Трагедија во Кочани - најмалку 59 загинати во пожар во дискотека

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Kataklinkers, 16 март 2025.

  1. DS10

    DS10 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2024
    Пораки:
    2.971
    Допаѓања:
    4.618
    Пол:
    Машки
    Од тебе и вакви ко тебе сме до ова дереџе дојдени и уште ќе тонеме ако не си го смениме менталитетот колективно. Нигде не спомнав ниту менување влада како главна цел, наместо тоа викам менување систем, а во системот еден огромен дел е и владата, не само оваа, сите од 90 на вака. А од партиски ботови и што би рекле србите "сендвичари" преку глава ми е, полнат фејсбук постови со коментари ко луди кај што се споменува било што против власта, не полнете и тука цели теми со идеали од штаб што ви полнат глави.
     
    На Gosh, JoyJoy и Dentina им се допаѓа ова.
  2. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    9.037
    Допаѓања:
    220.416
    Пол:
    Женски
    НЕДЕЛА, црна и проклета, ЕДЕН МЕСЕЦ 7:21 часот, се се замолче, тук-там протест од кутрите ни луѓе со молк, ги разбирам, што да речат? Скршени се, освен плач и немост?!
    Само родителите? Никој друг.
    Ја разбирате ситуацијата нели? 61 дете почина, возачот 62 лице, колку фамилии неми и осакатени за век и векова останаа? Видовме нели?
    200 повредени, од нив 100 осакатени.
    50 деца се во еу клиники, еве после месец дена ако биле само “повредени” ваљда ќе се вратеа, не, осакатени се они кутрите, ампутирани и изгорени.
    Да не пишувам трагедии?
    Па ајде да молчиме ко и секад.. траума да не створиме.
    Ами они? Нивната траума?
    Како напред?
    Мојте дечиња со ампутации се од преживеаните.
    Колку грстови свеќи во јуни ќе носам?
    Траума било, не треба да зборувам?
    Ќе зборувам оти да баш е и траума и трагедија и све по ред.
    Да не се трауматизираме ние !? А има 300 луѓе под трауми во моментот.
    Секоја една вечер/ноќ излагам на тераса, и плачам.. секоја една вечер..
    На почеток мислев до тука ќе биде, ќе се дигнеме ќе се сплотиме, ќе растураме, не, не зборувам за ебани партии.. карикатури безоосетни..
    Ги испоапсија одредени во Кочани ради немири? Да. Страв ни влеа нели? Епа да. Тоа им е целта. Не знаат дека се плашиме дека козата на комшијата дека има и полошо дека треба да си ќутиме и трпиме, не знаат.. па ете си ја постигнаа целта сите.
    Ние, луѓето, родители, блиски, сите, тониме во бездна, какви црни денови, каква трагедија .. не можам да поверувам како и колку добро се молчи.
    Кутрите родители со слики немост и плач.. тие самите ништо не можат да сторат.
    Не дај боже да отидеш на протест и дигнеш глас одма ќе те етикетираат, тактика, и ќе те замолчат. А ти оти не сакаш да бидеш етикетиран а и не си ќе се повлечеш.
    За Србија сите зборуваат, едно огромно благодарам за нив, се трудат и за нас- своите/комшиите.
    Секојдневно имам контакт со Срби, посебно од Белград, плачат пред мене за Кочани, верувале или не, плачат. Ние плачеме? (Генерализирам) не.
    Ние брзо забораваме, една шака народ Македонци што ќе се изедеме сами со себе, пријател со пријател , роднина со роднина. Ете. Па останало за друго.
    Соочуство он нашите ех ју народи од сите страни вака приватно ми изразуваат, ме тешат, солидиризираат со нас, со мене.
    Јас сум зачудена искрено.
    Ни се случи најдолемата трагедија во историјата, загубивме премногу деца, и молкот успеа да надвладее во сите нас. Ради страв првично, ради себичност, сопствени интереси, истрауматизирани сме биле ние. Јаоо.
    А баш мислев дека ќе ескалира од народот, дека народот ќе зборува ќе си го каже своето. Не и не.
    Што се случи во Кочани кога ескалира? Ги притворија.. стварај страв и владеј. Ако кажеш нешто што не треба или импулсивно пробаш да се бунтуваш- затвор.
    Велат не нема а ние сме овде нели?
    Епа искрено не нема и не сме овде. Не направија неми и глуви, со синџир околу врат. И топрва ќе не нема. Не нема и оти гореме како слама тук-там онде-онде. Остнатите се иселени.
    Моја татковино, секојдневно си ми во мислите, убава како што си убава, и рѓава во душите како што не сакам да се сеќавам.
    Им се восхитувам на Србите, на народот, на не себичноста на адреналинот во себе, им се восхитувам и на другите за сета пружена помош и подршка, за сите што ги болеше и ги боли а сум била сведок на нивните солзи кон нас.
    Ние само муабет ќе си правеме чат - пат ко на пазар.
    1 месец без вас АНГЕЛИ МОИ :u:
     
