Трагедија во Кочани - најмалку 59 загинати во пожар во дискотека

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Kataklinkers, 16 март 2025.

  1. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.716
    Допаѓања:
    128.953
    Пол:
    Женски
    Па, не е дека им е жал за нив.
    Мечка е превртливо створење исто како Латас кое делува за туѓи агенди, само во обратен правец е.
     
    На Dekorado му/ѝ се допаѓа ова.
  2. malerozna

    malerozna Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2011
    Пораки:
    3.324
    Допаѓања:
    78.007
    Пол:
    Женски
    Најде со кој да го споредиш :rofl: па Латас уште е во задникот на мијалков.

    Инфомакс цело време се со родителите, на секој протест, снимаат во живо, зборуваат за тоа, споделуваат... затоа и денес побараа да влезат внатре на разговор со Тошковски, да има сведоци, во случајот ние, на лајв стрим.

    Еве вечерва споделија на инфомакс дека претставник на владата им рекол на родителите дека треба да бидат среќни што владата одвоила по 400 000 за споменици на загинатите.
    Дали мислиш дека сите зборови кои денес беа кажани од родителите на протестот се лага? Дека сега им е дојдено до политики?

    Родителите во лице им кажаа на новинарите, кај бевте досега? Зошто не дојдовте на другите протести?

    Од протестите од Кочани редовно пренесуваа Стар, Мнет и Инфомакс.
    Со саати одеа со нив по улиците.
    Кај беа телевизиите што лапаат државни пари?

    Ги исвиркаа и сдс, не се секирај.
    Згадено им е од сите партии.
    Децата од гроб нема да им излезат.
    Бараат правда од власта, оти цело време ги лажат.
    А бараат правда за сите нас, за да не се повтори.
    Оти од таа нивна корупција на вмро пола исток се исели. А оние што останаа полека ги убиваат...
     
    На sparklie, Ivan4e04, fana и 16 други им се допаѓа ова.
  3. Лејди Гага

    Лејди Гага Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 март 2025
    Пораки:
    170
    Допаѓања:
    283
    Пол:
    Женски
    Да, демек жената не треба навечер воопшто да искача инаку немало да и се деси тоа(facepalm)
    Баш сме глуп и неемпатичен народ. А истите тие луѓе што така коментираат идат после во црква и се крстат, а кажуваат толку гадни работи и озборуваат... И пишуваат гадости по социјалните мрежи:@
     
    На flower30, IvvaNeo, Sofia* и 2 други им се допаѓа ова.
  4. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.747
    Допаѓања:
    22.574
    Уф кое лицемерие да ти било на форумов.
    До некни викавте сите сме криви оти сме фаќале врски на лекар, за поправање оцена, дека ако сакаме да го опрајме системот мора секое прекршоче да го пријавуваме и казнуваме, ама сега згрозени од коментарите.
    Па мислам ако сите сме криви, ондак СИТЕ сме криви.
    И вработените од дискотеката прекршиле закон оти пуштале малолетници и им продавале алкохол, исто како вие со фаќање врски. Дали и нив ги сметате за некој што е крив оти и они се дел од тој расипан систем?
    Шетање навечер за жена не е кршење закон ама ова другово да.
    Затоа друг пат помалку серење дека ние обичните смртници сме криви. Зашто не сме.
     
    На JoyJoy му/ѝ се допаѓа ова.
  5. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.857
    Допаѓања:
    36.483
    Пол:
    Женски
    Реков јас дека ќе почнат со етикетирање на родителите.
    Цел човечки шлајм ќе излезе на површина :puke:

    Инаку за одговорност... Се бара одговорност (морална барем) од тие кои што во моментот се на власт. И не само од пониските ешалони, туку од врвот па надолу. Така што... и Мице и Панче да беа барем трошка морални и одговорни, одамна ќе поднесеа оставка.
    Ова не значи дека и минатите гарнитури не се одговорни и дека не треба да се гонат, ама... да се префрла одговорноста само на нив, а овие што сега се на власт да се прават на Тошо е идиотизам.

    Што се однесува до протестиве и зошто се загушија, најодговорни се ВМРО. Направија се, ги употребија сите расположливи сили и финти да ги загушат протестите и им успеа. Не паѓајте многу на нивните муабети дека овие биле шарени, другиве од Левица. Тоа само они го викаат, а дали е вистина е прашање? Плус, еве и да е вистина? Што ако? Вас ви игра улога кој организира или целта на протестите? Се покажа кај нас дека неорганизирани протести не опстојуваат. За жал.
     
