од сите си патиме.
     
    На Golden, Amelia, tambelina и 12 други им се допаѓа ова.
  6. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.319
    Допаѓања:
    13.365
    Љубоморните сега и ќе го навредуваат Јован, простаци. Еден посаглам ако излезе од цело школо или град, гледаат да го угушат во својата простоќа.
     
    На Anyshka, Adidas888, L.i.n.a.a и 12 други им се допаѓа ова.
  7. LadyR

    LadyR Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2012
    Пораки:
    2.456
    Допаѓања:
    8.794
    Косово официјални мислам дека не изрази сочувство... Катастрофа.
    Јас имам од работа соработници од Косово, ми пишаа порака за да ми изразат сочувство.

    Исто, мислам дека Германија ниту помош понуди, ниту ништо. А толку многу иселеници има наши таму, и огормен број на медицински кадар од кои врвни лекари заминаа во Германија. Очигледно не множат со нула нас како држава, ама барем од почит кон лекарите наши кои им работат во нивната земја да се понудеа.
     
    На ideniki1, Sofia*, Sielo❤️ и 17 други им се допаѓа ова.
  8. flower30

    flower30 Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 април 2014
    Пораки:
    7.789
    Допаѓања:
    140.799
    18 годишно дете спасува 20 ,уствари ај околу 20 луѓе, да не биде дека ги броел додека ги спасувал - го распнаа зошто го фалат !

    Кочанчани формираат група да се доделат финансии на родителите за да си ги видат своите полуизгорени чеда , да слушнат од докторите секој ден дека се живи и дека има надеж . Народот - партиски биле, реклама си правеле, којзнае каде одат парите, зошто на Петко има 1000 ден повеќе донирано отколку на Станко.....

    Бендот го "снема" во дел од секунда - ако им е , кој ги тераше да носат пиротехника, САМО они се виновни...

    Родителите се криви што ги пуштиле децата да искочат на еден "концерт" односно настап кој го има во градот еднаш годишно .

    Општината , пратениците , советници, полиција , сите знаеле и вртеле поглед накај еврата кои многу убаво мирисале...



    И ред други гадотии и гнасотии....

    Исто така Народот(и дел од новинарите ) - се препукуваат , се навредуваат, се колнат до 3то колено да ги снајде иста несреќа, бранат партии, замижуваат пред најбитното...

    "ГАЗДАТА " - едноклеточна амеба, за пусти пари си ги уништи дури и сопствените деца....

    Пратениците и Власта (сегашна и мината) - к@р ги боли за народот, јадат ,пијат и спијат мирно додека на Македонецот му гори душата.
    И да, истите тие членови на различни партии за кои очи ќе си извадите, пијат кафе заедно и прават планови уште што да уништат, украдат во нашата ни напатена мала Македонија.

    Странски пратеници донираат, нашиве за да не се караат , едногласно се договараат никој да не дава пари за да бидат фер сите.

    Делчевски градоначалник донира своја плата , народот- "можеше и повеќе , се претргнал давајќи"...


    Македонијо , земјо најубава, во исто време и најтажна, прости ни што со сила те делиме, те плукаме и те мразиме.

    Деца невини мили, простете ни што дозволивме да заминете на таков недостоинствен начин....
     
    Последна измена: 27 март 2025 во 09:18
    На Puffy2019, Kolache na mama, CameliaMiller и 52 други им се допаѓа ова.
  9. Iva:)

    Iva:) Популарен член

    Се зачлени на:
    9 април 2016
    Пораки:
    696
    Допаѓања:
    1.810
    Пол:
    Женски
    Не ме изненадува, за жал сите имаат пристап до соц.мрежи. Се накотија неписмени и злобни луѓе по сите мрежи. Искрено влегов во дискусија со една таква Славица кога во групата Тему на споделен линк од страната Supportkocani почна да вреѓа, да кажува како е лага, како се измамници. И можам да ви кажам на сите да не се спуштате во дискусија во таков слој на луѓе, просто не вреди. Дури и да се симнеш на нивно ниво не можеш да ја завршиш дискусијата. Толку прости и толку упорни, не се затнуваат. Не им давајте на значење уште толку се усилуваат, тоа е категорија на луѓе растени во ЈУ што не доведе до степен кај што сме сега за жал. Тоа е таа генерација, мнозинството се такви.
     
