Трагедија во Кочани - најмалку 59 загинати во пожар во дискотека

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Kataklinkers, 16 март 2025.

  1. Лејди Гага

    Лејди Гага Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 март 2025
    Пораки:
    705
    Допаѓања:
    1.163
    Пол:
    Женски
    Се надевам дека тој ,, доктор'' ќе го избркаат од работа.
    Пред неколку дена прочитав за еден грк, кој собрал повеќе од 40 мачки во својот стан и ги малтретирал :puke::@

    Гадови!!
     
    На l0vekim и Miss666 им се допаѓа ова.
  2. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    20.814
    Допаѓања:
    132.643
    Пол:
    Женски
    Каде реков дека нема. Каде некого оправдав? Убаво напишав непопуларно мислење кажав ама јеби га не можам да глумам лудило пред фактите.
    @Gosh потпис. За секој збор.

    Прашајте правник за што ќе беа обвинети ако преживееа особено Панчо кој бил и менаџер и букинг менаџер и се. Јас нема да пишувам. Прашајте си правник. За мртвите се најдобро, ама пред фактите и боговите молчат.
     
    Последна измена: 15 ноември 2025
  3. anggell

    anggell Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    6.768
    Допаѓања:
    13.791
    Пол:
    Женски
    Ејј стварно, додека не донесоа Андреј и Панчо претходно во диското никогаш немаше од овие прскалки, сериозно?
    Секоја недела објавуваа слики, овие прскалки се користеа уште на времето кога беше диското на место каде што до скоро имаше маркет. Замислете диско се реновира во маркет!! Што значи срањата се влечат многу, мноогуу одамна и не знам зошто се правете како ништо да не разбирате. Ама да, нели поарно е лоши вести, слики да не се читаат.
    Постојано имаше во диското од овие прскалки или што и да е.
    Толку многу пропусти има, толку многу одговорни ама Панчо и Андреј најмногу се обвинуваат овде на форумот.
     
    На Panda00, MB993, fashion-addict и 30 други им се допаѓа ова.
  4. Снегулк@23

    Снегулк@23 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 август 2020
    Пораки:
    3.680
    Допаѓања:
    5.658
    Пол:
    Женски
    Така е секој викенд имало пиротехника, објектот НЕМАЛ ЛИЦЕНЦА, план за евакуација, соодветни излези, вентилација и ред други работи, за тоа не може да водат евиденција изведувачите и гостите, затоа што за тоа си постојат институции!!!
     
    На fashion-addict, l0vekim, christinnn и 31 други им се допаѓа ова.
  5. Chimera

    Chimera Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    1.090
    Допаѓања:
    2.455
    А зошто такви работи тврдите? Во ред е тоа дека они си ги носеле прскалките, ама ако ти ми ги донесеш мене дома, а јас имам таван кој што е дрвен и не е во добра состојба, нема да ги прскаме прскалките исто како што сме ги прскале на друго место, каде што таванот бил повисок и можел да поднесе прскалки. Значи, во случајов, ЈАС сум дозволила твоите прскалки да прскаат и ЈАС сум одговорна за последиците, бидејќи ЈАС кажав дека дозволувам. Можеш ти да ми ги ставиш во мој објект без да ме прашаш? Не носете такви брзоплети мислења во кашава
     
    На Panda00, fashion-addict, l0vekim и 33 други им се допаѓа ова.
  6. Anie93

    Anie93 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2016
    Пораки:
    3.831
    Допаѓања:
    17.681
    Пол:
    Женски
    повеќе е како некој кај тебе дома да донеде огномет и дали ти ќе му дозволиш дс го пушти или не. Тоа било одговорност на менаџер/газда на клубот да одлучи. Дури и да биле живи мислам дека менаџер треба да има одговорност.
     
    На SummerGirl, Harper, Erika.greeneyes и 6 други им се допаѓа ова.
  7. moonlight-girl.55

    moonlight-girl.55 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    1.606
    Допаѓања:
    3.535
    Сигурно и тие ко бенд ќе сносеа вина, ама тоа диското какво беше на слики, башка и врати не можеле да отворат да излезат, ништо по пропис, тешко дека на нив само ќе останеше.
     
