1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Трагедија во Кочани - најмалку 59 загинати во пожар во дискотека

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Kataklinkers, 16 март 2025.

  1. flawless.

    flawless. Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2020
    Пораки:
    369
    Допаѓања:
    1.623
    Пол:
    Женски
    https://glamur.mk/pancho-od-dnk-poc...FZ2Ez6GQ8WNN0q7vbw_aem_yhOUGliIde13OqNABVGcDw
    Морам пак да те цитирам оти мислењето ти беше толку полно со осуди и навреди, и треба тебе да ти биде срам и арам :)
    А Панчо нека почива во мир..
     
    На theowndemon, Curious cat, Лејди Гага и 30 други им се допаѓа ова.
  2. milkyway^^

    milkyway^^ Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 август 2025
    Пораки:
    175
    Допаѓања:
    549
    Веста ме шокираше утринава, не очекував нели го пуштија дома се надевав дека ќе се извлече. :(
    Нека почива во мир.
     
    На franca, SummerGirl, Panda00 и 2 други им се допаѓа ова.
  3. Peperutce6

    Peperutce6 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 април 2025
    Пораки:
    749
    Допаѓања:
    3.274
    Пол:
    Женски
    Сеуште не ми се верува дека оваа трагедија е толку заташкана. Зашто не се пишува повеќе за ова? Зашто не искочиме сите масовно на протести? ЗА НИКАДЕ СМЕ. Се зборува со месеци за политички кампањи а тоа што починаа наши млади луѓе како да се заборави. Ова е страшно. На концерт се собираат илјадици луѓе а за ова? Цело време мислам на ова и многу ми е тешко. Тоа се нечии деца, родители. Не знам што да кажам, секогаш ќе боли ова..
     
    На azelea, spacegirl92, Mrs. right и 5 други им се допаѓа ова.
  4. rainbowec

    rainbowec Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    1.334
    Допаѓања:
    9.384
    Пол:
    Женски
    Владее апатија, незаинтересираност, ќути не ми се деси на мене... владее општо колективно отсуство на емпатија, на заедништво, на несплотеност, на поделеност.
    Со вакво ниско ниво на свесност црно ни се пишува и во иднина, како и се друго се заборава за недела дена и на следната трагедија пак ќе биде истото. Секоја чест на исклучоците ама се поретки се...

    Караванот си врви, политичката кампања на најјако, партиски полтрончиња со ветени титули и работни места со празни души и испрани мозоци што не гледаат подалеку од носот... and the list goes on... за жал. ;(
     
    На Waverly Raven, azelea, Nausicaa и 24 други им се допаѓа ова.
  5. Panda00

    Panda00 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2021
    Пораки:
    215
    Допаѓања:
    570
    Пол:
    Женски
    Исто.. а се надевав искрено дека ќе му биде подобро.. не можам да поверувам сѐ уште дека и он нѐ напушти. Нека почива во мир, слава му :u:
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Lostinparadise

    Lostinparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2019
    Пораки:
    829
    Допаѓања:
    2.341
    Пол:
    Женски
  7. bubemconia

    bubemconia Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 август 2010
    Пораки:
    155
    Допаѓања:
    645
    Ниту ќе има правда, нити бутур заради двојните стандарди на јавноста, на власта, па дури и на родителите.

    Панчо беше еден од осомничените дека донел пиротехника, а денес се величи неговата смрт како некој херој.

    Точно, заташкал системот. Ама системот е спореден виновник во ситуацијава, главни вонивници се тие што донеле пиратерија. И сега осомничениот за тоа се слави ко херој.

    Јас ДНК во ниеден случај не ги доживувам како херои, туку како потенцијални виновници за ситуацијава ако се докаже дека тие донеле пиратерија . За жал ја платија најскапата цена.
     
    На ALISA0000 и Lostinparadise им се допаѓа ова.
  8. lovely91

    lovely91 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2010
    Пораки:
    1.867
    Допаѓања:
    6.486
    Пол:
    Женски
    Алал да ти е на паметот за напишаново...
     
