Трагедија во Кочани - најмалку 59 загинати во пожар во дискотека

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Kataklinkers, 16 март 2025.

  1. IwyMe

    IwyMe Активен член

    Се зачлени на:
    25 септември 2023
    Пораки:
    85
    Допаѓања:
    159
    Пол:
    Женски
    Претпоставувам си седи некаде во ладни одаи.. родителите нека дехидрираат протестирајќи. Колку само политиката е вмешана секаде да не ти се верува.
     
    На Amelia и eliesaab им се допаѓа ова.
  2. Лејди Гага

    Лејди Гага Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 март 2025
    Пораки:
    558
    Допаѓања:
    859
    Пол:
    Женски
    Мене многу ме трогна писмото на мајката на починатата девојка од Кочани:u:
    На ниеден родител не му го посакувам тоа. Не верувам дека нешто ќе се смени во нашава држава, затоа у младите си бегаат и ќе си бегаат. :!:Јас еве веќе долги години живеам во странство и не би сакала никогаш повеќе да се вратам во Македонија, гледајќи што се случува, катастрофа е. Не ги разбирам тие што сакаат да се вратат - демек во странство луѓето само работеле, биле ладни. (facepalm)
    Да ве прашам во странство вие што живеете, дали би сакале да живеете во држава со корумпиран систем и секојдневно да се плашите за сигурноста на вашите блиски и вашата сигурност? Не би сакале, верувајте ми.
     
    На tambelina, Ender C, azelea и 2 други им се допаѓа ова.
  3. Amelia

    Amelia Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    2.301
    Допаѓања:
    1.734
    Мислат дека овде не се работи… А и те како се рмба по приватните фирми, конфекции итн, ама за малку пари или ич пари…
     
    На tambelina, Ender C и Лејди Гага им се допаѓа ова.
  4. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    7.002
    Допаѓања:
    37.236
    Пол:
    Женски
    Леле, аманте со споредбиве странство в.с Македонија!!! Знаеме дека ви е најубаво, не мора тоа во секоја тема да го докажувате.
     
    На Cutiepie123, ocicka2014, TammiB5 и 6 други им се допаѓа ова.
  5. H.VAGA

    H.VAGA Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2012
    Пораки:
    1.874
    Допаѓања:
    7.344
    Жално многу. Ниеден родител да не го доживее тоа.
    Дека ке најдат правда не верувам. До сега кај нас кој за што одговарал. Цел систем е тоа. Да се сруши не верувам.
    Еднаш се погодив во Кочани. Вие што сте од Кочани дали цело време протестите почнуваат и завршуваат во детски парк каде што си играат деца? Ако е така навистина не е во ред.
     
    На sj *O*, Cutiepie123, happygirl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. tambelina

    tambelina Популарен член

    Се зачлени на:
    10 август 2012
    Пораки:
    743
    Допаѓања:
    1.983
    Пол:
    Женски
    Зошто мислите дека не е во ред? Сметате дека децата не треба да ја гледаат црнината ли,тагата ли,или што?!
     
  7. H.VAGA

    H.VAGA Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2012
    Пораки:
    1.874
    Допаѓања:
    7.344
    Тоа се деца. Тие се најмалку засегнати. Треба луѓето да си ја бараат правдата. Ама деца да гледаат сосема не е во ред.
     
    На sj *O*, Cutiepie123, Sophitas и 2 други им се допаѓа ова.
  8. Iva:)

    Iva:) Популарен член

    Се зачлени на:
    9 април 2016
    Пораки:
    1.296
    Допаѓања:
    3.199
    Пол:
    Женски
    Само што сакав тоа да го пишам, едвај чекаат нешто да се деси за да се испофалат како си отишле и се спасиле. После секоја дешавка истото, ок свативме ние што живееме во МК колку им е најубаво. Кај нив нема ср.ња, се е идеално, само доаѓаат по темиве да се пофалат кај отишле, висат по МК сајтови во желба да докажуваат колку се нај нај.
     
    На Cutiepie123, Sophitas, Трагедијаупмм и 9 други им се допаѓа ова.
  9. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    7.029
    Допаѓања:
    45.942
    Пол:
    Женски
    Во која смисла што прави?
    Во црквата е, тој е еден од малкуте почитувани духовни лица кај нас, на многу луѓе има помогнато и духовно и онака како човек, ако мислиш зошто го нема по интернет, веројатно не сака да биде таму.
     
    На Ivan4e04, vitamina, fana и 9 други им се допаѓа ова.
  10. anggell

    anggell Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    6.506
    Допаѓања:
    12.751
    Пол:
    Женски
    Точно е дека во Македонија не е сигурно ама вие што сте во Европа, многу добро знаете дека веќе никаде не е сигурно.
    Ваков пожар за кратко време после Кочани и во Шпанија мислам имаше, може сум грешка за земјата ама веројатно имате прочитано имаше исто многу луге загинато.
    Веќе целиот свет оди надолу. Можеби само во друга земја законите повеќе се почитуваат.

