Трагедија во Кочани - најмалку 59 загинати во пожар во дискотека

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Kataklinkers, 16 март 2025.

  1. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.863
    Допаѓања:
    42.488
    Пол:
    Машки
    Психолог по професија. Во основно училиште (ако е точно).

    Не знам дали сум повеќе згрозен од партијата, ма да од таа партија и онака ништо не може да ме изненади, или од што. Замислете го моментот некој од штаб се јавува на мајка која трагично ко загубила детето пред нецели шест месеци да и нудите да е советник? Па добро што очекувате да постигнете со тоа, која е целта, пораката? Ни за независна листа не знам дали би сфатил и разбрал, камо ли за владеачка партија. И мајката прифаќа. Е за тој момент, искрено, немам што да прокоментирам. Може и имам ама не знам како да го срочам, некоја необјаснива емоција.

    И така ние буквално секој ден добиваме по една нова дефиниција зошто не сме нормални како општество. Не да сме ненормални и забегани, не знам веќе што сме, ама е ту мач.
     
    На JoyJoy, sparklie, flower30 и 16 други им се допаѓа ова.
  2. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    6.204
    Допаѓања:
    14.204
    Taa morala da e od partijata, pa da i nudat za sovetnik.
     
  3. FriendOfDorothy

    FriendOfDorothy Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2024
    Пораки:
    1.586
    Допаѓања:
    11.779
    А бе точно е дека животот продолжува, но после едвај поминати шест месеци од смртта на сопственото дете, да влезеш во советот на општината и да седиш рамо до рамо со советници од партиите поради кои дошло до таа трагедија - стварно треба да си дебелокожец. Значи сè има цена.
     
    Последна измена: 22 септември 2025
    На JoyJoy, sparklie, flower30 и 15 други им се допаѓа ова.
  4. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.863
    Допаѓања:
    42.488
    Пол:
    Машки
    Тоа секако, ама кому му дошла таа идеја? Како, зошто? Многу тажно.
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Apash

    Apash Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јули 2024
    Пораки:
    103
    Допаѓања:
    178
    Пол:
    Машки
    Ќе има сега такви работи.. ќе се преговара за се и сешто.. ќе се нудат функции директорски места.. повуци потегни ќе биде за втор круг..
     
    На Ahoy му/ѝ се допаѓа ова.
  6. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    9.192
    Допаѓања:
    222.225
    Пол:
    Женски
    Лично ја знам жената ако е таа утре ќе видиме ќе прашам ама мислам дека е таа, не судете ве молам, женава е душа човек лично седевме во кочани пред недела дена солзите од очите и немаат престанато на жената нон стоп и се со солзи. Ама утре ќе ти пишам лп кога ќе разговарам.
    Има многу нешта во тие маршеви испомешани и не знаете лично, оставете што и како кажале медиумите долга е и болна работа, би сакала да се објаснам се што зборувам ама не можам ради нив не ми дава срце, не дека тие ми рекле… инаку тие маршеви зборуваат во името на 62 фамилии кои што сите тие 62 фамилии не ги подржуваат, напротив. Да така сумирано сакам да кажам не се што се прочита е точно исто како и за работните места, еден родител имаше ужасно работно место што психофизички не можеше да го издржи а фамилијата зависи од него .. да така не судете и не верувајте на се што ќе ви се сервира по интернет, вистините се болни и различни и секоја фамилија има своја планина.
    Колнењето сепак никогаш нема да го подржам. Не е во ред.
     
    На Amellie, NoirSerpentine, doll.a и 5 други им се допаѓа ова.
  7. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    9.192
    Допаѓања:
    222.225
    Пол:
    Женски
    @Ahoy не била таа, ваа била друга не знам која е, нив партиите ги поделија на сметка на нивната состојба не се тие криви ги сфаќам тотално ама некој користе шанса, и ете ја доби. Тука е поентата. Све се измеша.
    Ниту првичната поента за маршот во Кочани не беше таа што е сега беше друга под друга личност.

    За Дино Мерлин, би отишла сигурно да бев таму, АМА пропорционално како што би отишла во Кочани барем еднаш, зборам еднаш, да се соберат 100.000 души, и за Дино и за Кочани, ама болкава е за Кочани што никој не се собра, настрана за Дино не го кудиме ама да би отишле и толку во Кочани како за Дино.
     
  8. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.863
    Допаѓања:
    42.488
    Пол:
    Машки
    Тоа, тоа, истото го кажувам. Партиите користат таму каде што не смеат. Не ја обвинувам директно мајката, којзнае како и е и како е психички. Користат лабилни моменти за да докажат нешто, ама мислам им оди контра. Затоа велам, тажни сме како општество.
     
    На JoyJoy, eliesaab, vitamina и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. st-el

    st-el Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2010
    Пораки:
    885
    Допаѓања:
    5.969
    Пол:
    Женски
    @vitamina, Д. Мерлин ја посвети песната- Ех да је туга снијег на трагедијата во Кочани :u: гест на место, мн жално, бев на концертот....
    Имаше момент кога врз публиката фрлија како ленти во различни бои, прекрасно, но и тажно.... :u:мене лично ме потсети на Кочани и ме потресе некако глетката....
    Имам забелешка за концертот, можело дел од парите да се пренаменат за повредените или барем Д. Мерлин да донираше за нив дел од пар. средства...
    Јас така би сторила, ама негово право, секој си одлучува за заработените пари.
     
