Трагедија во Кочани - најмалку 59 загинати во пожар во дискотека

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Kataklinkers, 16 март 2025.

  1. st-el

    st-el Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2010
    Пораки:
    839
    Допаѓања:
    5.692
    Пол:
    Женски
    И мене, премногу вулгарен беше, ама ако тоа му е решение да се ослободи од тагата, лутината, гневот и горчината, оправдано е...
     
    На eliesaab, JoyJoy и FriendOfDorothy им се допаѓа ова.
  2. awkey

    awkey Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 март 2021
    Пораки:
    1.556
    Допаѓања:
    3.958
    Пол:
    Женски
    Треба против овие што се на власт да се збори, а не дугме, чола и кој друг. Не ни се они криви за гоа кај е државава, туку оние во фотељине. Скоро три месеци, а веќе не ни го спомнуваат Кочани, во Влада е забрането да се збори за Кочани зошто избори идат, треба да се собираат гласови. Пу срам, јзк и арам да им е. Ама тој господ по го спомнуваат, ако го има ќе ги казни. Карма е опасна кучка, данокот се собира секогаш, фамилии имат…
    Скроз се слагам со таткови, дури и благи му се зборовите. Да не треба со вие и господине да им се обраќа? Дете изгубил, ничим изазвано….
     
    На JoyJoy, Amelia, st-el и 3 други им се допаѓа ова.
  3. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.895
    Допаѓања:
    23.626
    А мене искрено ме нервира она со сИсТеМот е крив, сите сме криви, нели не политичарите. Колку луѓе исподонираа бе Ахој, што можеме повеќе? Не сме доктори, не сме богаташи, не можеме сами да изградиме саглам здраствен систем и правда.
    Па системот го прават тие со моќ, не ние обичните смртници.
    Доктор што ќе ти побара мито за лечење и дадеш, кој е крив?
    Ако одбијам да дадам, докторот ќе остане само без парите, ама јас без животот. И кој е во полоша ситуација и приморан?. Затоа да се затнеме со тоа дека сите сме криви и да посочиме прст према тие што се стварно криви.
     
  4. Лејди Гага

    Лејди Гага Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 март 2025
    Пораки:
    499
    Допаѓања:
    753
    Пол:
    Женски
    Така е, не ни заслужиле да им се обраќа со ,, Господине'' :!::l:
     
    На snowqueen, JoyJoy, Amelia и 2 други им се допаѓа ова.
  5. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    9.154
    Допаѓања:
    221.746
    Пол:
    Женски
    Си знаеме ние блиските како ни е, се разбираме де, сега ако успееме а би требало да го лоцираме телефонот ќе видиме.. пријавен е во мвр и од таму нема одговор се до денес, ајфон најновиот се има баш него го нема. Чудно како се “загубил” сега ти викаш накитот го немал .. тоа е.
    Коментар немам нека горат во пеколот искрено. Што друго да им кажам на “тие”?
    Кај нас ниту има музика ниту ништо од забави, кочани ден бетер попотресно нешто нема, како црна чума да дошла на исток во близините на кочани исто сме. И све сами се снаоѓаме никој преку никаква надлежна институција нема допринесено ниту помогнато.
    бандерине сакала нејкела ги гледаш па си плачеш под ноочарите, црна облека насекаде и јас носам. Гробиштана што да ви кажам како хорор филм сме, па задушницава аууу вчера се онесвестив од плачење и лошење.
    А нашите ангели едни одбрани деца мирни фини културни на мравка не згазиле, нашето детенце беше златно и чудо од дете ниту ни се верува ниту веруваме кога седнеме на клупа на гроб е непреболно кнедла имаме в грло.
    Ќе голтам и ќе молчам и така. Се што ни остана е да веруваме во Бог и царството небесно толку. Во ништо друго не веруваме.
    Имаме детенце тешко повредено во ск не сакам да коментирам пак за неговата болка ситуација и трагедија. Господ на помош само што да кажам. ;(
     
    На SummerGirl, eliesaab, JoyJoy и 11 други им се допаѓа ова.
  6. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.784
    Допаѓања:
    41.853
    Пол:
    Машки
    Епа криви сме ако сме пасивни, како не сме. И јас тоа зборувам, си има кон кого треба да покажеме со прст, ама не покажуваме. Ете тука потфрливме.

