Трагедија во Кочани - најмалку 59 загинати во пожар во дискотека

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Kataklinkers, 16 март 2025.

  1. Thinkerbell.

    Thinkerbell. Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2020
    Пораки:
    1.346
    Допаѓања:
    3.105
    Пол:
    Женски
    Двопартиски и многу многу здружен и сложен кога се во прашање пари :)
    Наши пари... за жал.
     
    На JoyJoy, Dentina и Iva:) им се допаѓа ова.
  2. Снегулк@23

    Снегулк@23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2020
    Пораки:
    3.151
    Допаѓања:
    4.471
    Пол:
    Женски
    Ние не сме народ!!!! Кога се крена цела Србија за 16 загинати нашиве инфлуенСЕРИ и така наречени јавни личности се отепаа од шерување на тие снимки со дронови, демек браво вака треба аууу, а сега кај нас кога катастрофата е од невиддни размери преку 60 загинати и преку 150 повредени кои за жал ќе бидат со трајни последици и инвалидитети, никој не повика на марш за Скипје што беше вчера!!! Скопјани потфрливте вчера, требаше да има масовност на родителите им треба поддршка и секој од нас можеше и може да биде на истотот место
     
    На happygirl, DS10, Ivan4e04 и 13 други им се допаѓа ова.
  3. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    5.270
    Допаѓања:
    35.219
    Пол:
    Женски
    @Iva:) тој од пред 12 или 3 години требало да го фатат и судат лани. Пред да дојде до ова. Ако нежаа договор да не се гонаѕ меѓу себе до ова можеби емаше да дојде. Сега не може тој да биде крив од пред 12 години а овој од сега да се кочопери ко паун и да кажува на ужалените родители дека неговите деца плачеле дома. Како не му е срам. Како не им е на сите срам.
    Нека е виновен и тој од пред 12 години и тој од пред 3 ама нека е виновен и овој сега. Се друго е тотална глупост за замајување народ. Знам дека те боли и ти прва рипаш да браниш, ама стварно не треба да ги браниш. Не заслужиле.
     
    На happygirl, Tanjamm, Sofia* и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Снегулк@23

    Снегулк@23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2020
    Пораки:
    3.151
    Допаѓања:
    4.471
    Пол:
    Женски
    Така е, да се случело ова во било кое диско во скопје бетер би било повеќе од пола се во подруми напикани. Не може ние како граѓани да се замараме дали бусов кај што ќе влезам има ли лиценца и кочници, си има одговорни и надлежни за тоа
     
    На JoyJoy и Sofia* им се допаѓа ова.
  5. Iva:)

    Iva:) Популарен член

    Се зачлени на:
    9 април 2016
    Пораки:
    1.029
    Допаѓања:
    2.494
    Пол:
    Женски
    Ти пиша цитирам "за сите глупости се криви само тие што се на власт" и "се знае кој е виновен. Не е некој од ДУИ од пред 12 години Министер", па ако тоа не е зазимање страна и бранење, не знам што е. Деца беа убиени, цела генерација замина, пола град е завиен во црно, како немате усул и влегувате во партиски препукувања не ми е јасно.
    Фала ти што ме таргетираше, најлесно е кога си без аргумент да таргетираш други и кога браниш партија без срам да обвиниш други за тоа иако нема апсолутно никаков елемент за да го докажеш тоа . Тоа е ниско ниво на дискусија и комуникација. Еве уште еднаш тоа што не е популарно и ве боли ама да си кажам: сите функционери на сите нивоа (локално и централно) во последниве 13 години подеднакво се криви и од Дуи и Вмро и Сдс и сите треба да одговараат.
    Овде на фемина доаѓам од револт или да разменам мислење за некоја ситуација. Не можам да разберам дека доаѓаат луѓе на форум за да бранат поедничени партии - еј Дуи не бил крив а нивен министер издал лиценца на Пулс пред 3 години. И понатаму ќе останам на темава за да не издоминирате со вашите агенди.
     
