Трагедија во Кочани - најмалку 59 загинати во пожар во дискотека

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Kataklinkers, 16 март 2025.

  1. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.330
    Допаѓања:
    89.936
    Пол:
    Женски
    Никој не рече да се молчи.
    Но детево Јован со секое интервју уште еднаш ја преживува трагедијата,секој пат.
    Тоа не е хумано кон него.
    Мора да се работи со него зошто говорот на телото,гласот говори во која траума е.
    Да бараш од него да биде гласен и да збори е страшно.
     
    На le.soleil, crimson, 2709 и 3 други им се допаѓа ова.
  2. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.515
    Допаѓања:
    61.893
    Пол:
    Женски
    Најголемата закана за нашата планета е верувањето дека некој друг треба да ја спаси.

    Роберт Свон.

    Успеаа да го задушат тој жар што беше кај луѓето, со најевтината, најподмуклата и најгнасната метода, а тоа е со лепење на етикети како вмрони или шарени тие што протестирале. И ги пуштивме.

    Јас не знам што луѓе ќе бевме да ги гледаме родителите како чекорат со слики од нивните починати чеда и бараат сироти правда и немо да дремеме од страна. И што луѓе се тие што партијата си ја сакаат повеќе од се на свет.

    Ко во Твајлајт зоун да се наоѓам, како во Матрикс да сум од кој нема никако начин како да излезам.

    Се срамам од тоа каде живеам, најискрено вака.
     
    На Erika.greeneyes, simonka93, Ivan4e04 и 26 други им се допаѓа ова.
  3. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.751
    Допаѓања:
    185.490
    Ама јас не реков да се молчи, само посочив кај треба да биде притисокот. За што треба да се зборува? Може ние догодина да збориме, кој загинал, какви соништа имал, секој ден по еден профил, со се тоа што му било омилено јадење- и што ќе смени тоа? Толку мора да се нацрта што значи смрт на 60 млади луѓе?
    Треба да се дејствува, ама каде и како, толку е тешко да се види?

    Исти ко со судењето за Вања. Битно било што јадела за доручек, на која нога станала, а овие 4цава не памтат, не знаат, не бев јас, си праат дрндупки. А нивниот доручек, нивните швалерки, нивниот прљав веш, нивниот мотив- зошто ја убија, оти јадела корнфлекс? Штурци. И која беше поентата да се ровари по доручекот на жртвата? Само сензационализам, ефект нула.
     
    На Erika.greeneyes, Dentina, LiquidLuna и 2 други им се допаѓа ова.
  4. simoncelicius

    simoncelicius Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    3.686
    Допаѓања:
    8.630
    Пол:
    Женски
    Секако.
    Госпоѓата потпишала договор во кој се обврзува дека ниедна информација за пациент не смее да протече надвор од болницата.
    А оваму се раскажуваат детали, дали има или нема пристап до телефон, дали е врзан за кревет и се останато.
    Многу би сакала да се заинтересира менаџментот на болницата, да ја дознае која е и да ја дисциплинира.
     
    На Dentina му/ѝ се допаѓа ова.
  5. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.051
    Допаѓања:
    256.898
    Мислам никој не бара од него, он сам си зборува. Може и така му олеснува.
     
    На tambelina, Snowflake97, st-el и 3 други им се допаѓа ова.
  6. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    20.129
    Допаѓања:
    107.028
    Пол:
    Женски
    Тоа пробувам да го кажам, он сам сака и сам зборува, ако не сакаше ќе излезеше на еден медиум и чао џаци, а вака ми ептен е апла дека сам си сака да си каже. И нека, ако му е така полесно, нека си каже детето, што па да не. Сите со траумата различно се справуваме.
     
    На tambelina, Ahoy, st-el и 6 други им се допаѓа ова.
  7. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    7.216
    Допаѓања:
    27.785
    Маж ми во продавница во мал град во Мкд падна во дупка дур пазареше зошто подот беше направен од пелети врз празен простор.
    Едвај излезе, го однесоа да се снима, ортопедот му кажа дека 2cm е избегната главната артерија на препон (цела нога му падна) и да ја погодел со шајка, толку е од тебе. Не се сопира крварење дур стигнеш во болница во друг град.
    На страна што има куп последици врз нога и циркулација од падот, беше на боледување 2 месеци, ногата никад нема да се врати во функција целосно (треба да) е среќен дека помина 'само со тоа'.

    Муабетот е дека не треба да чекаме пожар, сообраќајка и сл.. ние сите живееме во ризик секој можен ден. Од проаѓање улица, до одење во продавница, возење со бус, возење точак, дур птимаш инфузија а си алергичен па ќе те утепаат по грешка ко дечкото од Куманово.
    ништо не функционира, никаква контрола, ништо.
    Сите до еден треба да сме бесни, а не да се докажуваме кои биле 'кој е следен' и дали некој плаќал.
    Поразително е да не сакаш да кренеш глас против се ова што се случува.
     
