Трагедија во Кочани - најмалку 59 загинати во пожар во дискотека

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Kataklinkers, 16 март 2025.

  1. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    5.218
    Допаѓања:
    34.732
    Пол:
    Женски
    https://www.facebook.com/share/p/1BUQ3MjV1N/ - еве мајка на дете. Точно кажува.

    Еве и на протестот денес вистината за полицајците https://www.facebook.com/share/v/1BqsmgXRv8/. И покрај се побитно ни е да не не ерикетираат како вакви или такви отколку јавно секој ден да им кажуваме колку се бедни и корумпирани оние на власт. Тошковски си гради зграда у сред Скопје, нема доблест ни да се извини.
     
    На LejlaD, Amelia, st-el и 4 други им се допаѓа ова.
  2. mKdevojce

    mKdevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    2.210
    Допаѓања:
    15.747
    Можеби грешам, но ова детево што се стокми како в.д Градоначалник на Кочани, ми е толку одбивна и иритантна фаца.

    Денот после несреќата, кога градот беше занемен, кога никој се немаше свестено од трагедијата, само тој излезе и даваше изјави за прилози, емисии на телевизии и портали и сл.

    Некако како уште пред да се изладат телата на настраданите, тој како да си ја имал пресметано равенката во глава па си ја сврте целата ситуација во негова корист.

    Денес го гледам и пред родителите на загинатите, застанал па им ветува брда и долини како да има тој некоја моќ на делување и одлучување во процесов. А е всушност само една ситна рипка избрана да го премости периодот до изборите.

    Според мене, не е ниту од далеку дораснат за таа функција посебно во ваков критичен период за градот.
     
    Последна измена: 19 април 2025
    На Ivan4e04, Bebce1, awkey и 8 други им се допаѓа ова.
  3. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    9.037
    Допаѓања:
    220.416
    Пол:
    Женски
    колкава болка имаат, јадни луѓе ;(;(;(
    Вистина е дека поголема болка од оваа нема ;(;(;(

    Една вест која ми го стопли срцето IMG_1297.png
     
    На Ivan4e04, fashion-addict, LejlaD и 7 други им се допаѓа ова.
  4. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.866
    Допаѓања:
    45.015
    Пол:
    Женски
    Грешка си. Дечково има направено многу повеќе за градов од многу досега поголеми риби од него што имаат направено, дури и кога не беше на власт. Свекрва ми работи во Собранието и мнозинството се повеќе од задоволни од изборот. И ќе те преправам, не е дете, маж од 33г. На негова возраст има претседатели на држави, не гледам зошто не би бил соодветен за функцијата.
     
    На strelec231992, Bozica1980, LejlaD и 11 други им се допаѓа ова.
  5. malerozna

    malerozna Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2011
    Пораки:
    3.317
    Допаѓања:
    77.884
    Пол:
    Женски
    Да бе, требаше корумпираниот вмровец да го изгласаат, ист како овој пред него, дел од мафијата :puke:

    А кој требаше да изберат?
    Да не беа такви како него да зборуваат и некои новинари со кохонес да споделуваат се, уште повеќе ќе се заташкаше ситуацијата.

    Како може да размислувате така не ми е јасно.
    Ама очигледно партиски ботови сте штом ги браните
     
    На Bebce1, awkey, Amelia и 7 други им се допаѓа ова.
  6. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    9.037
    Допаѓања:
    220.416
    Пол:
    Женски
    Прашувам зошто на ниту еден портал го нема протестот од Кочани? Го нема говорот на очајните мајки, изјавите, вистината? Само на инфомакс сега го гледав, долг е говорот на мајките на изгубените чеда.. 300 прашања а ниту еден одговор и ништо јавно? Зошто?
    Срцево по 15 илјадит пат ми се згрчи ах кутри луѓе без коментар сум.. ;(
    има вести дека имало гужва на границите со србија и грција а протестот на кутрите луѓе, говорот и одговорноста што ја бараат никаде?!
    Ех животе кажи ми да знам… ;(
    Очај сме, дно без дна!:u:
    И искрено ниту ми е до веселба ниту до празник ниту до ништо. Толку.
    Кутри мајки.. кутри луѓе што и ги знам некои ми се парчи душава!!
     
