Трагедија во Кочани - најмалку 59 загинати во пожар во дискотека

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Kataklinkers, 16 март 2025.

  1. Youknow

    Youknow Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2014
    Пораки:
    2.186
    Допаѓања:
    4.354
    Пол:
    Женски
    До пред некој ден ни се чудеше цела Европа, ама македончето едвај издржа два викенди да не се пијанчи на музика, зато викендов шо се мора мора се. И после сакаме да не почитуваат останатите шо живеат во државата. Ако не бевме вакви до ова дереџе години уназад не идевме… Многу неубав табиет
     
    Последна измена: 4 април 2025
    На simoncelicius, azelea, Ivan4e04 и 9 други им се допаѓа ова.
  2. Iva:)

    Iva:) Популарен член

    Се зачлени на:
    9 април 2016
    Пораки:
    779
    Допаѓања:
    1.976
    Пол:
    Женски
    За жал ете има уште жртви, а по кажувањата и дел од повредените имаат сериозни изгореници и некои за жал ќе мора да прават ампутации.
     
    На JoyJoy му/ѝ се допаѓа ова.
  3. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    9.037
    Допаѓања:
    220.417
    Пол:
    Женски
    59 беа.. младина.. во цутот на животот, кога требаше да имаат пеперутки во стомак, љубови, забави, живот пред нив, смеа.. многу од нив доктори, професори.. иднината.. сите убави та преубави, требаше да живеат и да го вадат максимумот од најубавиот период од животот 20 тите.. требаше да се љубат и да играат да, да пеат.. да се веселат бидејки тоа се тие години кога створаме спомени, искуства за низ животот.. требаше да живеат и да ги радуваат најблиските.. како да беше намерно 59 за да денес биде 60 заокружено ;(
    Па и кутар Александар, 200 примери на манипулирани млади момчиња имам околу себе, имав, зошто побогу местите кутри млади деца по документи, за да си ги криете говната ваши позади невини млади души? :puke:
    Кутар Александар.. нека почива во мир, само Бог знае каква голгота проживеал неделиве за да денес престане да се мачи .. ;(
    61 жртва беше младиот дечко од брзата помош ;(
    Преогромна Трагедија и немилосрдие од корупција, од лешинари жедни за моќ и имот, колку пари ви вредеа овие млади души невини?
    Поим за ѓаволи, бездушност, како може човек да стане таков лешинар се прашувам? Без грам срце и душа?
    Вие корупцијата и фотељите колку милиони имате направено на сметка на нарадот, младината, невини души? Не ли ви беше доста?
    Колку имоти имате?
    Среќни ли сте? Задоволни? Имате ли грам срам и соочуствувате ли колку се измачкани со крв?
    Уживате ли во своите палати?
    Уживате ли во милионите - сите до еден вмешани со години?
    Не бе луѓе- не поминува овој гнев, тага, бессознание, бес, лутина, црнила, тишина кај мене.. 16 март нема разлика со 4 април.
    Како ли се мајките, родителите на дечињава? Живеат и дишат мртви, таа болка - кнедла - црн камен у душата боли повеќе било од што друго.
    Господ да даде надеж и малку утеха.. живееме со надеж, со утеха.. тоа не води напред а за нив што ќе ги води? Единчето што им почина?
    Народе кај сме? Што правиме?
    Мислев се ќе се дигне во ваздух овој пат ама се излажав… молк и тестатура - тоа ние го знаеме, за толку знаеме. ;(;(;(
     
    На NoirSerpentine, Snowflake97, malerozna и 28 други им се допаѓа ова.
  4. Снегулк@23

    Снегулк@23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2020
    Пораки:
    3.055
    Допаѓања:
    4.292
    Пол:
    Женски
    За жал реалноста е таа, многу од овие кои се на лекување ќе имаат некаков инвалидитет
    Секогаш тоа ми било на памет колку немаме осет за лицата со попреченост, инвалидитет... за жал секој од нас за секунда може да стане лице со хендикеп, едно лошо паѓање, сообраќајка, разни несреќи...
    Затоа треба да се бориме сите за нивните права, имаше минатата година мислам протести со оваа тематика никаква поддршка немаше од тие што не се засегнати
     
    На Gosh, Sofia*, elenaklasik и 15 други им се допаѓа ова.
  5. Лејди Гага

    Лејди Гага Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 март 2025
    Пораки:
    162
    Допаѓања:
    245
    Пол:
    Женски
    За жал има 60 жртви. Починал и Александар Кардакоски, лесна му земја:(:u:
     
    На tambelina и JoyJoy им се допаѓа ова.
  6. Iva:)

    Iva:) Популарен член

    Се зачлени на:
    9 април 2016
    Пораки:
    779
    Допаѓања:
    1.976
    Пол:
    Женски
    Апсолутно си во право, еве пред некое време ми текна да приметувам во колку објекти (згради, институции и сл.) имаат овозможено пристап за лица со хендикеп и буквално скоро никаде немаше. Да не зборам за безобразни шофери кои се паркираат на места за инвалиди. Сите заслужуваме еднакви права и еднакви можности.
     