    На Ivan4e04, elenaa0805, Снегулк@23 и 11 други им се допаѓа ова.
  6. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    20.169
    Допаѓања:
    107.227
    Пол:
    Женски
    Ау грешка си, па Стевчо беше осуден за една легализација, а камоли за одобрение.

    Како бе чоек не беше шупа наизглед, па од надвор се гледа дека е асли шупа. Самите изведувачи кажуваат, кога стигнавме до објектот бевме запрепастени кај не донеле, внатре друга приказна. Еве ти како дизајнер, сметаш дека е доволно ентериерот? Никад не би влегла таму, последно да е. Затворена врата за евакуација, свесна си дека да не била затворена друга ќе била приказната, така? Не, прво и основно е дека не било ова објект за диско и крај.

    Битно е ти дали беше, дали донираше, дали помогна некако, дали поддржа некого, дали направи нешто, не ги мисли нив. Дали со едно со две со 5 сториња нешто направиле, дали организирале концерт, дали биле на аукција или не, не е важно, важно е ти што си направил за да може да коментираш. Многу им се замарате на јавниве фаци некако, а реално како за ова што се сплотија одамна немало кај нас одговор. Од уметници, пеачи, глумци, инфлуенсери, сите нешто направија, хонорари донираа, организираат ете концерти, аукции организираат со Донирај Кочани и за воља на вистината многу се направи. Јас ги следам дечкиве од Донирај а не сториња по инста и оговарања на Твитер, доволно ми е некако. На ред се Собрание, Влада, Полиција и Суд да работат мислам дека.
     
    На nextredstyle, JoyJoy и Snowflake97 им се допаѓа ова.
  7. Thinkerbell.

    Thinkerbell. Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2020
    Пораки:
    1.323
    Допаѓања:
    2.999
    Пол:
    Женски
    1. Дискотеката е на периферија на Кочани и оделе таму навечер. Не кружеле околу диското да прават инспекција луѓето пред да влезат внатре. Тоа е нечија друга работа. Па и у парк дискотеките ко ќе ги видиш преку ден се бог да чува па сме искачале таму. Сите. Зошто толку сме знаеле. Епа исто е и овде Ангел.

    2. Ние колку и да донираме, помагаме, волонтираме, фактот дека постојат луѓе со поголемо влијание на масата од нас е неспорен. Е точно тоа влијание освен за да собираат и они донации и да прават концерти ил што и да е, треба да го искористат за да направат притисок сега врз институциите. Зошто точно и нив можеше истово да ги снајде при настап низ шупиве во Македонија. За да не треба пак да се организираат за донации, попаметно им е да се организираат сега за да не дојде пак ситуација кај што ќе треба за нова трагедија вака да се мобилизираме сите.
     
    На Ivan4e04, andromedae, flower30 и 6 други им се допаѓа ова.
  8. Dekorado

    Dekorado Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 август 2020
    Пораки:
    71
    Допаѓања:
    163
    Пол:
    Женски
    Не искачам многу по диска, ама и кога искачам никад не ми текнало да гледам во зид плафон и да барам задни врати. У диско идеш да се забавуваш и идеш веќе пијан од кафичот/кафаната пред тоа не размисливаш на тоа дали диското е безбедно за работа. Не, не бев на протестот бидејќи не сум тука, бев на првиот марш во Скопје. За донации донирав. Во Март од последни 5000 на сметка 2000 ги донирав така да ... ми се може да се дрзнам да јадам бубрези за кој сакам :)
     
    На andromedae, Sofia* и LiquidLuna им се допаѓа ова.
  9. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.857
    Допаѓања:
    36.483
    Пол:
    Женски
    Не си излегувала низ скопскиве дискотеки никогаш? Сите до една се шупи, исти како оваа од Кочани.
    Граѓаните не се должни да проверуваат дали објекот е исправен, дали има дозвола и слично. Обврска на службите кои ги плаќаме е, не е наша обврска. Симпл.
     