    На Лејди Гага, christinnn, spacegirl92 и 3 други им се допаѓа ова.
  9. нина122

    нина122 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2018
    Пораки:
    4.773
    Допаѓања:
    13.984
    Пол:
    Женски
    Во животот секој е одговорен за својте постапки, и секој може да прави што сака, затоа се тука законите, да се казнува и со високи казни да се одврати населението од девијантно однесување и повторување на кривични дела.. Ако државата била како што треба, и УЈП, Пазарна, Санитарна, и ред други институции си ја работеле работата таа штала ни како магацин за теписи немало да работи.. Панчо на душа со месеци ги носеше сите млади луѓе за кој што тој на овој или оној начин придонел да загинат, нека му најде душата мир, само он си знаел како е да живееш со таков товар..
     
    На Amellie, azelea, Snowflake97 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. bubemconia

    bubemconia Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 август 2010
    Пораки:
    155
    Допаѓања:
    645
    Може да збориме колку сакаме ама лиценците не го запалија пожарот, туку пиротехниката. Лиценците се криви што немало втора врата, па може немало да има толку жртви и со тоа се индиректно криви. Исто како што се индирекно криви се и тие што пуштиле малолетници и од дома (родители) и внатре. Да имало 300 луѓе, а не 600, да имало две врати, сигурно немало толку жртви да има, прашање дали воопшто и ќе имало. Ама мајката на една малолетничка место да се заќути, најгласна е пред камери.

    Сите на овој или оној начин ги кршиме правилата, а крив ни е системот кога нешто ќе се случи. Тој истиот рѓав систем што си поставил судијка за случајот, чиј брат е дирекно вмешан во нелегалното работење на дискотеката.

    И излезе ИРЛ со докази - државата ќути!

    Толку сум гневна од ова, што мене криви ми се буквално сите што и најмал прекршок направиле за да дојде до толкав број на жртви.
     
    На Cutiepie1 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. simona_baby

    simona_baby Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2017
    Пораки:
    3.713
    Допаѓања:
    17.867
    Пол:
    Женски
    А зошто ти имаш право да си гневна а мајката на девојчето не?!
     
    На christinnn, Amellie, KateKane и 8 други им се допаѓа ова.
  12. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    7.130
    Допаѓања:
    37.929
    Пол:
    Женски
    Извини вака, ама глупаво ти е мислењево.
    Да, лиценците го запалија пожарот, оти да функционирал системот, дискотеката немало да работи. Инспекциите исто така не функционираат и тие го запалија пожарот, џандарите што биле вечерта и ништо не приметиле исто така го запалија пожарот, градоначалници (бивши и сегашни) министри (бивши и сегашни) инспектори... итн... сите тие се дел од системот и сите го запалија пожарот. Најнакрај вината е во ДНК, ама толку е минорна, што е глупаво и да се спомнува покрај толку виновници кои се пред нив на скалилото на одговорности.
     
    На fana, naturally, azelea и 15 други им се допаѓа ова.
  13. Viveki

    Viveki Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2022
    Пораки:
    1.531
    Допаѓања:
    11.215
    Пол:
    Женски
    ДНК ја донесле пиратеријата.
    Тие што дозволиле да се пали пиратерија, односно да функционира дискотека со такви услови уште ги потат газовите у фотељите.
    ДНК цел бенд е 3 метри под земја.
    Пред да трескаш глупости, размисли, кој нормален би го загрозил животот на другите,а со тоа и својот. Панчо?
    До Панчо, Aндреј ли ти дојде кривицата?
    Системот е спореден виновник?
    Дај не ме јеби.
    Бот.
    Па уште и родителите ги спомнуваш.
    Ми се згади.
     
    На Maco1ot, Harper, Bella ••• и 27 други им се допаѓа ова.
  14. DEFNEDEFO

    DEFNEDEFO Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јули 2025
    Пораки:
    203
    Допаѓања:
    1.103
    Мимо влошувањето на здравствената состојба по хоспитализирањето на Панчо во болницата Систина тој добил болничка бактерија која била причината за кобниот исход.
    Се разбира тие ова не го пренесуваат и кријат за да се заштити угледот на Систина кој е поважен од еден човечки живот.