    На Gosh и Снегулк@23 им се допаѓа ова.
  7. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.443
    Допаѓања:
    13.656
    Вчера имаше вест за детенце од Украина кое во напад се здобило со изгореници, претрпело 29 операции, мислеле нема да преживее и преживеало и освоило награда на некое си превенство прва награда свирејќи на хармоника. Но, тоа детенце има густа коса, ама дел од косата на главата фали, уништена е, лицето се гледа дека има траги иако е третирано. Ама тоа таму е војна, а овде војна нема, се унаказивме од неработење, небрежност. За инвалиди немаме никакви услови, скоро никакви. Со бројка на починати и повредени Кочани сега е на ниво на некој град каде има војна. Демографски уништено. Среќа што по европските земји се покажаа доста похумани од нас, инаку не знам што ќе беше. А спореди овде кога идеш на доктор, ако не дадеш нешто да почестиш, не те гледаат, ама дојдоа доктори од Израел, Чешка и други земји, помогнаа овде. Вчера читам некои прости Македонци по Твитер споделуваат сала полна со жени со бурки, па колнат Британци. Ние сме крајно неблагодарни, девијантни, нула. За секој осуда е тоа што институциите овдека не работат скоро ништо, за секоја осуда е што секоја будала од алчност станува бизнисмен, а не почитува ни минимум услови, за секоја осуда е што народот не сака да протестира и што се лепат етикети, па шарени биле, па платени биле, па онакви, овакви биле. Па се чудите се затворила темата? Мои колеги беа на собирот во Скопје, а за што да одат, да ги плукаат дека се шарени? Огромен дел од вината е на самиот народ. Штала било. Па сите праќале деца таму, полно било, сега им текна штала било. Па освен штала нема никакви услови за било каква активност, социјализација. Замени градови, со нула можности.
     
    Последна измена: 4 април 2025
    На elenaklasik и eliesaab им се допаѓа ова.
  8. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.699
    Допаѓања:
    128.883
    Пол:
    Женски
    Ако сме реални и сакаме да продолжиме со барање да се разјасни случајот, не смееме да заборавиме дека имаше повеќе одговорни лица. И меѓу загинатите имаше лица кои беа осомничени и за кои се испитува(ше) нивото на одговорност.
    Некои го вадат Карадакоски како само управител на хартија, но законот не го интересираат изговори. Што бил пишан како управител, требало да води сметка и да не му молчи на Деко. Требаше да го пријави Деко или барем јавно да кажеше дека во Пулс има бројни неправилности. Со тоа вниманието на јавноста ќе беше свртено порано и немаше да има трагедија.
     
    На JoyJoy и eliesaab им се допаѓа ова.
  9. Fenix05

    Fenix05 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 март 2022
    Пораки:
    3.686
    Допаѓања:
    9.305
    Пол:
    Женски
    Починал Александар сега објавија СупортКочани.... срцево ми се скрши, се надевав дека ниеден веќе не е во животна опасност ;(
    Штета ...
    :u::u::u:
    @nextredstyle
    Не знам колку години имал ама знам неколку случаи каде тие такви управители на хартија немаат никаков пристап до било што во фирмата им е забрането да чепкаат гледаат бараат во документи сметки и тн. Особено па и ако бил млад, другар на синот на газдава на крај памет не му текнало што може да значи тој потпис..
     
    На NoirSerpentine, azelea, La.RagazzaMisteriosa и 12 други им се допаѓа ова.
  10. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    15.106
    Допаѓања:
    124.322
    Ајде ајде сега
    Он ќе го пријавувал , му бил келнер , управител на хартија. потфрлиле институциите та до детево ви е.
    Остајте го да почива во мир , прочитав дека и свршеницата му починала претходно :(
     
    На simoncelicius, Bella •••, KuklickaSk и 27 други им се допаѓа ова.
  11. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    9.037
    Допаѓања:
    220.417
    Пол:
    Женски
    За жал, за жал да потенцирам во Мк посебно на истокот каде што немаме скоро па ништо од примарни не па секундарни потреби, каде што луѓето обичниот граѓанин крпи да сврзи месец за месец од платите ни мизерни да не зборувам колку работат на црно и со кеш во рака, а ако не дај боже решиш да дадеш отказ ни тоа нема да го добиеш сработеното ова од огромно искуство, каде што не се пријавен, немаш здраствено осигурување и не им одговара да те пријават, каде што од црно и нелегално ги поседуваме сите точки и подточки а немаме да кажеме уствари што е легално, како и сите останати и момчето се нафатило да се потпише на договорот (не сакам да судам или претпоставувам што било и како било) можни се биле многу нешта па и уцени притискања итн, а ако немаш “грб” ќе си се носиш со товарот, зборот ми е така и тоа момче најверојатно се носело така како што се носило со ситуацијата пред се да запачели некој динар, ако не дај боже кажал најверојатно ќе останел без работа во Кочани, по се она што се изнагледавме дефинитивно кокошарникот бил јавна тајна и не дај боже никој не се осудил нормално да зборува за да нема проблеми и да спечали за живот.
    Се и сите се знаеме, сум била сведок на вакви ситуации па мислам слично е.
    Ако момчево немало ни грб нечив ни помош подршка за да отиде на подобро место си молчел потпишувал како попче и си ќутел за да земе леб тоа е тоа.
    Во ова е ваушност проблемот, испреплетени како црева кој каде да најде правда? Кој некаде нашол правда?
    Нека профунционира системот и нека бидат казнети соодветно сите засегнати како пример како понатаму ама ова тешко. Нити е било нити ќе биде.
    Мислам ми ја сфати поентата.
    Никого не бранам/судам не е мое тоа. Само обајаснувам можни ситуации, вистински од “веч видено” сум имала и јас проблеми од ваков тип па среќа не сум таму, баш од што ми се пригадува од луѓе од мојот град.. за жал многу се, мајка ми иста судбина да така…. Тешко нас.. зборувам од аспект на Александар лесна му земја што го има снајдено дечкото како можна опција, а ако не е така не знам .. би пишувала исто како и политичарите и нивните “следбеници” .
     