    На tambelina, Mumoftwo30, dafe993 и 6 други им се допаѓа ова.
  10. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.319
    Допаѓања:
    13.365
    Meне не ме чуди што Германија не понудила помош. Три години ситните македонски души реки од лиги направија со сеири и лажење дека Германија се распаѓа, Германците ќе смрзнеле итн. Никој не е должен да помогне, ако сака, може, ама должен не е. И сетете се дека Македонците носеа дупнати гаќи да донираат за погодените од земјотресот во Турција. Дно. Сега и Турција ни лечи народ таму.
     
    На Аргентина *, Снегулк@23 и Amelia им се допаѓа ова.
  11. Lollipop_123

    Lollipop_123 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2019
    Пораки:
    1.170
    Допаѓања:
    1.763
    Пол:
    Женски
    Бумери… одма по самите коментари знаеш дека е таа генерација
     
    На Mumoftwo30, spacegirl92, Victorian и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. Iva:)

    Iva:) Популарен член

    Се зачлени на:
    9 април 2016
    Пораки:
    696
    Допаѓања:
    1.810
    Пол:
    Женски
    И реално да се надовзам на неколку од вас, соседите се тие што секогаш искрено жалат и помагаат во секоја трагедија. За Бугарија ми е жал што ни се влошија односите, додека не го потпишеше Заев тој проклет договор бевме во супер односи а од тогаш почнаа и они да не не сакаат, и меѓу обичниот народ пред тоа немаше никакво нетрпение а сега е сосема друго за жал. Но пријател од БГ ми кажа дека по цели денови известувале за трагедијата и дека навистина се труделе да помогнат, и верувам дека е така. За Вучиќ немам зборови, за што и да ни зачкрипа он е тука, колку и да е фенси да се мрази Вучиќ по мрежите на нас ни се има најдено и не има извадено од многу каши. И за зејтини, брашна, вакцини, пожари и сега највеќе повредени земаа, буквално како премиер од сенка во последните 5-6 години, што е најбитно повеќе има направено од избранте ни пратеници. И Турција исто, се најдобро и секогаш се понудува и за пожари и за било каква помош. За "големите сили" немам коментар, како и секогаш ние сме неприметни за нив, колку и да се замислуваме дека сме као стратешки партнери. Особено Уса, Германија, Ук, Русија кои никогаш не биле на наша страна па и овој пат не се испозамараа ни формално писмо со сочуство да ни испратат не па некаква помош. Да сме паметни на Балканов да се сакаме а не закрвени меѓу себе само во омраза да живееме би биле посилни и економсски ама очигледно тоа не треба да е така па не подбуцнуваат едни против други постојано.
     
    На Puffy2019, Sielo❤️, Tanjamm и 4 други им се допаѓа ова.
  13. Iva:)

    Iva:) Популарен член

    Се зачлени на:
    9 април 2016
    Пораки:
    696
    Допаѓања:
    1.810
    Пол:
    Женски
    Буквално, уште по коментарот знам дека е некој/а бумер, и одам на слика да се уверам и тоа е тоа.
     
    На Lollipop_123, spacegirl92 и Malesia им се допаѓа ова.
  14. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.818
    Допаѓања:
    44.617
    Пол:
    Женски
    Луѓе мене не ми се ниту коментира веќе на темава, ниту на социјални мрежи ми се седи.
    Градот е тажен претажен, никој нема воља за ништо, секој ден имам странки кои се родители или роднини на повредени или починати, имав и што биле таму, енергијта е тажна и болна, се разболевме од маки гледање и слушање секој ден. Толку тажни судбини се изнаслушав, си велам што толку му згрешивме на Господ ова да не снајде…
    Не можам да ви опишам колку се сите тажни, нерасположени и потиштени и не може да се различно од тоа.Ама моментално градов е мртов во секаква смисла.
    Дрвцата расцутеа и прецутеа не ги ни приметив, а пролетт е мое омилено годишно време, не е ни пролет за нас веќе, зима уште трае.

    За групата од Кочани може кој што сака да јаде го*на и во живо и позади тестатура, тоа они што го направија е вредно за секаква почит.
    Ги знам лично, некои ми беа во друштво, некои ми се генерација, со некои имаме деца генерација па се дружиме, сите се културни, паметни, вредни и фини деца.
    Не верувам дека било што, што прават е со задна намера и дека нема да се погрижат сите да добијат еднакво пари.

