Трагедија во Кочани - најмалку 59 загинати во пожар во дискотека

Discussion in 'Политика и настани' started by Kataklinkers, Mar 16, 2025.

  1. Dominodancing

    Dominodancing Истакнат член

    Joined:
    Jan 30, 2024
    Messages:
    691
    Likes Received:
    1,737
    Gender:
    Male
    https://www.facebook.com/share/v/1938qpqWMK/
    На денешната седница на град Кочани каде што дел од точките на дневен ред беше и за помош на лицата од пожарот. На снимката се гледа во каква хармонична и мирна атмосфера помина состанокот. Не се знае кој од кој е по улав!
     
  2. Снегулк@23

    Снегулк@23 Истакнат член

    Joined:
    Aug 15, 2020
    Messages:
    3,323
    Likes Received:
    4,867
    Gender:
    Female
    Стварно не можам да разверам, кое објаснување го имаат??? Па ако не помогне владата , кој???? Screenshot_20250514_232050_Instagram.jpg
     
    JoyJoy likes this.
  3. mKdevojce

    mKdevojce Популарен член

    Joined:
    Dec 25, 2009
    Messages:
    2,298
    Likes Received:
    16,350
    Мене ме интересира, се распределија донациите од Црвен Крст, и таа од Алкалоид и по 150.000 ден. ветени од Владата?
     
  4. fana

    fana Форумски идол

    Joined:
    Aug 7, 2012
    Messages:
    17,252
    Likes Received:
    118,914
    Gender:
    Female
    И мене ме интересира каде отиде четрврт милион евра од Мукаетов да бидам искрена.
     
  5. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Joined:
    Oct 6, 2011
    Messages:
    9,676
    Likes Received:
    14,142
    Ќе помогнат Срби(на тие што им забивме 151 нож во грб), Бугари(што ги викаме Татари, а поим немаме што е тоа), Грци(што ги викаме Цигани и им крадеме историја), Хрвати(им вршевме воени злосторства во Вуковар, им го убивме Денис Тот, фатени беа неколки наши банди таму, краделе, глумеле надрилекари), Словенци(имавме една министерка од Виница таму, неславно заврши со скандал), Турци(им пративме дупнати гаќи кога имаа земјотрес), Шпанци, Швеѓани, Израелци(за овие македонското дишиче леблебија измисли милион навреди, ги сметаат за терористи), Чеси и кој не, Литванија(за овие се јадеа лајна, Русија требало да ги смачка, двајца таму ни умреа, кај нив во болнички кревет), 22 држави беа вкупно. Ние сме едно дно дна, еден срам за цивилизираниот свет, едни нехумани, скржави, неразбрани, неуки, сиромашни, тотално дно. И тие болници во Кочани што и онака немаат ништо, не знам што ги викаат болници.
     
    Sofia*, Amelia, butterfly_91 and 6 others like this.
  6. mKdevojce

    mKdevojce Популарен член

    Joined:
    Dec 25, 2009
    Messages:
    2,298
    Likes Received:
    16,350
    Абе ти сите што ги наброја едни светци од народи што се. Не се истите што не' негираат и угнетуваат на секој начин. Ќе ми фалиш Бугари, Срби па и Грци.. :tmi: Се додека ние сме најлоши од сите а тие кутри жртви нема да не' биде како народ. Како да не сакаат другите кога како прво ние немаме почит спрема самите себе како нација.
     
    Amellie13 likes this.
  7. boo3

    boo3 Популарен член

    Joined:
    Jul 14, 2015
    Messages:
    1,576
    Likes Received:
    5,688
    Gender:
    Female
  8. Снегулк@23

    Снегулк@23 Истакнат член

    Joined:
    Aug 15, 2020
    Messages:
    3,323
    Likes Received:
    4,867
    Gender:
    Female
    Очигледно вмро си мислат државата ја наследиле од дома од нивните и вечно ќе се на власт!!! Таму можеше да биде секој еден од нас
     
