Трагедија во Кочани - најмалку 59 загинати во пожар во дискотека

Discussion in 'Политика и настани' started by Kataklinkers, Mar 16, 2025.

  1. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Joined:
    Sep 26, 2011
    Messages:
    21,197
    Likes Received:
    111,373
    Gender:
    Female
    Јас скроз се имам одвикнато од врски, од луѓе, нормално ми е да чекам. Идам за еден документ кој морав да го извадам и ја добив гореспоменатата реакција. На моето, ако ќе почекам, имаше Ма какво чекање, таман работа.
     
    eliesaab likes this.
  2. Thinkerbell.

    Thinkerbell. Истакнат член

    Joined:
    Oct 27, 2020
    Messages:
    1,374
    Likes Received:
    3,214
    Gender:
    Female
    Ангел, те молам не ме прозивај како единка за конкретниве случаи за нешто што е и повеќе од очигледно, смешно е :)
    Ајде те молам кажи ми што се прави и се направило до сега за да не помислиме дека сиве овие случаи се заборавени или пикнати по фиоки баш заради таа политика? На секоја власт до сега!
    Мислам дегутантно е пак да се вергла истиов муабет. Ако супервизорот на тој што ме пика преку ред го казни, и ако казните одат вертикално нагоре се до највисоки инстанци, може да се стави ред. Ама пошто сме село без кучиња ќе си продолжи се вака од највисок до најнизок ешалон.
    Апсолутно треба индивидуална одговорност. Ама ако се е оставено само на таа индивидуална одговорност, зошто ни е власт?
     
    vitamina, An-na, happygirl and 2 others like this.
  3. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Joined:
    Sep 26, 2011
    Messages:
    21,197
    Likes Received:
    111,373
    Gender:
    Female
    Ама ти како единка коментираш дека се заборавило, јас немам таква слика на работите, од тоа што знам од познаници кои работат и се во Кочани, од луѓе, од тоа што го гледам на интернет, апсолутно не е заборавено. Малку ли е што се заострени мерките во вадење дозволи за работа, малку ли е што се срушија пола објекти без дозвола, малку ли е што имаше апсења и истрага... Не ве сфаќам, што треба, колективно отказ да си дадеме од животот? Животот продолжува, со тага, со болка, со радост и со славје, зошто тоа е животот, мора да работиме, да живееме, да функционираме, и да се трудиме да бидеме подобри личности за себе и нашите деца. Не може и не треба да престанеме да живееме, треба само да тргнеме од самите себе и да почнеме да ги менуваме сами работите, за себе можам да одговарам, за тебе и за сите останати, не можам.
     
    felisitas and teddybear3 like this.
  4. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Joined:
    Feb 15, 2012
    Messages:
    4,165
    Likes Received:
    20,582
    Gender:
    Female
    @Cka споделува информација за истрагата и притворените и од шо ви е многу гајле вас, па пребројувате колку од која партија биле.
    Вмровците велат треба СДСМ да се во затвор, СДСМовците велат ВМРО треба да се во затвор... на крајот на некои овде не ви е гајле ни за жртвите ни за настанот, туку дали вашата партија ќе биде правата или кривата, и дали ќе победите на следни избори за евентуално да ве пикнат администрација. Животот тука е таков, јеби га.
     
    H.VAGA, vitamina, SummerGirl and 3 others like this.
  5. Thinkerbell.

