Трагедија во Кочани - најмалку 59 загинати во пожар во дискотека

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Kataklinkers, 16 март 2025.

  1. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    6.211
    Допаѓања:
    21.048
    Пол:
    Машки
    Апатија владее голема меѓу луѓево и за пусти пари или некои други поволности преку политикава прават вакви чувствителни работи. На сета проблематика, пробуваат да отргнат внимание, спинуваат и го префрлаат вниманието целосно. Пу јзк да му е. :)
     
    На JoyJoy, Ender C, eliesaab и 9 други им се допаѓа ова.
  2. Oriental

    Oriental Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 декември 2023
    Пораки:
    263
    Допаѓања:
    956
    Точно ова, straight to the point.
    Колективна емпатија, што беше тоа, се мачкаше на леб?
    Немаш право ти Бу ако не си родител да тажиш и се буниш, фејкерка си ако не ти е детето погинато.
    Гнасна нација сме, гнасна.
     
    На fashion-addict, JoyJoy, eliesaab и 10 други им се допаѓа ова.
  3. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.449
    Допаѓања:
    13.674
    Па јас не реков така, ти си го измисли, ама Заев одамна е обичен граѓанин, а потоа дојде Ковачевски, сега Мицкоски. Имавме и пожари каде загина еден човек, лани, па не бараа да се уапси премиер. Додека да се дојде до премиер, има 100 инстанци, премиер не се занимава со локални проблеми.
     
  4. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.791
    Допаѓања:
    185.886
    Абе добро, никој не го чепка обичниот граѓанин, можеш мирно да спиеш. Договорени се, не им бери гајле.
     
    На fashion-addict, JoyJoy, Annath и 4 други им се допаѓа ова.
  5. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.769
    Допаѓања:
    40.530
    Пол:
    Женски
    Нема толкав одѕив поради тоа што трагедии се третираат како привремени трендови на социјални мрежи.
    Да, во глупо време беше, да, сите сме тоа време со обврски ама не е во прашање само бројката која излегла туку и целата прашина што се крева, т.е која што воопшто не се крена сега. Според тоа се гледа дека цела мотивација спласнала. Улога имаше и тоа што многу подмолно се загушија и движењата како "кој е следен" и пленумот.
     
    На JoyJoy, Dekorado, Waverly Raven и 9 други им се допаѓа ова.
  6. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.449
    Допаѓања:
    13.674
    И да не се договорени, не е тоа така, колку и да е Македонија хотел промаја. Се знае која функција што одговорност носи. Ако не претседателите да ги уапсат, еве Стево, Гордана итн. И вчера Заев да паднал од власт, имаме толку министерства и министри, инспекторати еден куп, советници, општини. Како тоа директно би апселе премиер на пример? Или државата ја замислувате само со премиер, а плаќаме 300.000 администрација и илјадници функционери.

    И во општина ако се гради надвор од прописи некоја зграда, не одговара градоначалник, си сноси одговорност раководител на сектор за урбанизам и нему му се поднесува кривична. И нормално дека ќе е така, не може еден градоначалник да знае дали од 400 вработени во општината на дневна основа направиле грешка, зел некој мито и слично.
     
  7. Iva:)

    Iva:) Популарен член

    Се зачлени на:
    9 април 2016
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    2.029
    Пол:
    Женски
    Мислењата на тие штапски ботчиња вредат 2 динара, буквално се нерелевантни. Секој има право да вика, не само семејствата на починатите. Секој од нас може да се најде на нивно место во иднина како резултат на нефункционирањето на институциите и корупцијата. И јас можам да се најдам утре под натстрешница, во некој клуб, во некоја мофуларна, во некој автобус, на онкологија и на пешачки кај Силбо, не е мое да проценувам што ги исполнува условите а што не, за тоа има платено институции со наши пари.
     
