Трагедија во Кочани - најмалку 59 загинати во пожар во дискотека

Discussion in 'Политика и настани' started by Kataklinkers, Mar 16, 2025.

  1. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Joined:
    Jul 19, 2015
    Messages:
    9,192
    Likes Received:
    222,225
    Gender:
    Female
    Ми кажа мајкава кој пријавил ама не се сеќавам ама добро се сеќавам дека е пријавено после 25 мин замислете, и им имат пуштено едно возило, ЕДНО, а во пожарот во старечки домсега скоро дури 6 ВОЗИЛА , им ги затварале најпрвен вратите ради рација мислеле бегаат а тие се гушеле и гмечеле внатре, оние што отишле у вц мислеле ќе побегнат низ прозорците .. сите прозори биле забракадирани или со решетки им направија ГЕНОЦИД внатре во дувлото за да се испотруат и изгорат живи, значи од полиција до медицина ништо не кажаа никакви инфо немаме, имам гледано слики од болницава како лежат мртви еден врз друг исчаденни со локви крв… ГЕНОЦИД и в болница било.
    И ние уште седеме ете се молиме на Бога тоа и ни остана искрено. Нема друго.
    Се надевам дека почиваат во мир на некое многу подобро место ;(
     
    SummerGirl, nena2010, Amelia and 2 others like this.
  2. st-el

    st-el Популарен член

    Joined:
    Apr 27, 2010
    Messages:
    885
    Likes Received:
    5,969
    Gender:
    Female
    Јавно кажа мајката на едно од починатите деца дека на вратата полицијата не ги пуштала надвор, заради рација....
    Исто, на друго дете, мајката рече дека нејзиното со уште 2 ги превезол таксист, меѓу првите... На нозе влегле во болницата, а оттаму жив не излегол, без никаква изгореница починал... Човекот што ги возел до болницата ѝ се јавил во шок, не му било верно.
    Овие изјави ги гледав на нашите медиуми.
    Кај ќе им оди душата на сите што не помогнале, а можеле?!
    Што можеле да спречат, а отежнале!?

    Ќе има многу сведоци, сите треба и мора да ја кажат вистината на судењето.
    Најлошо е ако нешто не се промени во системот, ќе следат уште вакви и слични несреќи.... Само кој ќе биде следен?
    Секој од нас би можел да биде.

    Утре, на 19.11.2025г. почнува судењето, Господ нека им дава сила и упорност на родителите да истраат во таа болка и страдање....
    Секој поглед бара правда :u:
     
    Last edited: Nov 18, 2025
  3. Amelia

    Amelia Популарен член

    Joined:
    Sep 12, 2010
    Messages:
    2,362
    Likes Received:
    1,820
    Мислеш ли ќе ја кажат вистината, дека ќе нема притисоци?
     
  4. NoirSerpentine

    NoirSerpentine Истакнат член

    Joined:
    Jun 6, 2021
    Messages:
    1,130
    Likes Received:
    2,773
    Gender:
    Female
    Вина не, грижа на совест можеби. Бидејќи, ако одело сѐ според пропири, сопственикот на дискотеката воопшто немало да дозволи огномети. А има видеа од претходно дека имало настани исто така со огномет. Одговорноста пак е на сопственикот.
    Друга проблематично е што веднаш откако го пуштија синот на сопственикот, профилите на „пулс“ исчезнуваат од социјалните мрежи (едната само постои, не знам, немам проверено во последно време). Што значи дека активно прикриваат докази во тек на истрага. Се надевам барем дека биле доволно паметни за да ги обезбедат материјалите пред овие да ги избришат.

    „Управителот“ што загина бил келнер, управител само на хартија.

    Имаше видеа споени од повеќе за да се направи тек дека откако ќе сфатат што се случува, се обидуваат да излезат. Од светлечките ефекти нормално е да не забележат веднаш дека има пожар, па дури изрегистрират, па на крај дур излезат 500 луѓе низ само една врата... Никој не гледа нагоре, сите гледаат на сцената.

