Трагедија во Кочани - најмалку 59 загинати во пожар во дискотека

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Kataklinkers, 16 март 2025.

  1. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    16.893
    Допаѓања:
    116.613
    Пол:
    Женски
    Не бил во болницата свесен ама бил свесен кога жив горел до трет степен.
     
    На SummerGirl, JuLleE, vitamina и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.555
    Допаѓања:
    272.646
    Па не знам, искрено се надевам дека чадот побрзо го онесвестил...
     
    На izgubena:), SummerGirl, simoncelicius и 8 други им се допаѓа ова.
  3. tambelina

    tambelina Популарен член

    Се зачлени на:
    10 август 2012
    Пораки:
    719
    Допаѓања:
    1.899
    Пол:
    Женски
    Ама и на народот не му се погодува никако. Ако медиумите,семејствата,очевидци,пишуваат и зборуваат за трагедијата биваат критикувани и народецов се згрозува од изјавите и деталите. Па да не се снимало,да не се пишувало,биле во болка и тага семејствата,демек им се руши ,,мирот,, на тагување ....

    Ако не се зборува,ако не се пишува,СЕ ЌЕ ОТИДЕ ВО ЗАБОРАВ.
    Е сега,некои луѓе така се справуваат со траумите,ставаат во заборав молчечкум. Ама тоа купче трауми еден ден ќе им исплива на површина.

    До нас е. До народот. Така сме воспитани ,демек срамота , не треба да се зборува јавно за семејно,брачни,здравствени работи. Срамота е да се плаче во јавност. Срамота е да си болен,сиромав... До нас е. Не ни се криви новинарите
     
    На Yowannty, izgubena:), Gosh и 22 други им се допаѓа ова.
  4. Au revoir

    Au revoir Активен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2025
    Пораки:
    72
    Допаѓања:
    56
    Пол:
    Машки
    Кога ќе го научите значењето на зборот Столкхолмски синдром и Мазохизам ? Додека не го научите се до тогаш ќе се правите како паднати од небо и ќе си поставувате вечни прашања како се ова вас ви се случува и зошто и ќе морализирате во магичен безкраен круг
     
    На simoncelicius, malerozna, elenaklasik и 2 други им се допаѓа ова.
  5. tambelina

    tambelina Популарен член

    Се зачлени на:
    10 август 2012
    Пораки:
    719
    Допаѓања:
    1.899
    Пол:
    Женски
    А постои и колективен столкхолмски синдром?
     
    На simoncelicius, Au revoir и JoyJoy им се допаѓа ова.
  6. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.848
    Допаѓања:
    36.406
    Пол:
    Женски
    Ова, за жал, излезе дека е единствена исправна опција :( за која што и јас се почесто размислувам во последно време.
    Во државава се е толку поларизирано, партизирано, што ако (недај боже) не си „со некого„ и размислуваш со своја глава, одма ти лепат етикети, те омаловажуваат, деградираат итн...
    Да не збориме што ќе шлапкаш во калта додека некои со врски возат бесни коли и палат и газат се живо :devil:
    Нека! Мене совеста ми е чиста. Овие другиве кои за партија децата ќе си ги продадат, нека „уживаат„ во придобивките кои ги имаат. Се додека нивното дете не се најде засегнато :(
     
    На Ivan4e04, SummerGirl, azelea и 11 други им се допаѓа ова.
  7. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    9.037
    Допаѓања:
    220.417
    Пол:
    Женски
    Јас баш напротив очекував и сметам дека е подобро да се зборува и зборува, нека зборуваат сите, кој може, сака и е способен во моментот, треба да се зборува и народот треба да знае, ова што ние го доживеавме е најлош хорор, најлошо сценарио и да, треба да се зборува за да јавноста слушне и слуша вистина, каква таква е вистина и не треба да се молчи напротив, што се постигнува со молчење? Како може да се молчи на ваква случка? Не разбирам стварно.. се буткаме под тепих точно, оти има и полошо ли или му умре козата на комшијата? Дно дна сме, ако вака размислуваме за вакви трагедии не сме арни психички искрено, нешто ни фали. :doh::puke:
     
    На SummerGirl, malerozna, azelea и 8 други им се допаѓа ова.
  8. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.555
    Допаѓања:
    272.646
    Абе Витаминче, ама знаеш како и каде се погреши?