    На strelec231992, mira.mira, Ivan4e04 и 39 други им се допаѓа ова.
  3. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    4.968
    Допаѓања:
    25.495
    Пол:
    Женски
    Па затоа и реков дека не можиш да споредиш ама очигледно дека не разбираш. Токму тоа зборам јас дека проблемлт е во нас, а Србија е партиски човече, зар стварно мислиш сите тие имаат болка заради трагедијата, како ние што имаме? Не, тие само го искористија случајот за менување на влада. Апсолутно не се потресени. Така да не споредувај, кај нив е организирано се по план, кај нас не можи да е тоа случај, туку на менување на цел ментален склоп, а тоа е преетешко. Можеп да коментираш како би сменале нешто ама како пример да ги земаш е безсмислено. Тоа свати го.
     
    На JoyJoy му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Dominodancing

    Dominodancing Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2024
    Пораки:
    598
    Допаѓања:
    1.449
    Пол:
    Машки
    И јас дури помислив дека нешто ќе се смени овојпат,ама НЕЕ..Ние верно си стоиме на онаа "Секое чудо за 3 дена" или" тепаниот, тепан-е.....т ,е..н" .Сега ќе видеш колку сме јаки и каков поход ке направат нашите на Солун за време на Вилигденските празници
     
    На Aschenputtel, JoyJoy, Amelia и 4 други им се допаѓа ова.
  5. DS10

    DS10 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2024
    Пораки:
    2.971
    Допаѓања:
    4.618
    Пол:
    Машки
    Да не одиме офтопик само нешто ќе кажам. Србија нема опозиција, во Србија имаш од една страна Вучиќ, од друга 20 партии што немаат сите заедно колку Вучиќ. Кој ќе организира, ДС (жутите) со 3 пратеника в парламент? Дај ти се молам.
    А дур размислуваме вака ко тебе "тоа е претешко" и "ништо нема да се смени" ич не тераме далеку, а гледам не си единствена со вакво размислување и затоа имаше 2/3 пати протест, штабот не наполни со пропаганда и сега си ќутиме. Не дај Боже изгледа чекаме и нашето име да се најде на телевизија по некоја најобична рутина што ја правиме секој божји ден.
     
    На JoyJoy му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Thinkerbell.

    Thinkerbell. Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2020
    Пораки:
    1.318
    Допаѓања:
    2.951
    Пол:
    Женски
    Ама не знам како не разбирате дека и да се смениме ние сите ако тие горе си играат по нивни правила и пак зад затворени врати си ги прават бизнисите што ги прават џабе е. Мислите џабе се сплотија Мицковски и Филипче? Па и двајцата се исти гомна и во исти гомна. Не може да кажеме ај ќе си ќутиме зошто немаме опозиција па немаме кој да ставиме на власт. Да, опозиција асална немаме, ама јас сум сигурна дека посветени, образовани и чесни индивидуи има во државава па и во партиите. И треба на таквите да им се даде шанса. И кон тоа да се стремиме. А не да протестираме за да бараме избори или па да си ќутиме зошто ете не сме имале друг избор. Треба да имаме конкретни барања и очекувања од луѓето што се во моќ. Во моментов пред се тоа е транспаретност и целосна истрага за сите несреќи кај што нема одговорност сеуште. Заклучно со последнава што и те како требаше да ни ја прелие чашата а не у дупка да не напика, пошо еј немаме избор и еј од нас треба да тргне. Епа ете од мене е тргнато одамна, и опкружена сум со такви луѓе, ама џабе е кога треба да се тресам дали мое дете не дај боже утре ќе го снајде нешто вакво зошто тие што треба да се одговорни не се.
     
    На elenaklasik и JoyJoy им се допаѓа ова.
  7. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    4.042
    Допаѓања:
    41.633
    Витаминче, те разбирам, но повеќе е прашање: што им треба на родителите, што сакаат тие во црнилото во кое се најдоа? Јас го сфаќам оној татко што рече дека животот не ми треба. Сосем. И мене не би ми требал кога би го изгубила единственото дете мое.
    Ако сакаат луге да чекорат луге заедно со нив, верувам има спремни и да патуваат. Мојот кум што ме крстил беше од градот, починат е сега.
    Ние од странство што можеме освен пари да пратиме.. Јас не можев ни да заплачам, па не значи ми е сеедно. Ама не можам да се вратам во мк да протестирам. Па јас и заминав од таму оти мислев дека земјата е крш-дупка, во која не сакам дете да ми расте..
    Што предлагаш ти?
     