    Thinkerbell. Истакнат член

    Joined:
    Oct 27, 2020
    Messages:
    1,374
    Likes Received:
    3,214
    Gender:
    Female
    Мерки по дифолт треба да се превземаат и да се почитува законот до крај неселективно. Не сакам да ми биде репер несреќа што однесе 62 млади животи за да речам па не е малку ова што се прави, работат, затвараат објекти не даваат лиценци туку така.
    Дали сте свесни дека до сега требало да се почитуваат овие закони 365 дена во годината 35 години наназад?? А не ќе се случи срање па ќе се задоволуваме со основни чекори што ги прават а треба да се нешто што се подразбира. Па токму тоа кампањско работење само после инциденти и несреќи, дур не се стивне прашината а после терање по старо не доведе тука кај што сме.
    И поентата е да не застане на ова или само дур помине прашината.
    Затоа и не зборував само за Кочани, затоа и ги спомнав останатите трагедии што се случија. Дали и за нив мислиш дека доволно се направи од оваа дистанца? Зошто поучена од претходно искуство како ни изгледа државава во последните 35 години, се ми е страв дека така само и ќе си продолжи.
    Дур е жустро прај се дека работиш после тоа, ќе заборават, и пак по старо. И така се до некоја следна трагедија.
    И животот апсолутно не застанува. Сакале не сакале животот и на тие родители што изгубиле се, ќе продолжи вака или така. И да, баш зошто треба да продолжи животот понатаму треба да се погледнеме во огледало и да се запрашаме што им оставаме на нашите деца. Каква држава, какво општество, каков живот. А тука не спаѓа само индивидуалната одговорност и муабетот јас ќе функционирам по правила ама не можам да одговарам за другите. Напротив, тие што се на власт ние сме си ги донеле. И ние сме целосно и апсолутно одговорни за се што прават.
     
  6. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Joined:
    Sep 26, 2011
    Messages:
    21,197
    Likes Received:
    111,373
    Gender:
    Female
    Ок, кажи ми што и како ти ќе направиш лично за да го сопреш овој хаос? Што можеш да направиш ти лично? Зошто упорно велиш Не е доволно, не е доволно, не е доволно. Ок, не е доволно, што ќе направиш за да се смени? Можеш нешто? Не. До задутре може да зборуваме како и што треба да направат другите, ама тоа нема да смени ништо. Не можам да се оптоварувам до кога ќе трае ова, не ми се малку стресовите во животот за да мислам и тоа. Да, прежално е, да, не требаше да се случи, ама немам никаква контрола повеќе од тоа што можам да направам јас.
     
    Cka likes this.
  7. Thinkerbell.

    Thinkerbell. Истакнат член

    Joined:
    Oct 27, 2020
    Messages:
    1,374
    Likes Received:
    3,214
    Gender:
    Female
    Не знам зошто не се разбираме. Реков дека само индивидуалната одговорност не е доволна. Јас да одам по правила а да мижам за се друго, не иде. Треба и системска одговорност. Не треба да се задоволиме со трошки, треба да бараме промени од корен на се што е труло. Дали тоа ќе бидат избори, дали тоа ќе бидат протести, дали ќе бидат експерти од различни области кои ќе имаат збор за клучни одлуки, дали ќе биде јавен притисок за поголем отчет и транспарентност во секоја сфера, дали ќе биде досаѓање и пријавување за сите неправилности што ги гледаме, без да вртиме глава на другата страна, или пак да си ја подобриме меморијата и да не пикаме работи под тепих и да викаме ура зошто "далеку" е од нас. Начин мора да има. Особено сега со доаѓање на локални избори, каде што надежно ќе им се даде шанса на граѓански активисти и здруженија наместо на едните исти партии што не доведоа до тука.
    Ама далеку полесно е да се тапшаме по рамо и да викаме ај бе се праи нешто бар, па ја шо можам да сменам, еј малце проблеми ли имам ја па сеа и со ова да се оптоварувам, можеше и полошо итн, итн :)
     
  8. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Joined:
    Sep 26, 2011
    Messages:
    21,197
    Likes Received:
    111,373
    Gender:
    Female
    Затоа што нови избори нема да решат ништо, ниту отчет, ниту протести (побогу Србија 9м протестираат и ништо не мрда од мртва точка), е пријавување да, и саботирање на персонално ниво. Пример јас повеќе не би отишла во локал кој ми е сомнителен. Не бев на крштевка од истата причина, во хотел кој уште нема дозвола за работа на руф топ, не благодарам. Кога им кажав на родителите не им беше сеедно, ама тоа мене ништо не ми менува, ако недајбоже се деси нешто нема да ми надоместат ништо. Не одам во кафулиња кои немаат јасно истакнати дозволи за работа и дефинитивно ќе ми треба доста за да отидам во затворен локал за свадби, прослави или диско.
     
