Форумџика на годината

Трагедија во Кочани - најмалку 59 загинати во пожар во дискотека

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Kataklinkers, 16 март 2025.

  1. boo3

    boo3 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јули 2015
    Пораки:
    1.649
    Допаѓања:
    6.210
    Пол:
    Женски
    Може ли некаде да се прочитаат имињата на обвинетите? Има ли, поточно кои се изоставени?!

    Можам да замислам каков пазар е направен, кога иде ред за вакви работи и најголемите непријатели се спријателуваат да спасат газ.
     
    На SummerGirl и Mumoftwo30 им се допаѓа ова.
  2. ArabellaStarfall

    ArabellaStarfall Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2024
    Пораки:
    1.391
    Допаѓања:
    9.051
    Пол:
    Женски
    Оној што го посочија ИРЛ што имал братучетка обвинителка и си добивал поклончиња од газдата, знае некој дали е меѓу обвинетите?
     
  3. BloodElf

    BloodElf Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2014
    Пораки:
    369
    Допаѓања:
    728
    Пол:
    Женски
    Јас ги гледав тие на почетокот, каде викаат излегувајте и тие напред ни со прст не мрдаат, ни глава вртат да видат назад како е.

    И народот е трулиот систем.
    Како жртва одиш да бараш помош, другата страна ти го презентира новото пионче што си го собрала. Ти си добиваш плус трауми.
    И тука тоа се покажа со тоа што ми го избришаа постот во кој кажав за мојата тортура, а во реален живот е уште пострашно и појезиво, особено кога ќе свлечкаат и дете со нив на презентација за sorry points.
    И групно ќе ти се соберат и ќе те буцкаат од сите можни страни и на сите можни начини (и тие во претходниот пост наврдени (DEW)) дури не се откажеш или ти не изгледаш лудиот, или стварно да те полудат.
    И тоа можи.
    А останатите и глобални политики на кои се работи моментално во позадина КРАЈНА ЦЕЛ се кобни.
    За новите што се добија надробено што може на некој да му се случи уште сега, па и на нивни деца, и од тоа решија да им се приклучат, немам коментар.
    Јас пак мислам дека тој што го наведив е системот што ги уби, прво затоа што и самите си кажуваат дека е in the work (од пред 2020та), јас знам од искуство (ајј и тука ќе напишам, од постовите делува дека сум поОК (free ride, when you've already paid и избор)), а гледам и други засегнати, настрана починати жртви.
    Ако не денес, значи за утре се планира.

    А и настаните (и зголемен криминал и сообраќајки) одат и за тоа луѓето сами да си го бараат режимот што следи и законите за следен чекор од деструкцијата, полека, полека си ги носат и тука. И онлајн пропагандата го промовира комунизмот ова социјализмот де UN2030.
    А трета работа за тоа е и дека и во околина гледам дека средна класа поимотни има засегнати, значи можи и тоа да е плус причина да се решаваат од луѓе што не би сакале да го дадат на владата тоа што сами со труд си го спечалиле. За интелектуална сопственост, не те ни прашува некој.

    Трансхуманизам е крајна цел btw, т.е ботификација на народот, настрана следниве чекори што водат до таму.
     
    Последна измена: 19 ноември 2025
    На eliesaab и mece23 им се допаѓа ова.
  4. eliesaab

    eliesaab Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    5.014
    Допаѓања:
    16.912
    Пол:
    Женски
    ..за жал кај нас луѓето се будат и се чувствуваат засегнати само во исклучителни ситуации, најчесто кога ќе им се допре нивното најмило (колку и сурово да изгледа вака напишано). Дел се борат, дел иселуваат и така секој си го наоѓа чарето некаде. Колективната незрелост, неможноста да се издејствува своевремено (една тема ли е!), на крај само да не води кон тоа дека „системот“ е крив. Крив-прав, досега ќе се подисправеше (ако се сакаше искрено).
     
    На Annath, Amellie, vitamina и 5 други им се допаѓа ова.
  5. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    6.256
    Допаѓања:
    26.827
    Пол:
    Женски
    А јас уште не сфатив кој дозволил присуство на толкав број луѓе и дали и тој ќе одговара. И кој продавал алкохол.
    Дискотеката немала врати за евакуација, прскалки, сфативме.
    Ама не е сеедно дали низ тие врати ќе излезат 100 или 1000 души.