  9. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Joined:
    Oct 6, 2011
    Messages:
    9,676
    Likes Received:
    14,142
    Ако сме поарни од нив, зошто чекаме на нив? Зошто сега пак завршија наши повредени во нивни болници? Што се нашите поарни? Што крадат патни трошоци, а немаат амбулантни возила? Пештерски менталитет, тоа е преценување и пропагирање на неодговорност како нешто кул. Тотална настраност. Со празен двор, празен џеб, па да се преценувам и да се гордеам? За што почит? Што мајка ти бараш кај тие што те угнетуваат? Или уживаш да те угнетнуваат или си неспособен до степен да немаш нормално расудување? И Срби, Бугари, Грци и други не се дојдени до степен да немаат амбулантно возило. Што е Македонецот поарен од сите тие народи во тие 22 држави што помогнаа? Ич ништо, само е најсиромашен од нив, најподмитлив, најопседнат со партии, најсебичен. Можеш да се цениш како бог, ама додека си лажго, крадец, манипулатор, неработник, сиромашен, нема да те цени никој, само ќе предизвикуваш смеа.
     
    Last edited: May 15, 2025
    Sofia*, Amelia, JoyJoy and 3 others like this.
  10. Snowflake97

    Snowflake97 Популарен член

    Joined:
    Nov 8, 2018
    Messages:
    2,329
    Likes Received:
    9,395
    Gender:
    Female
    Во политички контекст да можеби сите не угнетувале, ама тоа нашите политичари го дозволиле, а после и ние како народ на оваа држава, што не може да се нарече држава.
    Летно време кога беснеат пожарите немаме хеликоптери ајде праќаат или од Израел или од соседните земји, ако во оваа трагедија не дојдеше помош од сите овие држави бројот на загинати сега ќе беше над 100, затоа што нашите болници немаат основни работи, ете гледај го видеото кај Ландов. Немале ножица за да им го исечат алиштата на децата што се изгорени па им ги кинеле со раце, немале физиолошки, немале кебиња. Нашите болници се распаѓаат, а секој месец плаќаме здраство, каде одат тие пари?
    Ние немаме држава, и не можеме да се наречеме држава. Друго немаме ни народ во оваа држава, тргни од врвот па до обичните смртници, и кога кажувам нема народ, не е тоа во физичка смисла, туку ние сме еден трул народ што нема никави морални вредности, нема никакво чувство за емпатија.

    Ќе кажам само едно, како народ заслужуваме и уште полошо од ова да не снајде, чим трагедија од вакви размери не не разбуди, не го разбуди човечкото во нас, ништо добро не заслужуваме.
     
  11. Dominodancing

    Dominodancing Истакнат член

    Joined:
    Jan 30, 2024
    Messages:
    691
    Likes Received:
    1,737
    Gender:
    Male

    :l:
     
    Tanjamm, JoyJoy and Snowflake97 like this.
  12. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Joined:
    Aug 12, 2015
    Messages:
    20,829
    Likes Received:
    274,979
    Тие луѓе САКААТ да бидат објавени. Сакаат да знаат што им се случи и што им се случува.
    Ако сакаат, имаат секое право. Нивните лузни нема никогаш да исчезнат, "такви" и во јавност и меѓу народ ќе одат.
     