    Излеговме двапати на протест, се изедовме меѓу нас ЗОШТО сме излегувале и ДАЛИ требало да излеземе… мислам, не, тоа не е здраво општество. А од сегашна дистанца многу е јасно дека народ на улица не е сеедно и полека може да влијае, да не беше така немаше од петни жили да пробуваат да нѐ приберат дома и суптилно и несуптилно. И си успеаа, секоја чест, за тоа ги бива, признавам.

    Инаку многу јасно дека властодржците се криви, секогаш, зашто овој народ е питом, како ќе му кажеш така прави. Не може да сме супер ако скокнеме до Хрватска, а дома да не чиниме. Значи да, системот е крив, тој така ни дозволува. А ние, уште еднаш, криви сме што го толерираме.
     
    На JoyJoy, Amelia, Sofia* и 3 други им се допаѓа ова.
  7. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.895
    Допаѓања:
    23.626
    Јас не се осеќам крива и не паѓам на манипулации дека сум.
    Чиста ми е совеста мене.
    Кај сум можела сум помогнала и чесно си заработувам леб.
    А за поединечно, сум мелела многу пати како секој со малку може да придонесе за поубаво општество. Не се само протести
     
    На eliesaab и Трагедијаупмм им се допаѓа ова.
  8. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.762
    Допаѓања:
    141.762
    Тоа се се фази на жалење. Зависно од емоционалната интелигенција на поединецот, се некои фази по истакнати, некои не.
    На пример, некои обвинуваат доктор ако некој умре у болница, некои обвинуваат сопруг дека ја малтретирал жената па умрела, некои обвинуваат шофер кој згазил некој... Некој знае дека нема крив, дека е судбина, па обвинува бог...
     
    На eliesaab, Лејди Гага, LiquidLuna и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.676
    Допаѓања:
    14.141
    Чола не е Македонец, ниту е од Кочани. Зошто да донира? Власта неќе да ги обесштети луѓето, Чола да донирал. Промовирате пореметен систем на вредности. Го навредуваш ли Чола, ги навредуваш сите Срби. Срамота. Вчера си дојдоа последните повредени од Србија, 2.5 месеци ги лечеа. Што сакате повеќе помош? Заборавивте ли дека сите помогнаа повеќе од нас? Сакате преку леб погача. Нашиве нека се зајмат милијарди кај стигнат, вас Чола да ви донирал.
     
    На Ta-mara, anggell, JoyJoy и 2 други им се допаѓа ова.
  10. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    6.401
    Допаѓања:
    16.783
    Ма сите тие да се откажат од платите цела година, да помагаат.

    За жал, никој дечките не можи да ги врати, мн се нервирам кога ќе пишувам за ова. Ми се плачи.

    Ајде, сите од опозиција и од власта една година да се откажат од платите.
    Срамота сите ни донираат ние со прст не помрднуваме.
     
    На SummerGirl, JoyJoy, Amelia и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. Iva:)

    Iva:) Популарен член

    Се зачлени на:
    9 април 2016
    Пораки:
    1.195
    Допаѓања:
    2.937
    Пол:
    Женски
    Сега и да донираат две години е за џабе, ништо нема да ги врати децата. Не треба да дозволат да се дојде во ситуација да треба да се донира за нешто. Т.е.не за џабе извршуваат функционерски места или се избрани од народот, сигурно не за да јадат бифтеци и да шетаат по светов на наша сметка. Нека работат законски и ништо друго од нив не се очекува.

    За родителите не должете, немојте пак да се распишувате страници (како за Фросина) и да се префрла вниманието на нив наместо на текот на истрагата . Таа болка не ни сакам да ја замислам, ни на душман не му ја посакувам, како се изразиле е најмал проблем во државава.
     
