Трагедија во Кочани - најмалку 59 загинати во пожар во дискотека

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Kataklinkers, 16 март 2025.

  1. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.973
    Допаѓања:
    45.676
    Пол:
    Женски
    Предходна сабота, јас излегов додека протестираа, јас секој ден работам до 8, детето заспива во 8:30, никогаш не го шетам. Сабота излегов оти работев до 6, сакав да излезам со детето, бевме во паркот, сочуствуван со нив, ама и моето дете сака да излезе со мене малце и јас сакам со него, не можам сега секоја сабота да се затворам дома.
    И еден од родителите толку нападна една жена со дете, се издра на неа, ја проколна, што барала мајка сега да шета, со бебе, значи цел ден е пекол и после 6 заладува, јасно ни е дека е тешко да гледаш родители со деца во паркот ама едноставно некои луѓе не можат поинаку.

    Не знам веќе што да кажам, се согласувам дека можеби не е време за веселба баш на денот на маршот, ама од друга страна стварно градот е мртов скорз, има луѓе и луѓе што зависат од тие мали бизниси и луѓе нема, нема промет, одвај вадат за плата…не знам луѓе.

    Родителите се очајни и бесни, ама веќе не знаат ниту кон кого го свртуваат бесот, бесни се на сите, веројатно сите се влезени во фазата бес од фазите на тагување…ужасно е, како и да свртиш.
     
    На strelec231992, tambelina, LadyR и 11 други им се допаѓа ова.
  2. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    20.855
    Допаѓања:
    109.947
    Пол:
    Женски
    Една моја роднина ми кажа дека им било шубе да прослават и отишле да слават во друг град, замисли ти се раѓа внуче и не можеш да прославиш. Мислам јас разбирам се, пре тежно е, пре болно, ама луѓето треба да живеат. Не знам, не сум паметна, мислам никој не е, али дали останатите во Кочани кои не изгубија некој од семејството треба да бидат колнети и покажувани со прст зошто живеат? Нема потреба да се откажува животот, можеби не диско забави и журки, ама нормален живот... Тие маршови, не се еден ден, секоја недела се, замисли да застане животот секоја недела зошто има марш, што викаш ти и икс луѓе само недела им е за да прошетаат со семејството и апсолутно не е непочитување ако сакаш да однесеш дете на лулашки.
     
    На Mazegin, sj *O*, SummerGirl и 5 други им се допаѓа ова.
  3. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.893
    Допаѓања:
    23.578
    Јас затоа секогаш викам, за жртвите жалам, за фамилиите нивни, не секогаш.
    Луѓе им донираа толку пари за овие да ги колнат. А за нивната лоша состојба си има стручни лица.

    Мене срам ќе ми е утре фамилија моја на недолжни да мава. Не сакам такви луѓе во животот.
     
    На sj *O* му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Лејди Гага

    Лејди Гага Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 март 2025
    Пораки:
    497
    Допаѓања:
    751
    Пол:
    Женски
    Ова сега од вас го дознавам. Јас разбирам дека родителите се очајни и тагуваат по своите деца;(болката е претешка, па можам да кажам неподнослива за нив... Можам да претпоставам дека едвај преживуваат родителите на загинатите деца во пожарот:u:Тие немаат веќе што да изгубат....

    Но сепак е многу дрско ти да забрануваш на некого да излегува со дете:!:не иде тоа така. Ми се случи несреќа и сега јас ќе нападнам жена што не ја ни познавам, не ми е нормално како да ви кажам:worried:Неможеш ти на некого да го истураш гневот, да колнеш невини луѓе, да им го упропастиш денот, само затоа што тебе ти се случило нешто. Ме разбирате ли?

    Сепак мислам дека се ван себе и треба да побараат стручна помош од психолог или психијатар, некој што ќе ја разбере нивната болка. :l:и ќе може соодветно да им помогне.
     
    Последна измена: 12 јули 2025
    На sj *O* му/ѝ се допаѓа ова.
  5. shz

    shz Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    6.265
    Допаѓања:
    50.861
    Пол:
    Женски
    Тажно,претежно е ама мора да се оди понатаму,мора да се живее.
    Они до крај на живот ќе си тагуваат.
    Ама останатите ќе продолжат со животот кој свадби, крштевки, родендени ќе си прави мора си врви животот.
    За тоа за градот баш и не мора сега сеуште е скоро од трагедијата, ама не мора да значи веќе никогаш ништо да нема во Кочани.
    Баш на фб прочитав некој беше на една страна искоментирал како требало цела година ништо да не имало во смисол прослави низ цела држава.
    Не знам не може државата да застане има некој од тоа лебот што го вади.
    Мене ми е жал и ќе ми биде засекогаш жал за сите што починаа ама мора да продолжиме со животот.
     