    На Ivan4e04, Nausicaa, fashion-addict и 17 други им се допаѓа ова.
  7. Sofia*

    Sofia* Активен член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2024
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    24
    Пол:
    Женски
    За жал, на нашиот народ му е побитно да оди на викенд, да се прошета, слика за на Инстаграм - наместо да се бори за правда.
    И така немаме држава, ова што се случи е кулминација на 30-годишно уништување, дивеење, корупција, мито, врски итн. На најголема жалост - невини деца ги изгубија животите во таков хорор. Мислам на родителите, на на нивните најблиски, на другарчиња - со какви трауми ќе живеат луѓето...
    Целиот наш народ треба да се дигне и да застане рамо до рамо со родителите - најмалку што можеме е да покажеме солидарност и поддршка.
     
    На Ivan4e04, Amelia, JoyJoy и 8 други им се допаѓа ова.
  8. mKdevojce

    mKdevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    2.210
    Допаѓања:
    15.747
    Затоа реков, можеби грешам. Ете мене таков впечаток ми остави.

    Ниту спомнав некој друг, ниту знам кој бил друг кандидат, каде виде дека бранам некој еве не знам :?:.
     
    На eliesaab и 1209 им се допаѓа ова.
  9. NoirSerpentine

    NoirSerpentine Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2021
    Пораки:
    1.070
    Допаѓања:
    2.608
    Пол:
    Женски
    Го прочитав ова мислење пред некое време и цело време си мислам. Мораше да се вратам и да напишам:

    Правда не е „брда и долини“. Не знам дали навикнавме на неправда до толку што ова што треба да е минимум ни е нешто недостижно ама мора да го промениме тоа размислување. Нема тој (таква) моќ за делување и одлучување ама народот заеднички и те како има и многу повеќе од тоа.
     
    На Amelia, LiquidLuna, JoyJoy и 5 други им се допаѓа ова.
  10. TammiB5

    TammiB5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 декември 2023
    Пораки:
    1.036
    Допаѓања:
    2.645
    Пол:
    Женски
    Го гледав сега видеото на Инфомакс… каква болка :u:
    Многу голема штета што ниеден медиум не го даде ова… ниеден медиум не даде што изјавуваат овие родители а бараме правда :u::u:
    Родителите ја гледаат полицијата како најкрива во случајот. И имало вистина дека седеле на страна и не помагале…
    Многу млади лица.. дечиња :u:
     
    На JoyJoy, Sofia*, st-el и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    7.216
    Допаѓања:
    27.783
    Споделувајте по социјални мрежи.
    Нека се шири. Моќта на народот, ако е сплотен, е голема.

    Срце да ти пукне.

    'Ги пуштија дома да си прослават за празниците, ние секој празник од сега на гробишта'..
     
    На fashion-addict, Amelia, TammiB5 и 9 други им се допаѓа ова.
  12. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.426
    Допаѓања:
    13.609
    Си мислев, овој народ повеќе се занесува по Фб за исламски терористи од Газа, отколку за Кочани, и овој народ толку знае, може, вреди, не нула, под нулата. Сите нешто глумат засекирани за името, ене ги, сите во Грција, живо пиле нема, и тоа е лицемерие невидено во светски размери. Да има избор за најсебични, најпревртливи, најнеодговорни во светот, Македонија ќе е на прво место. Па сите тие 62 фамилии од Кочани, не се стотина души, двеста, значи зошто и пошироко семејство не излезе? 62 фамилии, сосе тетки, чичковци, братучеди, сватови, ќе бидат над 620 луѓе, ама еве малку излегуваат. И погледнете само Албанците како излегуваа на протести кај нас, па видете разлика. Излегуваат илјадници, маса што ни полиција не може да ја контролира.
     
