Трагедија во Кочани - најмалку 59 загинати во пожар во дискотека

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Kataklinkers, 16 март 2025.

  1. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    4.510
    Допаѓања:
    14.466
    Пол:
    Женски
    Сакаш да кажеш, не е битно зашто не е некоја позната држава? А што да пренесуваат вестите од дневниот ред на случувањата во светот?

    И те како е битно, зашто ја вклучува безбедноста. Така почнува, од тие бедните земји, дур не се прошири во тие кои очигледно ќе привлечат внимание. 8-|
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.739
    Допаѓања:
    185.396
    Не знам што да пренесат, на пример кој ја контролира мафијата во Еквадор, кој кого избодел во Германија, Англија, или дека мис Косово загинала. Зошто оваа вест од Доминикана, што е на друг континент и во друга временска зона треба да биде препишана од мк медиуми 107 пати?
     
    На Gosh и JoyJoy им се допаѓа ова.
  3. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    7.216
    Допаѓања:
    27.783
    Се разбравме. Не се покриени вестите од маршот од Кочани, покриена е веста од Доминкана.

    За тоа што не е покриен маршот, треба сите ние да бараме одговори и да дигнеме глас. Медиумите тек ќе се замолчуваат, и голем дел од тоа е резултат на чисто преживување. Немаат пари, нема донаторска помош за медиуми ( 'јеее' го укинаа усаид), медиумите ќе објавуваат во интерес на тој што им дава плата. Прочитај сопствеништво на секој еден медиум и начини на финансирање и ќе сфатиш.

    However, тоа не значи дека Доминикана не треба да има 107 вести на македонски. Едната работа, никако не ја исклучува другата. Напротив. Доминикана е уште еден доказ дека корупцијата буквално секаде убива.
     
    На Bozica1980, JoyJoy, azelea и 8 други им се допаѓа ова.
  4. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    4.510
    Допаѓања:
    14.466
    Пол:
    Женски
    Тоа што нашите не знаат да пренесат асално вест е друга тема, ама нема помалку значење дека е на друг континент.
     
    На JoyJoy, LadyD, Mumoftwo30 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    7.216
    Допаѓања:
    27.783
    Во случајов е исто така повеќе пати објавено за да се покаже дека и ете не сме само ние. И на други држави им се случуваат 'несреќи'.

    Инаку прежална е веста. Исто отишле на забава, не се вратиле :(
     
    На JoyJoy, Aschenputtel, Mumoftwo30 и 4 други им се допаѓа ова.
  6. DS10

    DS10 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2024
    Пораки:
    2.971
    Допаѓања:
    4.618
    Пол:
    Машки
    Друго и е зборот, вика дека медиумите пишуваат за оваа вест за да се оправда македонската власта и систем, демек не се случуваат вакви работи само кај нас тука секаде во светот, со пишување на тие 107 вести сакаат да покажат дека не е проблемот во владата и системот. Во превод, биас медиуми наклонето кон Мицика.
     
    На Gosh, Billy Idol, JoyJoy и 5 други им се допаѓа ова.
  7. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    4.510
    Допаѓања:
    14.466
    Пол:
    Женски
    Абе само ненормален ќе мисли вака. Ниту еден здраворазумен човек нема да го оправда целокупниот македонски систем/власт (без разлика од која партија, оти сите ни ја сјебаа државата); тој што се вади на заборавање значи толку му сече.
     
    На Feniksgirl, Snowflake97, Tanjamm и 6 други им се допаѓа ова.
  8. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    7.216
    Допаѓања:
    27.783
    Да де. Тек ќе бидат заробени медиумите.
     
    На JoyJoy, Tanjamm, Ahoy и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.739
    Допаѓања:
    185.396
    Ок, се разбравме.
     
    На JoyJoy му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.681
    Допаѓања:
    98.314
    Потплатени се, и тие и овие што сакаа да има протести кај нас.
    Ама да чекаме тагата да стивне, 9 дена, 40 дена и така...
     
    На JoyJoy, Mumoftwo30, Ahoy и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.515
    Допаѓања:
    61.893
    Пол:
    Женски
    Јас мислам да почекаме следна трагедија па тогаш да протестираме, шо вака посебно ко може се наеднаш. Па ќе видиме шо партија е на влаС, па ќе одлучиме дали ќе сме вмро или сдсм. Бива?
     
    На CameliaMiller, An-na, Ivan4e04 и 13 други им се допаѓа ова.
  12. Viveki

    Viveki Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2022
    Пораки:
    1.465
    Допаѓања:
    10.357
    Пол:
    Женски
    Не бре Кате. Ни медиуми, ни снимање, ни протести.
    Мртвите нека си лежат,живите нека ги плачат. Ние на телефони јаки сме само.
    Блек мирор ете тоа се дешава.
     
    На JoyJoy, azelea, Aschenputtel и 5 други им се допаѓа ова.
  13. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.714
    Допаѓања:
    41.444
    Пол:
    Машки
    Така де, како Карлеуша што го правдаше Вучиќ кога ученик уби соученик и во Загреб, ете и таму се случило, не била крива власта.

    Е да, кампањата и преку инфлуенсери оди, не само преку медиуми. Пажљиво.
     