    На sj *O*, SummerGirl, Sophitas и 2 други им се допаѓа ова.
  6. Iva:)

    Iva:) Популарен член

    Се зачлени на:
    9 април 2016
    Пораки:
    1.192
    Допаѓања:
    2.930
    Пол:
    Женски
    Знам дека животот мора да прпдолжи и дека Кочани ќе продолжи да живее, ама некако е прескоро да има општо народно весеље. Родителите ги разбирам во болката и не ги осудувам, иако не е во ред тоа што колнат по луѓа ама сепак не дај боже да си им во кожа.
     
    На tambelina, Tanjamm, eliesaab и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    9.154
    Допаѓања:
    221.746
    Пол:
    Женски
    Јас не можам да поверувам во тоа што го зборувате. Башка како што знам и фамилиите на настраданите се веќе подделени не е како што беше на почетокот.
    Знам само дека мојата другарка кога се враќа од Кочани е буквално умрена а кога е подалеку од Кочани е малку подруго. Не и прија, факт е. Вика многу е жално и тажно и ми влијае пута 100 на психава.
    Па мојата другарка нон стоп е до деца, се слика со деца, јас знаете дека осетлива и ќутам и она вика сега кога ќе дојдам јас ќе го водам бе не ми смета .. мислам праам муабет за голема жена, женава за мене е со огромно срце и душа, тоа што јас мислев дека сега и пречи односно и ствара дупла болка не е така ми го кажа самата.
    И ние излегувавме на плоштад полн со деца па никоѓу ништо плус имало околу нас икс возрасни деца како нејзиното па збор не рекла.. чудно ми е извинете, и не, не е нормално.
    Сите ќе ги сфатиме и ќе поќутиме ама не е во ред и не е нормално. И јас го слушнав тоа што го зборете.. стварно не е во ред, сепак се надевам дека не се свесни што зборуваат и како, дека со тек на време ќе се подобрат ментално. Се надевам а како што викате ги сфаќаме и се во ред али ..
     
  8. TammiB5

    TammiB5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 декември 2023
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    3.110
    Пол:
    Женски
    Преголема е болката за еден родител да си го изгуби своето дете поправило скоро повеќето тинејџери или штотуку пораснале!
    Не ги судете, ни они не се свесни.. ама од друга страна ниеден од нас не им даде поддршка каква што им беше потребна! Не станавме доволно за тие луѓе како што требаше!


    Помина време.. можам за Скопје да кажам дека веќе не се ни збори случкава..
    Родителите си бараат правда само, правда за нивните деца.

    Не треба да колнат, но кузнај како им е во душата :u:
     
    На fashion-addict, Tanjamm, Sofia* и 2 други им се допаѓа ова.
  9. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    20.855
    Допаѓања:
    109.947
    Пол:
    Женски
    Каква поддршка? Протест? Што ќе им плати протест освен што ќе им ги потпали и така кревките мисли. Не, нашиот народ итекако помогна, се собраа донации како никогаш, се организираше како никогаш. Се собраа пари за скоро сите да бидат сигурни дека ќе имаат лечење како што треба и сеуште се помага. Ако не ги следиш Супорт Кочани заследи ги, ќе видиш.
     
    На fashion-addict, anggell, Лејди Гага и 4 други им се допаѓа ова.
  10. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.753
    Допаѓања:
    141.703
    Не се само семејствата на загинатите битни. Има семејства и преживеани со повреди, на кои им треба да им продолжи животот. Не може на некоја мајка која го изнела детето у паркче да и се нафрлат оти она има живо дете и неговите потреби и се на прво место.

