Трагедија во Кочани - најмалку 59 загинати во пожар во дискотека

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Kataklinkers, 16 март 2025.

  1. Iva:)

    Iva:) Популарен член

    Се зачлени на:
    9 април 2016
    Пораки:
    1.093
    Допаѓања:
    2.674
    Пол:
    Женски
    WOW, ок, нареџење извршење нема проблем, еве ти пресуди и нареди како е. Со месеци сееш омраза против се што е МК и само чекаш прилика пак да ја отвориш темата. Не е наш проблем твојата патолошка омраза кон Македонија и Македонците па да ни кажуваш што ќе пишуваме.

    Се гледа колку е твојава ситуација ти си опсеседната. Имало на Тв некоја емисија која сигурно никој не ја гледа и еве од 250000 Албанци 1 збори нормално и Албанците се злато невидено срцки тие ние ги тероризираме а со 1 Петар кој не знаеме ни како се чуствува етнички (мислам едно време беше Бугар) а вака не делува баш саглам заклучок е дека Македонците се гом.а најголеми.

    Ме потсетуваш само на Бугарска пропаганда и од уста не ги извади Бугарите, секој нивен чекор го знаеш, нешто што тука не го ни приметува. Ова е веќе говор на омраза. Ама тоа си е олицетворение на тебе.
     
    На happygirl, H.VAGA, TamaraSJ и 5 други им се допаѓа ова.
  2. PollyPocket

    PollyPocket Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2023
    Пораки:
    1.274
    Допаѓања:
    5.626
    Пол:
    Женски
    На LiquidLuna и JoyJoy им се допаѓа ова.
  3. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.897
    Допаѓања:
    130.032
    Пол:
    Женски
    На Снегулк@23 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.581
    Допаѓања:
    13.973
    Ничија фанатична неблагодарност нема да ми кажува што да пишувам. Помош за тешко повредени било „фолклор“, гледам сложно клановски лајкате, кул, се сложувате, после муабети „ама сите против нас, ама сите вака за нас“. Види, види, некоја емисија што никој не ја гледа. Каде има емисија што никој не ја гледа? Такво нешто не постои. Ми го сфати ли воопшто муабетот? Сите што глумат јаки Македонци и се против Бугарија, испадна дека имаат пасоши, сметки, фирми во Бугарија, лицемерие и личен интерес. И штом седнуваш во власт, нормално не си за протести, поради личен интерес. Тоа е вистина, не пропаганда. И не ми врати Петар бил Бугарин, сам јавно има кажано на ТВ дека нема ни влашко потекло иако е од Крушево, дека и баба и дедо по мајка и татко му се Македонци. Си има во пишани документи за функционери кој што е по националност, не е тоа растеглив муабет на форум „мислам беше Бугарин, мислам беше она“, а тој веќе кажал. Немам ништо лично против Петар, само не е ок било чија помош да се сквернави. Лично за мене, на клоци исфрлив се што е неблагодарно од животот, и тоа е раат и спас на здравјето.

    Македонците пратеници сложно гласаа да нема отштета за повредените од Кочани. Па и уште си легитимирате дека не треба ние ништо да дадеме, да помогнеме, државата не. Дониравте ли воопшто повеќето од вас? Јас донирав телефонски, повеќе повици, и операторот зема ли провизија на тие повици, изгледа зема оти така ми се причини на сметката, не дека е важно да анализирам. Тоа не е нехумано? Не е тоа глупаво?
     
    Последна измена: 22 мај 2025
    На Amelia, JoyJoy и Снегулк@23 им се допаѓа ова.
  5. LiquidLuna

    LiquidLuna Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    6.128
    Допаѓања:
    29.747
    Пол:
    Женски
    Драган Сенев / supportkocani
    Screenshot_2025-05-22-20-26-19-099_com.android.chrome.jpg

    Фала у негово име. Чекав цел ден за одговор за дали се има снајдено за наредната преврска.
     
    На eliesaab, PollyPocket и JoyJoy им се допаѓа ова.
  6. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    5.279
    Допаѓања:
    35.322
    Пол:
    Женски
    @nextredstyle џабе обвиненија за тие што се сега осомничени кога главните виновници не се меѓу осомничените.

    @Iva:) факт е дека ние Македонците сме си сами свои непријатели. Албанците покажуваат повеќе морал и етика во одредени случаи. Ние само плукаме едни по други и се делиме. Никој не ни е крив што било која етничка група на планетава Земја е подобра од нас.
     