    На le.soleil му/ѝ се допаѓа ова.
  6. rainbowec

    rainbowec Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    951
    Допаѓања:
    6.481
    Пол:
    Женски
    УЈП дозволила да му застари казната на газдата на „Пулс“, зашто не издавал фискални сметки
    Управата за јавни приходи му дозволила на Дејан Јованов Деко, сопственик на дискотеката „Пулс“ да избегне плаќање на прекршочна глоба на начин што повеќе од 6 години му ја чувале во фиока и дозволиле да застари. Прекршокот бил констатиран во неговата фирма „Класик ДМ ДОО“ Кочани на 25 октомври 2013 година.
    Тие од засега мистериозни причини, дури 6 години од 2013 до 2019 година не ја завршиле прекршочната постапка. Со ова казната практично застарела а Дејан Јованов - Деко успеал тоа да го докаже пред Управниот суд и да плати само 1200 денари судски такси. Во периодот од 2013 до 2019 година Управата за јавни приходи ја водеа кадри и од ВМРО-ДПМНЕ и од СДСМ, а Комисијата за прекршоци во Управата за јавни приходи составена меѓу другото и од правници не успеала да ја спроведе ниту прекршочната санкција која всушност претставува парична глоба од неколку стотини евра зависно од големината на фирмата.



    https://www.slobodenpecat.mk/ujp-do...ta-na-puls-zashto-ne-izdaval-fiskalni-smetki/
     
    На JoyJoy, Thinkerbell. и Mumoftwo30 им се допаѓа ова.
  7. Waverly Raven

    Waverly Raven Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2017
    Пораки:
    3.639
    Допаѓања:
    13.833
    Пол:
    Машки
    Ете и хипотетички да имаше оставки, тоа не значи одговорност! Мора да се разграничат овие два поими, а воедно да се разбере СУШТИНАТА на зборот ОДГОВОРНОСТ.

    Едни ќе заминат, други ќе дојдат, исто партиски, со истите партиски размислувања и од нив очекувате да постапат поразлично!?

    Ова е проблем кој, за жал, не се решава од денес за утре, ниту за 1 месец, ниту за 1 година. Ова е проблем за кој треба суштинска промена во менталитетот на народот, бидејќи политичарите од кои барате оставка, не се изгласале самите, туку некој излегол и ги гласал! Тие шо ги гласале, многу свесно, да свесно знаеле и знаат кој и кого гласаат и зошто! Оти сите нешто очекуваат за возврат - врски, ургенции, работни места итн. Значи целокупниот склоп на размилсување на народот е ПОГРЕШЕН. Од тоа не се бега и за жал секојдневно ги гледаме последиците.
     
    На butterfly_91, Gosh, H.VAGA и 6 други им се допаѓа ова.
  8. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    5.270
    Допаѓања:
    35.219
    Пол:
    Женски
    @Iva:) да тоа што се случува во моментов е вина на тој што е на власт. А потоа а некои претходни. И ако одиме до 2012 пак се истиве на власт тогаш. Ама еве јас бранам партија а ти не.
     
  9. Iva:)

    Iva:) Популарен член

    Се зачлени на:
    9 април 2016
    Пораки:
    1.029
    Допаѓања:
    2.494
    Пол:
    Женски
    Се однервирав додека бев на работа, само ме погоди прееска кога рече дека Дуи не се криви. Иначе стои дека не може сегашниот на Дпи, Ујп и Мин.за економија да не се осомничени.
     
    На JoyJoy му/ѝ се допаѓа ова.
  10. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    9.130
    Допаѓања:
    221.363
    Пол:
    Женски
    Се правиме паднати од небо де, демек никој не излегувал/не бил како млад по некои си таканаречени “шупи” само Кочани е ахам, да, сестрами петокот пред следната сабота да се случи била во станица во скопје на днк и кажа дека истото било како во Кочани, шупа.
    Секој еден од нас бил на такво место некогаш, се правиме сите сега симнати од лас вегас .. ау бу ко да не знаеме каде си живееме..
    И јас сум излегувала на времето во лесно запаливи кафичи со “отровни греди” одозгоре и сите други, па и нашите родители.
    Државата ни е таква каква што ни е со шупи со рупи со све и боже не знаеме ќе се праиме од марс.
    И да, сите јаки на тестатури се дома, никој никаде не излезе рамо до рамо со родителите каде што притоа зборуваат дека се борат за да не се случи одново Кочани.
    Све убаво им кажаа, ние простата провинцијалска раја фала ви што барем некој излезе да не удостои со некој одговор, ние сме ви само проста раја за избори да ве гласаме и ништо друго, се слушав и им се поклонувам што се кажаа, се. И требаше да кажат. Некој веќе требаше да каже конечно се.
    Али за жал кој знае дали нешто ќе се смени..
    Ниту се сменило некад.
    Али ете барем тронка надеж се тешам дека конечно некој излезе/ некои и кажаа се на место од а до ш без перде на јазик без страв.
    Многу од нив нема што повеќе да загубат за жал.. и стварно, навистина се е џабе нема никои пари и ништо на свет да им ги вратат децата назад.
    Многу ни е тажен и трагедичен животот.
    Додека во некои држави постоело мерило за среќа?!
    Што беше тоа.
     