    На An-na, Amelia, scorpias и 4 други им се допаѓа ова.
  12. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    6.401
    Допаѓања:
    16.783
    Јасно дека ништо нема да ги врати.

    Џабе ќе се пари разбираме.

    Никој на никого не му ја посакува таа болка.

    За да работи оваа држава законски многу треба промени, алооо Млади сили на вмро, на сдсм јас нз што мислат, очигледно мислат само да си се стават на власт и да перат пари.

    Свесни треба да сме а не треба да има жртви па после ај закони.

    Затнати му се устите со работни места и пари.

    Сите сме криви, особено оние шо веат знамиња за партииве и се напикани в штабој.

    Па ко ќе слушам, му било жал, мрш таму.
     
    На Лејди Гага, JoyJoy и Amelia им се допаѓа ова.
  13. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    5.284
    Допаѓања:
    35.395
    Пол:
    Женски
    Дека сме сите криви криви сме. Затоа што допуштаме корумпирани политичари и корумпирани локални моќници да раководат со се.
    Криви сме што допуштаме не протестираме секој ден за правда за загинатите во Кочани.
    Криви сме што допуштаме Млади Сили на ВМРО да слават и да се веселат и уште да обвинуваат ужалени луѓе дека се политички мотивирани. Криви сме што избравме неспособен човек за Премиер и корумпирана Претседателка и што уште очи си вадиме едни на други и се етикетираме едни со други дека сме вакви или такви ако почнеме јавно и гласно да критикуваме. Сите се плашат од етикетите зашто знаат дека животот пекол ќе им стане во време на ВМРО ако добијат погрешна етикета (и обратно). Во меѓувреме синот на татко (читај Мицкоски неспособниот за ништо освен да биде асистент на татко му) и корумпираниот Тошкоски (од каде му пари да прави 3 згради одеднаш во Центар на Скопје) ќе уживаат во животот и ќе глумат лудило. Локалните моќници во Кочани блиски до ВМРО мува нема да го полази. Криви сме што дозволивме партиите а не државата да им е битна на луѓето.
     
    На vitamina, fashion-addict, LiquidLuna и 6 други им се допаѓа ова.
  14. Iva:)

    Iva:) Популарен член

    Се зачлени на:
    9 април 2016
    Пораки:
    1.195
    Допаѓања:
    2.937
    Пол:
    Женски
    Пред 2 или 3 недели родителите на протест кажаа дека обезбедувањето и полицијата дејствувале во договор и планираната рација за во 12 да ја префрлат во 2 ипол за да го земат ќарот и да не им се наруши профитот. Плус кажаа дека обезбедувањето ги затворило вратите и не давало на децата да излезат а началнилот намерно ја пррместил рацијата за крај на равотно време. Тоа не беше на сите медиуми пренесено но ете испадна дека е така. Тоа е тој момент кој мораше да дојде да се дознае се откако ќе почне сведочењето на останатите 400 лица кои биле внатре таа вечер. Еве само што читам дека откако пред некој ден го уапсија газдата на обезбедувањето сега ги уапсија и полицајците што биле на смена. Ете зошто треба да веруваме на родителите на жртвите без оглед како се изразуваат очигледно дека знаат многу повеќе од сите нас. Сигурно биле во право дека некој од Мвр/Обвинителство се обидел да ги поштеди и прикрие правите виновници. Одговорност треба да има и за тоа.
     
    На Tanjamm, awkey, Ahoy и 3 други им се допаѓа ова.
  15. Meni65

    Meni65 Активен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2025
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    12
    Пол:
    Машки
    Прес-конференција на државниот обвинител Љупчо Коцевски за истрагата во дискотеката „ПУЛС“
    https://www.facebook.com/watch/live/?ref=watch_permalink&v=1033764492208092

    Сите детали за обвинетите за пожарот во „Пулс“: Се гонат 34 лица, запрена е постапката за 11 лица, меѓу кои ексминистри и ексдиректори
    https://skopje1.mk/archives/330471
     