    Ако можете донирајте, ако не можете молете се за жртвите, за оние кои останале, за повредените, за сите што имаат некаква траума од настанов, а тоа е цел еден град и цел една земја.
     
    На Kolache na mama, CameliaMiller, TheGoldenPeach и 50 други им се допаѓа ова.
  15. GirlVolley

    GirlVolley Популарен член

    Се зачлени на:
    28 март 2020
    Пораки:
    1.364
    Допаѓања:
    2.580
    Пол:
    Женски

    Не се чуди,дел од ова го имаше и во групава пишувано.
    За тоа кажав да му умре козата на комшијата
     
    На tambelina, eliesaab и flower30 им се допаѓа ова.
  16. st-el

    st-el Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2010
    Пораки:
    745
    Допаѓања:
    5.199
    Пол:
    Женски
    Не ги коментирајте никаде, само сила добиваат и оган разгоруваат...
    Секој нормален човек и со грам емпатија не би мислел и пишувал такви нешта...
    Јас такви постови не ни читам....
     
    На Mumoftwo30, Skorpija25, SummerGirl и 3 други им се допаѓа ова.
  17. doll.a

    doll.a Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    1.543
    Допаѓања:
    4.268
    Пол:
    Женски
    Русија зошто да не подржи ?
    Па ние се приклучивме кон сите рестрикции што ги воведе Е.У против неа.
     
    На Puffy2019, tambelina и MB993 им се допаѓа ова.
  18. PollyPocket

    PollyPocket Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2023
    Пораки:
    1.109
    Допаѓања:
    4.623
    Пол:
    Женски
    Групата од Кочани.. Кралеви.. Немам доволно добар коментар да кажам за нив. И за сите што се најдоа..
     
    На Sofia*, Sielo❤️, SanelaS и 6 други им се допаѓа ова.
  19. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.496
    Допаѓања:
    61.629
    Пол:
    Женски
    Значи во државава имаме два типа на луѓе. Првите се дечкото од Виница, Андреј и Панчо што секаде донирале и се вратиле во пожарот да помогнат, дечките од support Kocani што око не склопија и експресно направија сајт за донации, медицинските работници што се погрижија за секој пациент, Илчо што возеше 2000 км за ниедно дете да не остане незгрижено.

    Втората група се пратеници кои во најголемата катастрофа одмор земаат, измамници со фејк донациски сметки кои на ова нашле да се богатат, Дековци со фејк лиценци и куроболие дека во ризик става стотици луѓе, инспектори што се корумпирани до срж, караконџули што коментираат што барала мајка на дете да оди да се забавува и пропалици што денот си го исполнуваат со тоа што ќе јадат гомна за дечко што во оган влегол да помогне.

    Секогаш да се трудиме да бидеме во првата група.

    Е сега, заради тоа што првата група секогаш наведнува глава, втората група ја има завземено државава и прави што сака. Освестете се и не дозволувајте пробисвети како втората да ни ја диктираат судбината.
     
    На Kolache na mama, CameliaMiller, sparklie и 50 други им се допаѓа ова.
  20. malerozna

    malerozna Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2011
    Пораки:
    3.303
    Допаѓања:
    77.804
    Пол:
    Женски
    Успеаа да се посер@т на протестите, синоќа гледав кај Ландов, најискрено ме разочара, ама не ме изненади.

    Сите што се обидувате да дадете политички контекст на ситуацијата не сте добри во мозокот, уште мешате партии.
    Дечките од supportkocani самоиницијативно се собраа и направија вебсајт да можеме директно да донираме на фамилиите, Иван веќе неколку пати потенцира дека не е политички.
    Мора тие проклети партии секаде да ги мешате. Шарени, вакви, онакви.
    Како да не знаеме каква е ситуацијата во државата и како функционираат работите, особено кога вмро е на власт.
    Од тоа и се исели истокот.
    Пола не иселивте, дел не изгоревте а и тие што останаа не ги оставате на мира.
    Дојде време да бираме децата или партиите.
    Живееме во време кога луѓето повеќе веруваат во партиите отколку во самите себе. Ги бранат како да се нивно семејство, се караат со пријатели за нив, ги оправдуваат нивните грешки како да им должат нешто. Но, дали некогаш сте се запрашале што добивате за таа лојалност?