    На Antebellum, tambelina, Erika.greeneyes и 24 други им се допаѓа ова.
  8. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.330
    Допаѓања:
    89.936
    Пол:
    Женски
    И сам ако сака, тоа не е рационална одлука.
    Детето не е добро. Не му олеснува, повторно ја доживува траумата .Има птсп.
    Имаше таму волонтери со маици психолог шетаа, под итно треба да се реагира во овој случај на Јован.
    Нему му треба долготрајна психолошко психијтриска помош , под итно.
    Какви камери, какви интервјуа какви бакрачи.
     
    На Dentina, Lavender13, No Makeup и 4 други им се допаѓа ова.
  9. Lisandra

    Lisandra Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2015
    Пораки:
    2.121
    Допаѓања:
    3.464
    Пол:
    Женски
    Ќе оди некој во затвор шо се чека толку?? Нека има судење и крај веќе ова, Не можам да читам да барам, се ова ме вознемирува но одвреме навреме чекам да се случи нешто и да си добијат правда децата мили.
     
    На Снегулк@23 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.867
    Допаѓања:
    45.032
    Пол:
    Женски
    И јас се согласувам со ова, мислам дека кон сите жртви треба да се прекине тоа медиумско внимание, не од аспект дека нам ни е тешко да слушаме и гледаме, ниту пак од аспект дека ако има медиуми што даваат вакви ексклузивни приказни влијанието кон закон ќе биде поголемо, туку на сите им треба итна психолошка помош, треба да зборуваат за ова ама дефинитивно не пред камери туку си стручно лице.
    Оти Јован не е возрасен човек и Јован моментално не размислува рационално, на долг рок нема да може да се справи со траумата ако продолжи вака несвесно да ја преживеува одново со секое вакво јавно зборење.
    И не само тој. Психолошка помош им треба на сите до еден што таа вечер биле таму и на сите кои се инволвирани.
     
    На Ivan4e04, Skorpija25, Mumoftwo30 и 9 други им се допаѓа ова.
  11. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    7.216
    Допаѓања:
    27.785
    Докторката кога се расплаче што свашта има видено и е истренирана за справување со тешки ситуации, што останува за обичен дечко.

    На другарка татко и е пластичен хирург во пензија, има работено во центарот за изгореници кој постоел, работел во војна, во секакви услови. Го викнаа во сред ноќ после Кочани, да оди да помогне заради искуството.
    Човекот после све што видел во кариера на скоро 70г, ене го веќе 3 недели не може при себе да дојде после таа вечер.

    Мора да се даде повеќе внимание на секој еден вклучен на било кој начин таа вечер. Па макар и за тоа барале помош од други држави за справување со птсд.
     
    На Erika.greeneyes, Ivan4e04, mareane и 16 други им се допаѓа ова.
  12. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.867
    Допаѓања:
    45.032
    Пол:
    Женски
    Види јас загубив најдобра другарка на 14г, навидум од самоубиство ама под многу сомнителни околности, сакавме да раскажуваме меѓу нас и на луѓе околу што се десило, ама никому не му текна дека нам како тинејџери ќе ни треба стручна помош…така не оставија сите другарки сами да се справиме со загубата, дури ни дома не ни пружија многу подршка реално, мислев дека правеле доволно ама сега сфаќам дека не се.
    Уште имам последици од случката, кои верувам да беа адресирани немаше да ги имам во толкава мера. А скоро 20г поминати се…така да.
     
    На tambelina, lale22, Ivan4e04 и 9 други им се допаѓа ова.
  13. Snowflake97

    Snowflake97 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2018
    Пораки:
    2.299
    Допаѓања:
    9.292
    Пол:
    Женски
    Јован, а и сите инволвирани од вечерта имаат психолошка поддршка, секој траумите ги лечи на свој начин, има луѓе се затвораат во себе и со никој не сакаат да разговараат, а има луѓе кои што преку прераскажување на траумата секој пат ја испуштаат од себе.
    Јас сум таква, за сите трауми сакам да зборувам, во моментот додека ги прераскажувам се чувствувам вознемирено да, исто како Јован што може да се види по видеата, и гласот и говорот на тело, а после тоа се чувствувам како тој товар да ми е полесен. Така да нема потреба да судите тука кој како треба да постапува.


    Сега друго сакам да додадам за претходно што се дискутирало, за тоа што запраа и протести и се.
    Реално сум премногу разочарана, и се срамам најискрено каде живеам, се срамам од овој народ, од оваа држава, тука ќе се вбројам и самата себе.
    За катастрофа од вакви размери, срам и брука сме за целиот свет, после само две недели никој не зборува за тоа, сите заборавија што се случи, нормално е секој да продолжи со секојдневните обврски, животот да продолжи за сите, ама да оставиме така само на два протеста и се да се стиши толку брзо е огромна брука за нас како народ.
    Имам пријатели од Франција, викаат недај боже кај нас да се случеше вакво нешто, цела држава ќе ја демолираа, ќе спиеа по улици луѓето додека не издејствуваат правда, еве и во соседството имаме пример таков, србите се кренаа цела држава на нозе, по улици спиеа, и на дожд и на се, и сеуште им траат протестите, ама еден ден ќе ја задоволат правдата, и ќе бидат горди на себе и како држава и како народ дека се сложни и сплотени, а ние да земеме лопати и да си ископаме уште подлабоко дно од ова како што рече Жаре од 1на1. Толку.
     