    Сакате промена на систем? Нека се казнат сите што потфрлиле тогаш, не само големците.
     
    На Annath, vitamina и SummerGirl им се допаѓа ова.
  6. Apash

    Apash Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јули 2024
    Пораки:
    112
    Допаѓања:
    188
    Пол:
    Машки
    И како и во други случаи виновни се починатите спрема судствово наше.. днк во случајов..
     
    На Annath и eliesaab им се допаѓа ова.
  7. Amelia

    Amelia Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    2.382
    Допаѓања:
    1.828
    Каде се тие инспекторите од УЈП што си допишуваа со синот на Деко, тој еден жолт дебел од Кочани што бил брат на некоја од судски совет или така нешто?
    Каде се полицајците и тие полицајци што ја држеле вратата,

    Значи јавно никој од институциите не излезе да каже фактор за смртта на таа голема бројка се и полиајците што ја држеле вратата. Вратата да била отворена бројот на жртви би бил помал, сега е јасно зошто така се сторило гужва, ова го изјавија родителите од искази на таму присутните. Никој надлежен не се изјасни за ова.

    И какво е ова судење кај се овие полицајци што треба да седнат на обвинителна клупа, а таму има многу што нетреба реално да се обвинети, а тие што треба не се повикани на одговорност?

    И што кажа обвинителот тие што не биле на должност се одговорни, а тие што биле на должност не се одговорни…
    Се гледа овде што ќе биде вистинските одговорни нема да лежат..

    Значи од ВМро никој нема на обвинителна клупа, бидејќи тие што сега се на служба ЈО кажа дека сегашните не се криви туку претходните, за конкретно настанот од 16 март се криви сегашните, а дека дискотеката не требала да работи воопшто не требала, затоа претходните ќе си одговараат за друго кривично дело, конкретно за ноќта и настанот се криви сегашните.

    А и треба да има посебни судења, не може иста квалификацијан на КД да биде за сите исто…
     
    Последна измена: 19 ноември 2025
    На MiloMalo, vitamina, Miss666 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Anie93

    Anie93 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2016
    Пораки:
    4.071
    Допаѓања:
    18.442
    Пол:
    Женски
    Жени, сите вие што пишувате тука, дали бевте на маршот?
     
    На Amellie, Sofia*, vitamina и 2 други им се допаѓа ова.
  9. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.274
    Допаѓања:
    39.771
    Пол:
    Женски
    Ова е многу битен момент. Ако сакаме вакво нешто никогаш да не се повтори, треба реално да гледаме на работите и непристрасно да делиме кривица. Факт е дека ДНК се виновни подеднакво и кој сака нека скока врз мене, тоа не ја менува вистината.
    Кај на црно печалка па уште и лагарија опрема. Да беше наместо ДНК некое андерграунд бендче друга песна ќе пееја овие што ги бранат.
     
    На Annath, Angie1432, Sofia* и 5 други им се допаѓа ова.
  10. Amelia

    Amelia Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    2.382
    Допаѓања:
    1.828
    Ама, еве во Станица не се запалило..
    Што значи Пулс е штала кој знае од каков материјал е направено и нормални тоа не е дискотека, нема основни услови..
    И така од ова излегуват низа пропусти и кривци, да излегле на време да не ја држале полицијата затворена вратата ќе било многу подруго ќе било, починатите повеќе се отровени, дали 2/3 се изгорени.
     
  11. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    17.661
    Допаѓања:
    188.407
    Ма какво судење 60 и кусур фамилии
    60 татковци земаат оружје и ги стрелаат сите засегнати
    Школо еднаш засекогаш
     
    На Bebce1, SummerGirl, Miss666 и 6 други им се допаѓа ова.
  12. LadyR

    LadyR Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2012
    Пораки:
    2.807
    Допаѓања:
    10.217
    Јас бев со бебе во количка на маршот... Не пишувам овде, ама еве сега да пишам дека очекував повеќе луѓе општо, и дополнително очекував дека ќе има поголема поддршка од јавни личности на маршот. Поддршка во смисла да присуствуваат, а не да споделат на инста дека ќе има марш.
     