    На 1209, Tinaaa, SummerGirl и 2 други им се допаѓа ова.
  8. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    9.037
    Допаѓања:
    220.416
    Пол:
    Женски
    Што да предлагам Дентинче.. гнев, бес, туга до неба, едвај чекам да си одам во јуни… иако уште малку па 20 години овде носталгичар и безброј чуства собрано во себе, немам памет што да кажам освен да платат сите што треба и како што заслужиле- знаеме дека тоа нема да се случи, не сакам да ги гледам/слушам партиите и не го правам тоа оти само се гневам повеќе, скроз нови млади дечки секаде во секој одел првенствено од премиер до секретар, ќе се случи? - не. Да така што да предложам.
    Мојата пријатлка е самохрана мајка остана без детенце… :u:
    Што викаш ти ја единче ти единче они единче, некој имал само едно и ништо друго на овој свет, не знам што би направила во вториот саат ако не дај боже… :u:
     
    На Sofia*, Zumbulche, Mumoftwo30 и 3 други им се допаѓа ова.
  9. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    7.216
    Допаѓања:
    27.783
    Не знам. Колку може да истрпи народов, и да замолчи.

    Имав можност да зборам со познат адвокат пред некој ден. Вика ова со апсењава го направија циркус. Кочани имало вкупно 5 судии и исто многу малку обвинители. Физички не може за сите тој суд да покрене обвинение. Сите се гонат за исто дело.. и тоа не требало така да се направи. Немало иста тежина на дело кај сите.

    Многу, многу жи е страв дека се вака ќе остане, на тв појавувања, партиски препукувања и ќе се заташка цел процес за максимум година...

    Да се случеше вакво нешто во Франција, ќе гореше цела земја. Ете ја и романија со сличен случај, колку луѓе се дигнале на нозе, какви системски промени се случиле.. кај нас....
     
    На Ivan4e04, sparklie, Tanjamm и 12 други им се допаѓа ова.
  10. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.549
    Допаѓања:
    272.565
    Не требаше да се дозволи во Кочани да е судењето, имаме специјален суд во Скопје, нели.

    Не сум правник и не знам што може, ама сигурно можеше да се префрли во град со судници и судии кои не се први братучеди меѓу себе.
    Мало е Кочани, нема никаква логика настан од ваков размер таму да се суди, а освен тоа, нели МВР испрати инспектори од друг град, за да се минимизира субјективност.
     
    На Ivan4e04, sparklie, Mumoftwo30 и 14 други им се допаѓа ова.
  11. Cutiepie1

    Cutiepie1 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2018
    Пораки:
    1.379
    Допаѓања:
    4.118
    Пол:
    Машки
  12. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    7.216
    Допаѓања:
    27.783
    Имало закани до Супорт Кочани?
     
    На eliesaab и JoyJoy им се допаѓа ова.
  13. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    5.218
    Допаѓања:
    34.732
    Пол:
    Женски
    Никој не се будни зашто сите се навикнати на ова. Навикнати се да бидат заплашени, да живеат и да шепотат под мустак.
    А и машинеријата на оваа сегашнава власт е позната по репресија и замолчување. Одамна извежбан маневар им е тоа. Одма лепат те предавници, те Северџани, те Соросиди. Познати се по двоење луѓе на вакви и такви. Претходните не прават јавно двојни и толку репресии ама прават бљувотини кои ги заташкуваат. Само не ми е јасно како ние не се свестуваме колективно. И цело време се тешиме дека по дома плачеме и многу ни е тешко и се пребројуваме кој пуштил а кон не музика по дома или кој ставил слика ваква или таква. Едноставно навикнати сме да се делиме. Наместо сите цело време да протестираме меѓу себе се јадеме. Ви пишав и на Форумов се бришат и преместуваат мислења штом ќе се намножат тие критичките мислења. Да стои темава така убава само за тажење.
    @KuklickaSk има за сите и кон сите што сакаат да се открие вистината за тоа колку всушност државата прави за ситуацијата.

    И ова со апсењава. На крај испадна крив за пожарот е некој што бил на некоја позиција во 2012 ама тој што е на истата позиција во моментов не е крив. Па на дете од 3 години да му го кажеш ова ќе ти се изнасмее во фаца. Ама ние молчиме. Уствари не молчиме ги плукаме тие што организираат протести. Пак ги етикетираме и со тоа му даваме легитимитет на овој циркус. А во меѓувреме тие што се имаат парична корист (читај корупртивна од ова) тријат раце.