    На JoyJoy, Ahoy, Lavender13 и 5 други им се допаѓа ова.
  8. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    9.039
    Допаѓања:
    220.443
    Пол:
    Женски
    Немам веќе ни збор ни коментар ни реченица што можам да составам, срцето ми се кине 40 и кусур дена ноќе, плачам, немам веќе солзи мислам, повеќето што зборуваа и не зборуваа ги знам, гледам, слушам и плачам, што друго да кажам?
    апчиња си пијам, тоа е.
    Оваа трагедија и оваа болка е преголема, кнедла што ја имам и не можам да голтам, немаш воздух, туга до неба, зациментирани сме, уништени, болката во душата е преголема, срцепарателна. Тоа имам да кажам, сум се наплакала за неколку луѓе и растресена сум многу затоа што ги знам.. една мајка вика чекај ме сине чекај ме таму горе брзо ќе дојдам.. се прекршив на половина за женава што ја знам сега кога ја прочитав, ми идеше да се распарчам на милион дела, и за сите што не ги знам, толку е болно тажно и неиздржувачки ова.
    Свака част на оние кои што живеат во некој паралелен универзум и ништо не ги допира, сите тие се гниди и некакви чудни створења на планетава.. да продолжам со “доточните од “фотељите” немам намера и сила” .
    Психички сум скоро уништена, со цело срце чекам да одам да запалам свеќа и да се “олеснам” да прснам од плачење.
    Имам едно, ако не дај боже утре… ќе си го ставам богами јажето околу врат или шта год да е.
    Ова е немам збор стварно да опишам како се чуствува човек за родителите и децата починати скромни, фер, вредни дечки и родители воедно да ги знаеш и да гледаш како дишат како живеат сега ;(
    Ма крај си велам и осврнувам на бога, нека суди тој кога ние ништо немаме. Никогаш ништо сме немале освен корупција и мито во тони.
    Свака част на народот на родителите што кажаа се како што доликува и вистината во очи право, свака част, за ова треба богами голема храброст како впрочем најголемата болка, јас мислам требаше повеќе од ова ова им е малку на гнидите треба повеќе, али ние не сме гниди па онда .. не знаеме/не можеме како нив.

    судбина је наша клета!
    Амин светол пат на нашите дечки :rain::*:
     
    На JoyJoy, TammiB5, Aschenputtel и 10 други им се допаѓа ова.
  9. Iva:)

    Iva:) Популарен член

    Се зачлени на:
    9 април 2016
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    2.029
    Пол:
    Женски
    Јас би рекла дека двете иницијативи се самоугасија. И тоа како резултат на тоа што две партии непотребно се вмешаа (Левица кај студентите и дел од Сдс и шарената во протестот на Кој е следен) а од власта тоа го искористија да ги дискредитираат. А се што требаше е да не се лепат како крлежи и да остават народот да протестира. Ама нивните партиски агенди и можноста да ќарат некој поен беше побитна отколку да се остави народот да дигне глас против системот. Веројатно и во координација помеѓу Вмро Сдс се угушува секоја побуна, и на Курто и Мурто им одговара да владејат во ваков систем.
    Како што Груевски е осуден за Мерцедесот и ред други работи за кои не беше надлежен ама бил во координација, така и другите премиери треба да се уапсат на истиот принцип. Се знае дека тие даваат налог што треба и како треба да се завршат прљавите работи.
     
    На JoyJoy, Ahoy, LiquidLuna и 3 други им се допаѓа ова.
  10. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    9.039
    Допаѓања:
    220.443
    Пол:
    Женски
    Како да го гледам јадниот татко кога зборуваше за синот во Литванија? Го познаваме, како да ја гледам женава што од болка вриска и е најгласна? Кога ја знам, како да ја гледам другата мајка што плаче позади сликата а ја знам.. како да го гледам јадниот татко што на почетокот зборуваше и лелекаше со сликата или мајката со кратката коса што не престана да плаче и да ја гушка сликата? И сите други, ама кога видеш луѓе што ги знаеш? Сте пиеле кафе? Колку мајки/татковци лично знам за мајки со сите сило гребале за своите чеда за да ги исправат на прав пат.. многу сакам да кажам и да пишам.. ама не можам, многу ми е тешко, многу! ;(
     
    На JoyJoy, Amelia., 1209 и 9 други им се допаѓа ова.
  11. mKdevojce

    mKdevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    2.215
    Допаѓања:
    15.792
    .. и моментот кога новинарот од инфомакс го спречи човекот кој тргна да им плесне во фаца кои и какви беа на власт а сега глумат дека се светци.... а зошто не го стори истото кога еден од присутните ги повикуваше да излезат и пцуеше сегашниве функционери..
    Screenshot_20250429_222459_YouTube.jpg
    Кого браните бре ситни души продадени за уште поситни пари, до вчера им го лижевте г**от на вмраната сега на овие олоши, сите за во ист кош, сите видени на дело во последните 30 години. Оставете ги барем овие кутри луѓе да си ја истераат правдата без вие да се продавате на гнасните партии чие владение допринесе да се случи трагедијата. Има, многу ги има што ја користат ситуацијава за личен бенефит, се гледа од авион. Срам и арам да ви е! :puke:
     
    Последна измена: 29 април 2025 во 22:29
    На SummerGirl, eliesaab, Dekorado и 5 други им се допаѓа ова.
  12. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.712
    Допаѓања:
    128.920
    Пол:
    Женски
    Ама, за еден објект толку да поминува без вистинска дозвола, сопственикот мора да фаќа врски и до највисоките нивоа. Башка што и дел од политичариве си имаат бизниси кои можат да бидат инволвирани во функционирањето на таквите објекти. А, башка они како млади луѓе веројатно оделе на забави во такви клубови со години и одредени неправилности им биле воочливи уште тогаш (како присуство на малолетници и запаливи материјали), но немале причина да се замараат иако по логика требало да пријават некаде.
    Дури и секој премиер да нема сознанија за тоа како се давааат лажни дозволи, мора да контролира што му прават министрите и онаму каде што ќе увиди грешка да го отстрани тој човек од функцијата.
     