    На happygirl, Annath, Eunoia и 7 други им се допаѓа ова.
  13. anggell

    anggell Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    6.846
    Допаѓања:
    13.979
    Пол:
    Женски
    Јас искрено ни толку не очекував со оглед на тоа колку имаше првиот пат. За ваков проблем требаше река народ да има ама тоа е, ова е Македонија.
    Кога во Кочани веќе велат не биле за подршка и жалење родителите, си добивале свои интереси што за другите да се каже. Немаме емпатија, никакво чувство и себични сме до коска.
     
    На happygirl, Panda00, Annath и 4 други им се допаѓа ова.
  14. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    9.195
    Допаѓања:
    222.269
    Пол:
    Женски
    Извинете ми не сакам многу да кажам ама и не би било во ред ниту етички да зборувам за деликатни теми на јавен форум, најверојтно со сите оние страдни души што сме и повеќе од пријатели - сестри, не би сакале да коментирам, па затоа опфаќам мал дел наместо да раскажам.
    Јас се согласувам дека болниците би немале ниту кадар ниту доволно медицински персонал и ресурси да се справат со она што на крај памет ниту ни во сон не им текнало дека ќе се случи ама како да и објаснам на мојата сестра дека едноставно што викаш ти реално кажале и во ковид дека немало боци , ја затвориле модуларнта а и боците биле со поминат рок, како да и го обајаснам ова на нејзе дека не сме биле спремни како држава да обезбедиме боци најпрвн, нешто што е прмарно во здраството и по секоја цена треба да биде обезбедено, па ножички и гази на пример, не дај боже на никого ама да знаеш дека детето можело да преживее со 2 часовен кислород бидејки труењето не било првично фатално (т.е процентуалноста на туењето не била смртна на лице место) туку само имало првично, веднаш потреба од боца за да се спаси како што се спасиле и оние што им биле дадени боци, кажи ми како да им објаснам тоа не се објаснува на таа мајка што знае дека детето и умрело за боца нели? Најнормално дека ќе биде гневна тажна и се по ред кога знаела дека постоела можност. Тоа сакав да го кажам.
    Логички вака знаеме и сите сме свесни и за сите пропусти и зошто не барале во експресен момент помош туку одпосле а после доаѓа онаа дека нема ресурси за да се спасат човечки млади животи и да немало од 2/3 полноќ да останал некој свесен да се мобилизирале да објавиле да организирале сите таму да реагирале брзо можеби боците и персоналот порано ќе стигнел, вака така речи го не знам како да кажам а да не грешам душа, многу добро знам со какви болници си имаме работа со какви ресурси располгаме а од друга страна тврдат дека се чекало 25 мин за да се пријави и мобилизира, убаво пишаа погоре каде е полицијата и сите други во рок од 1 минута се доаѓа по брза постапка за вакви трагедии 25 мин било доволно за да сите се загушат и изгорат, ама проблемот овде првичен е гушењето во секунди, се сложувам дека персонал немало, викнете ама не по 25 мин и плус 50 мин додека дојдат, од прв до краен ред се е избркано, народот од паника најверојатно и носејки ги лицата и спасувајки како можат без никаква полиција пожарна медицина толку можеле да направат, хаос и клница пред пулс и во болница.
    Факт е дека реакцијата е задоцнета после сета корупција и димна бомба поставена од деко и горните што не знаеше кога ќе есплодира. Ама ете есплодираше на најможен брутален начин во логор каде што жални невини и децки души кој задушени кој изгорени си го земаа данокот од нашиот систем од нашето работење т.е нивното. Од нашата (не)фунционалност, корупција мито алчност и што уште не, ова е данокот за плакање за жал, и на никако не дај боже.
    Ова е многу тажно, има неколку деца не знам колку се што имаат непоправливи штети, изгореници од трет степен ампутации, тие се деца па и сепак не ги размислуваат работите како нас, да така можете да замислете како седат дома и одат во болница и во манастир тоа им е животот, ги чуваат и се грижат мајките за нив, тешки трауми што не им дозволуваат да изустат збор со месеци само солзи и една рамна линија, најдобрите другари им се под земја а они не можат да дишат не можат ни вода сами да се напијат без помош и живеат со безброј антидепресиви.
    Конкретно и тоа пак со врски успееја да земат некоја помош од државата и благодарение на донациите да продолжат со лекувње и основни потреби за живот, барем ова, треба ммогу повеќе ама еве чекаме не оди така брзо па може дај боже ќе дочекаат соодветен третман и финнсии.
    Има неколку деца крајно повредени со огромен процент на инвалидет ама гледам дека нема ни п од психијатар/психолог да ги посети отворени им се секогаш вратите на манастирите за среќа па таму секогаш поаѓаат секојдневно, народот нема пари да си дозволи луксуз во ова време за психијатар физикална итн.. тие лица им ги доделија само првично кога беше хаосот и толку завршила прича.
    И Панчо е крив и сите се криви, кога збориме за днк збориме генерално како и за сите подеднакво така и за нив оти ако би биле праведни би било праведно да се напомене дека за жал и тие се вмешни и криви, кажав има и на вести дека им се запалил звучникот веќе од прскалките ,човек треба да извлече поука од тоа, тоа е ризик, ако јас дома пуштам прскалка некоја и не дај боже ми се запали завесата мада што нема ни да пуштам ама ете пример друг пат ќе бидам доволно исплашена за да знам да не користам. Плафонот е спуштен сите оние надлежни за концертот не израчунале дека плафонот е преспуштен за толкав голем огномет? Ваљда отиделе да направат проценка за прскалки или сепак не?! Сериозно? Гледајки го таванот и оние огромни прскалки од старт лаички сфааш дека ќе се запали тоа! Факт! Мислам логички е, не можеме да работиме да монтираме да се договараме а да не ги погледмеме условите во моментот, јасно се гледа дека плафонот е преспуштен а прскалите огромни, и пак ќе кажам уштедиле 60 до 90 евра од незапаливи за запаливи купени од бугарска. Ете толку.

