Трагедија во Кочани - најмалку 59 загинати во пожар во дискотека

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Kataklinkers, 16 март 2025.

  1. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.844
    Допаѓања:
    36.371
    Пол:
    Женски
    Не за џабе Фичо и Мице имаа средба :^) Си се договорија они фино лепо, као и до сега што си тераат бизниси. Народов прост се јаде меѓу себе. И бидејќи има налог од партија да не одат на протести, седат дома. Оти, они не чувствуваат вина де |(
     
    На tambelina, JoyJoy, JuLleE и 7 други им се допаѓа ова.
  2. Nochuu

    Nochuu Активен член

    Се зачлени на:
    26 март 2024
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    27
    Пол:
    Женски
    Вчера ја сонував дискотеката истото на видеото што го гледав како со брат ми сме бегале од пламенот.. буклавно истото сценарио, не знам ама мене уште долго нема да ми помине ова, не можам да функционирам како претходно, којзнае како им е на семејствата на загинатите господ нека им дава сила да го пребродат ова. Не се заборава.. ;(
     
    На elimkd, Snowflake97, JoyJoy и 3 други им се допаѓа ова.
  3. Tea30

    Tea30 Активен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2024
    Пораки:
    31
    Допаѓања:
    29
    Пол:
    Женски
    Оваа трагедија никогаш и нигде нема да ја заборавиме додека сме живи.
    Бев во еден кафич и пуштаа песни од ДНК , дефинитивно песните болат и поинаку ги слушавме со тешко срце. Како бенд беа нешто вистинско вредно на музичката сцена, сите пораснавме со нив.
    Андреј ми е вечен непребол..Панчо нека има сила да продолже...
    Господ нека им помогне на блиските и Кочани да го надминат ова, ништо нема да биде исто во градот , но барем да можат да најдат утеха и продолжат со животот.
     
    На LadyR, elimkd, Sofia* и 8 други им се допаѓа ова.
  4. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.715
    Допаѓања:
    41.466
    Пол:
    Машки
    Знам дека има нелогична тема за протести, ама јас ова морам да го споделам тука, затоа што и ова е ТРАГЕДИЈА за Кочани.

    60 деца и дупло толку фамилии се затворија, ама на државата и системот тоа не му е доволно, па удира уште по 4.

    Сѐ друго средивме, уште ова остана. Пу!

    Им се закануваат затворски казни: МВР ги гони луѓето што протестираа во Кочани и некој што пишал Фејсбук статус
     
    На awkey, azelea, Ivan4e04 и 9 други им се допаѓа ова.
  5. Karamela12

    Karamela12 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 август 2020
    Пораки:
    249
    Допаѓања:
    3.852
    Пол:
    Женски
    Уште една жртва… :u:

    IMG_5113.jpeg
     
    На awkey, JoyJoy и DS10 им се допаѓа ова.
  6. CooperD

    CooperD Популарен член

    Се зачлени на:
    30 август 2015
    Пораки:
    424
    Допаѓања:
    1.212
    Пол:
    Женски
    Почина уште едно лице од повредените во страшниот пожар во дискотеката Пулс во Кочани.

    Се работи за повредениот 29-годишниот Александар Глигоровски од Пробиштип, кој беше еден од критичните пациенти сместени во болница во Литванија.

    Со ова бројот на загинати во оваа несреќа се зголемува на 61.

    Претходно, во Литванија исто така почина и Александар Карадакоски чие тело е веќе стигнато во Македонија и утре ќе биде погребано.