    На Miss666, DS10, Ivan4e04 и 13 други им се допаѓа ова.
  11. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    9.130
    Допаѓања:
    221.363
    Пол:
    Женски
    Уште ова, ние што сакаме и што не можеме да дојдеме сме баш и ради се ова иселени со години уназад, а боли толку боли, боли кога ги знаеш сите тие души и кога ги слушаш нивните крици, некој ќе протестира и ќе вика и да, ќе си каже се нема што да загуби а другиот е заминат баш ради тоа во странство.
    Се сеќавате на мајката на Пино што детето дојде во Мк и беше брутално убиено?
    Женава 5 коски си најде од детето бо некоја напуштена планина и јадната од без гнев болка и се и што сфати дека некој не ја слушна 5 те коски си ги зеде во Рим и си ги погреба таму, нормално, зошто би се вратила во Мк?
    Траор, хорор и трагедија е мал збор.
    А политичариве мислам дека сите граници ги претераа ама сите до една.
    Народот веќе е стигнато да излезе и да суди, народот, нема друг спас.
    И да, ако има протести ако го има народот кога ќе бидам таму со нив ќе бидам.
    Толку сум гневнаи огорчена што нема Г од граница ни С од срам ни О осет. А за Закони па ни буквава не ја спомнувам дека ја има.
     
    На Miss666, DS10, Ivan4e04 и 12 други им се допаѓа ова.
  12. Erika.greeneyes

    Erika.greeneyes Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2016
    Пораки:
    4.458
    Допаѓања:
    8.401
    Пол:
    Женски
    Значи денес слушам еден човек што е партиски определен. Си правеше муабет за случајов во кочани. И пазете добро цитирам рече "Што е крив газдата за сето ова. Криви се од бендот, и сега уште велат Панчо во болница само за да не го обвинат."
    Добро зарем може бе до толку партија да те направи слеп?
    Никогаш нема да се опраи државата поради вакви испрани мозоци.
    Уште се чудам на размислувањата.
     
    На Nausicaa, Liky, elenaa0805 и 14 други им се допаѓа ова.
  13. Viveki

    Viveki Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2022
    Пораки:
    1.488
    Допаѓања:
    10.506
    Пол:
    Женски
    Не, ова е ниска интелигенција.
     
    На Stark, JoyJoy, DS10 и 3 други им се допаѓа ова.
  14. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.909
    Допаѓања:
    36.734
    Пол:
    Женски
    Па, исто ти се фаќа. 90% од партискиве потрчковци се нискоинтелигентни. Кој со здрав разум и висока интелигенција би се влечкал по штабови и би го слушал Зајко, Мицко, Грујо и остали?! |(
     
    На elenaa0805, Miss666, JoyJoy и 15 други им се допаѓа ова.
  15. Снегулк@23

    Снегулк@23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2020
    Пораки:
    3.151
    Допаѓања:
    4.471
    Пол:
    Женски
    Луѓево што се прават за партија се без памет и неспособни, чекаат вработување за минималец
     
    На JoyJoy, butterfly_91 и Лејди Гага им се допаѓа ова.
  16. Viveki

    Viveki Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2022
    Пораки:
    1.488
    Допаѓања:
    10.506
    Пол:
    Женски
    Да уствари. :puke:
     