    За друго не знам ама јас после пожарот со трауми живеам. Дете никаде не смеам да пуштам иако е мал, буквално во врат му дишам се пореметив цела.
    Мислам дека веке светот за ништо не му е гајле туку станува една голема расипана багра во која овие се мнозинство и само пари ги интересира а насилството и трагедиите земаат замав.
    Уплав почнав да имам фб да отварам :|
     
    На Sophitas, Ta-mara и eliesaab им се допаѓа ова.
  11. DS10

    DS10 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2024
    Пораки:
    3.232
    Допаѓања:
    5.107
    Пол:
    Машки
    Во Доминиканска Република се урна кров во дискотека, не во Шпанија. А таму тој предел карибите, централна Америка и северен дел на Јужна Америка ко нас див запад се.
     
    На sj *O*, H.VAGA, eliesaab и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. anggell

    anggell Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    6.506
    Допаѓања:
    12.751
    Пол:
    Женски
    Еве вчера во Бразил загинале луге во оние летечките балони, не знам точно како се викаат. Има видео како се пали, тоа е, факт е дека не е сигурно никаде.
     
  13. TammiB5

    TammiB5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 декември 2023
    Пораки:
    1.282
    Допаѓања:
    3.186
    Пол:
    Женски
    :u:Што е со Кочани …

    IMG_1430.jpeg
     
    На Лејди Гага и eliesaab им се допаѓа ова.
  14. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.198
    Допаѓања:
    111.375
    Пол:
    Женски
    Ништо не е со Кочани, цел балкан гори, зошто луѓето се многу паметни и ги мрзи да чистат треви и ги палат, а во лето кога е се пресуво гори како слама. Македонија, Србија, Грција, Косово, сите се исти.
     
    На tambelina, sj *O*, 1209 и 5 други им се допаѓа ова.
  15. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    4.836
    Допаѓања:
    15.739
    Пол:
    Женски
    Којзнае што има по телефоните на жртвите. Бар оттука нешто да се направи.

    „Ивона не беше само жртва на пожарот – таа беше оставена сама, претепана, без помош. Снимила сè“ (линк)
     
  16. mKdevojce

    mKdevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    2.323
    Допаѓања:
    16.568
    Како тоа претепана бе луѓе. Настрадала од истата причина како и сите починати и повредени - од стампедото во паника и тоа што огромен број од нив биле заглавени на врата. Нормално како и при секое стампедо имало газење и преку живи и мртви. Ова "претепана" звучи како некој да и' има удрено крвнички ќотек пред или после излегување од дискотеката. :x
     
    На scorpias, Gosh, sj *O* и 3 други им се допаѓа ова.
  17. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.198
    Допаѓања:
    111.375
    Пол:
    Женски
    Јас мислам дека во револт, во болка, не внимаваат што изјавуваат. И треба да им се прости. Има неколку родители погласни, меѓу нив и мајкава, верувам дека им е претешко.
     
    На tambelina, eliesaab, Лејди Гага и 2 други им се допаѓа ова.
  18. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    9.165
    Допаѓања:
    221.844
    Пол:
    Женски
    Не им претешко, умрени се сите до една, умрени души што живеат ден за ден .. само дишат и плачат, тоа. Живеат “додека оди” она.
    Не, ние не можеме да знаеме како им е и не дај Боже.
    Јас можам да им ја држам раката и да ја слушам и слушам али меѓутоа утеха нема, никаква за жал.
    Голем дел од нив се одадоа на верата се зграбчија за неа, така “опстануваат”.
     
    На scorpias, tambelina, sj *O* и 4 други им се допаѓа ова.
  19. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.198
    Допаѓања:
    111.375
    Пол:
    Женски
    Апсолутно! И ништо не треба да се зима за зло зошто недајбоже да се деси некому дури тогаш ќе видиме колку е тешко.
     
    На eliesaab, Лејди Гага и vitamina им се допаѓа ова.
  20. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.198
    Допаѓања:
    111.375
    Пол:
    Женски
    Јас навистина се обидувам да ги разберам родителите, не се ставам во нивна кожа бидејќи не можам да замислам колку им е тешко, но сметам дека малку отиде во неповрат работата. Гледав некое видео кај што колнат народ кој излегол да прошета и бил сведок на настан некој, еј, народ со деца, бебиња, Арам да им е животот вика... Трагедијата е голема, болката огромна, ама тие луѓе кои живеат во Кочани треба да продолжат да живеат, да се смеат, да слават родендени, да се мажат, да прават слави, да го живеат животот, не можеш да им забраниш да живеат само затоа што живеат во Кочани. Жално е, болно е, неописливо тешко е, ама тој е животот, не можеме да ставиме кочница, мора да продолжиме да живееме. Не знам што се случувало и зошто имало настан, видов само како го напаѓаат градоначалникот зошто имало настан некој со музика ваљда и светла, може и во право се, не спорам, ама колнеа народ што излегол и имаше еден родител пишано дека излегол да прошета со 3г дете и не му било убаво кога прочитал дека некој го колне Арам да ви е животот тие што сте излегле. Не можам да ги обвинам за болката, ама за начинот на кој се изразуваат и колнат, итекако не се во право. Што е виновен тој родител што детето му плаче да се прошета навечер...
     
    На scorpias, tambelina, rainbowec и 23 други им се допаѓа ова.