Трагедија во Кочани - најмалку 59 загинати во пожар во дискотека

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Kataklinkers, 16 март 2025.

  1. Iva:)

    Iva:) Популарен член

    Се зачлени на:
    9 април 2016
    Пораки:
    864
    Допаѓања:
    2.179
    Пол:
    Женски
    Супер се дечките од Супорт Кочани, секоја чест за нив. Штом имаат дозвола од фамилиите треба да се покаже. Тоа е реалноста за еден цел град за која не смее да се заборави. По вина на државата 60 починаа а 200 млади ќе останат инвалиди за цел живот, ништо нема да ни биде на нас ако ги видиме последиците, а дечињата виделе свашта по тик токови и јутуби, сведоштва од сведоците и некој слика од раните нема да ги исплаши сигурно.
     
    На Karamela12, Biljarkata, MB993 и 13 други им се допаѓа ова.
  2. Malesia

    Malesia Популарен член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    1.736
    Допаѓања:
    3.407
    Пол:
    Женски
    Јасно ми е што зборувате и во ред е, меѓутоа вака се шири омрза. Сепак другите двеста инволвирани виновници во случајот се нивните сограѓани, во круг се нивните роднини и пријатели. Ова треба да допре до главните.
     
  3. Thinkerbell.

    Thinkerbell. Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2020
    Пораки:
    1.334
    Допаѓања:
    3.042
    Пол:
    Женски
    Тие истите семејства што велиш дека треба да ги оставиме да тагуваат, излегуваат на марш секоја сабота и бараат правда за своите деца. На тие семејства не им треба да ги оставиме, напротив, да им се даде подршка.

    Се шири омраза? Со слики од повредените? Како, и кон кого? Ако се шири омраза кон тие кои се одговорни за ова - одлично. Така и треба.
     
    На Karamela12, emiliana, st-el и 10 други им се допаѓа ова.
  4. Snowflake97

    Snowflake97 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2018
    Пораки:
    2.304
    Допаѓања:
    9.333
    Пол:
    Женски
    За што да се шири омраза?
    Реалноста е таа, и сите треба да се соочиме со нејзе, колку и да не сакаме да ја прифатиме.
    Животот на тие 200 души после оваа трагедија нема воопшто да биде лесен пат, и они секој ден ќе се соочуваат со таа реалност, нивните сограѓани исто секојдневно ќе бидат во контакт со повредените и ќе ги гледаат нивните рани од изгорениците.
    Јас баш сметам дека треба да се покажат тие рани и сите треба да ги видат, а на главните во собрание и дома да им ги закачат и урамат тие слики, плус сликите од починатите деца, секој ден до крајот на животот да ги гледаат, да видат што направиле со нивната алчност за пари.
    И на овие сега, и на претходните што ја воделе државата.
     
    На Karamela12, emiliana, Tanjamm и 6 други им се допаѓа ова.
  5. Dominodancing

    Dominodancing Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2024
    Пораки:
    628
    Допаѓања:
    1.542
    Пол:
    Машки
    Сеа гледај какво племе сме ние, ПЛЕМЕ а не народ,и нема што да се лутиме на Бугарите, Албанците овие оние.Градоначалникот сака да стави ред и сите потенцијални темпирани бомби таканаречени пицерии угостителски објекти во Трговски центар блок А да се срушат, бидејќи се готви на плин на ова на она со кујни и лесно запалива материја,и доколку дојде до пожар ,противпожарната бригада НЕМА од каде да пристапи.Тие се во центарот на втори спрат од главните згради во градот.Затоа треба да се срушат бидејки со мито си ги придадоа и изградија тераси за пуста пара повеке гости да соберат,ван законски норми секако.И сега сакаме од една страна Европа сакаме да сме како Франкфурт како Валенсија како Неапол ,ама кога треба да ги спроведеме нивните закони тогаш не сакаме,сакаме да градиме на диво и да подмитуваме за наша лична корист.Иди гради колку сакаш и придавај во Германија Шпанија Јапонија да видеме дали ке ти дозволат. Не им е гајле ни за безбедноста ни ништо на гостите.Срамота од народ
     
    На Tanjamm и Malesia им се допаѓа ова.
  6. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.869
    Допаѓања:
    36.571
    Пол:
    Женски
    Семејствата не сакаат да бидат оставени!!! Сакаат да не се заборави ова!!! Зошто инаку, при сета таа болка протестираат?!
    Верувам дека на повеќето политички структури и нивните потрчковци им одговара да се заборави ова и направија се за да се заташка случајов колку може!!! Затоа и протестираат семејствата!!! Затоа и не треба да оставиме!!!
     