  13. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Joined:
    Jul 19, 2015
    Messages:
    9,154
    Likes Received:
    221,749
    Gender:
    Female
    Имаш право, да, скроз, но, има и друга страна, и не е се црнои бело барем за оние коишто размислуваат објективно, и ние секогаш се правиме жртви, сите ни се криви, сите сакале да не украдат итн, ние сме светци еден мирен народ што да ти кажам, пушти ја песната “ако утре ме нема” од спотот на днк, има 2000 коментари за соучество од србија и бугарија најмногу дека плачат со нас и дека ова е доказ дека треба да престанеме да си правиме едни со други лоши работи, дека напротив треба да сме луѓе пред се, да нема раздор, ионака имаме страшни трагедии, сите до еден како балканци и како слави, сплотени се, одоздоле чат пат ќе налеташ на македонец што им одговара на соучеството и раката подадена со и оваа песна ви ја купивме од бг пазар на пример. На што личи тоа?
    Икс вакви коментари има на трагедија од невиден размер. Од македонци де, не можат без да си кажат да си поплукат по било кој.
    Тука ќе забележеш колку сме неедуцирани и прости во главите без осет,усул и срам, раја бе, не за џабе сме најдоле, коментарите ме умреа, потоа следеа многу соучества и од хрватска босна итн дека се со нас во тагата, болката и плачат.. во молитви не спомнуваат итн.
    И ти ќе се најдеш да им даваш одговори уа вакви сте онакви сте рамно на -висока некултура како прво како второ си прост неедуциран без трошка емпатија во тебе.
    До толку те отрула политика што ти извира од секаде за секакви работи па и згора на трагедија и геноцид извршен во кочани па тогаш и таму “продаваш политики” ти, еден обичен човек што премиерите немаат поим дека постоиш за да ги браниш. Ги боли нив онаквото, тие си ги знаат пресметките овоа де “парињата” во цебот. Ние нека се препукуваме и вреѓаме до бесвест, страшно ме иритира некултурата и простоќата, страшно.
    Лично мене ми беше болно и мило да прочитам дека 2000 и кусур души ни пишале, не спомнале, плачеле за нас и се молиле.
    И тие самите пишуваат дека политиката не отру како народ, порано се дружевме лично јас србија-бугарија-хрватска-босна луѓе за арно за лошо.
    Сега се е политика, не раскараа за да крадат и јадат толку. Си ги знаат они најдобро бизнисите меѓу себе ај.
    Не е се црно на бело, како што секогаш и опишувате и дискутирате, и едните и другите си ја имаме мувата на капата, мекдонецот нека не се прави ни тој идеален и праведен.
    Ние сами со себе се истепавме се издошамаривме не ни требаат други да не “плукаат” си се плукаме ние нон стоп и оговараме и бодеме нож на комшијата/блискиот та останало за балканија славија и што ти ја знам.
    Исто како што не се ни тие цветови за мирисање нормално ме сме ни ние ама воопшто.
    Г@@@ извинете на израз секаде си ги збориме плукаме по секого.
    Добро да кажавме не можеме.
    Зборувате на долго и широко за грција во политика најмногу погрешила со македонија не сме се сакале дефинитивно сме се мразеле онда ќе ве прашам чему одите во грција често? Многу често? Не ги разбирам двојните аршини навистина.
    Додека се одржаа првите протести во кочани на сеуште топлите тела колони од не знам колку км имаше на граница мк-гр , одговор македонците заминале на продолжен одмор во грција впрочем како и секогаш.
    За било каква трагедија или наш сопствен проблем, македонците се во грција.
    Двојни аршини да ви кажам.
    А сме грешни сите до еден.
    За оние што одат во грција или летуваат во грција немој да слушнам после да се жалите, вие им одите не ве викаат тие.
    Си се знаеме што сме кој сме за како сме, секоја чест за брзата интервенција на грците беа меѓу првите без ниту еден коментар само емпатија имаше и помош во дадениот проблем.
    Да бевме ние на нивно место немаше да ние погодено, ако пратиле помош зошто пратиле на грците требало да умрат, ако не сме пратиле зошто не сме пратиле во време на трагедија од мевиден размер.
    Ама знаете што е болното? Ни една бугарска, српска, грчка не и треба наша помош, а тоа говори многу за нас самите што зависиме од нив за секое едно нешто. И треба да научиме да затвориме тоа устите полни со омраза и плукање по се што треба и не треба.
    Извинете ама морав… ова е мојот став, став сведен на животно искство градено со години уназад во странција меѓу разноликост и пред се сама без ичија помош, трошка помош значи сама, меѓу различности, меѓу различни луѓе, култури, правди и неправди, традиции и религии, се.
    Научив дека луѓето се делат на луѓе со емпатија, пред се култура, едукација и луѓе како да кажам, без осет, срам, со многу себичност и тешка некултура.
    Ги има секаде, секакви.
    Од мое искуство, скромно, кога најмногу ми требаше помош за покрив над глава а часовникот отчукуваше ми помогна албанец, човек што ниту ме видел некогаш во животот но ги знаел моите, додека македончето наше ми го гледаше сеирот само и ми го лепеше во очи. Онака цинично.
    Долга и широка е, сите овде така сега веќе викаме, не уништи политиката нас само и ни зеде се од хуманост во луѓето, сите слушаат манипулации и иритации од полотичари поднуцнување додека тие самите си седат на масите заедно и се договараат колку милијарди ќе си џапнат.