    На Amelia, Ahoy, LiquidLuna и 7 други им се допаѓа ова.
  13. mKdevojce

    mKdevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    2.210
    Допаѓања:
    15.747
    Не знам, да застанеш пред тие луѓе, кои моментално се најкревката и најранета група на граѓани и да им ветиш нешто треба навистина да имаш некоја поткрепа за сето тоа.

    Да не се лажеме, сите знаеме како функционира системот. За некој месец ќе се кандидира за градоначалник сигурно. А за тие функции знаеме кој и како одлучува. Да не беа сите функционери послушници на кои единствена цел им е да си ја зачуваат удобната фотеља немаше системот да дојде на ова дереџе.

    Да имаа сите тие право на глас и одлучување, да работат сите по свои убедувања за и со народот немаше да царува корупцијата која е рѓата на системов кој ги уби тие млади луѓе.

    Во моќта на народот верувам но во фукционерите не. Знаеш ли што им велат на тие такви ситни риби, еве од извор од прва рака ќе ти кажам: "Вие не сте тука ставени оти сте многу убави или за да мислите, туку да правите што ќе ви се каже 'од горе'. "

    Колку и да не сакаме да признаеме, и овој случај ќе заглави со години во лавиринтите на македонското судство под диригенција на гнасната политика. Секоја страна ќе гледа да извлече колку што е можно подебели политички поени или најмалку да се извлече без никаква одговорност. Типично за Македончето, зарем не?

    Зарем не видовме како уште од почеток го задушија гневот на народот, уште не почнат да се крева на протести. Па зарем мислите дека и нему некој ќе му даде прилика да крене глас?

    Единствено верувам во моќта на народот но за жал видовме колку на нашиот народ му е дојдено до истерување на правдата. Колку излегоа да ги поддржат вчера? Или сепак терање на продолжен празничен викенд не може да трпи. Пак ќе кажам, ние сме себичен народ, кој си гледа само пред нос. Затоа страдаме колективно од секогаш.
     
    На Dentina, eliesaab, Sofia* и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. Aschenputtel

    Aschenputtel Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2012
    Пораки:
    1.996
    Допаѓања:
    8.812
    Пол:
    Женски
    Кај нас сите се на пишување јаки, кога треба да се преземе нешто, никој нема.
    Ете, пишала една членка погоре и го делам мислењето, побитно е да се оди на викенд, да се става стори за да видеме кој каде бил оти мора да се пофалеме...

    Не знам како да кажам за нас, почуден народ нема. Да беше ова во некоја друга нормална држава, ќе беше со протести, со поддршка за фамилиите. Ние дремеме. После вака било, така било. Ако ни е.

    Сите ставаа сториња, слики со ангели, црни траки, цветови, не ти знам што. Едно стори не ставив, не ме праве тоа дека не сум жалела. Цела недела плачев.

    Еден починат близок, другите не ги знам, сите ги мислам.
    Како им е на тие родители сега?
    Додека сите ние си тераме животи, тие плачат за најмилите. Ни празник ни ништо за нив веќе. И за мене нема смисла ништо откако умре мајка ми, а не пак ваква трагедија за чедата.

    Не не бива и никогаш нема да не биде.
    Оти сме злобен народ, љубоморен, завидлив на роднини, комшии, на нечиј успех... Ни луѓе не можеме да се наречеме веќе. Себични будали!
     
    На elenaklasik, Ahoy, LiquidLuna и 6 други им се допаѓа ова.
  15. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.426
    Допаѓања:
    13.609
    Сите што би отишле на викенд, а не би отишле на протест, се исти како газдата на дискотеката, како подмитената полиција, инспекција итн. Се е тоа исто. Разлика нема. Сите што не дале ни 100 денари за Кочани, а јадат сега и плаќаат во Грција, Охрид, Рим, тоа ти е отпад.