  9. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Joined:
    Oct 10, 2015
    Messages:
    3,569
    Likes Received:
    44,045
    Па добро,не ги правдам, али ги разбирам родителиве оти колнат... Оти они маршираат и протестираат, а нивните сограѓани си ги ладат, си вртат кафе и корзо шема, коа можат и со нив да свртат круг околу градот.

    Али ок, и на други да им се случеше ова, а не на нив, и они ќе си бркаа нивна работа ...

    Оти тоа е македонската работа, да му умре козата на комшијата.
     
    Last edited: Jul 14, 2025
  10. mKdevojce

    mKdevojce Популарен член

    Joined:
    Dec 25, 2009
    Messages:
    2,323
    Likes Received:
    16,568
    Ние како народ сме премногу навикнати на начинот на којшто функционира системот. Одење по линија на најмал можен отпор со користење на џокер "Повикај пријател" за нас е нешто сосема нормализирано. На многумина не би им одговарало да се сменат нештата па и затоа не постои некој отпор спрема системот, секако сè додека нешто не нè погоди нас лично. Еден систем не го градат само политичарите и функционерите, истиот не би бил таков каков што е без главната алка чинител - народот.
     
    tambelina, Skyler, Gosh and 5 others like this.
  11. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Joined:
    Sep 10, 2018
    Messages:
    5,477
    Likes Received:
    41,167
    Gender:
    Male
    Тоа е зачаран круг и изнемоштен народ.
    Системот не може на друг начин да функционира без корупција.
    Луѓето не можат на друг начин да живеат без да ја користат таа корупција.

    Нема друг избор, нема друго решение, ни за двете страни.

    Можеби ќе научиме нешто од Милеи за како го решава проблемов во Аргентина. А можеби и не.

    Којзнае.

    Треба малце луд човек за такво нешто, за да го пресече канцерот во корен.
     
    vitamina and mKdevojce like this.
  12. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Joined:
    Oct 6, 2011
    Messages:
    9,778
    Likes Received:
    14,223
    Требало да донесат одлука на седница на совет, прослави нема да има 8 месеци или една година и готово. Кочани не е ни Париз, ни Лас Вегас, та ќе пропуштеле една прослава на плоштад, голема работа. Ем цел живот пред вас, ем можете да одите кај сакате да се забавувате, ем незадоволни и се буните. Македонска работа, мене да ми е погодено, за другите не ми е гајле.
     
    eliesaab likes this.
  13. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Joined:
    Jul 10, 2018
    Messages:
    17,094
    Likes Received:
    131,402
    Gender:
    Female
    Ако не разбирате што се вели, џабе коментирате.
    Реков дека сите сме дел од системот. Сите имаме некаков дел од вината!
    Законите треба да важат за сите. Се кажа и претходно, но да повторам.
    Постои закон кој го ограничува движењето на малолетниците во ноќните часови. Да, не треба да бидат на такви места толку доцно!
    Како што е факт дека да презедоа институциите контроли и мерки немаше да дојде до трагедијава, така е и факт дека барем малолетниците (и покрај потфрлањето на институциите) немаше да загинат доколку родителите не ги пуштеа да излезат.
    Што ќе сменеше?
    Помалку фамилии ќе беа завиени во црно. Или барем еден да се замарал, да организирал група на луѓе кои ќе го пријават објектот (не само кај надлежните институции, туку и во медиумите за првиве да не можат лесно да се извлечат), ниту една жртва немаше да има!
    Човек треба да застане и да се праша (ова важи и за политичарите и за обичните граѓани) како толку луѓе завршиле образование, а немат поим од закони, морални вредности и колективна одговорност!
    Не е само политичарот Рајко крив, крив е и граѓанинот Станко кој упорно го гласа Рајко со години наместо да го бутне од власт!
    Лесно е да обвиниш друг, но тргни од себе прво, па продолжи со другиот.
    Прифатиле вие или не, животот на тие не го одзедоа само несовесните политичари, туку и несовесниот народ кој не ги поучи да не одат на опасни места и да пријавуваат неправилности.
    Детето треба од најмала возраст да се учи каде смее, а каде не смее да биде. Да се учи да почитува закони и правила и да пријавува неправилности.
    Општа Забелешка-Да не се најде никој/а повикан/а.