    За кочанската болница уште за време на ковидот имаше по социјални мрежи дека имале вкупно две кислородни боци од кои едната била расипана (претпоставувам не се ни користела). И на едно од првите виде со замаглена слика и изменет глас некое медицинско лице кажува дека и за време на интервенцијата имале само 2-3 боци вкупно.

    Другово....политика. Новава што ја ставиле ја има по слики за кампањи со ДПМНЕ. Веројатно и претходната не била помалку поврзана со политика, знаеме како функционира барем тоа.

    Труење со моноксид настанува многу брзо. Не е важно дали биле инаку повредени или не. Докторите уште на почеток излегоа со изјави дека за жал не може многу да се направи во такви ситуации. А тамошните доктори сигурно повеќе се фокусирале на овие со изгореници. Не можеле да знаат дека овие кои се свесни и стојат вдишале толку чад. Многу лоша ситуација...

    Малку не е во ред да се пишува дека „можеле да помогнат, а не помогнале“ ако се однесува на докторите. Луѓе, 500 пациенти се во прашање, обично по еден дежурен доктор има само во помалите места (ако воопшто има итна помош). Покрај него да има плус уште еден или двајца, неколку медицински сестри и толку е персонал. Сигурно веднаш дошле и од другите оддели и на крај пак е премалку. Сите матични кои можеле веднаш се вклучиле за да помогнат, а им пратиле персонал и од другите градови. Со такво нешто не можеле ни најопремените болници да се справат, а не пак болница со премалку вработени и уште помалку материјали за работа.
    Мене ме иритира многу тоа што вработените медицински лица СЕКАДЕ постојано молчат, ама ако не молчат ќе ги избркаат од работа, а проблемот нема да се реши туку само тие ќе останат без работа. Многу неблагодарна ситуација е. Треба да се држат до тоа дека за лечење се таму, ама заради трулиот систем и политика не можат многу да направат.


    Да завршам со: виновен е корумпираниот систем и политиката! Фокусирајте го гневот кон тоа. Не знам дали може ама треба да се издејствуваат и различни обвиненија, не да остане само на ова. Да не беше овој трул систем каков што е, немаше да дојде до ова. Немаше сопственикот од магацин да направи дискотека, немаше да му се издаде дозвола за работа, немаше да му одобрат план (затоа што мора да има план за евакуација) или 2 пати да го реновира тој простор однатре и да го направи светски на изглед, а ужас за излез. Сите тие дозволи од кој зависат? Од секоја институција посебно. Дури фалсификуваната лиценца во случајов е најмал проблем, при толку други недостатоци. Ако сопственикот ги испочитувал сите безбедносни прописи и направел барем да биде безбедно, ова немаше да биде толку катастрофално.
    На крај ќе одговараат неколку ситни риби и пак ќе си остане исто, ако дозволиме ние и ако не излеземе барем на протести. Над 200 млади засекогаш ќе ги носат лузните со себе и на себе.

    Наше е да не шпекулираме и да го фокусираме незадоволството на вистинското место - кон институциите, кон корумпираниот систем и кон политиката. Само видете што се случува со Веаповска! Не сме народ против народ, мора да сме народ против трул систем!

    Кочанчани покажаа на гласањето дека не сакаат политика со тоа што голем број го гласаа независниот (кој пак ќе потсетам дека немаше ниту една реклама и пак во градот победил, во селата моја претпоставка дека не ни слушнале за него изгледа па гласале за она што им е познато....или пак другиве им ветиле субвенции на посетите). Тоа треба да биде најголем пример за сите.

    Народот против трулиот систем!
     
    1209, vitamina, LadyR and 11 others like this.
  5. forumce

    forumce Форумски идол

    Joined:
    Feb 22, 2017
    Messages:
    9,021
    Likes Received:
    41,355
    Gender:
    Female
    Леле ;(;(;(;(

    Душички, којзнае колку исплашени биле.
     
    vitamina, st-el, SummerGirl and 2 others like this.
  6. NoirSerpentine

    NoirSerpentine Истакнат член

    Joined:
    Jun 6, 2021
    Messages:
    1,130
    Likes Received:
    2,773
    Gender:
    Female
    Да го поткрепам ова со доказ. Ова е последниот извештај од ЕУ. Прочитајте го, дури на прва страна после воведот е ставено.