    го видовте детето во количка на супорт во турција? Јас го видов ми личеше јадното како од еден филм каде што еден човек беше малтретиран со месеци секој ден и тортуриран со пресечен јазик за да не зборува. За греота детето, господ да го спаси, истото такво дете уште едно го имам, раце ампутирани. Мислам…
    Стварно некои не се свесни за состојбата во која што се наоѓаме а и не сакаат да бидат свесни се се игнорира со одговор дека не можат да гледаат/слушаат тортура и масакар.
    Не е оправдание според мене, јас сум бескрајно емпатична и чуствителна личност, зошто оштетените, мртвите не треба да зборуваат? Оштетените не се луѓе или помалку луѓе се за да не смеат да се искажат на пример ако сакаат тие самите за да трајанка им се лошило не можела да слуша и гледа. Или фамилиите на децава? Зошто да не зборуваат оти ви се лоши? Трагедија е, геноцид како да ви кажам, вистината в очи ако не сакате да ја погледнете макар ви се лошило.
    Пак ќе не снајде и пак ќе ни се лоши да гледаме и се така до недоглед бидејки ни се лоши од гледање на трагедии.
    А сте се ставиле на место на нив?
    Имаат право да биде слушнато и видено тоа, имаат голема право да ја раскажат болната вистина во која што сите ние живееме.
    Тоа е мој став.
    Јас сум им рамо до рамо за се макар ми се лошило и пила апчиња ама сум и рамо до рамо без березервно.
    Тоа е мојот став и мислење.
    Утре не дај боже кочани може на секого да се деси на секого буквално.
    Шансите се преголеми бидејки корупцијата е гигантна.
     
    1209, Snowflake97 and JoyJoy like this.
  14. IwyMe

    IwyMe Активен член

    Joined:
    Sep 25, 2023
    Messages:
    78
    Likes Received:
    137
    Gender:
    Female
    Пак ќе кажам згрозена сум! Зошто не се организираат масовни протести до цел подигање на свеста на оние кои се должни да помогнат? Нема кој не сподели стори кога се случи трагедијата ама нели секое чудо за 3 дена ги заборавивме и нив на крај излегува криви се тие што биле таму!;(
     
  15. mKdevojce

    mKdevojce Популарен член

    Joined:
    Dec 25, 2009
    Messages:
    2,298
    Likes Received:
    16,350
    Имаш и ти право. Не си само ти бесна на нашиот систем и политичар. Не те погоди единствено само тебе трагедијата. Голем дел од нас легнуваме и стануваме со мислите во Кочани. Не можам целосно да ти го обработам мислењето, јас не реков дека бранам некој, најмалку политичарите и системот. Но, зошто го етикетирате целиот наш народ со партиите и политиката. Да, мали сме, немоќни и небитни во споредба со сите околу нас но не сме ни до толку стара скината крпа со која го бришете дното на балканското полско вц. И ние како народ сме пружале помош во такви елементарни ситуации, колку сме можеле толку. Каде си видела мои мислења поврзани со политика па да ме плукаш и истуриш твојот гнев на мене еве не знам... Да не се лажеме, на било која балканска држава да и се случеше вакво нешто, немаше да може да се справи сама без помош од надвор. Не можеш да генерализираш и да кажеш дека сите Албанци, Срби, Грци и Бугари чинат а сите Македонци се шлајм и од г*омно подоле само поради коментите на фејсбук и јутуб.
    Се знае која категорија на луѓе е најактивна во коментирање по мрежите. Партиските ботови и и џаболебарите кои имаат претек на слободно време.

    Ете и ти како мене си избегала надвор, зошто не си останала да се бориш и опоравиш системов туку си отишла на готово да ги користиш бенефитите на веќе среден систем? Зошто плукаш по тие кои останале и ги трпат последиците од истиот кои исто како тебе биле немоќни да го сменат?
    Лесно е 'одозгора' да маваш со дрва и камења наодоле. Дојди и бори се ти и покажи се колку си силна.

    Си дојде ли за да учествуваш на некој протест? Или само правиш анализа на коментарите по интернет па донесуваш заклучоци кој каков бил.
     
    Last edited: May 15, 2025
  16. Dominodancing

    Dominodancing Истакнат член

    Joined:
    Jan 30, 2024
    Messages:
    691
    Likes Received:
    1,737
    Gender:
    Male
  17. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Joined:
    Sep 26, 2011
    Messages:
    20,871
    Likes Received:
    109,983
    Gender:
    Female
    Го слушам на Ландов видеото, зар е можно до толку да ги малтретираат сега родителите? Првиве родители што зборат, страшно!
     