    На Mother of 2boys, tambelina, Erika.greeneyes и 11 други им се допаѓа ова.
  14. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.867
    Допаѓања:
    45.032
    Пол:
    Женски
    Ама ти ди возрасна особа и можеш да процениш што е добро за тебе, он не е.
     
    На Mumoftwo30, H.VAGA и eliesaab им се допаѓа ова.
  15. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.330
    Допаѓања:
    89.936
    Пол:
    Женски
    Тоа што си ти таква нема врска со темава.
    Не си стручна да кажуваш .
    Траумите не треба секој сам да ги лечи на свој начин. Никако.
    Има како се лекуваат , а и очигледно не знаеш што е ПТСП .
    А и Објасни јавно еден психолог какви психолошки последици ќе има за жртвите ако зборат и даваат интервјуа.
    Не треба повторно тие да бидат жртви за да не се ќутело.
    Нека зборат други, сите ние.
     
    На Mumoftwo30, Angie1432, Dentina и 4 други им се допаѓа ова.
  16. st-el

    st-el Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2010
    Пораки:
    761
    Допаѓања:
    5.308
    Пол:
    Женски
    Јас ќе речам браво за Јован уште еднаш бидејќи гласно зборува за траумата....
    Дали е добро за него, јас би рекла ДА, сигурно тој првин се консултирал со стручни лица дали да постапи така....
    Инаку и јас не сум зборела со стр лице за траумата која ја доживеав...
    А олеснува, ми потврди едно девојче кое на индиректен начин е засегнато од трагедијата во Кочани.
     
    На tambelina, SummerGirl, Antolinaa и 2 други им се допаѓа ова.
  17. st-el

    st-el Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2010
    Пораки:
    761
    Допаѓања:
    5.308
    Пол:
    Женски
    Не мора на членката да ѝ наметнувате мислење.
    Си има таа свое.
    Секој што јавно збори за трагедијава ја покренува свеста дека на секоја личност во одреден период ѝ е потребна стручна помош...
    И најважно, ја равиваат свеста дека редно време е системот да претрпи промени.
    И не е само Јован и мн други личности сведочат за трагичната ноќ, на соц. мрежи.
     
    Последна измена: 6 април 2025
    На tambelina, Erika.greeneyes, elenaa0805 и 7 други им се допаѓа ова.
  18. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.698
    Допаѓања:
    128.861
    Пол:
    Женски
    Го нарекуваме дете, но...
    Јован е полнолетен што го прави возрасен. Никој не го тера со сила да зборува.
    Самиот може да престане кога сака. Не сме му во кожа.
    Ако зборувањето му прави некакво олеснување, негово право си е. И нека.
    Тоа може да помогне за да не се заборави.
     
    На tambelina, Anyshka и st-el им се допаѓа ова.
  19. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.330
    Допаѓања:
    89.936
    Пол:
    Женски
    Реакција на психолог по видеото со херојот Јован – Апелирам да престанеме да го правиме ова!

    Како што можете да заебележите тој телесно се тресе додека тоа го раскажува и одново се присетува на тоа што го поминал таа вечер. Таквите видеа се многу штетни по лицето коешто раскажува и се присеќава. Мораме да имаме предвид дека се работи за тинејџер, дете од 18-19 години и дека тој се уште минува во развоен процес се уште расте и не го пребродува така лесно тоа трауматско искуство. Дополнително проблемот го гледам и во тоа што тој јавно ги споделува деталите од несреќата – вели таа.

    Ивановска додава дека и во процесот на истаргата од страна на надлежните при земањето на изјави на лица сетоа тоа се прави многу внимателно, се со цел да да не се направи ретаруматизација на жртвите.

    – Сакам да нагласам дека полицијата тоа се прави со одредени процедури, бидејќи тоа е нивна работа тие мораат да приберат докази, затоа сакам да го споредам со содржини на социјални мрежи . Да ги иставиме тие искази да си ги прибира полицијата, а ние да се потрудиме да бидеме повнимателни што споделуваме на интернет. Да бидеме една поддршка, а не да ја разоруваме болката – рече Ивановка.
     
    На Mumoftwo30, Dentina, Antolinaa и 3 други им се допаѓа ова.
  20. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.681
    Допаѓања:
    98.315
    Полнолетен на 18 и полнолетен на 25, 30...не знам баш дали исто расудуваат. Сите си знаеме по себе на 18 колку сме биле 'паметни'
     
    На GirlVolley, JuLleE, Mumoftwo30 и 3 други им се допаѓа ова.