    На VDT2906, Erika.greeneyes, Annath и 2 други им се допаѓа ова.
  8. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    20.814
    Допаѓања:
    132.643
    Пол:
    Женски
    Панчо бил букинг менаџер, и на бендот и на Сергеј Четковиќ.. он договарал и одлучувал се. Секако дека ни ви најлош кошмар не сонувал дека вакво нешто ќе се деси. Ама се деси. И ако збориме правно и реално...
    @anggell им се деси нив. Крај. 1000 пати поминало нив им била кобниот 1001 пат. Ти зборувам од правен аспект. Без емоции мешање. Не е битно пред нив, битно е тогаш што се деси. Ако биле други исто ќе беше.
    Прво знаеле дека нема лиценца, без договор отишле да пеат, на црно организирано. Знаеле дека нема основни услови. Само да не ги пуштеле тие проклети прскалки и да не биле од топлите. Има и ладни сме збореле. Да не се повторуваме. Штета за се што се деси незамислива. Ама пред закон е едно, емоции се друго.
     
    Последна измена: 15 ноември 2025
    На Gosh и ArabellaStarfall им се допаѓа ова.
  9. Anie93

    Anie93 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2016
    Пораки:
    3.831
    Допаѓања:
    17.681
    Пол:
    Женски
    мене не ми излезе правник некој да збори за ситуацијава, ако има слободно пушти линк да прочитам. Не мешам емоции ама не знаев дека Панчо е менаџер на клубот?! Во Кочани ли…. Хммм
     
    На Erika.greeneyes, naturally, carangigia и 2 други им се допаѓа ова.
  10. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    20.814
    Допаѓања:
    132.643
    Пол:
    Женски
    Не на клубот. На бендот.
    Он договара каде што како. Значи знаел се. И услови и све зашто биле и другари со газдава.
    Нема правник зборено јавно. Ние што имаме искуства и во окружување правници знаеме што и како. Не знам сега како е дефинирано обвинението. Ќе видиме на 19 ти..
     
    На Anie93 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Снегулк@23

    Снегулк@23 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 август 2020
    Пораки:
    3.680
    Допаѓања:
    5.658
    Пол:
    Женски
    Не менаџер на групата бил, не на клубот
     
    На nena2010 и Anie93 им се допаѓа ова.
  12. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    20.814
    Допаѓања:
    132.643
    Пол:
    Женски
    Затоа дечки пазете каде одите, каде излегувате.. гадно време дојде. Не дека и во мое пред 25 години беше поарно ама ова аега е ненормлано.
     
    На Снегулк@23 и kolovoz им се допаѓа ова.
  13. Mumoftwo30

    Mumoftwo30 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2023
    Пораки:
    4.712
    Допаѓања:
    15.108
    Пол:
    Женски
    Дефинирано обвинение, на 19 ќе добијат тие што не можат да зборат - мртвите де! Зашо најлесно е кривицата да се пренесе на нив!

    А тоа што газда Деко и син му Михајло, се хоштаплери, и први обвинети за оваа трагедија, никому ништо!!! Од УЈП до политика, судство, па тек последни се криви ДНК, последни!

    Никој менаџер не бара елаборат за евакуација кога договара настан, сега почнаа сите се да бараат магично, затоа немаме отворено диско у државава веќе, по тоа се гледа колку не сме корупција.

    И не може никој да ме убеди дека виновни биле ДНК, ако не им дозволеле да внесат прскалки, немало да внесат и крај точка.

    Крива е нашата скапана, корумпирана држава, криви ни се сите министри, партии, градоначалници, судии... што мижеле на ваков објект, и дозволиле да биде отворен по 100 пат, нелегално!!!!

    Ама кај што може парата- никој не може!
    Гнаси од луѓе се сите одговорни што премолчиле на ова!
     
    На fashion-addict, Maco1ot, Panda00 и 29 други им се допаѓа ова.
  14. angel92

    angel92 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2011
    Пораки:
    2.442
    Допаѓања:
    6.334
    Никој не вика дека немаат вина бендот ама не е 100% (10% макс). И не е фер само бендот да е виновен кога пола заминаа и не можат да се бранат. Тука има хиерархија од луѓе кои треба да одговараат, не знам како не разбирате?!
    Од тој што ги донел, до тој што дозволил, до тој што не пуштил инспекција да провери дали клубот е по пропис со сите безбедносни мерки и на крај до тие што ТРЕБА да воведат БИЛО какви ЗАКОНИ за како една дискотека би била безбедна.
    Едини емоции во ситуацијава што осеќам е бес и жал за луѓето кои заминаа. Заради тоа треба да одговараат сите пред законот (кој го немаме или е потплатен со мито).
    И така се вртиме во круг за сите несреќи во Македонија.
     