    На JoyJoy му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Лејди Гага

    Лејди Гага Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 март 2025
    Пораки:
    168
    Допаѓања:
    275
    Пол:
    Женски
    Колку одвратни коментари има по социјалните мрежи, стварно некои луѓе не заслужуваат пристап до фејзбук инста и слично:|

    Наводно родителите на умрениве деца не ги научиле да се тргнат ако гори пожар, не ги воспитале и ги пуштиле да акаат у ниедно време, зошто ги пуштиле во шупата демек(facepalm)
     
    На JoyJoy и eliesaab им се допаѓа ова.
  14. Waverly Raven

    Waverly Raven Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2017
    Пораки:
    3.543
    Допаѓања:
    13.484
    Пол:
    Машки
    Инфомакс се дно на дното, како уште воопшто се релевантни не знам.
     
    На SummerGirl, eliesaab и nextredstyle им се допаѓа ова.
  15. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.874
    Допаѓања:
    45.079
    Пол:
    Женски
    Треба да си гнуда од човек, да обвиниш или во уста да ставиш во негативен контекст некој кој го загубил најдрагото во ваква трагедија.
    Не ни читам, не сакам.
    Кога ќе слушнам некој како упорно запнува со тоа што ги пуштале во таа шупа.
    Како мислиш родителите одат и проверуваат децата кај излегуваат.
    И да провереле, дискотеката не беше шупа наизглед, не сме должни ние како граѓани да проверуваме кои објекти имаат дозвола за работа, ако нешто работи сметаш дека има дозвола. Некој друг требало да проверува тоа, ама тој некој не си вршел работа.

    Синот и работел 13г на црно како дџеј, ок и? Го работел тоа од љубов, од мерак, може не му било битно да е пријавен. Имаше човекот и друг сопствен бизнис, го знам, го знаев…поарен човек, на мравка не згазнал и сега некоја си смрдла на фб ќе и става сол на раната на мајка му.
    Абе ГНИДИ.
     
    На flower30, Bubce38, JoyJoy и 14 други им се допаѓа ова.
  16. autumn leaves

    autumn leaves Нов член

    Се зачлени на:
    Петок
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    46
    Тоа се оние истите личности што би рекле за девојка што е силувана - што мајка тражела у 1 по полноќ да искача, по нивна логика од дома да не искачаме, најбезбедно ќе е.
    Глуп и неемпатичен е најлошо комбо дефинитивно.
     
    На flower30, JoyJoy, TammiB5 и 5 други им се допаѓа ова.
  17. Dekorado

    Dekorado Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 август 2020
    Пораки:
    71
    Допаѓања:
    161
    Пол:
    Женски
    Проблемот е што никој од нив не излезе на протест, а никој од нив не е врзан со газда... Не може сите да не можеле. Туку продадени души проклети. Први беа да плачат по сториња, а сега нигде ги нема
     
    На flower30, JoyJoy и Aschenputtel им се допаѓа ова.
  18. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.712
    Допаѓања:
    128.920
    Пол:
    Женски
    Да не ме разбере некој погрешно. Не ги правдам.
    Но, за настапи на домашен терен зависат од политичариве и може тоа да ги кочи. Или едноставно, тие се од оние на кои не им е гајле за туѓите болки.
     
    На JoyJoy му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Dekorado

    Dekorado Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 август 2020
    Пораки:
    71
    Допаѓања:
    161
    Пол:
    Женски
    Ок, разбрано. Тогаш нека не плачат по сториња нека си ќутат. Не може со 5 поста за Кочани да собираш поени, а во реален живот да си бееееп (да се цензурирам).
     
    На flower30, JoyJoy, Thinkerbell. и 4 други им се допаѓа ова.
  20. malerozna

    malerozna Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2011
    Пораки:
    3.323
    Допаѓања:
    77.985
    Пол:
    Женски
    Стварно Инфомакс ви се криви?
    Со тоа што нон стоп се на терен, со родителите?
    Не сте нормални жими сонцето на небо (facepalm)
     
    На flower30, DS10, Bubce38 и 4 други им се допаѓа ова.