Трагедија во Кочани - најмалку 59 загинати во пожар во дискотека

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Kataklinkers, 16 март 2025.

  1. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.547
    Допаѓања:
    160.708
    Сметам дека мораше да го има. Ама на темава некако друго беше мислењето, па се заќутев. Требаше, за да не спиеме сите колективно, баш од таа почит секоја солза на секоја мајка да се види. Почит за семејствата или ние сакавме да го тргнеме погледот и побрзо да заборавиме?! Да не се трауматизираме.
    Колку сме неранимајковци од прв до последен.
    Погребон на кралицана се пренесуваше во живо, оваа трагедија почит ќе сме давале. Почит се дава дур е жив човекот со нормално постапување.
    Да се види како ги боли, секој крик, секоја солза, да се вразумиме дека секој од нас може да е тоа. Ние сакавме да мижиме.
     
    На tambelina, Ivan4e04, awkey и 16 други им се допаѓа ова.
  2. Milobebence

    Milobebence Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јули 2016
    Пораки:
    5.500
    Допаѓања:
    106.063
    Пол:
    Женски
    На awkey, Cutiepie1, JoyJoy и 2 други им се допаѓа ова.
  3. Lavender13

    Lavender13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2022
    Пораки:
    1.644
    Допаѓања:
    5.173
    Доколку на едно општество му треба погреб во живо на 60 млади деца за да се свести до кај стигна работава и да бара промени, според мене тоа општество не ни заслужува да има држава.
    Одамна е заминат возот.
     
    На Gosh, Feniksgirl, tambelina и 39 други им се допаѓа ова.
  4. Dekorado

    Dekorado Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 август 2020
    Пораки:
    68
    Допаѓања:
    149
    Пол:
    Женски
    Да, ама реално за кралицата не ни беше гајле или имавме траума. Плус семејствата си бараа приватност и нивното мора и треба да се испочитува. Не дај боже замисли ти да си таа мајка што ја снимаат таму. Не дај боже, никој веќе да не се најде во оваа ситуација. Ни на најголем непријател не ја посакуваш.
     
    На azelea, M&M и JoyJoy им се допаѓа ова.
  5. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.547
    Допаѓања:
    160.708
    Апсолутно!
    Затоа не треба да изиграваме Шопенхауер, и само сурово. Затоа сме години наназад од многу држави, зошто ова го немаме поминато како што треба!
    А нас ни текнува само кога ќе не заболе.
    Семејствата не бараа ништо, јавноста побара, поединци што размислувале дека сме нормално општество и поединци поддржаа не ради почитта, туку они да не се тревожат.
    Требаше сите да осетиме да сме дел од тоа како за свои најблиски за да ни текне.
    Па баш дека не сакам да сум таа мајка еден ден, а да сум рамо до тамо до таа мајка што срцето ја болело, да знае дека не е заборавена ни она, ни нејзиното дете.
     
    На tambelina, Ivan4e04, andromedae и 11 други им се допаѓа ова.
  6. shz

    shz Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    6.219
    Допаѓања:
    50.806
    Пол:
    Женски
    Исто.
    Не можам сеуште да се соземам сега пак кога дознав за дечково што почина уште толку се дотолчив.
    Иако ми кажаа пред некој ден дека бил многу изгорен јас сепак верував дека ќе се спаси воопшто не помислив дека ќе почине, а и кој може на тоа да помисли.
    Не можам некој немир во себе осеќам, бес, тага.
     
    На Dennings, awkey, azelea и 4 други им се допаѓа ова.
  7. Dekorado

    Dekorado Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 август 2020
    Пораки:
    68
    Допаѓања:
    149
    Пол:
    Женски
    Прежално навистина ова и млади и стари сите не срозе. Во еден миг да изгубиш се... да не знаеш кого повеќе да жалиш децата што отидоа или тие што вечно ќе ги жалат.
     
    На JoyJoy, Snowflake97 и shz им се допаѓа ова.
  8. Viveki

    Viveki Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2022
    Пораки:
    1.465
    Допаѓања:
    10.357
    Пол:
    Женски
    Се согласувам дефинитивно.
    На сите општества им треба "погреб".
    Никаде не цутат рози.
    На интернет има слики од убиени деца, па пак има војни.
    Доста со таа слика за Утопија, и општество, никој не го боли таквото додека не закопа некој свој, ни тука, ни во Германија, ни во Аустралија.
    Деца од глад умираат, ама сликите на фб се скролаат јер не можам ја ова да гледам многу се потресувам.
    НЕ, ќе гледаш, зашто тука живееш и тука детето ти расте. Ќе гледаш и нема да си живееш во идила.
     
