Трагедија во Кочани - најмалку 59 загинати во пожар во дискотека

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Kataklinkers, 16 март 2025.

  1. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.721
    Допаѓања:
    41.565
    Пол:
    Машки
    Само да се надоврзам, имам впечаток дека се создаде атмосфера дека треба така да функционираме, сами да си пазиме на сѐ. Снимај сликај неправилности ваму, објави онаму, пријави ова, провери она. Ако веќе очекуваат сѐ така на нас, нека се распушти цела администрација што треба да го прави тоа, па ќе тераме.
     
    На JoyJoy, elenaa0805, LejlaD и 14 други им се допаѓа ова.
  2. flower30

    flower30 Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 април 2014
    Пораки:
    7.832
    Допаѓања:
    141.511
    Па да, тоа ме лути и мене. Сите надлежни ќе седат во кафани по цел ден, ќе земаат мито , ќе шетаат , а народот напатен ќе оди и ќе слика неправилности.
    Виде за дечкото што ја снимаше Прилепската болница, за празниот хидрант. Му викнаа полиција . За ден - два го заклучија сандачето и "чича Мича, готова е прича" .

    И не се само дискотеките . Еве еден Ист гејт , нов трговски, се скапа поплавувајќи . Па уште работи, без еден ден прекин.
     
    На JoyJoy, LejlaD, DS10 и 6 други им се допаѓа ова.
  3. Iva:)

    Iva:) Популарен член

    Се зачлени на:
    9 април 2016
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    2.029
    Пол:
    Женски
    Ако ги разбрав убаво Пулс имало две решенија за забрана да работи кои не биле спроведени од надлежните, така кажаа роднините. Не треба народот да води рачун за такви работи а администрација да јаде по кафани и лапа мито. Убаво што им се сипаа и на Панче и на Филипче и им рекоа убијци, тоа е реалноста, алчноста на секоја досегашна власт и негрижата им ги уби децата.
     
    На JoyJoy, Dekorado, LejlaD и 10 други им се допаѓа ова.
  4. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    20.166
    Допаѓања:
    107.179
    Пол:
    Женски
    Миа колку што знам од видеа е на Сицилија. Другиве не би знаела. Ама сепак, да имаме на ум дека 12 саат во работно време е многу незгодно време. Сите имаме за себе оправдување а не ни текнува за другите.
     
    На JoyJoy му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Lavender13

    Lavender13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2022
    Пораки:
    1.662
    Допаѓања:
    5.265
    Читав по твитер дека еден од родителите што беше најгласен на протестов, воопшто не бил родител. Дали е ова вистина?
    Доколку не е, навистина срамота е колку се партизира случајов.
     
  6. boo3

    boo3 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јули 2015
    Пораки:
    1.551
    Допаѓања:
    5.543
    Пол:
    Женски
    Срамота е тоа што лаат на твитер. Што ако не е родител, може е чичко, пријател, комшија. Зарем е важно?!
    Сигурно е некако засегнат од ситуацијата, не е Кочани Амстердам па да не се знае чии деца се.

    Поголемиот проблем е што очекуваме само блиските да бидат гласни.
     
    На JoyJoy, Snowflake97, Dekorado и 19 други им се допаѓа ова.
  7. Waverly Raven

    Waverly Raven Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2017
    Пораки:
    3.543
    Допаѓања:
    13.484
    Пол:
    Машки
    Фрчко и Филипче, на протест, "да дадат почит за жртвите од Кочани". :puke:
    Овие дибеци, почит можи да дадат единствено од зад решетки!

    Ко божем проблемите со дискотеката, и проблемите во сите можни сектори во државата вчера настанале.

    Арно ама локални избори доаѓаат...
     
    Последна измена: 29 април 2025 во 20:06
    На fashion-addict, eliesaab, Dekorado и 11 други им се допаѓа ова.
  8. LiquidLuna

    LiquidLuna Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    5.771
    Допаѓања:
    27.320
    Пол:
    Женски
    И јас бев гласна па не сум родител на некој од засегнатите.
    Нема врска и да не е родител. Па зарем да ги оставиме само родителите да бараат правда? Греота е само тие 60тина луѓе да се борат против гомнаријата од држава
     
    На fashion-addict, JoyJoy, Snowflake97 и 17 други им се допаѓа ова.
  9. Iva:)

    Iva:) Популарен член

    Се зачлени на:
    9 април 2016
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    2.029
    Пол:
    Женски
    Очув и бил. Секако дека има право да вика, ако не го направил веројатно го чувал тоа дете што загина.
     
    На fashion-addict, JoyJoy, eliesaab и 6 други им се допаѓа ова.
  10. malerozna

    malerozna Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2011
    Пораки:
    3.323
    Допаѓања:
    77.985
    Пол:
    Женски
    Како не ви е срам вака да пишувате?
    Не гледате дека родителите збор не можат да прозборат?
    Глас немаат од плачење. А ни сила.
    Што ако зборел некој друг?