    North Macedonia Report 2025 - Enlargement and Eastern Neighbourhood

    fire.png
     
    Tanjamm, SummerGirl and Mumoftwo30 like this.
  7. Amellie

    Amellie Истакнат член

    Joined:
    Feb 8, 2015
    Messages:
    72
    Likes Received:
    162
    Gender:
    Female
    Судењето се пренесува и во живо, но секако дека стримот закочи...

    ,
     
  8. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Joined:
    Dec 21, 2010
    Messages:
    20,809
    Likes Received:
    132,616
    Gender:
    Female
    Гаселе сами да не се дознае. Е тоа чекале.
     
    vitamina likes this.
  9. NoirSerpentine

    NoirSerpentine Истакнат член

    Joined:
    Jun 6, 2021
    Messages:
    1,130
    Likes Received:
    2,773
    Gender:
    Female
    Кажа дека ќе ги пуштале по 5-10 мин и снимателите ќе ги напуштале просториите.
    Ако се пренесува барем нека има пренос од еден медиум. Вака сите и на крај ниту еден.
    Очигледно и салата не е најсоодветна...иако за ова ни еден цел амфитеатар нема да е доволен...
     
  10. NoirSerpentine

    NoirSerpentine Истакнат член

    Joined:
    Jun 6, 2021
    Messages:
    1,130
    Likes Received:
    2,773
    Gender:
    Female
    За ова треба многу повеќе да се зборува, да се пишува. Мора да се помогне на преживеаните. За нив најмногу треба да се зборува. Знам дека е пречувствителна тема ама ако не се зборува, луѓето нема да се свесни.

    Не ми е јасно како може да се одбиени кога државата ветуваше помош. Каде е сега таа помош, дури ни социјална помош одбиваат.
    Едит: мора да има некаков начин или барем исклучок за нив да важи. Не знам, не можам да прифатам дека ги одбиле. Исклучителна околност е. Не знам...

    Можеби има некој кој ќе сака да помогне со стан во Скопје, барем да не мора да се малтретира секој ден по патиштата.
    Ама пак да мора да направиме притисок на овие по институциите и тие над нив што се чукаат во гради дека прават сѐ. Дајте на протестите и овие работи нека се кажат од оние кои се запознаени. Најстрашното е сега за преживеаните! Па на нив треба уште поголем фокус сега. Млади луѓе оставени сами на себе!
     
    Last edited: Nov 19, 2025
  11. Amelia

    Amelia Популарен член

    Joined:
    Sep 12, 2010
    Messages:
    2,362
    Likes Received:
    1,820
    А што на обвинителна клупа нема никој од ВМРО?
     
  12. Darko90

    Darko90 Популарен член

    Joined:
    May 24, 2013
    Messages:
    349
    Likes Received:
    3,794
    Gender:
    Male
    Па они никогаш не биле власт тука, Панчо е крив, како така па ти некој од вмро да биде обвинет? Ти нели прочита дека градоначалник на вмро кажал дека Панчо е крив, и тоа е тоа, не знам зашо воопшто судење ќе има.
     
    Aschenputtel, Mazegin, boo3 and 8 others like this.
  13. mKdevojce

    mKdevojce Популарен член

    Joined:
    Dec 25, 2009
    Messages:
    2,391
    Likes Received:
    17,049
    Уште на сам почеток безобразно и безмилосно им укажаа на семејствата дека ги чека долга и тешка борба (се плашам дека е и претходно одредено кој ќе биде победник а кој поразен).

    Немало да се оди по принципот "жед за крв" туку според јаките закони. Уште од сам старт играта е тактички наместена, и тоа од вмро и сдсм заедно. На ти го, дај ми го е работата.

    На крај ќе го наместат смешката од јавен обвинител дека не чини и не ја завршил работата како треба (затоа и не го сменија) а они пак ќе бидат прави.

    Додека младината ќе скапува во црната земја олошите пак ќе се извлечат. Веќе многупати видено. :swear:

    Тешко на оштетените, долга и тешка зима ќе биде за нив ;(.
     