    Не снимај ваму, не снимај таму, болката да не им се гледа, е ама баш затоа што сè снимаа во Дубона/Мало Орашје, затоа успеаа Радиша да добие 20 години, иначе само Урош ќе го осудеа. Токму семејствата со цела своја болка во јавност имаат моќ да привлечат и да направат промени. Фала Богу никој не сака да е сниман и да зборува кога е во ваква болка, ама тоа е "лекот" за надалеку да се слушне и да се изврши притисок.

    Сигурно на луѓено од Дубона/Мало Орашје не им беше лесно и не им е лесно да дремат пред камери и да бараат правда, не погреби, не судења, гостувања по емисии, новинари дома имаа... до таму што новинарите ги научија точно кои се селата, па да не викаат Младеновац и Смедерево, туку точно имињата на селата да ги кажуваат.

    Не е ова некој нов изум, по свет е така, ако сакаш стварно внимание, мора најзасегнатите да се отворени кон новинарите.

    Не секој може еднакво да доживее и почувствува ако не види, ако нема лице тој за кого ќе искочи на улица.
     
    На SummerGirl, sparklie, Lilit и 19 други им се допаѓа ова.
  9. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.869
    Допаѓања:
    45.034
    Пол:
    Женски
    Протести има секој ден кај нас, повеќе се како тивок марш, некогаш има повеќе луѓе, некогаш помалку, ама има скоро секој ден.

    Детето што почина сега беше многу фин човек.
    Лесна му земја.
    Се надевам дека ќе биде последна жртва.
     
    На christinnn, Mumoftwo30, SummerGirl и 25 други им се допаѓа ова.
  10. lovely91

    lovely91 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2010
    Пораки:
    1.568
    Допаѓања:
    4.889
    Пол:
    Женски
    Не знам дали мислењево ми е за тука ама морав да кажам...
    На лазаров жена му како и да се вика, си ставила стори лабаво на журка со дј.никифор весело луѓето си играат..не знам така ми е уште жално све , ми делува дека е се без осет,си умираат луѓе еден по еден а овие ќејфови си тераат,не викам да нема журки ама језиво малку кога ќе видам вака видео...
     
    На Mumoftwo30, simoncelicius, Sofia* и 7 други им се допаѓа ова.
  11. Thinkerbell.

    Thinkerbell. Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2020
    Пораки:
    1.318
    Допаѓања:
    2.951
    Пол:
    Женски
    Има бројче ама никој и не знае зошто не се пишува за тоа :( Ете и утре ќе има и Марш на ангелите од родителите нели организиран.
    Тажното е што Кочани и луѓето таму уште се ко што беа и првиот ден кога се се случи.
    А во Скопје ќе си зборат кој колку бил никаков што правел интервјуа со преживеани, што се зборувало детално за таа ноќ, се пишувало и слично, дур им иде живот понатака, се сликаат за инста и пијат кафе лабаво.
     
    На 1209, azelea, JuLleE и 5 други им се допаѓа ова.
  12. Youknow

    Youknow Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2014
    Пораки:
    2.186
    Допаѓања:
    4.349
    Пол:
    Женски
    Абе тие жалат само за прегледи да соберат некој денар…баш им е гајле
     
    На Sofia*, azelea, lovely91 и 2 други им се допаѓа ова.
  13. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.756
    Допаѓања:
    185.550
    Нит знам кој е Радиша, ни Урош, ни Дубона... нит е битно, нит ќе ги врати децата. СИТЕ сакаме да видиме кој ќе остане во притвор, и кого ќе осудат, мене не ми менува снимка од погреб ништо.
    Сите обвинети се сеуште во притвор или некого ,,олеснително,, пуштија, јер не е веќе градоначалник, не може да го повтори делото? 8-| Тоа мене ме интересира, луѓето што жалат цел живот ќе си жалат, а тие што заминаа ништо не ги враќа.
    Очите во обвинителство сега8-|
     