    На Ivan4e04, Erika.greeneyes, M.B. и 10 други им се допаѓа ова.
  10. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.874
    Допаѓања:
    45.095
    Пол:
    Женски
    @AngelOfArh глеј сега сликите на соц. мрежи се од сите страни, ние немавме опција да го видиме објектот од сите страни да се разбереме како изгледа, напред имаше врата пред тоа скали и мал дел за пушење, кое изгледаа сосем нормално, објект за кој никогаш не сме се запрашале за што бил наменет оти не ми е тоа работа.
    Има дискотеки и во поранешни хангари и во индустриски фабрики и и во дупки ама веројатно имаат регулативи за работа.
    Кочани е мал град и дикотеката беше на периферија што значи ти редовно не минуваш таму за да видиш на денско светло како изгледа, никогаш во 15 г како сум излегувала таму не сум го видела објектот на дневна светлина, а верувам и многу од луѓето кои биле таму.
    Тоа е индустриска зона и скоро и да не живее никој таму.
    Внатре не изгледаше како шупа, воопшто.
    Да сум помислила дека нема соодветен план за евакуација, сум го кажата тоа и предходно на темава, ама признавам виновна сум што не сум се замарала со тоа и не сум го сфатила сериозно.
    Не бил објектот за диско, тоа секако. Свекрва ми е шеф на урбанизам, и иако не е одговорна за ништо од овој дел тука, за дозволи за работа и слично, кажа дека сите мислеле дека објектот работи регулативно, а зошто, затоа што луѓето кои требало да го контролираат тоа рекле дека работи, со мито или што не знам. Ама ако никој не се посомневал или се посомневал а траел дека објектот нема пренамена, и не отишол да провери дали овие што треба да работат, си ја вршеле работата, зошто ние обичните граѓани би се прашувале тоа?
     
    Последна измена: 30 април 2025 во 10:20
    На H.VAGA, Ivan4e04, SiMpAtIcNaTa и 6 други им се допаѓа ова.
  11. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    4.564
    Допаѓања:
    23.557
    Пол:
    Женски
    Многу сте ми чудни кога велите дека била шупа дискотеката, а не сте биле таму. Или пак дека требало ние како гости да процениме дека просторот не е за дискотека, важи.

    Со години излегував во Пулс, најјаки забави и журки имало отсекогаш во таа дискотека. Внатре беше како спејс шатл, со ефекти, со се. Знаев дека има втора врата до бината, ама никогаш никој не излегувал од таму. Ниту па некогаш некој од нас помислил дали е безбедно, од каков материјал е кровот или било што. Едноставно одевме таму да се забавуваме, како и сите млади. Однадвор немав појма како изгледа, не ме интересирало.

    Ама отпосле сите знаеме да кажуваме како требало да биде, а гарантирам дека имало и има многу поголеми шупи од Пулс низ Мк кадешто младите излегуваат.

    Само за жал, моите сограѓани настрадаа. Во другите градови веќе се врати нормалата, и со тек на време ќе се заборави случката, ама во Кочани е многу тажно. Години ќе му требаат да се врати на она што беше. Господ да им дава сила на семејствата на настраданите и повредените.
     
    На Ivan4e04, fana, SiMpAtIcNaTa и 18 други им се допаѓа ова.
  12. Thinkerbell.

    Thinkerbell. Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2020
    Пораки:
    1.323
    Допаѓања:
    2.999
    Пол:
    Женски
    Да бројче, ама тоа сега на сите ни текнува откако се случи ова.
    Сега ко ќе ми текне у какви дупки сме искачале, напикани, по гужви, малце така језиво е. Ама не било моја работа на 17,18 години јас тоа да го мислам. Мое било да живеам младост. Некој друг требало да знае дали тој објект таа младост некому ќе му ја земе.
     
    На Mumoftwo30, Snowflake97, LiquidLuna и 5 други им се допаѓа ова.
  13. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    20.169
    Допаѓања:
    107.227
    Пол:
    Женски
    Кој објект изгледа вака? Зборам од дискотеки, со волку низок плафон и салонит покрив? Ниеден од тие во кои сум одела јас. Ако биле во подрум, не значи дека не биле со соодветни услови.

    Можеби бидејќи сите ја гледаме сликата сега од надвор, па изгледа така, не велам не, ама мене тоа не ми е објект за диско. Во мојот град диското е огромно, сега е концертна сала, порано беше диско, со шанкови, со DJ кабина, со бина огромна, со огромни врати и стварно изгледаше топ. Не сум диско тип, тие неколку што сум ги посетила изгледале многу подобро од ова.