    На Karamela12, Biljarkata, emiliana и 13 други им се допаѓа ова.
  7. LiquidLuna

    LiquidLuna Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    5.836
    Допаѓања:
    27.802
    Пол:
    Женски
    Какво оставање на семејствата бе луѓе што ви е? Ај ако не сите сам по сам да си протестираме за нешто шо ни смета (facepalm)
    Треба се да се види за да се потсетуваме секој ебен ден шо се деси.
     
    На Karamela12, emiliana, rainbowec и 3 други им се допаѓа ова.
  8. Iva:)

    Iva:) Популарен член

    Се зачлени на:
    9 април 2016
    Пораки:
    864
    Допаѓања:
    2.179
    Пол:
    Женски
    Семејствата на загинатите побараа да не ги снимаат во најтешките моменти со камера во лице да им се внесуваат и се испочитува.

    Семејствата на повредените и осакатени деца бараат да се покаже реалната слика и да се збори за трагедијата.

    Сведоците што биле таму сакаат да зборат за да не се заборави на тоа што се случи и да стане кабелот крив.

    Сите заедно протестираат и бараат правда и одговорните да лежат затвор.

    Секоја одлука и акција на засегнатите семејства треба да се подржи.
     
    На Biljarkata, emiliana, rainbowec и 5 други им се допаѓа ова.
  9. Malesia

    Malesia Популарен член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    1.736
    Допаѓања:
    3.407
    Пол:
    Женски
    Да бидат оставени да си тагуваат, потсетувањето и гледањето на изгорено не знам што добро им носи. А не реков да се заборави, самосвесноста ни е на најниско ниво.
     
  10. Снегулк@23

    Снегулк@23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2020
    Пораки:
    3.109
    Допаѓања:
    4.402
    Пол:
    Женски
    Прежално е, и тоа кажуваат дека тие што се објавени се со најмали изгореници... стварно државава нека направи нешто за луѓево
     
    На Snowflake97 и Malesia им се допаѓа ова.
  11. rainbowec

    rainbowec Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    941
    Допаѓања:
    6.380
    Пол:
    Женски
    Support Kocani има поклон до земја од мене :l::clap: секоја чест!
    Екипата секојдневно се труди, вложува време и ресурси за на било каков начин да помогне на повредените и на засегнатите семејства. Набавуваат медицинска опрема, компресивна облека итн. и НЕ ПРЕСТАНУВААТ да зборуваат, известуваат и да наоѓаат начини како уште повеќе да придонесат.
    Не заборавајте дека и тие се од Кочани и се што прават, прават од срце за своите сограѓани.

    Реалноста за жал е таа, преболна и трагична и баш за да не се заборави треба да се прави притисок и да се покаже реалната состојба. Сликите се вознемирувачки, точно, но верувам дека се објавени со согласност од повредените, и се објавени со ПРИЧИНА за да станеме свесни за тоа колку е СЕРИОЗНА ситуацијата.
    Ако не можете или не сакате да ги гледате не морате, имате опција да го скипнете тоа или да ги одследите.

    Јас не можам да се натерам да го гледам видеото кај Ландов, душата ќе ми се искине, ќе ме сотре бидејќи сум голем емпат и премногу силно ги чувствувам емоциите. Ме боли и ќе ме боли како за свој близок да зборуваат, како им е на кутрите родители, роднини, пријатели не можам ни да замислам.
    Баш заради тие родители НЕ СМЕЕМЕ да заборавиме, НЕ СМЕЕМЕ да ги оставиме на милост и немилост сами да се борат за правда бидејќи за жал само тоа им останува. :u:

    Се срамам од нас како народ, како општество, како држава колку многу потфрливме. Се срамам што не отидов да ги поддржам кога дојдоа да протестираат во Скопје но бев на работа (иако тоа не е изговор). Се срамам и разочарана сум што луѓето се поделени а не сплотени, што меѓу нас владее толку многу омраза, себичност и алчност и поради тоа се случуваат вакви трагедии.

    НЕ СМЕЕ ДА СЕ ЗАБОРАВИ!
     
    На azelea, emiliana, Malesia и 10 други им се допаѓа ова.
  12. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    9.101
    Допаѓања:
    221.037
    Пол:
    Женски
    Семејствата сакаат да зборуваат јавно, има секакво одобрение од семејствата за се едно што се прикажува на супорт кочани, не сакаат да се заборави и сметаат дека веќе полека стивнува и се заборава за жал.
    Тие реагираат, одат по вратите и се борат, зборуваат јавно единственото нешто што ги одржува во животот е отвореното зборување и очекување на правда.
     