    На tambelina, awkey, azelea и 7 други им се допаѓа ова.
  9. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.693
    Допаѓања:
    128.831
    Пол:
    Женски
    Некои бараа да не се снима и молеа кој може да ги потсети медиумите да не снимаат. Имаше и вест дека млади бркале некој таму.
    Плус, тие што сепак снимаа беа пријавени на мрежите.
    Не, луѓе.
    Не смее да се прави шоу од туѓа болка. Јасно е дека сите нè погоди ова, но правото на приватност мора да се почитува.
    Доволно е да се зборува дека се случило за да не се заборави.
     
    На Dennings, sj *O*, M&M и 6 други им се допаѓа ова.
  10. Lavender13

    Lavender13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2022
    Пораки:
    1.644
    Допаѓања:
    5.173
    Ама тука збориме за нешто скроз трето. Системот е толку сјебан што народот е влезен во состојба на апатија. Многу другарки ми се лутат што како “дијаспорец” кога ќе дојдам на посета забележувам само негативни работи. Ама верувајте дека нема што позитивно да се забележи.
    Они се нервираат кога им давам коментари за основни работи, од типот “не ве нервира што возат скутери на пешачка патека кај што шетаме деца?” На дел ги нервира ама се откажале од пријавување, другиот дел си фура со денот и не се замара, едноставно отрпнати се.
    Цела држава е како темпирана бомба, од моментот кога излегувате од дома додека дојдете до маркет, чиста случајност е фактот што таму стигате живи, пошо над глава ви висат конструкции кои не се стабилни, одите по улица пошто тротоарите се зафатени од коли, преминувате улица и таму може да ве прегази битанга без возачка, значи опасност демне од секој агол. И ова е во секој аспект на живеењето, видете во какви болници се лекувате, какви доктори ве лекуваат, која полиција ве штити и кој правосуден систем одлучува.
    И ваков начин на живот е неиздржлив на долг рок, затоа и сите се делулу и кренале раце од барање промени.

    Мене искрено не ми се јасни тие со можности да заминат, а по избор остануваат да живеат таму. Не знам кој како ќе ме сфати, ама таа држава ја помина точката на враќање многу одамна.
    Зошто да се емитува погребот во живо, од модуларната во Тетово има снимка кај што се слушаат врисоците на луѓето кои ГОРАТ ЖИВИ, зарем тоа не е доволно да не(ве) освести? Има сведоштва од автобуските несреќи за татко кој не успеал да си го спаси детето. Уште колку трагедии треба да се случат за да се промени нешто? Дали воопшто учиме од грешките или само ги повторуваме и се надеваме дека нема баш нас да ни се одбијат од глава?
     
    На Gosh, Ivan4e04, elenaklasik и 22 други им се допаѓа ова.
  11. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.551
    Допаѓања:
    272.588
    Па, не дека не е секое општество такво. Зборам на балканско и европско тло, каде што сме колку толку поуниверзални културно.

    Скоро гледав документарец на Нетфликс за случај што поодамна го следам, во спојлер оти е офтопик, поентата е важна.
    Шенон Гилберт, проститутка, се јавува испаничено на 911 и исчезнува. Мајка и' со месеци ден и ноќ е надвор, секој можен медиум го наоѓа за да зборува и да се обрне внимание.
    Полицијата не ни почнува истрага сè додека не дојде до силен притисок од јавноста, па така и ги "тераат" и полицијата наоѓа 10+ скелети. Токму политиката и прикривањето на сопствениот криминал на локални власти е причината што истрагата тапка во место.
    Но баш, баш мајката на Шенон, која не доживеа да види правда за ќерка и', ги покрена да има правда за останатите семејства. Убиецот е уапсен и чека судење, високите служебници беа осудени;

    Ама да не беше заложбата на таа една мајка, Шенон (и останатите) ќе беа заборавени, оти проститутки и "тоа не можам да бидам јас".

    Поентата е дека да, политичарите ќе пробаат да ја минимизираат или не дозволат штетата по себе, наше е да ги притискаме за правда. Сами по себе нема да се "свестат", не оди тоа така.

    Жално е, ама имате пример на север, настрешница им падна, челичниот кабел им е крив. И уште има многу народ што не сфаќа дека корумпираноста не бира држава, секаде има корумпирани. Наше е да не дремеме оти денови на жалост, оти колективна траума, оти на толку трауми веќе стануваме имуни и не реагираме.
     