    И доказ дека се е наместено. За Фросина се дигна толкава бука оохохо. Па таткото ужален, па сестрата па сите по ред. И на крај испадна дека му направија услуга на Мицко да го менува Јавниот Обвинител. И еве сега ги снема. Веројатно им ветија/дадоа нешто. Ама за иста случка во Тетово плаче татко, плаче сестра пред суд никој не се крена да ги поддржи. Зашто ако не си од партијата никој нема да те погледне. Ете тоа се случува. Да ти се згади животот.

    Знаете ли дека нашиов народ за еден сендвич и 100 евра ќе иде на Марс да поддржи некое дидктаторче. Имаше снимки на луѓе од Македонија на селскиот вашар на Вучиќ во Сабота. Децата кои протестираат од Србија пишуваа дека после сета поддршка најмногу се разочарани од Македоците. Зашто едно од барањата кон Вучиќ се однесува на одговорност што се пикна на интензивна нега. Ама нашиве луѓе што сакаат диктатори тоа нит го знаат нит им е гајле. Битно се напрчиле во Белград да поддржат човек што малтретира цела една нација.

    И за крај јавно реметам еден корумпиран градоначалник. Со тагнување со се и со слики. Денес се одважија да ми напишат дека ќе се потрудат да ни го решат проблемот.

    Нешто слично правам како младите од Дебар Маало што не попуштија и ја докажаа лицемерноста на Срчан Керим и на мажот на Претседателката кој злоупотребил службено обезбедувања за да се пијанчи во кафана @vitamina некаде напиша дека Претседателката ти делува фина. Таа е најголемата аждаја, а мафиозноста на нејзиното семејство е надалеку познато. Маж и беше умешан и во шверцови во фришоп во деведесеттите додека таа била министерка. Само нашиов народ има меморија на златна рипка, па ја велича.

    Ако сакаме промена сами треба да ја почнеме. Се јавно. Секаде каде што ќе забележиме неправда или несовесно работење јавно срамење. Па ќе видите како ќе почнат промените.
     
    На fana, Gosh, Mother of 2boys и 25 други им се допаѓа ова.
  14. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.048
    Допаѓања:
    256.856
    Мене ме нападнаа дека за Фросина напишав дека премногу политика вмешаа. Што знам јас.
    А знам доста.
    Исто и сега. Криви се оние од пред 12 години, ама не и сегашниот министер.
    Прават циркус само и ништо друго.
    А вие пак мерејте кој сменил профилна, кој отишол на кафе, а кој пуштил музика.
     
    На Bubce38, Ivan4e04, happygirl и 13 други им се допаѓа ова.
  15. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.714
    Допаѓања:
    41.444
    Пол:
    Машки
    Последна измена: 14 април 2025
    На Gosh, Ivan4e04, Lelebre и 15 други им се допаѓа ова.
  16. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    5.218
    Допаѓања:
    34.732
    Пол:
    Женски
    @Ahoy само што ќе го постирав истово. Се надевам дека ќе се свеснат луѓево и ќе почнат тие што се на позиции малку посовесно да работат.
     
    На Miss666, awkey, CameliaMiller и 5 други им се допаѓа ова.
  17. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    9.037
    Допаѓања:
    220.416
    Пол:
    Женски
    Чест на исклучоци, како женава, ме расплака.
    Инаку исти сосема исти став имам со тебе, можеме и треба да почнеме од некаде, од најмалото, да тагираме, лепиме слики и слично што не е во ред, и да зборуваме јавно и јавно. Вистината.
    Корупција, мито, животни проблеми како депонии, загаден воздух, смрт, смрт народе се треба да се зборува јавно, народот да го каже своето дека едноставно ништо не чини има нешто што чини?
    Не ја знам Џој, не следам политика, следам само трагедии и неправди, не можам ако ме веруваш да им ги гледам / слушам говорите составени што ги читаат за се нешто и да ги гледам во фаца, никој, па еден еднаш не излезе да каже нешто од срце све е напишано па и тоа не знаат да го прочитат.
    Јадно и бедно.
    Мицковски на прес после пожарот наместо да гледа во камерата и да каже од срце он чита? Чита? Сериозно?
    А и не делуваше нешто потресен.
    Се нервирам.
    Многу си во право, кешки многумина да размислуваа зборуваа и реагираа ко тебе.
    А оние јадни души по клиникине у странство како се? Никој ништо не кажува.
    Супорт рекоа 5-10 биле критични останатите тешки.
    По видеото од синоќе на супорт да, им се заканувале, ги вреѓале не знам што…
    Иначе Џој да у право си, владава е позната по успешно затварање на муцките ма народот уште пред х години, мува не смееше да прелета.
    И ова ако го пишав не значи дека другава не ја мразам од дното на душата, исти се ми. Гнида до гнида.
    Полни раце крв тријат и купуваат вили по европа.
     