    Политичарите се менуваат, партиите доаѓаат и си одат, но нашите проблеми остануваат исти. Патиштата се распаѓаат, болниците се без основни услови, институциите не функционираат, а животот станува се потежок. И секогаш слушаме едно исто „Кога ќе дојдеме ние, ќе биде подобро“. Но, дали некогаш навистина стана подобро?

    Проблемите не се нови, но никој не ги решава
    Зошто требаше да се случи трагедија за да се сети целата држава дека Кочани постои? Граѓаните пред само неколку месеци протестираа 19 дена без прекин, барајќи конечно решение за депонијата. Им беше ветено дека ќе се донесе одлука да не се носи отпад од други општини. Ветувањето беше дадено, беше изгласано но што се случи? На празникот Свети Никола, со полициска придружба, отпадот повторно беше фрлен на истата депонија.

    Министерот за животна средина не дојде да ги слушне граѓаните. Пратеникот од Кочани ниту еднаш не застанаа пред јавноста да бара решение за своите сограѓани. Истото се случува и со други проблеми се додека не дојде некоја трагедија, институциите се глуви.

    Додека ние чекаме, тие се грижат само за себе
    Додека граѓаните чекаат промени, политичарите си ги решаваат личните проблеми. Кога треба да се изгласа нов закон за привилегии, нов службен автомобил или покачување на платите нема поделби, нема кавги. Сите се сложни. Секогаш има пари за нивните потреби, но за основните барања на народот „нема буџет“.

    Во меѓувреме, здравството е пред колапс. Болниците со години не се реновирани, немаат доволно опрема, а условите се катастрофални. Брзата помош функционира со стари и дотраени возила, најчесто добиени преку донации. Противпожарните единици работат со застарени камиони и недоволен број луѓе.

    Патиштата во државата стануваат се поопасни, дупките не се крпат, а кога ќе се случи несреќа виновни се граѓаните, а не институциите кои не ја завршиле својата работа.

    Во Кочани, како и во многу други градови, се гради неконтролирано. Секој агол е претворен во градилиште, а никој не знае колку безбедно се градат тие згради. Трговскиот центар во Кочани е блокиран од доградби, а никој не поставува прашање што ако таму се случи несреќа? Кој ќе одговара?

    Време е да сфатиме партиите не се државата
    Граѓаните се тие што плаќаат даноци, што ги полнат буџетите од кои живеат политичарите. Но, додека народот се кара кој политичар е „подобар“, сите тие си седат во удобните фотелји и ги уживаат своите привилегии.

    Ако сакаме промена, треба да разбереме дека нема „наш“ и „нивни“ политичари сите се таму за да работат за нас, а не обратно. Кога последен пат сте виделе функционер да биде сменет затоа што не си ја завршил работата? Кога последен пат некој одговарал затоа што ветил, а не исполнил?

    Додека не почнеме да бараме одговорност, додека дозволуваме да не’ делат на „нивни“ и „наши“, ништо нема да се смени. Секогаш кога ќе гласаме за лични интереси, наместо за општо добро, ќе добиваме ист резултат.

    Системот нема да се промени сам ние сме системот. Ако почитуваме закони, ако не даваме мито, ако не прифаќаме празни ветувања тогаш нешто ќе се промени. Но, додека веруваме дека некоја партија е поважна од нашите сопствени права, тие ќе продолжат да не користат.

    Време е да се запрашаме дали сме подготвени да се промениме самите ние и да започнеме да се почитуваме меѓусебе или ќе бидеме само навивачи на партии кои никогаш нема да се грижат за нас?
    Никогаш не заборавајте дека нашите деца си заминаа поради партиите. Наместо да ги гушнете и да се борите за нив, вие ги избравте партиите што упорно ги гласате 33 години. И никогаш не си признавте заминаа затоа што немавте храброст да се спротивставите на партиите.

    Ова е став на админите на оваа страна.

    Ова е нашата последна објава на оваа страница.
    Постирано на фејсбук страната Кочани.
    Апсолутна вистина
     
    Последна измена: 27 март 2025 во 11:16
    На Gosh, CameliaMiller, Annath и 29 други им се допаѓа ова.