    На tambelina, Ivan4e04, fana и 10 други им се допаѓа ова.
  12. NoirSerpentine

    NoirSerpentine Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2021
    Пораки:
    1.070
    Допаѓања:
    2.608
    Пол:
    Женски
    Почитта беше заради семејствата, не заради жртвите. Ја имаше и поворката која одеше до таму и колите кои ги возеа и сѐ. А за почит на сите - се случи протестниот марш. Џабе е колку и да се гледа, тоа треба да се осети. Да се види цел еден град - сите во црно. Ако не се доволно толку загинати, 200 повредени и уште илјадници психички растревожени, тогаш џабе е сѐ. Таков пренос ќе послужеше единствено за шоу. Телевизија и во живо не е исто. Ќе си го доживеат како уште една епизода од реално шоу и ќе продолжат. Таа тишина треба да се слушне на лице место.

    За второто, ги имаше плачот и солзите и од другите денови. Се пишаа по 2-3 збора од зад тастатура и толку.

    И да имаше сѐ останато на тв, тие што мижеа пак ќе продолжеа да мижат. Останатите ќе се дотрауматизираа и ќе се ретрауматизираа оние кои ќе се гледаат на видеата. А има видеа од странски новинарски куќи и се надевам дека нема да стигнат до семејствата.

    Затоа, маршовите кои ги организираат самите семејства се простор за сите. Сега им треба поддршка.
     
    На JoyJoy и eliesaab им се допаѓа ова.
  13. TammiB5

    TammiB5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 декември 2023
    Пораки:
    1.036
    Допаѓања:
    2.648
    Пол:
    Женски
    Во 2025та, почнувајќи од Фросина, колку млади лица изгубивме? Колку од младината ни замина?
    Што ќе остане на крај?
     
    На awkey, shz, JoyJoy и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. DS10

    DS10 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2024
    Пораки:
    2.972
    Допаѓања:
    4.620
    Пол:
    Машки
    FB_IMG_1744095022534.jpg
     
    На Gosh, tambelina, Ivan4e04 и 10 други им се допаѓа ова.
  15. Cutiepie1

    Cutiepie1 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2018
    Пораки:
    1.386
    Допаѓања:
    4.138
    Пол:
    Машки
  16. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    18.247
    Допаѓања:
    119.641
    Пол:
    Женски
    На Dekorado, JoyJoy и Cutiepie1 им се допаѓа ова.
  17. Cutiepie1

    Cutiepie1 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2018
    Пораки:
    1.386
    Допаѓања:
    4.138
    Пол:
    Машки
    Добро е, да се учи од грешките...на другите.
     
    На Dekorado, eliesaab, Snowflake97 и 3 други им се допаѓа ова.
  18. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.715
    Допаѓања:
    41.458
    Пол:
    Машки
    Не можам да опишам како се осеќам и каков коктел на емоции и мисли имам во мене откако го видов ова.

    Фала им и ѝ секоја им чест. Српските студенти прават повеќе за нас од самите нас и посуштински се грижат за наша трагедија. Браво е мал збор за нив.

    IMG_0477.jpeg
     
    На Gosh, Ivan4e04, elenaa0805 и 29 други им се допаѓа ова.
  19. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    5.219
    Допаѓања:
    34.743
    Пол:
    Женски
    Кога СРПСКИТЕ студенти покажуваат повеќе разбирање за тоа што прави корумпиран систем и се борат лавовски за да сменат нешто на подобро, а ние мрчиме под мустак и се трудиме да се убедиме себе си дека сепак правилно постапуваме што молчиме, што одма на секој што протестира му наоѓаме закачка и маана, што криеме информации, нешто сериозно не чини со нас.
     
    На Gosh, Ivan4e04, elenaa0805 и 20 други им се допаѓа ова.
  20. Snowflake97

    Snowflake97 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2018
    Пораки:
    2.299
    Допаѓања:
    9.292
    Пол:
    Женски
    После ова да фатиме да се удавиме каде што мочаат жабите сите колективно.
    Од нас народ ниту било, ниту ќе биде.
    Ние ќе продолжиме само да коментираме, и ќе бидеме патриоти на тастатура сите, затоа што на мнозинството или на партиски обоените ликови поудобни им се фотељите и побитно им е да излезат на кафе со стандард муабетот "Абе што имам јас со тоа да се замарам"
    Или како еден коментар што го добив "што ќе протестирам сега кога тие си отишле никој не ги враќа веќе, секој си плаче на свој гроб", или тоа што јас сум од друг град и што дојдов до Скопје на протестот "ти си ненормална што се замараш, и што ќе смениш ако одиш, ништо"
    Епа со еден протест нема ништо да смениме, точно.
    И точно дека секој плаче на свој гроб, ама се додека има ликови што држат високи функции само затоа што чичко му е висок функционер, па он е сега судија или обвинител, нема да се оправиме. Само може секој еден од вакви пред време да влезе во гроб.
     
    На Gosh, Ivan4e04, elenaa0805 и 14 други им се допаѓа ова.