    На malerozna, azelea, Dentina и 5 други им се допаѓа ова.
  12. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.699
    Допаѓања:
    128.883
    Пол:
    Женски
    @eli25 , @vitamina
    Не треба да вадиме никого. Ниту тие во институциите, ниту тие што беа поврзани со Пулс.
    Како што кажав, според законите има повеќе одговорни лица. Последно починатиов беше осомничено лице и да не починеше ќе беше гонет.
    Без разлика на пристапот, пропустите биле очигледни.
     
    На JoyJoy му/ѝ се допаѓа ова.
  13. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    9.037
    Допаѓања:
    220.417
    Пол:
    Женски
    Па, обично така, “дете мое си другар на син ми, поданик нели, ќе те пишам црно на бело ти уживај, не се замарај јас сум тука до тебе и тоа е тоа” ти верувам тебе, интелигентен си, работник, ќе бидеш примарен на документ во фирмата и така, дете како дете, ваљда си рекло “некој и нешто сум” плус најважното му поткачил 100 евра плус и тоа е тоа. Лесен е муабетот. Штета, лесна му земја на детето. ;(
     
    На Ugly Duckling, elenaklasik, Amelia и 10 други им се допаѓа ова.
  14. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    9.037
    Допаѓања:
    220.417
    Пол:
    Женски
    Пишав веќе, нека почнат од некаде бар, сите нека одговараат според закон, дај да се оправиме барем 50% ама тешко..
    работам таква работа да секојдневно сум секаков народ, зборуваме… див запад сме и ќе останеме див запад за жал, ми е жал, ми е срам, ме боли, колку пати си го имам фалено своето знаеш? За џабе.. за жал за џабе .. црна дупка сме си и ќе останеме а јас имам де надеж .. надежта последна умира..
    иселена сум 17/18 никој не ме праша дали сакам а не сакав, секогаш жалам за своето, таква сум, и многу пати сакам да се вратам и размислувам за моето родно место, секогаш се разочарувам за жал.. а си го сакам и бранам своето верувај ми .. а после се што да бранам? Сите ни ја видеа “дискотеката” корупцијата и се најцрни што можеше да биде .. ;(
     
    На Amelia, Dentina, JoyJoy и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.930
    Допаѓања:
    326.902
    Пол:
    Женски
    Го затвориа Коуд.И казна платиа од 6000 евра
     
    На JuLleE, CameliaMiller, eli25 и 2 други им се допаѓа ова.
  16. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.556
    Допаѓања:
    160.809
    Ќе летаат деманти.
    Да имаш толку многу и сепак толку многу да си жеден. Ужас.
     
    На JuLleE, Mumoftwo30, eli25 и 3 други им се допаѓа ова.
  17. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    1.861
    Допаѓања:
    8.486
    Пол:
    Женски
    Прашање што многу ме мачи, од каде толку многу имаат. Сигурно не од дуќанчињата во гратче со 5000жители. Да не некој друг бизнис се пере, кој ќе каже.
     
    На simoncelicius, Lilit, JuLleE и 5 други им се допаѓа ова.
  18. wendy2

    wendy2 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 август 2012
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    11.746
    Зошто бе името не смее да и се спомне? :?: Ја знаеме повеќето мислам, само незнаев дека има имунитет на форумот.
    Инаку, зошто им го затвориле клубот, нели имаа објавено слика со лиценци?
    После демантот, никави ги снема на темава.
    А за бизнисите шо знам, сите знаеме дека од друго им се парите, јавна тајна е. Мала позитива кај нив е што многу донираат на хуманитарни акции па некако по друго ги доживувам.
     
    На Sofi.ja, eliesaab и JoyJoy им се допаѓа ова.
  19. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.930
    Допаѓања:
    326.902
    Пол:
    Женски
    Казната не е за лиценцата.Друг пропуст имале.
     
    На Lilit, st-el и JoyJoy им се допаѓа ова.
  20. Youknow

    Youknow Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2014
    Пораки:
    2.186
    Допаѓања:
    4.354
    Пол:
    Женски
    Нели Викторија Колишев се фалеше дека се е уредно во клубот?
     
    На JoyJoy му/ѝ се допаѓа ова.