    Факт дека не треба да се замараат децата со тоа дали е или не е безбедно, дали има услови или не, ама кога одам некаде јас лично стварно размислувам на безбедноста, каде ќе застанам, исто како што внимавам што пијам или она старите што викаа “да не ти стават нешто во пијачката“. Ама тоа сум јас и не се сите такви нажалост. Таа вечер и внук мој бил таму, излегол порано бидејќи ќе имало рација а он 14г, јас стварно не знам со кој памет отишол ама ете мајка му го пуштила, од Гевгелија до Кочани со другари со кола, како стигнале не знам, како не ги сопрела полиција. Не е дека обвинувам некој што не е виновен, никако, децата треба и мора да имаат живот и младост, без тоа многу работи се поинакви, се губи многу од самодоверба и општо вештини за животот. Единствени виновни реков кои се, законодавната и извршната власт, оние кои дале дозвола и оние кои не го исконтролирале тоа. Мене изминатиот месец ми дојдоа 3 инспекции, зошто не сум и одговорила на една бабичка за 5 дена, чекала 14, ме испрашуваа како да сум на суд. Ама нажалост сите знаеме како изгледа инспекција во малите места, сите знаеме како изгледаат процедурите во малите места. Вчера тетка ми ми кажува во Гевгелија сеуште има жени кои работат на црно и зимаат под минималец во конфекциите, ја прашувам Зошто не пријават, Џабе ќе пријавиме, ништо нема да биде, А сте пријавиле ли? Не, ама знаеме ние... И си вика после ако си отидам од тука кај ќе одам после, ај поарно ќе работам и ќе молчам. Зачаран круг!
     
    На 1209 и JoyJoy им се допаѓа ова.
  14. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    5.225
    Допаѓања:
    34.804
    Пол:
    Женски
    Еве и пред 13 години во Кочани знаеле кој е мафија. Ама ги игнотирале сите колективно: https://antropol.mk/2025/04/30/majk...riraa-deneska-nemase-da-placeme-za-ovie-deca/

    А тие што го браните ВМРО за вас посебен круг во пеколот треба да има. За оваа трагедија се знае кој е виновен. Не е некој од ДУИ од пред 12 години Министер. Мачкање очи. Не релативизирајте. Во моментоц за сите глупости се криви само тие што се на власт. Имале скоро година дена да ја оправат работата, ама не ја оправиле. Зашто не се дојдени на власт да ја оправат туку само тие да се богатат. А народот е глуп и им верува дека се спасители само затоа што "името не го даваме". Празни флоскули за да се тапка во место односно да се цраќаме назад со стандарди зашто само ако сме потполно изолирани од светот ќе може на раат да крадат и убиваат и да поминат неказнети. Во меѓувреме Албанија ќе оди сто напред од нас. Ама ние битно со сите соседи ќе сме скарани. Тоа е најбитно. И да државата ќе гние одвнатре а ние ќе се чукаме во гради како сме патриоти. Никиј побогу не знае дека патриот не е оној што сака меѓународно изолирана, прљава, корумпирана држава. Вистинскиот патриот се труди да оди напред се во државата. Вака само гниеме.
     
    На M.B., malerozna, Ahoy и 5 други им се допаѓа ова.
  15. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.874
    Допаѓања:
    45.095
    Пол:
    Женски
    Јас пријавив еднаш кај мајка ми во конфекција дека не даваат одмор повеќе од недела, и не е за џабе, отиде инспекција од СК, и. после тоа магично ги даваа сите денови од одмор. Ама луѓето се плашат да пријават, мајка ми не ми збореше една недела кога и кажав дека јас ја пратив инспекцијата иако беше анонимно не разбира.
    Така да треба да де пријавува што и да мислиме, ама народот е навикнат да молчи за жал, особено во мали места…не знам дали скоро време ќе се смени тој менталитет.
    Ете кај мене газдарицата пуши внатре во канцеларија моментално, веќе кажав неколку пати дека имам проблем со здравјето и не ме ферма, се ми смрди на цигари, странките влегуваат у магла, без осет. Ама и јас не можам да пријавам сега оти не сум во можност да загубам работа…
    Надвор од темава малце, ама поентата е дека и некој да знаел не пријавил ете од страв.
    А инаку за Кочани оваа дискотека беше топ, имаме и летна дискотека која иако е надвор е бетер, ама пак сите сме оделе…
     
    На H.VAGA, Mumoftwo30, SummerGirl и 4 други им се допаѓа ова.
  16. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.857
    Допаѓања:
    36.483
    Пол:
    Женски
    Апсолутно значи!!! Сакаш да ми кажеш дека Мусандра има/ше услови? Со тесните скалички? Недај боже пожар таму, живи ќе изгорат сите! Маракана такоЃе. Во парк дискотеките цели пластика се/беа. Одамна не сум излегла по дискотекиве, ама генералната слика е таа. Не верувам нешто да е подобрено низ годиниве.
    Ти ги мешаш работите! Ако ти знаеш што е несоодветен материјал, 99,9% од народов не знае, бидејќи не му е работа да знае. Постојат служби кои треба да се грижат и да знаат.
     
