Трагедија во Кочани - најмалку 59 загинати во пожар во дискотека

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Kataklinkers, 16 март 2025.

  1. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.515
    Допаѓања:
    61.893
    Пол:
    Женски
    Овие шарени се или вмровци?
     
    На Gosh, Angie1432, elenaa0805 и 9 други им се допаѓа ова.
  2. Malesia

    Malesia Популарен член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    1.711
    Допаѓања:
    3.379
    Пол:
    Женски
    Кои и да се ќе дојдат другите и ќе биде исто. (Студентите се припреми за истите тие или оние)
    Балкан. Се е ефтино и под просек. Мафијата на белите крагњи си работи.
     
  3. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    5.219
    Допаѓања:
    34.743
    Пол:
    Женски
    Се додека вака размислуваме нема да не биде. Срамота е вака да се размислува. Се понижуваш себе си со ваквото размислување. Се додека мислиме дека ние немам е моќ да бидеме вистинска контрола на тие/оние/вие/ние нема да не биде. И кој и да дојде ќе биде исто. Ама ако решиме сите дека нема да ги оставиме на раат да прават глупости (кој и да се), да сфатиме дека вистински патриотизам е да не давам мито на некое корумпирано партиско војниче во јавна администрација, да не дозволам градоначалник да си игра мајтап со мене додека краде пари, да не дозволам да молчам ако видам дека нешто не чини, тогаш ќе почне вистински да го менуваме општеството/системот или како сакаш кажи го и само тогаш ние сите ќе спречиме трагедии кои можеле да бидат избегнати да се случуваат одново и одново.
    Српските студенти сто пати кажаа дека сакаат коренити промени. Затоа протестираат, затоа одат по села и се објаснуваат со неписмени дедовци и баби, се караат со заблудени родители за да сменат нешто на подобро. Стварно е срамота вака од страна да им го негираш трудот.
     
    На Gosh, Mazegin, Ivan4e04 и 17 други им се допаѓа ова.
  4. Malesia

    Malesia Популарен член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    1.711
    Допаѓања:
    3.379
    Пол:
    Женски

    Абе види ни на мене не ми се допаѓа ама реалната слика е таа. Џабе размислувањето мое кога седам дома. Оди ти бори се за правда, еве со тебе сме младино.
     
    На Mumoftwo30 и Cutiepie1 им се допаѓа ова.
  5. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    5.219
    Допаѓања:
    34.743
    Пол:
    Женски
    Не сум млада. Ама се борам за правда.
    И да знаеш има влијание. Тагнав се живо и диво на Фејс од јавна администрација за проблем што не сакаат да го решат. По два дена ене ги работат. Дел по дел решаваат. Значи може. Само треба да сфатиме дека додека ние молчиме и ја пикаме главата ко ној во песок тие што од наши пари се богатат си ги тријат рацете. Сите имаме моќ ако се здружиме. Проблемот е што менталитетот на Трајче и Трпана (имињата баш погодени) на ќутење, безидејност и безиницијативност и длабоката партизираност на луѓето доведоа до ова до кај што сме. И секогаш може да биде и подобро и полошо зависи од нас. Ако ние не смениме ништо нема никој од надвор со магично стапче да ни смени.
     
    На Gosh, mira.mira, Ivan4e04 и 11 други им се допаѓа ова.
  6. Malesia

    Malesia Популарен член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    1.711
    Допаѓања:
    3.379
    Пол:
    Женски
    100 посто се согласувам. Не сум контра на твоите постапки.
     
    На JoyJoy му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.434
    Допаѓања:
    13.620
    Едвај народов ги издржа Деновиве на жалост. Мои роднини се собрале повеќето во ресторан, се сликале, па објавиле, па избришале фотки дека Денови на жалост, па потоа пак ги објавиле, јас отпосле дознав. Други до мене, сакаа да рокнат музика јака ама не беа сигурни дали уште траат Денови на жалост, па ме прашаа, откако реков траат, се воздржаа до утредента. Себичен народ. Да имаат шанса сите би биле газда Деко, би млателе пари, ги примале и по 1.000 луѓе во толку малку место, со надеж дека нема ништо да се случи. Секој граѓанин на Македонија е виновен на свој начин за ова.
     
    На azelea, elenaa0805, JoyJoy и 11 други им се допаѓа ова.
  8. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.653
    Допаѓања:
    39.908
    Пол:
    Женски
    На денот на погребите на маж ми му беше роденден. Не му честитав на фб, а и никој од поблиските. Не славевме роденден тој ден. 60 млади души закопаа, не ни беше до славење. Како можат да слават во денови на таква жалост, не можам да сфатам. Не им се случува на нив,баш ги боле.
     