    На Eunoia, DS10, Amelia и 4 други им се допаѓа ова.
  18. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    5.218
    Допаѓања:
    34.732
    Пол:
    Женски
    Еве уште една трошка надеж. Само да продолжи да се тркала топката. Никој криминално што работи да не оставиме на мира. Кривична за градоначалникот на Ново Село https://www.radiomof.mk/zdrava-kotl...anje-na-zhivotnata-sredina-i-javniot-interes/. Сега само корумпираните Судии да почнат да го потат газот и да судат како што треба.
     
    На st-el, JuLleE, vitamina и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. elenaklasik

    elenaklasik Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2010
    Пораки:
    4.835
    Допаѓања:
    11.809
    Пол:
    Женски
    И ти си права, ама мислам дека сето ова е формирано особено од тие на функции.
    Кога докторон самиот ќе наговести дека за да ја породи, треба малце џебот да го почешаат, тогаш почнува проблемот.
    Ако тие на функции не посегнуваат по такви решенија, дури и самиот пациент да им нуди пари, тие да одбијат.
    Еве знам за докторки кои не примаат податоци или пак благо, им е срам по ходникот да го носат.
    Има такви под маса ќе земат.
    А и ние кутрите за поубав третман ќе дадеш некој денар плус. И почнува кругот.

    Ако за градење на зграда на несоодветно место не побара функционерот пари, барателот нема ни да искористи таква прилика.

    Ако политичарот не искористива фотелја за да се збогати, туку го унапредува системот, тогаш тоа и се забележува и народот ги ужива добрата.

    Ние од почеток ја утнавме работата.
    Одкога добивме независност, политичарите многу гадно се поставиле, почнале со партиски поделби и работата тргна крајно погрешно.
    Зошто така почнале не знам.
    Зошто не се огледале на позитивни системи и примери па сложно да си ја започнеле функцијата и напредокот.

    Не се за сѐ криви Албанците.
    Има нешто кај нас од страна на улижување, полтронство, немање став.
    Одкога се осамостоивме, тогашните почнале со приватизација. Зошто сѐ добро од Југославија направено го уништиле?
    Како такви гиганти ко Емо, Отекс, во кои илјадници работници ваделе плата, ги ограбиле мајмуните.
    Па така се сеќавам во 90тите и 2000те луѓето беа бесни, имаше антикампањи Бранко ваков таков колнење, луѓе бесни работа што изгубија, сеопшт гнев. Тоа го користи другата политичка партија за да се појави на сцена. И потоа магичниот круг врти.
    А што ќе беше ако сите фирми продолжеа да просперираат, не ќе се збогатеа толку бранко Љупчо рајко. Крадени фирми ееј до срж.

    Криминал невиден.
    Тоа е знак дека ние не сме дозреани за самостојна држава и треба некој да нѐ зема под закрила, па и јазик да научиме и останато.
    Зашто ова што ни го направија уназадување е нивно клето дело!


    И треба човек да не излезе на избори!
    Ама повторно партијата...
     
    На Gosh, Sofia*, Dentina и 3 други им се допаѓа ова.
  20. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.549
    Допаѓања:
    272.565
    Затоа што ништо поразлични не се ни другите екс-ју држави, исто сра*е се сите, а од оние кои се во ЕУ, само Словенија е сериозно просперитетна, "европска" земја. И во Југославија и пред Југославија - со Словенците е исто, со останатите - исто.
    Не дека во 91 наеднаш се накотија полтроните, и во претходната држава било "или си со нас, или против нас". Со тоа што во претходната држава барем рандом Трајко не морал да се занимава со високи политики и избори, оти си имал куќа и леб и лагодно си живеел.

    Симпатично ми е да споредам со земји кои не се де јуре социјалистички (многу добар пример е Финска), па иди прашај ги дали се замараат со политика. Не, оти сеедно им е кој е на власт кога и власта и опозицијата работат за унапредување на животот на сите.

    Ние овде од "многу арно" се занимаваме со истото. Не само ние, Хрватска е во ЕУ, па исто сра*е имаат како останатите.
     
    На Annath, Dentina, JuLleE и 2 други им се допаѓа ова.