    И така…
    63 :u:
     
  15. sagittarius90

    sagittarius90 Активен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2023
    Пораки:
    25
    Допаѓања:
    53
    Пол:
    Машки
    сите нешто знаете а ништо незнаете...прва работа е што бенд како што беше ДНК со светски афинитети никаде низ светот не одржува концерти во дискотеки, него тоа се големи концерти проследени со многу организација, детали, обезбедување и што ли не, ии секако дека и овде има можност за несакани последици...друга работа е што во македонија да работиш бизнис а да си кристално чист и праведен пред државата е НЕВОЗМОЖНО па колку и да би го сакал тоа и да целиш кон истото..самиот систем е створен да работиш за него и ракетарите кои ги произведува истиот систем...ова е немил настан и премногу тажен и од човечки аспект верувам дека апсолутно никој од сопствениците на самиот локал како и бендот не би сакале вакво нешто тие едноставно работеле за егзистенција на начинот на кој можеле полесно да егзистираат односно на начинот што системот си го создал....најголеми виновници се оние кои го сочинуваат системот, оние нешколувани прости кои земале функции, одат со крената глава бидејки од нив зависело кој ке работи кој не (оној кој ке подмити) а мрсули и течат до колена....мој личен став и мислење е дека како самиот бенд така и сопствениците на дискотеката се колатерална штета заедно со сите нас во оваа држава..за да има револуција треба првин образование на сите нас да научиме кое како да го работиме, да имаме почит најпрвин кон самите себе и нашиот образ па потоа кон функцијата која ја обавуваме, ама ова за македонија и за многу луѓе во мкд е квантна физика така да овде само полошо ќе станува.
     
    На bubemconia и st-el им се допаѓа ова.
  16. GirlVolley

    GirlVolley Популарен член

    Се зачлени на:
    28 март 2020
    Пораки:
    1.530
    Допаѓања:
    3.201
    Пол:
    Женски


    Луѓе доста ширите дезинформации…се ни е кажано во јавност. Бубрезите му откажале и сите органи од тешките изгореници и од надвор и од внатре. Телото не може да се избори со таа температура и се полни со вода и откажува се. Ампутирана му била и раката…престанете веќе со вадење муабети доволно е.
    Доболно е за почеток да се информирате телото како се справува со изгореници и колку се опасни.
    Панчо има син тинејџер,сигурно чита сегде се и сешто…
     
    На naturally, simoncelicius и st-el им се допаѓа ова.
  17. bubemconia

    bubemconia Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 август 2010
    Пораки:
    155
    Допаѓања:
    645
    Мислам дека бев доволно јасна. Истото го кажа или сегашниот градоначалник на Кочани пред некој ден во врска со пиротехниката и вината на ДНК.

    Имале ли ДНК дозвола за тие пиротехнички средства? Биле ли обучени за нивно користење? Каде ги набавиле? Како пееле без договор? На црно ли? Сори, ама според мене ДНК се учесници во тој "систем" кој сите го плукаме. Учесник е секој што прекршил биле каков закон за да дојде до тоа.

    Секако никој не сакал тоа да се случи, ниту пак претпоставувал ама секој сакал да си направи пари, на некој начин. Некој со мито, друг со работење без фирма, трет со настап без договор...

    Ако навистина сакаме правда, ова треба да се расчисти како и се друго поврзано со настанов.
     
    На Cutiepie1, nena2010, lovestoneddd и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    17.483
    Допаѓања:
    187.130
    На улица те газе кола во неа неположен возач
    Умираш
    Кој те уби?
    Неположениот возач или државата оти не бил фатен и казнет за шо возел без возачка
    Не ги величите и днк и они имаат вина и овие од државата
    Исто се виновни
     
    На nena2010, lovestoneddd, franca и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. simoncelicius

    simoncelicius Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    3.721
    Допаѓања:
    8.740
    Пол:
    Женски
    А ти знаеш како се добива болничка бактерија?
    Мислиш дека во стерилен балон се чуваат пациентите?
    Дај малце информирај се.
    Со недели наназад се знаеше дека ваков ќе биде исходот.
    Правеа се што можеа. Ама ни докторите ни Систина не се семоќни.
     
    На theowndemon, Biljarkata и Angie1432 им се допаѓа ова.
  20. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    8.067
    Допаѓања:
    42.742
    Пол:
    Женски
    Искрено, валидни прашања и на страна емоции, навистина треба да се одговорат. Јас лично, сметам дека е бесмислено да се посочи кон еден виновник во целава ситуација зашто толку многу работи се испреплетени што сите по малку си придонеле за да се случи несреќа.
    Знам дека многу работи остануваат недорешени кај нас, ама со оглед на тоа колкава трагедија беше ова, мислам(надежно) дека сепак ќе има некаква правда.
     
    На GirlLove, franca и bubemconia им се допаѓа ова.