    На CameliaMiller, Gosh, JoyJoy и 9 други им се допаѓа ова.
  14. Karamela12

    Karamela12 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 август 2020
    Пораки:
    249
    Допаѓања:
    3.852
    Пол:
    Женски
    Ај да си тргнеме од себе.

    И пред три недели кога се случи трагедијава многумина од тука беа (бевме) прегласни.

    Ја читам темава од самиот старт.

    И инфлуенсерите беа прегласни.
    И статуси,објави,најави милиони против СЕ и од СЕКОГО.

    Поминаа неколку дена се продолжи “нормален” муабет,”нормални” објави,”нормални” теми.

    Навикнати сме како нација да плачеме по три дена.

    Толку ни е веројатно капацитетот.
     
    На Viktorijaaa5, Nausicaa, Ivan4e04 и 18 други им се допаѓа ова.
  15. NoirSerpentine

    NoirSerpentine Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2021
    Пораки:
    1.070
    Допаѓања:
    2.608
    Пол:
    Женски
    „Од 5 до 7 години може да трае закрепнувањето на повредените од Кочани со тешки изгореници“, вели докторката од Бугарија која ги третира - Скопје1.мк

    Овие млади ќе живеат во агонија 2, 5, 7 години, а последниците ќе им останат доживотно. Ако се мислите дека некој протест е организиран од партија - сами направете протест. А пред да помислите „не одам на протест“ - Овие млади ќе живеат во агонија 2, 5, 7 години, а последниците ќе им останат доживотно.

    Не само овие, сите, цел град, околните села и околните градови ќе имаат последици.
     
    На DS10, Ivan4e04, JoyJoy и 12 други им се допаѓа ова.
  16. Erika.greeneyes

    Erika.greeneyes Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2016
    Пораки:
    4.413
    Допаѓања:
    8.327
    Пол:
    Женски
    Врчак напиша на неговиот фб профил емотивен пост за Андреј.
    И за разлика од другите на естрадата (не велам дека не жалат ич) кои веднаш почнаа да си пеат, да си закажуваат концерти и сл. Врчак изгледа навистина жали за загубата и му треба време да се прибере.
     
    На hermosa, blueeparadise, JoyJoy и 11 други им се допаѓа ова.
  17. DS10

    DS10 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2024
    Пораки:
    2.971
    Допаѓања:
    4.618
    Пол:
    Машки
    Не сакам да се повторувам, ама морам уште еднаш да кажам. Им се восхитувам на србите, еве 6 месец не се откажуваат, ние два протести одржавме, дозволивме на пропагандната машина да влијае врз нас и и да не ослепува и заборавивме на све. Првата недела викавме, гласни бевме сите, мора менување, абе си реков готово ја опрајвме државата, поминаа деновите на жалост, на телевизија и по социјалните мрежи веќе не гледаме на секои 5 минути за случката, не се зборува толку, никој не потсетуваа каква трагедија и колку луѓе на душа зеде системот и заборавивме на се. Си тераме по старо и изгледа така и ќе продолжи. Разочаран сум в крај, за 3/4 недели заборавивме се и ако до пред некоја недела викав дека мислам дека сме најпасивниот народ во Европа и светот, сега тврдам дека сме.
     
    На Ivan4e04, Mrs. right, Snowflake97 и 17 други им се допаѓа ова.
  18. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    4.968
    Допаѓања:
    25.495
    Пол:
    Женски
    Никако неможиш да споредиш ама ајде. Во Мк не е решение само менување на влада при секоја трагедија пошо и кај двете партии имало трагедии и нема кој моментално да бара пада влада, кога опозицијата има црнила зад себе кои се решија во нивна корист. Во Мк треба менување на ментален склоп кај народот, што тоа е многу тешко.
    Реков ја на почеток, сите вака треба онака, мито,корупција имало, а секој и после оваа катастрофа ,кој е во можност, ќе го пушти ќесето ако треба нешто да му се заврши. Секој повторно би свртил телефон доколку му гори под нога, а има кај да се обрати. Пак ќе се даваат пари на гинеколози за да породат родолка, а уствари тоа им е работа. Бар во мое окружение има жени кои дале пари, а не им било побарано. Значи до нас е, ако ние не се смениме, ништо нема да профункционира. Не сме народ кој чека поштено за термин, не сме народ кој нема да искористи познанства, не сме народ кој почитува закони. До нас е, ние сме криви.
     
    На Gosh, Sielo❤️, Mrs. right и 10 други им се допаѓа ова.
  19. Malesia

    Malesia Популарен член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    1.711
    Допаѓања:
    3.379
    Пол:
    Женски
    Нас еден ден ќе не снема и ќе аи молчиме.
     
    На Gosh, Aschenputtel, JoyJoy и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. Dominodancing

    Dominodancing Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2024
    Пораки:
    598
    Допаѓања:
    1.449
    Пол:
    Машки
    Не можам да разберам какво фајде има од така наречен марш ака протест со молк.Со молк?! И тоа во Сабота отишле пред судот и општината стојат надвор и молчат.Притоа во зградите во судот и собранието за викенди нема никој освен чуварот.На него ли му прават протест?
     
    На Gosh, JoyJoy, Curious cat и 1 друга личност им се допаѓа ова.