    Автор:
    Деск 4NEWS.MK
    07/04/2025 14:11
     
    На awkey, Mumoftwo30, Snowflake97 и 2 други им се допаѓа ова.
  7. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.750
    Допаѓања:
    185.478
    В Д Ф?
    Пружање отпор?! :^)

    Детали?8-|
     
    На Angie1432 и Ahoy им се допаѓа ова.
  8. franca

    franca Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2014
    Пораки:
    1.106
    Допаѓања:
    2.728
    Се наежив, мислев дека немаше да има веќе починати :(
     
    На JoyJoy и Dekorado им се допаѓа ова.
  9. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.515
    Допаѓања:
    61.893
    Пол:
    Женски
    Го решија криминалот во државава, браво :clap::muscle:
     
    На Gosh, LiquidLuna, elenaa0805 и 9 други им се допаѓа ова.
  10. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.552
    Допаѓања:
    272.595
    Уште еден... оф бееее


    ^ Баш ради ова @Ahoy напишав дека не може да оставиме секој со својата болка да живее.

    Сакам да кажам дека правда мора да има. Ама за да ја има, мора да ги натераме. Не знам, разочарана сум колку сме пасивни...
     
    На tambelina, awkey, eliesaab и 15 други им се допаѓа ова.
  11. shz

    shz Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    6.219
    Допаѓања:
    50.806
    Пол:
    Женски
    Леле луѓе се тресам.
    Го знам детето лично леле кога прочитав одма помислив на него, на сестра ми е роднина.;(;(
    Како не можеше да се спаси, цело време го мислев. ;(;(
    Цело време прашував добар бил за на крај сега починал. ;(
     
    На awkey, elenaklasik, eliesaab и 3 други им се допаѓа ова.
  12. Dekorado

    Dekorado Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 август 2020
    Пораки:
    68
    Допаѓања:
    149
    Пол:
    Женски
    Бог да го прости и него и сите починати. Сила и утеха за семејствата. Не знам друго што да кажам. И да се согласувам дека мн брзо сите си се вративме у нормала ко ништо да не се десило. Почнувајќи од нашиве инфуенсерчиња па наатака сите ние други.
     
    На flower30, snowqueen и JoyJoy им се допаѓа ова.
  13. Iva:)

    Iva:) Популарен член

    Се зачлени на:
    9 април 2016
    Пораки:
    770
    Допаѓања:
    1.961
    Пол:
    Женски
    Не можам да најдам детали на тајк мк, никаде на друго место не пишува подетално за што се работи?

    Иначе не е ни со темава поврзано ама со правниот и судскиот систем секако е поврзано па ќе споделам вест од која ми се крена косата и која е доказ и дека осомничените може утре да си излезат за 2-3 години ко ништо да не било во оваа држава ако не се прави притисок. Не можам при себе да дојдам од тага за ова семејство. https://skopje1.mk/archives/326450
     
    На Ahoy, JoyJoy, Dekorado и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    5.219
    Допаѓања:
    34.747
    Пол:
    Женски
    Инаку машинеријата за замолчување е пуштена на најјако. Ама и покрај тоа дознавме дека мажот на Претседателката со другарчето Срѓан Керим лумпувале по Дебар Маало па и колата непрописно паркирана нејќеле да ја тргнат. Разбравме дека Полицајци малтретираат човек на кој му ги одзеле правата (Полицијата во куќата на активистот по објавата за паркирање на место за инвалиди: Репресија или заштита на неправдата? - Антропол). Разбравме дека некој за убиство може да одговара само со 2 години (Тетовскиот суд пресуди - две години затвор за Пајазити кој ја прегази Теодора на пешачки - telma.com.mk). И така. Само со притисок кон корумпираните можеме нешто да смениме. Само притисок. Да не може на раат да седнат, да спијат, да јадат. Само да им дишеме нон-стоп во врат. Инаку ништо нема да се смени. Ќе се заборави и Кочани како и се останато.
     
    На awkey, Bella •••, MB993 и 27 други им се допаѓа ова.
  15. Malesia

    Malesia Популарен член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    1.712
    Допаѓања:
    3.380
    Пол:
    Женски
    Привлекување внимание со други вести за да се скрене поглед. Тупавеење на народот за да се профитира. Тоа е.
     