    На wendy2, SummerGirl, emiliana и 4 други им се допаѓа ова.
  13. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.497
    Допаѓања:
    13.754
    Една жена прееска, мајка зборуваше за тоа како со солзи во очи и со емпатија Србите ги пречекале. Кај нас тоа го немало. Србија, таа Србија што 100 пати и забивме нож во грб, како класични безбретни дилетанти, без карактер, став, визија, ред, поредок.
     
    На wendy2, Снегулк@23, Dominodancing и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. Malesia

    Malesia Популарен член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    1.736
    Допаѓања:
    3.407
    Пол:
    Женски
    Еве кај нас се случи ВМРО не ни гласаше за закон за донации за трагедијава.
     
    На wendy2, Sofia*, Снегулк@23 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.497
    Допаѓања:
    13.754
    Цело време зборуваме дека Арачиновци се племе на пример, оти не почитуваат закони, не плаќаат струја, даноци, а овие во Кочани, што не издаваат фискални, што не сакаат сега да отстранат тераси, не се племе? Дури се и бетер од Арачиновци. Арачиновци одамна се имаат изјаснето која им е визијата и дека оваа држава не ја гледаат како своја и крај, ги интересира Косово, Албанија и точка. Тие во Источна, што ги интересира? Ако не се лојални на матичната држава, а друга немаат, што да се каже повеќе? Самите дела покажуваат кој колку вреди, не продавање на ветер и магла. А ние само ветер и магла продаваме. Македонија не изменаџира ништо, ич ништо, изменаџираа тие што се хумани и цивилизирани и што личат на нешто, на нормален свет, од ЕУ до Израел.
     
  16. IwyMe

    IwyMe Активен член

    Се зачлени на:
    25 септември 2023
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    36
    Пол:
    Женски
    Срамота! Дали воопшто има некаков план како ќе се помогне на настраданите?
     
    На Sofia*, Снегулк@23 и Malesia им се допаѓа ова.
  17. Dominodancing

    Dominodancing Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2024
    Пораки:
    628
    Допаѓања:
    1.542
    Пол:
    Машки
    Колку пати Бугарите ни помагаа во пожари,сега со диското,даруваа крв,организираа пријателски натпревар на Бугарски и наши фудбалски легенди со парите за донации и многу друга помош,ама клето македонче не признава ништо
     
    На wendy2, azelea, Снегулк@23 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.497
    Допаѓања:
    13.754
    Нашите ти текнува кога носеа скинати гаќи со дупки за настраданите од земјотресот во Турција? Штикли, свечени фустани. Тогаш глумевме „хуманисти“; ја ние, ја никој друг. Преминеме ли граница, Србите имаат 101 причина да ни удрат клоци, да ни искршат коли и да не избркаат назад, оти секогаш ги искористуваме, работиме за Косово, пуштаме УЧК терористи, и што не. Па ќе ни пее Србинот Бошко Ѓуровски на стадион „Бисер балкански“, и читам наслов во медиум „Бошко Ѓуровски не може да се договори дали е Србин или Македонец“, што е понижување, долно, подло, ретардирано, а дошол да играат и да ни собираат пари оти вода во очи немаме, и некој помочко неписмен ќе му негира националност, а роден е во Србија, па преселен во тетовско, каде биле принудени да сменат презиме на СКИ. „Рани куче да те лае“ за нас е измислена.
     
    На wendy2, Снегулк@23, Malesia и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    9.101
    Допаѓања:
    221.037
    Пол:
    Женски
    Деца, школрачиња од по 8/9 год како мојот син од Бугарија лично од Софија продавале на тезги пред школото и собрале над 1000 евра за Кочани, имам ставено линк погоре.
    Нашите пијат кафе у Скопје и ги гледаат ужалените на протест како во филм од кафичите. Толку треба да знаеме за нас.
    Ми доаѓаат Срби на работа жениве плачеа пред мене, солзи..
    кај нас ретко солзи имаше, искрено.
     
    На wendy2, azelea, Sofia* и 5 други им се допаѓа ова.
  20. Снегулк@23

    Снегулк@23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2020
    Пораки:
    3.109
    Допаѓања:
    4.402
    Пол:
    Женски
    Вмро излегоа најголеми гниди, не сакам да политизирам ама ова не е хумано...
     
    На Dominodancing му/ѝ се допаѓа ова.