    На vitamina и Erika.greeneyes им се допаѓа ова.
  14. Miss666

    Miss666 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    1.456
    Допаѓања:
    4.220
    Пол:
    Женски
    Секој различно жали. Не сум многу активна на темава, немам што да кажам.. Жалам за изгубените животи, бесна сум на системот,на корумпираните газишта по фотељите.. Се трудам да избегнам статии и слики со детали, затоа што ми останува во мисла и така рандом вп некој момент, кога мијам раце, пијам вода, облакам фармерки ќе ми текне и ќе ме обори.
    И до негде мислам дека е погрешно.
    Треба да се збори, да се почувствува болката.. оти лесно е да речеш лупам 250 деца беа убиени, наспроти имиња, слики, ликови да ги видиш од 250 деца.
    Каква и да е разрешницата во случајов, ете и сите нека одговараат со најстроги казни, останува болката непроменета. Животи згаснаа, животи се уништија, нечии никогаш веќе нема да се исти.
     
    На NoirSerpentine, SummerGirl, azelea и 3 други им се допаѓа ова.
  15. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    4.053
    Допаѓања:
    41.818
    Не знам за што е корисна информацијата дали Панчо знаел или не знаел, дали имал или немал телефон, освен за чисто љубопитство. Која предност ќе ја има тој или ние на фемина ако знаеме...
    Генерално недолично е да се пренесуваат информации од болничка соба, па ќе читаме : сега му кажуваат, сега вришти или што?
    Луге, дали би сакале за вас ова да се вади надвор кога би биле повредени во болница? Што е битно, чисто ете, да знаеме. Има информации кои се од интерес на повеќе, и некои кои се само на жртвата ако сака да ги сподели.
    Не ми е гајле на крај, пренесувајте што сакате, ама е неетички од тие што као се грижат за него па како баби пред порта пренесуваат live од болница, за фемина да плаче или портал да има кликови.
    Или јас имам илузорни очекувања за човеково достоинство. Сите жртви имаат свој приватен пекол, се ежам ако сум публика за страдањата нивни до детал психички и физички, беспомошен некој лежи во славната систина, некој во гроб и јас мислам не сум таа што нивното страдање ќе го следи ко риалити, познавала ги или не.
    Можеби дека во минатото сум познавала некого жртва на безумна трагедија, не можам да сварам одење во детали, шпекулации пред се.
     
    На Ivan4e04, le.soleil, LadyD и 30 други им се допаѓа ова.
  16. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.555
    Допаѓања:
    272.646
    Епа, знаеш кој е Коста Кецмановиќ?
    Урош Блажиќ утредента изврши масакар, со повеќе жртви, од кои најмладата само 15 години имаше.
    Татко му на Урош Блажиќ е Радиша Блажиќ, висок воен функционер. Им најдоа цел арсенал (нелегален) дома.

    Токму ова е муабетот, толку сите беа фокусирани на Рибникар што овие другиве "во сенка" останаа, оти Урош не е малолетен де. Тоа што уби тројца во школски двор е друго.
    Медиумите се занимаваа многу повеќе со Рибникар, а за овој настан известуваа како "села во близина на Младеновац/Смедерево". Ги дехуманизираа овие жртви и семејства.

    За Радиша воопшто да лежи, беше мнооооогу климаво. Семејствата сè направија да ги има на сите можни вести, немаше како ги ставаат ковчезите во земја де, ама за сè останато, максимално ги искористија сите медиуми за да добијат правда и да се знае кои се децата, кој е убиецот, каде се има случено нештото. Успеаа на рандом незаинтересиран Џо да му искочат од фрижидер и да разбере.
    Радиша можеше да се извлече, пошто иста приказна како овде - врски, мито, корупција - ама толку притисок направија, не само родителите од Рибникар што одеа на судења неврзани со нивниот случај, цела Србија и пошироко разбра.
    Епа Радиша доби максимални 20 години, жив од затвор тешко ќе излезе.

    Ако никој не известува за Кочани, ако семејствата не сакаат внимание, ако не зборуваат за својата болка, своите деца, тешко ќе допрат до оние што имаат тенденција да гледаат бројки, но не и луѓе зад бројките.