    И пишуваат Србите за што и да е за нас „Самите се криви“. Да, самите Македонците се криви. На една емисија служнав вака „ова е нашиот идентитет, мито и корупција“. Па да. И реално каде има да се излезе во Кочани? Колку места имате? Пред некој ден еден дечко од Свети Николе, имаше нешто како колумна какво било Свети Николе во СФРЈ, а дека денес е испустена паланка. Сигурно е исто или слично и Кочани.
     
    На DS10, JoyJoy, eliesaab и 2 други им се допаѓа ова.
  16. Thinkerbell.

    Thinkerbell. Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2020
    Пораки:
    1.318
    Допаѓања:
    2.951
    Пол:
    Женски
    1. Има поткрепа, има функција сега. Со таа функција има должности и ингеренции и обврски. И институции на располагање.

    2. Народот одлучува. Народот ги бира своите претставници. И парламентарци и градоначалници. Ако е чесен и ако решил нешто да направи а не сака да биде послушник, може јавно да ја критикува власта или кој и да му прави притисок. Ако не сака да потпадне во таа машинерија нема да потпадне. А ако не сака или не знае да се носи со притисокот, може и да излезе и да се повлече, а не да е оправдување дека зошто од горе некој така вика и тие чесните се претопуваат во масата нечесни.

    3. Велиш дека веруваш во моќта на народот а не во функционерите. Пак ќе кажам, народот ги бира функционерите, тие се лице на народот.

    4. А тоа што народот е за стап и генерално нема грам емпатија што апсолутно се гледа во случајов е една голема вистина. Дур не ти дојде на твоја глава слегнуваш со раменици и живот оде даље очигледно.
     
    На NoirSerpentine, Dentina, JoyJoy и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. st-el

    st-el Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2010
    Пораки:
    760
    Допаѓања:
    5.300
    Пол:
    Женски
    Колку вистина има во ова кажаново...
    Да не се стави човек во кожата на другиот, да не помисли дека во иднина тој или негово дете можат да бидат на негово место , зар ваков човек или нација заслужува држава?
    И да, ова е нашиот идентитет, мито, корупција и злоба, себичност...
     
    На JoyJoy, Aschenputtel, eliesaab и 2 други им се допаѓа ова.
  18. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.426
    Допаѓања:
    13.609
    Крф, Охрид, Рим, Опатија, и по Германија, еве гледам се означуваат луѓето по Фб. Сигурна сум дека голем дел не пуштиле ни 100 денари за Кочани. Не, оваков народ не заслужува ни држава, ни признавање, апсолутно ништо, заслужува само стап по грбот и правец да му се даде мотика и на нива. И немој да мислиш дека се богати тие што се означиле некаде во Германија, Хрватска, туку се гребатори, се гребат, ќе отидат кај некого, ќе се тупнат, ќе направат 100 слики и ќе се фалат, ама и не се толку сиромашни да не дадат 100 денари.
     
    На JoyJoy, Aschenputtel, st-el и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.866
    Допаѓања:
    45.015
    Пол:
    Женски
    Луѓе не се препукувајте, кој каде сака нека оди кој како сака нека живее, тие шо мислевме дека е битно сите дониравме и уште се донира и ќе се донира, вака или така средства ќе се соберат.
    И не можеме секој викенд да идиме на протест, ете јас не бев ни еднаш ама работам тој период кога е протестот и не можам, тоа не значи дека не пробам на друг начин да дадам подршка.
    И слика да стават и да не стават не значи ништо.
    И не кој кажа дека Кочани слично било со некој таму друг град на МК, Кочани е прекрасен град, со многу убави нешта, чист, пријатен, имаше и богат ноќен живот и кафичи ресторани…ама сега е пуст, иако има народ и пак работи се, пусто е во душите.
     
    На nextredstyle, fashion-addict, LejlaD и 8 други им се допаѓа ова.
  20. fashion-addict

    fashion-addict Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јули 2013
    Пораки:
    60
    Допаѓања:
    58
    Срамота сме како народ, ни нема спас. Ова е ситуација каде што не треба да гледаме партија, ама…
     
    На Aschenputtel, Sofia* и Cutiepie1 им се допаѓа ова.