    На Ahoy, Aschenputtel, fana и 3 други им се допаѓа ова.
  7. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.581
    Допаѓања:
    13.973
    Што треба да кажеме за утеха, дека тие од ВМРО и ЗНАМ што не гласаа за Законот не се Македонци? Се Македонци и не сакаа да помогнат на другите Македонци од Кочани. Пример за себичност, неодговорност. Тоа не го прави ни Србин, ни Грк, ни Бугарин, ни Албанец, никој. Што сакаш посебично и полошо од тоа? Полошо од тоа е некој воено да те нападне.

    Отидат ли некаде нашиве, на пресови, треба да бидат реметени со прашања „Ви помогнавме за лекување на толку и толку пациенти, тоа чини толку и толку во пари, вие одбивте закон за помош на вашите повредени граѓани од кои јадете леб, мислите ли да си поднесете оставка? Зошто уште примате плата од тие граѓани?“. Ова треба да биде прашање секаде за нив, и во Брисел, и во Белград, и во Атина, и Софија, и во Анкара, секаде. Овдека имало примери на невидена дрскост, што од народот, што од политичари, што од новинари во минатото кон други народи, држави и сега има, не знам зошто некој треба да штеди критики за неодговорни.

    @JoyJoy дечкото кажа дека треба на протести да им се даде поддршка, па види ти колку малку се собираа на маршеви во Кочани, значи одат само потесно семејство, затоа се толку малку. Каде е тука етичноста? Моралот?
     
    Последна измена: 22 мај 2025
    На butterfly_91, JoyJoy и Amelia им се допаѓа ова.
  8. Iva:)

    Iva:) Популарен член

    Се зачлени на:
    9 април 2016
    Пораки:
    1.093
    Допаѓања:
    2.674
    Пол:
    Женски
    Види во ред е да се пишува за делата на поединци со име и презиме ама не е ОК да се етикетира цел народ заради испади на поединци кое се морално дно. Тука се потенцираа во негативен контекс пратеникот на Вмро од Кочани, Панче заради изјава кај Бетмен и ред други и така треба.
    Целосната слика не може да ја градиме врз основа на изјави и делата на таму некој. Ете Мукаетов донираше стотици илјади евра, имаше концерти, Канал 5 имаше хуманитарна, што не речете еве Македонците се солидарни само врз основа на овие потези? Вие сте класични македонофоби.

    Btw, Јас не се обидов да ти кажам што да пишуваш немој да извртуваш, фала богу постои преписката некоја страна наназад, ти си таа што пиша да не не чуеш веќе да пишуваме тоа и тоа. Ти задржи си го мислењето, никој нема да ти го смени ама нема ни да мора да премолчи на твоите константни навреди кон еден народ.
     
  9. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.581
    Допаѓања:
    13.973
    Не се баш поединци, зборуваме за мнозинство во парламент. Не се 1,2 пратеници, маргиналци, мнозинство се. Штом проблемот не е решен, значи таа солидарност е минимална, секоја чест за некој добар бизнисмен што донира, но тоа не е доволно. Нема обврска Канал 5, некој анонимен лик во некоја општина да собере нешто, имаат обврска 120 пратеници, зад нив стојат народни гласови, нивна е одговорноста, и тие не сакаа да дадат народни пари, не па да дадат од своја плата. Да напнеш да бараш по интернет, очи ќе ти паднат од читање, таков пример во свет нема да најдеш. Апсолутно е дно од народни пари да не сакаш да дадеш оштета од 80.000 евра на луѓе кои веројатно ќе останат инвалиди, нема да се способни некои ни да работат. Антисолидарност, имаат име, презиме одговорните, нација, партија, имаат се. Таму некој може да биде некој неук дедо во село, а функционерите се државата, и ќе градиме слика врз основа на нив. Да се случуваше ова во друга држава, тука ќе фрчеа епитети, за нас ќутенка.

    Требаше експресно нашиве пратеници да дадат ако не по 80.000 евра, барем по 40.000 на сите повредени и крај, нема потреба да се прават 50 настани од кои секој повреден ќе добие некоја мала сума што не врши никаква работа. На аукцијата во Кочани од над 50 поканети, дојдоа едвај 7, тие што не можат да одбијат, така што тоа е далеку од солидарност и е срам невиден. Да поканеле 50, да дошле 100, да ок, ќе речев солидарни се, вака не се и џабе ќе си ласкаме.
     