    Последна измена: 30 април 2025 во 11:11
    На Ivan4e04, TammiB5, vitamina и 8 други им се допаѓа ова.
  17. LiquidLuna

    LiquidLuna Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    5.773
    Допаѓања:
    27.372
    Пол:
    Женски
    @AngelOfArh Сори ама не се согласувам
    Инфлуенсерите да, собраа пари, прават концерти се супер ама кај се на маршовите? Јас со моите 3 сториња ќе допрам до 60тина луѓе, они со 1 ќе бапнат 1к ко ништо. Епа дај нека се активираат малку. Нивни колеги загинаа, а скраја да е, значи да не се повтори ама и они пеат по клубови и дискотеки. Утре и моето и твоето дете ќе почнат да одат, треба да се воведе некој ред ваљда и норми на градење и оддржување на објекти.
    Друго шо не се согласувам е дека сите треба да гледаме кај одиме. Абе ја сум сметководител, не градежен инспектор. Колку и да се разбирам, и да сакам еве да седнам да научам да препознаам небезбеден објект, факт е дека има некој шо е платен од државните даноци за тоа да го провери наместо мене. Симпл е.
    Секој месец двојам 22.000 денари минимум од мојата плата за тој некој да земе плата од 100 души како мене и да каже Да дечки, тоа е безбедно, идите журкајте се. Па сакам тој некој да си ја заврши работата за да не плачам јас утре на плоштад
     
    На Ivan4e04, M.B., Ahoy и 11 други им се допаѓа ова.
  18. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.716
    Допаѓања:
    128.953
    Пол:
    Женски
    Институциите мора да преземат мерки, но...
    Мора и од домашните да се подучат помладите генерации што е потенцијална опасност дома и надвор од дома оти не се знае кога може нешто да ги снајде.
    А и онака на малотниците не треба да им се дозволува забава на исто ниво како на полнолетните. Со причина си постојат законите кои ги ограничуваат.
    Ако од помала возраст се подучени и како поголеми ќе знаат што не чини и каде да бараат промени.
    Не можеме од други да бараме одговорно однесување и постапување ако и самите го немаме.
     
    На SummerGirl и ija им се допаѓа ова.
  19. Iva:)

    Iva:) Популарен член

    Се зачлени на:
    9 април 2016
    Пораки:
    794
    Допаѓања:
    2.038
    Пол:
    Женски
    Се трудам да не реплицирам зошто нема сврха да се разгорува дискусијава и особено за да не се избега од суштината на проблемот. Ама морав на вакво "констатирање". Во ист кош, т.е.за во 9 круг од пеколот се сите што некого бранат и релативизираат. Како може да не е крив Дуи? Прослветлиме те молам зошто не се? Нивниот министер пред 3 години издал важечка дозвола за работа на "дисково" без да исполни ниту еден услов за тоа. Некој и пред 2 години му издал фалсификувана дозвола во неговото министерување. Крив е тој што е на власт и подеднакво се криви сите што биле овие 13 години на власт (и локална и централна на сите нивоа) а власта се менуваше 3 пати, сите замижувале до еден.
     
    На Dominodancing, happygirl, Sofia* и 5 други им се допаѓа ова.
  20. Iva:)

    Iva:) Популарен член

    Се зачлени на:
    9 април 2016
    Пораки:
    794
    Допаѓања:
    2.038
    Пол:
    Женски
    Од морални причини требаше и мораше да има оставки.
    Вмро ги угуши многу лесно протестите и тоа треба да е за памет друг пат да бидат непартиски.
    На протестите пак ќе си го кажам своето мислење требаше колективно да ги избркаме партиските војници. како што студентите во Србија ги избркаа и обрукаа опозиционерите Мариника и некои други, буквално ги измаршираа од протестите и ги маргинализираа. Резултатот студентите имаат свои листи и своја програма за наредните избори подржани со деканите на факултетите и водат на сите анкети по популарноста и ќе победат со оглед на тоа што ги гледаат како спасители. Тотално ги надминаа двете партии по подршката. Значи можно е и треба да имаме верба, верувам Вмро и Сдс не посакуваат таков епилог и не им одговара, многу им е полесно да владеат во двопартиски систем.
     
    На JoyJoy му/ѝ се допаѓа ова.