    Last edited: Nov 19, 2025
    Miss666, Amelia and SummerGirl like this.
  14. anggell

    anggell Форумски идол

    Joined:
    Nov 2, 2011
    Messages:
    6,768
    Likes Received:
    13,789
    Gender:
    Female
    Адвокатите, скоро сите од Кочани, ниеден нема излезено на протест, никаква подршка ама први се за бранење на првообвинетите. И веднаш бараат одложување. Како можат да ги погледнат во очи родителите? Кочани е мал град, лично не се знае секој со секој ама познаници сме сите.
    Точно, тоа им е работа, ама тие 8 месеци гледаат на каква мака се родителите. Што бранат и кој бранат?
     
    vitamina, shz, Miss666 and 3 others like this.
  15. Darko90

    Darko90 Популарен член

    Joined:
    May 24, 2013
    Messages:
    349
    Likes Received:
    3,794
    Gender:
    Male
    За жал, почетокот на судскиот процес за трагедијата во Кочани само ги потврди сомнежите дека од оваа постапка освен наративи, нема да поризлезе правда. Или, да бидам попрецизен, правдата која од овој процес ќе биде спроведена ќе биде со ограничен квалитет и со употребна вредност.

    Го слушав обвинителот во неговите воведни зборови, кои повеќе личеа на завршни, како го објаснува каузалитетот (причинско последичната врска) помеѓу обвинетите лица со настанувањето на пожарот.

    Обвинителот вели дека за оваа трагедија не може да бидат виновни само оние кои во моментот на трагедијата биле на служба (функционери, вработени, полицајци) само затоа што во тој момент се активни службеници, туку виновни треба да бидат и оние кои во моментот на трагедијата не биле на служба но овозможиле преку сторување или несторување оваа дискотека да функционира, што пак довело истата да биде небезбедна и да се случи оваа трагедија.

    Дополнително обвинителот вели „секој следен учел од претходниот“ мислејќи на функционерите и бирократските службеници, па така 12-13 години не ја контролирале дискотеката, ниту ја казниле.

    Оттука сега се отвара следното прашање:

    Ако секој од секого учел како треба да замижува пред нерегуларностите на дискотеката, тогаш зошто меѓу обвинетите не е и директорот на ДЗС кој во време на трагедијата бил одговорен?

    Зошто помеѓу обвинетите се само луѓе кои во моментот на трагедијата не биле на служба, а нема луѓе кои биле на служба и учеле од претходните како да замижуваат пред криминалот на Деко?

    Како може да се обвинети за предизвикување на пожар лица кои не биле на служба, а да не се обвинети за пожарот лица кои биле на служба?

    Ако ги обвинувате од групата ДНК за носење на пиротехниката, каде е обвинението за МВР кои не ги спречиле или не ги контролирале претходно дали имаат дозвола за користење и ракување со таа пиротехника?

    Се согласувам дека поради непостапување, корупција, мито, сторување или несторување треба да одговараат сите претходни и актуелни функционери надлежни за овој случај, ама никако не можам да се согласам дека не треба да одговараат актуелните инспектори во УЈП, ДЗС, ДПИ, МВР.

    Бидејќи и обвинителот констатира дека во таа дискотека имало постојано незаконско користење на пиротехника, не ми е јасно зошто ниту еден инспектор за оружје не е помеѓу обвинетите иако имал надлежност и морал да ја контролира дискотеката?

    Каде е одговорноста за Јавниот обвинител од Кочани, кој исто така не постапувал по пријави, поплаки и допрен глас иако бил врховен спроведувач на законот на подрачјето на ЈО Кочани?

    И на крајот, зошто нема постапка за директната и непосредна вина за последиците од трагедијата, бидејќи ова што во моментот се бара е посредна вина и дела кои индиректно довеле до оваа трагедија.

    Зошто се крие директната и непосредна одговорност за настанувањето на пожарот - кај инспекторите, полицијата и ДЗС?