    На Panda00, LadyD, VDT2906 и 8 други им се допаѓа ова.
  15. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    20.814
    Допаѓања:
    132.643
    Пол:
    Женски
    Затоа викам, веќе се знае кој ќе виде крив. Мртва уста не збори.
     
  16. FlirtBerry

    FlirtBerry Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2025
    Пораки:
    571
    Допаѓања:
    2.257
    Пол:
    Женски
    Ајде од понеделник ќе видиме. Им почнува судењето.

    Ма да што не верувам дека нешто ќе се среди. Од нашево корумпирано правосудство се е можно.
     
    На Miss666 и eliesaab им се допаѓа ова.
  17. BloodElf

    BloodElf Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2014
    Пораки:
    367
    Допаѓања:
    728
    Пол:
    Женски
    Не излегуваат зошто знаат со што не трујат во воздухот, и која е целта!
    На крај и тие се системот против кој се протестира.
    Ама ајј, џабе ќе си пишувам, пак ќе ме избришат.
     
    На FriendOfDorothy и Miss666 им се допаѓа ова.
  18. ArabellaStarfall

    ArabellaStarfall Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2024
    Пораки:
    1.359
    Допаѓања:
    8.674
    Пол:
    Женски
    Вие што се правите дека ДНК не биле виновни, сте дел од истиот систем што ги уби и останатите. Како може да ви е нормално да пееш на црно, без договори, без ништо. Како може да ви е нормално, кога гледаш внатре какво е, да носиш пиротехника. Да, не се запалило претходно, ама за да се запали и никогаш повторно да не ти текне, треба еднаш.

    Не отишле со намера да запалат, сигурно. Но, отишле со намера да го негуваат системот, оној кој сега се тврди дека е најодговорен.

    Јас сфаќам дека беа драги на повеќето, хуманитарци, ама не знам како не согледувате нешто толку очигледно.

    Бараш грешка во газдата, бараш грешка во полицијата, бараш грешка во политичарите, ама никако во бендот.
    Или некој се обиде моето објаснување да го искористи за докажување на нешто што воопшто не е така. Ако сакаш скроз да ја доловиш истата ситуација. Имаш дрвен таван, ти што живееш цел живот во тој дом и претходно си користела пиротехнички материјали и никогаш не се запалило. И ти доаѓа другарка, решава пак, ти врз основа на претходното искуство, а не сакаш пари да вложиш во својот дом да го направиш безбеден, ти пали. Се запалува домот. Кој е крив? Двете. Ама не само тој што дозволува да се пали.

    Селективност во правдата барате. Според мене, не може така. Или сите, или ни еден. Само така ќе просперира државата. А не, овој бил мил на народот, другиов има братучетка во судството, третиот ќе се прави ја нисам из одавде, итн.

    Несреќен случај е, пример нивната опрема, да има некаков спој и ,,благодарение" на безбедноста на објектот да се запали. Тогаш не знам како би биле виновни. Ама ова не е дел од опрема за свирење, туку средство, на коешто верувам дека има инструкции и предупредување како се и како не се користи.
     
    Последна измена: 16 ноември 2025
    На VDT2906, Glowy, BlackNight и 9 други им се допаѓа ова.
  19. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    6.204
    Допаѓања:
    14.204
    Извини но сите се соучесници. Прво сите свиреле на црно, второ може сите дале согласност да се внесе пиротехника. Значи ако обвинуваме треба цел бенд, а не само Андреј и Панчо.
     
    На angel92 и Снегулк@23 им се допаѓа ова.
  20. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    24.098
    Допаѓања:
    204.347
    Пол:
    Женски
    Ние сакаме сите што сносат тука вина да бидат казнети. А не само оние што отидоа под земја...
     
    На Panda00, VDT2906, azelea и 8 други им се допаѓа ова.