    Последна измена: 22 мај 2025
    На JoyJoy и Amelia им се допаѓа ова.
  10. PollyPocket

    PollyPocket Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2023
    Пораки:
    1.274
    Допаѓања:
    5.626
    Пол:
    Женски
    Таман работа Луна.
    Да не се караме во темава??
    Да помогнеме?
     
    На JoyJoy и eliesaab им се допаѓа ова.
  11. DS10

    DS10 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2024
    Пораки:
    3.146
    Допаѓања:
    4.965
    Пол:
    Машки
    Нека нема изговори викендов, сите во Кочани
    Screenshot_20250522_225951_Instagram.jpg Screenshot_20250522_230003_Instagram.jpg
     
    На awkey, TammiB5, vitamina и 2 други им се допаѓа ова.
  12. LiquidLuna

    LiquidLuna Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    6.128
    Допаѓања:
    29.747
    Пол:
    Женски
    Уште тука да се караме Поли, и да си ставиме јамката сами.
    Кој колку може, нека помага на Драган. Детево е испогорено цело, со 3 операции. Жално е за гледање :worried:
     
    На Ender C, vitamina, JoyJoy и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. mKdevojce

    mKdevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    2.261
    Допаѓања:
    16.099
    https://plusinfo.mk/okolu-2-5-milio...st-e-gi-rasporedi-za-lekuva-e-na-povredenite/

    Според моќта на нашите граѓани 2.5 милиони евра и не е баш мала бројка. Ова само преку Црвен крст. Е сега тоа што обемот на трагедијата и последиците од неа е огромен и кога оваа бројка ќе се подели на големиот број на погодени секако дека не е доволно. Мислам дека народот не може многу повеќе од ова. Треба државата да ја превземе одговорноста за овие луѓе.
     
    На Ahoy, shz, Tanjamm и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.165
    Допаѓања:
    188.979
    За парите од црвен крст https://skopje1.mk/archives/329194
    Отприлика 780.000 евра сеуште им се нераспределени ако израчунав точно :?:
     
  15. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.581
    Допаѓања:
    13.973
    https://skopje1.mk/archives/329255

    Mухамеди навистина бил во Кочани денеска, го сликале репортери. Позитивно сум изненадена од гестот, а крајно непријатно сум изненадена од Миле Лефков. Просто не знам зошто не им стават кочанчани шатори пред штаб во Кочани или пред Влада, додека не исплатат помош. Да го гласаат законот и пари да се дадат, и да не се 80.000 евра, нека се помалку, ама да не остане тоа така.
     
  16. ivani30

    ivani30 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2014
    Пораки:
    1.648
    Допаѓања:
    2.678
    Пол:
    Женски
    Минатата недела бевме на погреб во Кочани,се згрозив како изледа капелата,цела со пајажини искршени стакла,одвратно.Отидов до тоалет како во хорор филм..Зарем не заслужуваа децаата да се испратат на достоинствен начин...Морав да го споедлам .Вечните почивалишта не отидов да ги видам немав сила...Господ нека е со нив .
     
    На SummerGirl, st-el, Лејди Гага и 3 други им се допаѓа ова.
  17. Лејди Гага

    Лејди Гага Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 март 2025
    Пораки:
    426
    Допаѓања:
    596
    Пол:
    Женски
    Остај ти тоа, појезиво нешто од македонски гробишта нема:worried:
     
    На SummerGirl и eliesaab им се допаѓа ова.
  18. DS10

    DS10 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2024
    Пораки:
    3.146
    Допаѓања:
    4.965
    Пол:
    Машки
    Вемеровците во сосема друг универзум од нас живеат изгледа...
    Screenshot_20250525_212504_TikTok.jpg
     
    На Ivan4e04, Realist1, JoyJoy и 6 други им се допаѓа ова.
  19. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    7.246
    Допаѓања:
    27.878
    Дур ги распределат париве, ќе се случи нешто друго...

    Бирократија врв.
     
    На vitamina, JoyJoy и Biljarkata им се допаѓа ова.
  20. Dominodancing

    Dominodancing Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2024
    Пораки:
    661
    Допаѓања:
    1.654
    Пол:
    Машки
    И сеа до каде е истрагата,до никаде.Нема никој во затвор/притвор по се изгледа...
     
    На Лејди Гага, JoyJoy и Amelia им се допаѓа ова.