    Имаше коментари за ова во темава од типот ама од кај јас да знам, да препознаам...Јааа, мајката.
    Од кај ти тогаш петки по биологија, физика и хемија, од кај ти десетки по тие предмети на факултет или ако имаш учено право, од кај ти се десетките по тие предмети од правната област?
    Како, бре тие кои обрнувале внимание на часови и се труделе да научат и повеќе од програмата, не предизвикале и не дозволиле да дојде до опасност?
    Не се учеле на забави и пороци од мали, туку се учеле да читаат книги.
    Очигледно имале подобро воспитување од твоето.
    Штом велиш дека немаш поим како нешто е создадено, како може да се запали и кои закони одредуваат ограничувања и казни... Ти тогаш не си ги заслужил/а дипломите што си ги добил/а!
    Сигурно мама и тато се утепале од давање поклони (и си имал/а скапани наставници и професори) за да пројдеш оти да си учел/а и да те учеле стварно ќе знаеше како да спречуваш да дојде до вакво нешто.
    Одамна било познато во околината дека објектот не функционирал според законските прописи, ама луѓето молчеле. А, бе никој не доаѓа магично, треба да му пријавиш!
    Ако тој од институцијата не те ферма, ќе контактираш медиуми и новинари. Ако тие медиуми и новинари од власта не те фермаат, ќе одиш кај тие од опозицијата. Ќе најдеш некој кој ќе те сослуша и ќе преземе нешто. Ако не ради совест, бар ради поени ќе сака да преземе. Битно да пишеш или да одиш!
    И не само за овој случај. За сите насилни и трагични случаи важи истото.
    Жена тепаа, а прост народ се исмева и потсетува каква е она наместо да рече чекај, бе... Каква и да е, таа е нечие дете, нечија внука, нечија сопруга, нечија мајка. И јас имам жени со овие улоги во мојата фамилија.
    Ако она како политичарка не е безбедна, тогаш и јас како обичен граѓанин не сум безбеден како што мислам. Моите најмили не се безбедни.
    Треба да реагирам да барам правда.
    Криминалец и насилник утепа двајца невини (од кои едно дете) од сопствена крв, а народот ликува и ракоплеска наместо да го осуди и овој грозоморен чин.
    Ние сме таков гаден народ составен од луѓе (или подобро речено нелуѓе) кои одбиваат да се замараат сè додека нешто не ги задеси нив лично.
    Тоа мора да се смени инаку (не дај Боже) ќе продолжиме да гледаме трагедии.
     
  14. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Joined:
    Apr 27, 2013
    Messages:
    4,836
    Likes Received:
    15,739
    Gender:
    Female
    Баш добро го спои сето. Би додала дека народот ни е вечно скаран со скептицизмот, критиката и етиката.

    Индивидуа што нема здрава морална основа и изострено чувство за себекритика никогаш не може да има општествено користен придонес. И тука грото се вакви, гнили. Оти тој што сака промена прво од себеси ќе почне и често ќе налетува на куп *ама ние сакаме промени* тип луѓе кои намерно ќе го успорува оној што се труди. Реалноста е дека сите зборуваат за промени, ама ако налетаат на таков што делува да биде подобро - го сечат.

    И имаше Синоличка убав пост за вратарите:

    [“Gatekeeper” или по нашки - вратар е оној што одредува кој ќе има достап до одредени нешта. Вратарите имаат неприкосновена моќ во одуките кого ќе вработуваат, кому ќе дадат пари, дозволат дел од профит. За да се стане вратар потребно е само еднаш да успееш, за после по дифолт да имаш дел од делбата на колачот и удел во донесување одлуки. Така се создава пирамида од вратари и клучари кои се специјалисти во препознавање автентична и загрозувачка опасност на нивната вратарска професија. Вратари има во секој сегмент од нашата држава. Во факултетските единици, во партиските дувла, општини, министерствата, во сите, без исклучок, финансиски фондови. Сите ја знаеме моќта на вратарите. Македонија е земја на вратари, што ја држат под клуч 35 години. Сѐ што доаѓа од потта и џебот на обичниот човек е под клуч од вратарите, зашто вратар како вратар, нема ниедна друга функција освен да попречува. Во нашиот случај да попречува сѐ што е ново, непознато, и би можело да предизвика промена! Но, затоа ако стоиш добро со вратарот - може и ќе се омрсиш малку, но само во темнината, што тој ја чува како зеница во око.]
     