    На vitamina му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Калатеа

    Калатеа Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2021
    Пораки:
    2.805
    Допаѓања:
    9.565
    Сериозно на ова паѓате, сериозно? Леле песна испеал, ленти имало, убав гест.
    Кој знае колку пари зел, газ ќе покаже ако треба за нив, ама не, песна испеал посветена.
    70 деца отидоа, ние со прст не мрднавме, како народ слободно треба да не нема.
    100.000 за Дино Мерлин, па уште песни, поеми за народов се пеат, цела држава е студија на случај, за испитување сме колективно.
    А може и не испитуваат уствари…
     
    На Amellie, sparklie, Waverly Raven и 12 други им се допаѓа ова.
  11. st-el

    st-el Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2010
    Пораки:
    885
    Допаѓања:
    5.969
    Пол:
    Женски
    Песната јас ја толкувам како чин на почит спрема жртвите и повредените од трагедијата.
    Ама нели секој различно толкува и сфаќа...
    Д. Мерлин нема никаква врска со трагедијата како изведувач, па да го спомнуваш во негативен контекст со Кочани....
    Е сега, ние како народ дали сме сториле или не во поглед на поддршка на протестите во Кочани, тоа е друга тема....
    И да, постои масовна пасивност и апатија кај Македонецот,како народ не се бориме за подобро утре и коренити промени во системот.
    Токму трагедијава треба да ни биде поука.
     
    На Panda00, NoirSerpentine, eli25 и 7 други им се допаѓа ова.
  12. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    9.192
    Допаѓања:
    222.225
    Пол:
    Женски
    Тажно е кога ги избезумуваат сега најранливите, тажно значи. Ви викам протестите се испомешани, луѓето изманипулирани и уште што не, партиите се “докажуваат” стандарт а народот им верува ли како овци трчаат да споделуваат делат пенкала итн, дно дна, тешка мизерија сме за жалење сме си од умот од главата.
    Каде жити све делат пенкала, се закануваат, веат знамиња и споделуваат по фб “докажувања” од партиските штабови па и мора да се коментира лајкува тоа се е избројано до крај, циркус, мизерија невидена.
    Пак ќе кажам нека се соберат на Дино 100 000 ама можат да се соберар барем еднаш и во Кочани 100 000 за подршка и тронка надеж мир и љубов кон засегнатите. ама ете…
    Не не знаеме, не можеме, не сакаме..
    Па од штаб ќе ги напраат ѓон како прво, немаат вака генерално луѓето свое јас, свој личен став и убедување, се трча да се дели пенкала на пензионери оти они останаа на истокот посебно, преку глава ми е фб ков од партии ми се прилошува.
    Се нема ми срам ни осет ни култура ни ништо добротворно.

    Да се надополнам, од Кочани па наваму се што се исподешава околу болници праќаат контроли та и странски зошто не пратија во Кочанската болница контрола? Зошто 20-30 деца умреа за боца кислород еден врз друг пред клиника без никој да ги погледне а не пак боца кислород да им се подаде? Можеа да се спасат барем 20-30 деца со боци кислород што никој не ги ни видел а не боци да обезбеди?
    Гледав лично слики.. таа глетка засекогаш ќе ќе ми е ;( :u:
    И знаеме дека нашето дете умре за боца кислород, знаеме ама државава глуми лудило уствари се лудило.
     
    Последна измена: 24 септември 2025
    На JoyJoy, Sofia*, 1209 и 2 други им се допаѓа ова.
  13. CooperD

    CooperD Популарен член

    Се зачлени на:
    30 август 2015
    Пораки:
    644
    Допаѓања:
    2.029
    Пол:
    Женски
    Како бе пола умреле поради недостаток на боца кислород? зарем не беше причината за сите труење со јагледор моноксид?
    труењето настанува многу бргу, минути се во прашање, за 20мин максимум се е завршено.
    Не ми изледа реално дека би можеле 20-30 деца да се спасат ако имало боци кислород....
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  14. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    9.023
    Допаѓања:
    41.356
    Пол:
    Женски
    Во болницата починале деца. Да им даделе кислород на време можно е да се спасат.
    На Ивона мајка ѝ пишуваше дека починала од што не ѝ е дадено кислород, а жива била кога отишла во болницата овде во Штип
     
    На Mumoftwo30, SummerGirl, Amelia и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    9.192
    Допаѓања:
    222.225
    Пол:
    Женски
    Истото е и со нашето дете, да им дале кислород сепак би биле спасени, според обдукцијата сепак имало шанси да се спасат од труењето со боца кислород ама во моментот, ама ниту кислород имало ниту некој ги погледнал децава на куп фрлени бидејки немале гребнатинка.
    Прашањето е зошто не дојдоа во Кочанската болница да проверат шо како?
    На крајот и телефонот “тазе купен” е украден. Мвр нема одговор каде е.
     
    На Mumoftwo30, JoyJoy, SummerGirl и 5 други им се допаѓа ова.
  16. Lostinparadise

    Lostinparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2019
    Пораки:
    829
    Допаѓања:
    2.341
    Пол:
    Женски
    Точно е, имаше една боца кислород со рок до 2021..
     
    На Mumoftwo30 и Amelia им се допаѓа ова.
  17. boo3

    boo3 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јули 2015
    Пораки:
    1.624
    Допаѓања:
    6.065
    Пол:
    Женски
    Утре 28.9 на пладне ИРЛ со нова репортажа за случајот во Кочани.
     
    На Ahoy, GirlVolley, st-el и 3 други им се допаѓа ова.
  18. st-el

    st-el Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2010
    Пораки:
    885
    Допаѓања:
    5.969
    Пол:
    Женски
    Во колку часот ќе се емитува и на која програма?
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  19. boo3

    boo3 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јули 2015
    Пораки:
    1.624
    Допаѓања:
    6.065
    Пол:
    Женски
    во 12ч на нивниот yt канал.
     
    На st-el му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Cutiepie1

    Cutiepie1 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2018
    Пораки:
    1.700
    Допаѓања:
    4.751
    Пол:
    Машки
     
    На SummerGirl и st-el им се допаѓа ова.