  18. rainbowec

    rainbowec Популарен член

    Joined:
    Jun 7, 2010
    Messages:
    1,013
    Likes Received:
    6,815
    Gender:
    Female
    И НА НИКОЈ ОД БАГРАТА НЕ ИМ ЧУЕ ЗА ОВА! :@
    Побитно е да се препукуваат меѓу себе, на вести главни се само нив ги има кој што рекол кој што направил кој што не направил и така... ги заболе за повредените, за починатите и за нивните фамилии... заслепени од алчност, желба за власт и моќ, проклети да се!
     
  19. Iva:)

    Iva:) Популарен член

    Joined:
    Apr 9, 2016
    Messages:
    1,195
    Likes Received:
    2,941
    Gender:
    Female
    Никој не е цвеќе за мирисање и секој народ има историја зад себе и добра и лоша. Ама толку сте негативни и мрчатори и толку си ја мразите земјата и се околу нејзе, само своето го мразите. Ок само ние не чиниме а сите околу нас што не тероризираат се цвеќиња сироти тие со нас што ли им правиме. Па помирен народ од нашиот кај сте виделе? Кој би не ценел кога самите се мразиме од дното на душата. Не се ни соседните држави средени како што треба ама нема Бугар, Србин, Црногорец, Босанец и никако Албанец или Косовар кој си ја мрази и напаѓа државата. Сите имаат билатерални и соседски проблеми ама никогаш нема да речат соседите се во право ние сме гом.а.

    Македонофобија-ако го нема во речник предложувам да го внесат. Тоа е состојба во која мразиш се што е Македонско, Македонци, цела држава (ама не Албанци во неа). Оние кои ја имаат се бучни и агресивни напаѓајќи се што е на ова парче земја. Не е потребна дискусија со тие лица кој го поседуваат овој синдром зошто е трајна состојба и не се лечи. Во таа состојба се е црно и нема никаква средина, секој пат Македонија е црна овца. Оваа состојба е особено изразена кај иселениците, кои едвај чекаат некоја глупост да се случи и да постираат колку биле во право кога заминале. (Ова не се однесува само на твојот пост ама тука се надоврзав да не пишувам сто постови).

    Не само на Балкан ниту една Германија или Обединетото Кралство нема да можеа да се соочат сами без помош од странство со трагедија од ваков размер, во цела Австрија на пример има само 3 кревети за изгореници. Затоа постојат тие системи за ургентна помош кои се активираат по потреба. Здравството не потфрли овој пат ама не можеш да се докажеш со хејтери, сите повредени кои беа хоспителизирани беа спасени, стабилизирани и ниту еден не почина. Дел од повредените откако беа стабилни беа испратени во странство и таму имаше 3 што подлегнаа како резултат на последиците. Овде потфрлија државните институции кои требале да вршат инспекција ама битно е да се плука по се.

    Кој е тој Ландов што го зборите и која емисија е тоа би сакала да ми кажете зошто телевизија не гледам а би сакала да следам вакви информации зошто само тајм мк читам а таму нема ништо.
     
    vitamina and Amellie13 like this.
  20. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Joined:
    Oct 6, 2011
    Messages:
    9,676
    Likes Received:
    14,142
    Срби, Бугари, Грци, Албанци или било кои други нема шанси да гласаат против закон со кој се нуди помош на изгорени луѓе. Не се толку неодговорни и себични.

    Па политички не угнетувале. Па што мајка сме го терале Бошко да биде Ѓуровски, и многу други Срби? Тоа не било угнетување? Нормално дека ќе сме угнетени, ни држава имаме како треба, ни народ имаме внатре, еве вчера нашле дрога и оружје во демирхисарско село, албанско село. Сигурно просечен Македонец поим нема дека во Демир Хисар има албански села, па и гласаа за македонски партии порано(ова го знам лично од пратеничка од СДСМ од градот). Тоа што просечен Македонец поим нема дека му отиде и Долнени и Чашка и ред други места, не е крив Антонио Кошта што денеска бил во Скопје, едноставно немаш вредности, оди во минус, минус, минус и нормално дека ќе ти биде лошо.
     
    Last edited: May 15, 2025
    JoyJoy likes this.