    mKdevojce likes this.
  15. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Joined:
    Jul 19, 2015
    Messages:
    9,165
    Likes Received:
    221,844
    Gender:
    Female
    Си молчам мудро додека сакам да врескам и да кажам се што сакам да кажам, 95% од луѓето прозборуваат за ова или воопшто не зборуваат за трагедијата зошто се растресуваат а оние 5% се растресуваме своеволно бидејки имаме огромна емпатија и пак ќе повторам своеволно секој ден слушам кога треба да е ислушана, зборам кога ќе ме праша нешто, молчам кога треба да молчам на местото, купувам, давам и учествувам 24 часа во нејзината болка СВОЕВОЛНО, ќе сум се растресела не чинело викаат за мене, ако НЕКА.
    Господ да дозволи само да е подобра она ја дали и колку ќе се растресам ич не ми паднало на памет. А боли та корни. Многу боли луѓе.
    Ја имам душа за да директно кога мислам ја замислувам како и е и колку и треба рака нечива за држење.
    Ова се вика соочуство и емпатија, да бидеш покрај личноста што во моментот најмногу и требаш, а 95% викаат дека тоа било стресување за џабе дека ај да смениме тема да не збориме итн и слично, те сечат од корен ако спомнеш некаде, ретко кој и покрај своите проблеми го гледа Кочани проблемот како свој и сопствен, ретко кој пружил рака барем да ислуша не зборувам за донации али да проба да појде до местото, па за зборување и до мислење ќе им е, зошто нели сите имаат свои проблеми во животот. :doh:
     
  16. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Joined:
    Oct 6, 2011
    Messages:
    9,778
    Likes Received:
    14,223
    Авторитетот го нема. Ако си чул дека еднаш фатиле некој со дрога во Пулс, ќе го советуваш детето да не оди таму, ама ќе бидеш етикетиран како затуцан родител, ќе го зезаат твоето дете дека само тоа седи дома, дури сите се журкаат таму. А авторитетот кон полицијата? Си видел дека дошла полиција, може има нешто сомнително, ако не сакаш да се плеткаш во проблеми ќе си отидеш, не мораш да чекаш фајронт, не мора ти да ја затвориш дискотеката и не мора да си пијан. И после кога бидна беља, абе штала било. ДНК да преживееја, сега гневот ќе беше насочен кон нив, во притвор ќе беа. Ако си јавна личност, ѕвезда, треба да се издвоиш од толпата обични луѓе, а не да употребуваш пиротехника без дозвола од полиција, па и евтина и ризична. На едно интервју Панчо се изрази вака "абе тие со мочка се правени". Кој прост муабет е тоа, овчар што не излегол од село така не се изразува, туку во Македонија се поминува.
     
  17. DS10

    DS10 Истакнат член

    Joined:
    Feb 25, 2024
    Messages:
    3,232
    Likes Received:
    5,107
    Gender:
    Male
    "Одредете си цена за вашите деца"... Без коментар.
     
    lovely91 and eliesaab like this.
  18. Cka

    Cka Форумски идол

    Joined:
    Sep 23, 2010
    Messages:
    11,851
    Likes Received:
    142,476
    Барањето кога го видов...
     
    bubemconia likes this.
  19. st-el

    st-el Популарен член

    Joined:
    Apr 27, 2010
    Messages:
    855
    Likes Received:
    5,760
    Gender:
    Female
    Каде е ова објавено?
     
  20. Cka

    Cka Форумски идол

    Joined:
    Sep 23, 2010
    Messages:
    11,851
    Likes Received:
    142,476