  16. Dominodancing

    Dominodancing Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2024
    Пораки:
    691
    Допаѓања:
    1.732
    Пол:
    Машки
    Ima li inicijali barem od tie protiv koi e podignato obvinenie?
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  17. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    19.239
    Допаѓања:
    124.537
    Пол:
    Женски
    За пиротехниката виновни, синот на газдата, обезбедувањето и групата ДНК

    Јавните обвинители тврдат дека го знаат потеклото, начинот на внес, поставување и активирање на три пиротехнички фонтани. Тие биле без одобрение за набавка, а за употребата, покрај дел од членовите и придружбата на ДНК, од кои еден дел се починати, а за еден постапката е прекината поради неговата се уште лоша здравствена состојба,одговорност е лоцирана и кај првообвинетиот сопственик, неговиот син - управител на фирмата и кај четворица членови на обезбедувањето на клубот.
     
  18. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    9.154
    Допаѓања:
    221.746
    Пол:
    Женски
    Незапаливите прскалки коштале 120 евра, тие купиле прскалки од 60 евра со барут најообични и заппаливи, значи уштедиле 180 евра, днк, да, за жал .. :(;(
    деко се скрил под накоја скривница таму, да, за да се спаси..
    рацијата или полицијата, директорот за дрога или како код, ги вадел полицаецот цело време сумљивите, ги тресел, влагал-улавал и се така, на крај влегол и не излегол веќе, додека некој во меѓувреме сега е успсен поради сомнеж дека не си ја вршел работата како што треба очигледно, мислам ништо чудно, директор-инспектор-главен шта год за рација на дрога.. и така
    Нешто не штимало со “главниот” за разузнавање на наркотници.
    Највиновните нормално сега и секогаш ќе се на слобода додека да кажам оние од најниските ешалони ќе си гнијат во затвор, не спорам дека не се криви криви се и како ама логика ваљда некој и наредил дека така треба да се работи..
    Ќе се вртиме ко киша око крагуевца а ние си знаеме како е кога одиме на крај од денот на гробиштата пусти… ;( ќе исправаме правда која ја немало ја нема и нема да ја има за сите уствари за највиновните а после, после кога одиш на гроб на младо дете пцовисуваш таа е вистината, вистината е дека си смачкан од болка и тага а немаш веќе солзи и таму забораваш на никаква правда што и ја нема и само голташ кнедли плачеш и те боли душата..
    таму нема протест, правда, марш и политика клета има само неопислива болка да гледаш деца што до вчера живееле нормален детски да кажам живот, мирни деца, културни, што заминале само да се развеселат оти нема каде на друго место и тие биле среќни затоа што отишле ете.. и така .. се е џабе, вести, протести, политики, мицко жмицко курто мурто правда маршови таму тонеш едноставно во бездната на тагата… се тешиш со господ бог да ни даде сила и дека им е светол патот и се ангели нашите деца и се на поубаво место од тука од тињата така се тешиш.. оти нема другчие како.. ;(;(;( човек мора да се зграпчи за нешто за да живее.. :u:
    доживотен непребол… :u::u::u:
     
    На sj *O*, eliesaab, LadyR и 7 други им се допаѓа ова.
  19. Apash

    Apash Активен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2024
    Пораки:
    44
    Допаѓања:
    83
    Пол:
    Машки
    Финтата е што за секој настан за секој концерт полицијата знае и е известена. Исто и за пиротехниката.. не може настан со пиротехника на отворено да се случи без знаење на полицијата и пожарната, а не па на затворено.. Но си ги штитат своите приврзаници и тоа е..
     
    На sj *O* и eliesaab им се допаѓа ова.
  20. Momichka

    Momichka Популарен член

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    2.086
    Допаѓања:
    6.587
    Пол:
    Женски
    Една од мерките е, оваа година не знам дали некоја дискотека ќе добие дозвола. Во главно министерот одбивал да потпише за лиценца.
    Баш ме интерсира дали некаде во Македонија има некоја дискотека кога ќе работи по 01:00?
    И во сите градови ли ги рушат сите надоградби на локалите?
     
    На sj *O* му/ѝ се допаѓа ова.