    На JoyJoy и An-na им се допаѓа ова.
  17. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    9.130
    Допаѓања:
    221.363
    Пол:
    Женски
    Јас во ова не верував се додека не си видов една блиска роднина како цела недела одеше у сред лето по куќите грото на пензионерите и им даваше де пенкалце де маиче де тетратче од вмро(небитно може да е и сдс) и не верував и ја видов на лице место слушнав и се згрозив од вистината ..:|
    И уште при очи не ми се верува еј?!
    Еден пријател раскажуваше дека отишол во авганистан 6 месеци се со цел да собере 7000 евра за да си го плати работното место, така и бидна, после 3/4 години го нападија на улица.:|
    Срам и арам ми е да пишувам за ова не па друго. :whew:
     
    На elenaa0805, JoyJoy, DS10 и 6 други им се допаѓа ова.
  18. Цвет88

    Цвет88 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 март 2017
    Пораки:
    4.397
    Допаѓања:
    22.643
    Пол:
    Женски
    Оној момент кога ги видов со автобусите пред зграда, пошто кај мене на улица сите автобуси се испопаркирани, па како со списоци ги проверуваат кој дошол, и не не смеат да идат со свое возило, мораат со бус.
    Ама јбг така кажале од партија.
    И да, ова е практика кај сите, не само кај едни одредени.
    Е затоа немам доберба во никој од нив.
    И за жал ниту во едните ниту во другите гледам помало зло.
    Така да, се што прават е замачкување очи, а плукање само овој оној крив а не се превзема ништо за мене е само колку они меѓу себе да се навредат и кажат кој колку полошо направил.
    Сите имаа шанса, ама сите ја заебаа.
    Толку
     
    На Miss666, JoyJoy, flower30 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    9.130
    Допаѓања:
    221.363
    Пол:
    Женски
    Погоре мојот пост и твојот пост се резултатот на Кочани, Модуларна, автобусите итн.. ги има многу и помали и поголеми несреќи што болката е еднаква.
    За сите нив народот е бројка, бројка важна само за избори, ништо друго.
    Себичноста, алчноста .. не изгоре живи, многу осакати за века, останатите се во странство…
     
    На JoyJoy и Цвет88 им се допаѓа ова.
  20. Iva:)

    Iva:) Популарен член

    Се зачлени на:
    9 април 2016
    Пораки:
    1.029
    Допаѓања:
    2.494
    Пол:
    Женски
    Вие мислите навистина имаат политичарите совест? Јас ни трунка совест не гледам во нив. Не само совест туку ни жал немаат, ниту еден од нив не дојде на аукција, до толку имаат допир со реалноста. Јас оформив мислење уште за погребот на Тоше кога сите политичари беа нацртани таму и како шприцер ладни ниту еден не пушти солза додека ние се гушевме од плачење.
    И не само тие карактеристики туку згора на се се арогантни и умислени, погледнете само колку се силни онаа богаташкана Дафина и Бранче, толку лигави и одвратни суштества немам видено. Кај делуваат просто туку и секоја изјава секој потег им зрачи со надменост, закана и потсмев.
    Во врска со луѓево што одат во партии, тоа се воглавно над 45 год.за мене во мнозинство да не генерализирам тоа се промашени генерации, научени да ќутат, трпат, на немаштија или имање малку, секогаш со "мудрости" ќути има полошо, имаат свои политички идоли, сакаат државна работа. Тој профил на луѓе исчезнува во помладата генерација, не се замараат за партија, нема шанси да дремат по штабови за да се вработат за плата 25-30К, секогаш бараат повеќе и подобро, не трпат газење и знаат да се ценат. Ене низ град се гледа колку од нив возат за Волт и Корпа и зимаат и до 5-6000 на ден за тоа наместо да чмаат по општини и министерства каде некој бумер ќе им глуми авторитет. Бев периодов до некои институции за документи - социјално, суд сл.не видов еден помлад, се беа околу 50 и погоре. За некоја година ќе молат млади да запослуваат државно. Јас сум убедена дека младиве и до 35 год.се поинакви и способни и ќе се сменат многу работи како резултат на тоа. Партиски војници амеби секогаш ќе има но на тие се гледа со потсмев во последно време.
     
    На Dekorado, JoyJoy, macysh и 4 други им се допаѓа ова.