    Тебе и мене и на некого ништо не му менува, ама има луѓе кои мораш да им "нацрташ" за да се поместат. За промени, јас и ти не сме доволни. Масата е.
     
    На Yowannty, Ivan4e04, NoirSerpentine и 22 други им се допаѓа ова.
  17. ArabellaStarfall

    ArabellaStarfall Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2024
    Пораки:
    1.120
    Допаѓања:
    7.142
    Пол:
    Женски
    Не знам кој имаше прилика да го гледа видеото со еден дечко од супорткочани, но јас се потресов од неговата емоција, која беше вистинска, темна, прогонувачка. Жал за сите што директно и индиректно сведочеле таа ноќ. Траорни моменти. На тие луѓе им треба огромна психолошка помош. Не само поради сведочењето, верувам дека практично моментално цело Кочани е една огромна црна депресија.

    А овие, живи потресени на одмор седат. На луѓево од Кочани па многу им се работи. Мислам, едново е огромна трагедија, другово траги-комедија. Ептен се шинаа од работа. Што чекаат, да заборавиме? Мало морген. Ова ви беше последната сламка. Не се заборава. Отидоа сестри, браќа, роднини, синови, ќерки, комшии, сограѓани. И уште толку со вечна траума ќе бидат жигосани. Родители со скршена душа и непоправлива штета.

    Дајте им правда на луѓето. Македонците бараат елементарни услови за живот. Доста врски, курци, бакрачи. Брат да ми е сопственикот, не го жалам, сама пред суд ќе го транспортирам.

    И не само за Кочани. Сите убијци од Тетово, Дурмо, Беса. Како бре спиете навечер, а да не е тешка дрога. Што имате во душите. Да ви изгорат.
     
    На Ivan4e04, elenaklasik, LadyD и 18 други им се допаѓа ова.
  18. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.756
    Допаѓања:
    185.550
    Споредуваш неспоредливи работи. Или не баш споредливи.
    Го знаеш Небојша? Небојша е измислено име за тој што направил системски пропуст со настрешницата во Нови Сад. Не знам таму дали има име, дали има приведени, дали пренесуваат снимки од погреби, ама ако споредувате случаи споредувајте го со тоа. Пошто никој не дошол од бес да тепа луѓе, луѓе се отепани од системот кој функционирал со мижење, ќутење и потплаќање.
    Мислам легитимно прашав, до кај се со притворот на луѓето од тој систем?
     
  19. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.555
    Допаѓања:
    272.646
    Јасно ми е што зборуваш, мене друга ми е поентата.
    Со медиумско внимание (а со тоа и притисок од страна на јавноста кон институциите) се бара правда. Со молк правда нема да се случи, за жал.

    Небитен е Урош Блажиќ, ниту Радиша Блажиќ, туку фактот дека ако не ги притискаме, ништо нема да се помести. За да ги притискаме - треба маса. За да се освести масата треба најзасегнатите да бидат лично на чело за секој рандом Џо да си рече - може да бев јас.

    Тоа околу психологија на масите, како да ги разбудиш од повеќедецениска апатија и конформизам.

    Накратко: ако не сме на улица, нема да има правда. За да бидеме на улица треба секој рандом Џо да се разбуди. За секој рандом Џо да се разбуди, треба да разбере како лично го засегнува проблемот.
     
    На LadyD, Mumoftwo30, SummerGirl и 7 други им се допаѓа ова.
  20. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.756
    Допаѓања:
    185.550
    Кочани е разбудено. Во траор ама разбудено.
    https://libertas.mk/marsh-vo-kochani-pravda-za-heroite/
    Кочани нема пари да плаќа медиуми да известуваат.
    Дали медиумите ќе известуваат кајшто нема пари, или ќе пренесуваат глупи вести за посета на градоначалникот од ЛевоСметало на индустристата зона во Подморане не знам.
    Дали и кога ќе се разбуди Битола, Тетово, Струмица...и особено Скопје, исто не знам. А не треба многу, само следете го Кочани.
     
    На azelea и happygirl им се допаѓа ова.