    На awkey, eliesaab, JuLleE и 2 други им се допаѓа ова.
  16. Snowflake97

    Snowflake97 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2018
    Пораки:
    2.299
    Допаѓања:
    9.292
    Пол:
    Женски
    Верувам во тоа дека ние како народ имаме огромна моќ, само што не знаеме да ја искористиме, ама сега мораме да ја искористиме, мора да донесеме мирен и безбеден живот во оваа држава, мора да има закони и тие да важат за сите.
    Мора да има сеуште протести, не сакам да оставиме вака.

    Повеќето луѓе ако нив не ги засега, не се инволвирани не им е гајле, не им е битно. Се тргаат на страна и не се борат за правда.
    IMG_20250407_163854_366.jpg
    Еве оваа слика баш го опишува тој момент.
    Само недај боже, утре може да биде сечие дете, брат, сестра, родител или близок...
     
    На Feniksgirl, tambelina, elenaklasik и 19 други им се допаѓа ова.
  17. DS10

    DS10 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2024
    Пораки:
    2.972
    Допаѓања:
    4.621
    Пол:
    Машки
    Жалосно за луѓето што си заминаа, а уште пожалосни сме ние што си седиме така со нашето омилено мото "ќути си има и бетер". Не нема бетер, ова беше врвот на врвовите, системот, државата, се ни се распаѓа, ние си седиме и очигледно го чекаме денот не дај Боже и ние да се најдеме на вести во црна хроника. Пак ќе речам, секоја му чест на Мицкоски и неговата багра што пропагандата им е пуштена на 120% и секој обид за менување на системот брзо го закопуваат уште не почнат, со пробување да ги партизираат протестите. Со ваква диктаторска и режимска влада не тераме далеку, се што е речено против владата и врховниот водач, пардон премиерот и секој што ќе се осуди да рече нешто против нив е платеник на зајче и димче. А стварно имав надеж, имав надеж за менување на ужасно застарениот систем, менување на црвено-плавиот политички систем што врти во круг 34 години, ама не, се паѓа по вода.
     
    На eliesaab, azelea, Miss666 и 5 други им се допаѓа ова.
  18. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.548
    Допаѓања:
    160.726
    Ужас.
    А полека луѓево (очекувано) си се враќаат во некоја нормала... Кочани се подзаборава и сериозно боли таа помисла.
    Тргнав уште тогаш да пишувам кога беа погребите и сите викаа да не се пренесува, да се почитувале семејствата.
    Кое почитување бре... требаше да се сними таа сирова болка и траор, на сите под кожа да ни се врежаат, да ни текнува во секој момент кога ќе ни текне кривина да фатиме и да "заборавиме", да не мори ноќе долго, долго, да не заборавиме никогаш.
    Таков камшик да изедеме.
    Речиси 1 месец потоа, јас не можам да се опоравам, немав блиски меѓу нив, ама не ми е нормално ништо се уште.
    Македонскиот народ брзо и лесно заборава.
     
    На LadyD, Marge, LiquidLuna и 25 други им се допаѓа ова.
  19. Viveki

    Viveki Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2022
    Пораки:
    1.465
    Допаѓања:
    10.357
    Пол:
    Женски
    Сурово, ама таа е вистината. Требаше погребот да оди во живо на Македонска телевизија, за да видат сите како се корне срце и во земја се става. 61(×4 од фамилија )61 дупка земја.
     
    На tambelina, awkey, fana и 10 други им се допаѓа ова.
  20. Dekorado

    Dekorado Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 август 2020
    Пораки:
    68
    Допаѓања:
    149
    Пол:
    Женски
    Исто, и малце да се опуштам одма мислите ми одат натака. Искрено не ни сакам да се заборави и не треба да се заборави. Не ни изгореа кози и кокошки или нива со 5 дрва јаболка туку отиде цела младина и вокал со кој растевме.
     
    На awkey, Sofia*, eliesaab и 8 други им се допаѓа ова.