    Општонародни собиранки не, ама приватни забави мора да има. Разбирам дека они изгубиле многу, некои и се, ама мора да сфатат дека другите не изгубиле. Некои животот ќе го поминат на гробишта, некои ќе продолжат да живеат. И океј, нека има поддршка и солидарност, ама нека биде обострана. Оние со повредите се живи и млади, нив им треба да бидат со други луѓе, да ги прифатат, да разговараат, да се насмеат... Не умре цел град, тие што преживеаја треба да продолжат понатаму по некое време. Ама ако се осудувани секој ден оти излегле на кафе, ако се под страв дека група жени ќе им се нафрлат со зборови оти си играат со своите деца, никогаш нема да тргнат напред.
    Секој родител кога ќе изгуби едно дете, се врти кон другото и му дава да живее. Не му вика И ти сеа ќе се затвориш дома да не мрднеш. Така и овие, нека им дадат крила на тие што преживеале да живеат. Мртвите нема да се вратат, ама живите да не ги закопуваат живи.

    Овие родители се многу, заедно се, и се гушат едни со други со тагата. Еден ќе крене глава друг ќе почне да плаче и ги влече доле. Не знам дали користат од психолошката поддршка што им беше дадена, ама мислам дека уште долго ќе жалат, ама треба да не уништат никој попатно.
     
    На tambelina, anggell, teddybear3 и 10 други им се допаѓа ова.
  11. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    17.004
    Допаѓања:
    130.676
    Пол:
    Женски
    И во медиумите се спомнува.
    Жално е, но животот продолжува.
    Зошто за комеморацијата беа битни само загинатите од Кочани, а не и тие од други места?
    Зошто родителите забранија да има музика?
    Кои се они?
    Многу сакаат да посочуваат прст кон други, а својата неодговорност не ја признаават.
    Оној в.д. градоначалник за ништо не го бива.
    Помина доволно време и животот мора да продолжи.
     
  12. TammiB5

    TammiB5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 декември 2023
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    3.110
    Пол:
    Женски
    Мила, ние собираме донации за повредените. На починатите не им е до тој степен потребна финансиска поддршка, им треба поддршка во барање на правдата. Во тој аспект кажувам, дека ретко кој, дури ни јас, не им пружи поддршка. Не мора протест, туку барање на правдата. Некако сите родители на 62 жртви не се слушнати. Барем јас така сметам.
     
    На tambelina и eliesaab им се допаѓа ова.
  13. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    5.984
    Допаѓања:
    13.757
    Kolnenje sto izlegol nekoj da prosheta? :oToa ne e ic normalno. Tesko im e, neka pobaraat strucna pomosh, a ne da kolnat po drug narod i da zabranuvaat. Koi se oni? Go zadushuvaat i gradot. Preteraa vekje.
     
    Последна измена: 13 јули 2025 во 10:37
    На anggell, Лејди Гага, sj *O* и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    20.855
    Допаѓања:
    109.947
    Пол:
    Женски
    А да си жива и здрава, ниеден од нив не рече Чекај бе јас дете 14г сум пуштила на диско а не му е таму местото... И пред мене да ме нападнете дека сите исто сме правеле, не, не сме правеле сите исто. И на крај краева ете се случило што се случило, виновниците ќе одговараат, преголем е притисокот, за 3м се затворија еден куп луѓе, не е дека не се работи ништо.

    Каква поддршка? Протест? За што? Има истрага, се затвараат виновници, што треба повеќе? Ајде ако не сите да отидеме под земја за поддршка. Не разбирам, еве ти кажи ми, што со протестот во Скопје, што ќе се смени? Се претерува со обвинувања, со пружање прст во секого. Има истрага, ќе се заврши се и ќе отидат во затвор тие што треба да отидат, исто како и за Вања случајот, ама не може се преку ноќ. Не знам, јас верувам дека сите одговорни, бар оние директно, оние што дента на пожарот не рекле Чекај малку, ти за кај се спремаш, немаш дозвола за работа, тие ќе одговараат. Ако земеме да враќам од Адам и Ева ништо не правиме. И да не бидеме селективни, вина имаме сите што било кога сме стапнале во нелегален објект од овој тип, без план за евакуација, без основни услови, без фискална и сме купиле нешто на црно без данок. Ајде ако не сите да одиме во затвор а?
     