    На Ivan4e04, elenaa0805, Dennings и 8 други им се допаѓа ова.
  9. ivani30

    ivani30 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2014
    Пораки:
    1.646
    Допаѓања:
    2.670
    Пол:
    Женски
    Мене ми беше толку тешко и сеуште ми е.Со мало дете од 3 години дома на првиот ден ми вика мама сакам музика ,јас викам мама телевизорот не работи ,епа дај ми телефонче како да му објасниш,таа си слуша музика мене ми се корне душата,се изнаплакав како магарица.Од тој ден секој ден се прашувам како им е на мајките кои си ги изгубија дечињата поради трулиов систем...Толку ме фаќа гнев ,неможам да спијам навечер како срцево да ми го искина некој.
     
    На azelea и Dennings им се допаѓа ова.
  10. Iva:)

    Iva:) Популарен член

    Се зачлени на:
    9 април 2016
    Пораки:
    770
    Допаѓања:
    1.960
    Пол:
    Женски
    Ноќеска се урнал кров на најпознатиот клуб Џет Сет во Домениканска Република сред концерт, најмалку 100 мртви.
     
    На JoyJoy и TammiB5 им се допаѓа ова.
  11. TammiB5

    TammiB5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 декември 2023
    Пораки:
    1.036
    Допаѓања:
    2.648
    Пол:
    Женски
    Сличен случај во Доминиканска Република. Паднал кров во дискотека. Повеќе од 100 починати...
     
    На JoyJoy му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Цвет88

    Цвет88 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 март 2017
    Пораки:
    4.346
    Допаѓања:
    22.570
    Пол:
    Женски
    У тек сум со се ама не можам веке да зборувам за тоа, многу лошо ми влијае верувам како и на сите.
    Чисто за управителот, има работи кои не ги знаете. Ви кажувам од искуство. Бев управител и буквално на ништо не бев потпишана. Значи на секој договор стоеше потпис само на сопственикот. На ништо не побара и мој потпис. Освен за пријавување на работници и сите документи потребни по институции(добро овде може дека се си беше по ред легално) но, за пример договор со фирма како пивара, мој потпис не се бара. Така да и овде може управителот бил само на хартија, односно не потпишувал договори со бендови, фирми за пиротехника да речеме, плата и слично. Во секој случај, законот е јасен дека и покрај тоа, го јаде и управителот. Односно има казна из а сопственикот и за фирмата и за управителот во зависност од прекршокот нели.
     
    На azelea, Amelia, Dennings и 4 други им се допаѓа ова.
  13. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.583
    Допаѓања:
    76.821
    Пол:
    Женски
    Леле сабајле 15 само прочитав... жално :(
     
    На JoyJoy му/ѝ се допаѓа ова.
  14. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    5.219
    Допаѓања:
    34.743
    Пол:
    Женски
    @ivani30 жалење се случува и уз музика. Музиката може да биде и начин на ослободување од негативни емоции. Затоа ако се сеќаваш и во Србија со школото после масакрот имаше музикотерапевт (која нормално сите ја распнаа на крст зошто музика пуштала). Има луѓе што се закопуваат со музика зашто тоа им била нивна желба. Поентата на денови на жалост е да не се слави. Музика по дома особено на дете се пушта кога и да посака.
     
    На Gosh, nena2010, mal.ecka и 11 други им се допаѓа ова.
  15. ivani30

    ivani30 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2014
    Пораки:
    1.646
    Допаѓања:
    2.670
    Пол:
    Женски
    Знам мила ама не ми даваше срце некако...
     
  16. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.743
    Допаѓања:
    185.430
    Ова беше многу битно да го пренесат сите медиуми, пошто еј сегде се дешава, негде е пострашно. Мислам, 107 вести на тајм.мк за Доминикана(facepalm) Гебелсе ,спиеш ли мирно?
     
    На Gosh, JoyJoy, DS10 и 2 други им се допаѓа ова.
  17. Iva:)

    Iva:) Популарен член

    Се зачлени на:
    9 април 2016
    Пораки:
    770
    Допаѓања:
    1.960
    Пол:
    Женски
    Искрено битно е ама кој како ќе го свати. За мене ова е доказ дека само во вукојебини може да се случи ваква работа. Треба да го ставиме прстот на чело и да размислиме во рангот на кои земји сме моментално и во кој правец сакаме да се движиме.
     
    На azelea, Dekorado, elenaa0805 и 8 други им се допаѓа ова.
  18. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.743
    Допаѓања:
    185.430
    Па зависи кој колку знае за Доминикана. Доказот е тој. Ама и релативизација е веста, за локални потреби. Не е вест од светско битно значење, за да биде 107 пати препишана. Затоа Гебелс.
    Не знам дали маршот во Кочани беше препишан 107 пати. Прстот на чело богами.
     
    На Gosh, JoyJoy, azelea и 5 други им се допаѓа ова.
  19. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    7.216
    Допаѓања:
    27.784
    И веста за диското во Кочани беше прва вест во цел свет неколку денови со екипи на ббс и снн дојдени во Мкд.
     
    На Mumoftwo30, Sofi.ja, Bitter-Sweet и 3 други им се допаѓа ова.
  20. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.743
    Допаѓања:
    185.430
    Добро, не се разбираме.
     
    На Gosh, JoyJoy и DS10 им се допаѓа ова.