    А.М
     
    happygirl, Miss666, Amelia and 3 others like this.
  16. forumce

    forumce Форумски идол

    Joined:
    Feb 22, 2017
    Messages:
    9,021
    Likes Received:
    41,355
    Gender:
    Female
    Во своето излагање, Јанев детално ја реконструираше кобната ноќ и ги посочи клучните фактори што довеле до катастрофата. Според него, употребата на пиротехника била однапред договорена, а вградените материјали – токсични и небезбедни – ја зголемиле смртоносноста на пожарот.

    „Дејан и Михајло го договориле настапот на групата ДНК и се договарале со Владимир Блажев. Пиротехниката не била случајност, туку дел од претходно договорениот сценски настап. Ваква сценографија групата користела и претходно. Веднаш по пристигнувањето, покојниот Мартин Атанасовски ги внел и активирал пиротехничките фонтани додека се изведувала песната ‘Што сака нека биде’. Плафонот веднаш се запалил, а објектот – со еден единствен излез – станал смртоносна стапица.“

    Јанев додаде дека вградените материјали од сопственикот Дејан Јованов се носечка причина за смртта на голем број од жртвите, бидејќи при согорување ослободувале високо токсични гасови што предизвикале задушување и губење на свест кај присутните.

    „Со ова обвинение тврдиме дека не само активните дејствија со употребата на пиротехниката, туку и континуираните деликти со несторување, се причината за оваа катастрофа“, заврши Јанев. објави Скопје1.мк
     
  17. mece23

    mece23 Популарен член

    Joined:
    Mar 24, 2013
    Messages:
    296
    Likes Received:
    1,478
    Gender:
    Female
    Не само зимата, туку целиот живот ќе им е долг и тежок.
    Тешко нив... барем правда да добијат ;(
    Веќе незнам што да кажам, од досегашното видено во оваа држава добро знам што ќе се случува
    Штета за сите нас ;(

    Само незнам зошто уште пишуваме на фемина а молчиме во реалноста, за ова сите сме засегнати. Овде треба да делуваме сите заедно!!!
     
  18. mKdevojce

    mKdevojce Популарен член

    Joined:
    Dec 25, 2009
    Messages:
    2,391
    Likes Received:
    17,049
    Како? Колкава е моќта на народот? Ете гледаме во Србија, цела држава се крена на нозе, цела година има големи протести и ете го Вучиќ уште во фотеља. Ако не се лажам и таму уште не е расветлен случајот...
    Јас мислам дека уште еднаш ќе се повтори тоа дека каде има сила нема правдина... за жал иако моќта е во народот сепак многупати се докажа дека судбината сепак му ја одредуваат една шака шарлатани кои некој од високо горе ги поставува и штити.. :(
     
    vitamina and SummerGirl like this.
  19. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Joined:
    Apr 24, 2019
    Messages:
    8,067
    Likes Received:
    42,738
    Gender:
    Female
    Сигурно никој не скрил боци со кислород, туку толку имало. Истото важи и за амбулантни возила, колку имаат таму на располагање, тимови и возила? За тоа вината е секогаш во тоа што болниците низ државата се недоволно снабдени и работат во услови што се под секое светско ниво. А и да била болницата соодветно опремена, пак е преголем толкав нагол наплив на пациенти. Верувам дека и здравствените работници и полицијата дале свој максимум, најпоследни треба тие да се обвинуваат за удел во овој ужасен исход.
     
    vitamina, VDT2906, SummerGirl and 2 others like this.
  20. mece23

    mece23 Популарен член

    Joined:
    Mar 24, 2013
    Messages:
    296
    Likes Received:
    1,478
    Gender:
    Female
    Има народот моќ, ама ако е сложен народ.
    Неможе една рака шарлатани да управуваат еден народ цел живот, да го лажат и да си играат со животот на тој народ. Овие тоа го прават, ама никој досега не излегол на улица да се побуни.
    Сите едногласно, сложно и не многу мирно.
    И да правиме протести, ги правиме играјќи оро, пуштајќи патриотски песни...
    Родителите на децата сами се борат... а да се собере голема маса на луѓе пред тој суд? Мислите сеедно ќе им е како ќе судат?
    Тие сите беа наши деца и сите сме засегнати од ова...
     
    vitamina, Sofia*, SummerGirl and 2 others like this.