    На Cka и TammiB5 им се допаѓа ова.
  15. TammiB5

    TammiB5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 декември 2023
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    3.110
    Пол:
    Женски
    Види, пред се само си го истакнав мислењето. Како што кажав, не секогаш поддршката е во протест. Можевме на различни начини на им одадеме поддршка, уште кога се случи настанот, никој не отиде да ги види, слушне, даде до знаење дека народот е до нив. Не викам да се вратиме во времето на Адам и Ева, ниту пак некаде напишав дека го подржувам тоа што колнат. Не е во ред. Кажувам само дека имаат голема мака и гнев, немаат каде да го изнесат. И извини, да не го мешаме начинот на воспитување за дете дали пуштиле или не. Не дај боже да сте им во кожа… непредвидливо е сето тоа. Дали имало 14 годишни или 22 нешто ќе ја променеше трагедијата? Не!


    Само ќе кажам: да не сте им во кожа на никој што изгубил дете.. жално!
     
    На Aschenputtel и eliesaab им се допаѓа ова.
  16. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    17.004
    Допаѓања:
    130.676
    Пол:
    Женски
    Јасно е кои се највиновни, но не се само тие оние кои згрешиле.
    Сите сме дел од системот. Не можеме да го негираме тоа.
    Сите имаме одговорности пред законите.
    Ако сакаме да видиме промени, мора да почнеме да си ги признаваме грешките.
    Луѓе се учат да молчат наместо да пријавуваат неправилности и да ги подучат младите на што треба да реагираат, а што треба да избегнуваат.
    И на ништо не личи агресијата.
    Еве, се трудиме да имаме разбирање за болката, но има граници. Никако не смее да се попречува правото на некој да продолжи да си го живее животот. Нема корист од колнење.
    Мора да си побараат (подобра) стручна помош.
     
    На Лејди Гага и AngelOfArh им се допаѓа ова.
  17. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    20.855
    Допаѓања:
    109.947
    Пол:
    Женски
    Јас те разбирам, ама ајде одговори ми, што фајде од тоа да отидеш и да им пружиш рака, им отидеш на гроб и слично. Тие трагедија доживеале некој анонимус од Скопје да им отиде на сочуство, сеедно им е. Сите си го искажуваме мислењето, во ред е, не викам не, и твоето е валидно, само ако веќе сметаш дека требало поддршка треба да имаш некаква идеа, каква поддршка? Кога губиш близок не ти требаат непознати, сакаш светот да застане и да тажиш во тишина. Тоа што сега се случува е барање на правдина и сосема е во ред и легитимно, ама не на начин да ти е крив цел свет и да ги обвинуваш сите зошто они не изгубиле некого во трагедијата.
     
    На Orchidea, TammiB5, Лејди Гага и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. st-el

    st-el Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2010
    Пораки:
    838
    Допаѓања:
    5.688
    Пол:
    Женски
    Мој став е дека не беше во ред одржување на прослави по повод патрониот празник на Кочани.... И оправдано е однесувањето на родителите, нивната реакција, арно сторија на лице место се појавија.... Јас се прашувам каков народ сме, нема ниту 6 м од трагедијата, ќе слави градот.... Што ќе слави, смртта на 63 животи ли?
    Србија и српските студенти и народ треба да ни бидат пример, нивните масовни протести, по повод трагедијата со настрешницата во Нови Сад,ама ништо, кукавица е македонскиот народ, се плаши од промени....
    Не сме толку лоши, ете се собираат донации преку Сапорт Кочани, ама не се бориме за подобро утре.... Деца сите имаме, некои допрва ќе имаат, јас искрено се плашам за иднината на децата и младите.... Оваа трагедија не е крај, таа е само една од низата, резултат на корупција, мито и врски....
    Овде сега и ќе ме нападнат, ама сите сносиме дел од одговорноста, виновни сме....
    Колнење на недолжни луѓе, деца од родители на починати деца не оправдувам, им треба ним стручна психолошка помош.
    Толку.
     
    На tambelina, awkey, Skyler и 8 други им се допаѓа ова.
  19. sj *O*

    sj *O* Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2016
    Пораки:
    1.195
    Допаѓања:
    3.322
    Пол:
    Женски
    Во Битола работи Фелиција, и Расчекор од неодамна, а наводно и Хаш ќе отвори пак за брзо (демек да средат со лиценцата).
     
  20. Bratot

    Bratot Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 април 2019
    Пораки:
    5.052
    Допаѓања:
    17.280
    Пол:
    Машки
    Не е момент за одржување прослави, оправдано е тоа што се побунија родителите.
     
    На DS10, eliesaab и st-el им се допаѓа ова.