    Никој не се удостои да појде да зборува со нив. Па сами дојдоа.
    И пак ги правите нив криви.
    Искривена ви е и свеста и подсвеста вам.
    Ова не е турска серија.
    Вие демек се стресирате, не можете да гледате и мените канал.
    На овие луѓе ова сега им е животот.
    Вие мешате политики, немате никаков срам а ни жал.
    Социопати
     
    На andromedae, Bubce38, JoyJoy и 21 други им се допаѓа ова.
  11. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.449
    Допаѓања:
    13.674
    Ми падна во очи што човекот рече демек треба да се уапси најголемиот криминалец и предавник Зоран Заев. Заев одамна е обичен граѓанин, не е ни власт, ни премиер, ни лидер на партија.

    Цело време се расфрлате со желби, „овој ли ќе протестира, оној ли“. На протест има право секој да оди. Секој што не е осуден во затвор, не е ни обвинет во предмет, не е притворен е слободен граѓанин. Зошто не би одел на протест?
     
    На JoyJoy му/ѝ се допаѓа ова.
  12. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.712
    Допаѓања:
    128.920
    Пол:
    Женски
    И?
    Сега не е, но знаеме до кога беше. Пулс и во тоа време работеше на лепе очи.
    Сите од поранешните и сегашните кои имале/имаат власт и надлежност поврзана со работењето на вакви објекти треба да бидат под истрага.
     
    На snowqueen, fashion-addict, Dekorado и 3 други им се допаѓа ова.
  13. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.449
    Допаѓања:
    13.674
    Директно, оопппп Заев. Граѓани кажуваат кој е криминалец, кој предавник, кој да оди во затвор, кој да оди на протест, а Македонија има судство кое скоро и да го нема.

    Од кај знам јас како обичен граѓанин кој е најголем криминалец? И како би смеела тоа јавно да го кажам, кога тоа подлежи на навреда и клевета ако немаш докази. И како би апселе премиер? Би апселе директори на пазарен, началници на полиција, ама не премиер. Премиер си има други надлежности, тие од пониски елашони се занимаваат со лиценци, контроли, не премиер лично.
     
    На JoyJoy му/ѝ се допаѓа ова.
  14. DS10

    DS10 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2024
    Пораки:
    2.998
    Допаѓања:
    4.666
    Пол:
    Машки
    Сериозни сте бе?
     
    На JoyJoy и eliesaab им се допаѓа ова.
  15. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.791
    Допаѓања:
    185.886
    Леле, немој да се секираш, нема да уапсат ниеден премиер, ниеден од нив не е криминалец, све се тоа фини и скромни господа, сите до еден. :sun:
     
    На andromedae, fashion-addict, JoyJoy и 16 други им се допаѓа ова.
  16. Lavender13

    Lavender13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2022
    Пораки:
    1.662
    Допаѓања:
    5.265
    Да, буквално неколку твита има со вакви тврдења.
     
    На JoyJoy му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Adidas888

    Adidas888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    6.200
    Допаѓања:
    26.283
    Пол:
    Женски
    Поскромни од нашиве нема никаде на друго место.
     
    На fashion-addict, JoyJoy, st-el и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. DS10

    DS10 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2024
    Пораки:
    2.998
    Допаѓања:
    4.666
    Пол:
    Машки
    Не ми беше тоа прашањето, прашувам дали сте сериозни со ваквите размислувања. Мора да ти е родител за да те жали? Значи граѓаните не смеат да протестираат затоа што не се крвно поврзани. А и пропагандната машина е пуштена на јако уште, одма мицика истражил кој чиј родител е и од која партија е платен да присуствува на собирот. Не, не мора ниту да си родител, ниту познаник на загинатите, ниту платеник од сдс и левица, доволно е да си човечен и барем малку да сфатиш во какво општество живееме и како некој упорно пробува да те заслепи и замолчи.
     
    На LadyD, JoyJoy, Dekorado и 8 други им се допаѓа ова.
  19. Lavender13

    Lavender13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2022
    Пораки:
    1.662
    Допаѓања:
    5.265
    Мене ова ми е многу јасно, во овој контекст и го пишав. Дека чим се шират вакви муабети на твитер, се политизира и се обесхрабуваат граѓаните да учествуваат во протести.
     
    На JoyJoy, eliesaab, Ahoy и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.721
    Допаѓања:
    41.565
    Пол:
    Машки
    Игнорирајте.

    Мислењево ќе го пишам во спојлер затоа што тие шлајмови од Твитер не заслужуваат повеќе место во темава од спојлер.

    Сите контра мислења за сѐ почнуваат од еден ист профил, т.е. извесна Султана, чиј профил како што има неколкупати споделено Филип Петровски е дел од некогашната ботовска мрежа на Твитер на Груевски за ширење на пропаганда. Самиот Петровски има изјавено дека тој ги организирал ботовите за некој смешен хонорар тогаш, и оваа е една од нив. Пишам спојлер зошто стварно не сакам да мешам партии ама ова е колку да предупредам од каде доаѓаат мислењата.

    Ќе ставам уште еден спојлер со скриншоти за ако некој сака да види повеќе каква е пропагандата (мал дел) на Твитер денес, за тие што немаат.
    Покрај овие денес имаше и давање масовна поддршка за Тошковски, затоа што му беше закажана интерпелација која секако не помина.

    IMG_1198.jpeg IMG_1195.png IMG_1196.jpeg IMG_1197.jpeg
     
    На JoyJoy, Annath, Angie1432 и 3 други им се допаѓа ова.