    Да, отровени се, многу повеќе бидејки немало персонал да ги згрижи медицински комбиња со боци да донеле пред пулс, пријавено е 25 мин од после додека сите се мобилизираат и дојдат еден час и више девава нормално нема да издржат. Знам за некои деца кои стигнале до боца дека се живи. Ама една боца две имало а време требало дури боците пристигнат, кој ги заврти децата од купот да ги види и да ги прегледа? Некој возач без никакво искуство бил тоа сосема најден таму на лице место.

    ги видовте фотографиите од болница нафрлани во ходник на куп и испепелени и црни, во локви крв?
    На куп сите еден брз друг? Ако сте виделе ќе сте имале некаква перспектива како било?!

    само едно не ми е јасно штала гори деца горат и се гушат а тие чекаат 25 мин од 100 души народ собрани таму?!
    Ова само ние го можеме да не ни текне да пријавиме, народ со мозок 0

    полицијата навидум обучена и професионална, не помирисаа не видоа чад и оган пред да ги затворат насилно вратите.
    Геноцид пак ќе кажам.

    јас ќе ви кажам што им остана на страдните родители, да се молат за своите чеда да веруваат дека се на подобро место и живеат за денот кога пак ќе се сретнат со нив.

    Не дај боже никому од тоа што ние блиските гледаме, слушаме и преживуваме. ;(
     
    Последна измена: 20 ноември 2025
    На bubemconia, Bebce1, eliesaab и 5 други им се допаѓа ова.
  15. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    8.222
    Допаѓања:
    44.077
    Пол:
    Женски
    Во станица не се запалило пошто имале среќа.
     
    На bubemconia, NoirSerpentine, eliesaab и 4 други им се допаѓа ова.
  16. ArabellaStarfall

    ArabellaStarfall Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2024
    Пораки:
    1.391
    Допаѓања:
    9.051
    Пол:
    Женски
    И јас прашував.
    https://libertas.mk/4news-za-puls-u...p-i-brat-na-pretsedatelkata-na-krivichen-sud/
    Фала богу им текна.
     
    На Sofia* и Amelia им се допаѓа ова.
  17. ija

    ija Популарен член

    Се зачлени на:
    21 март 2013
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    892
    Јас имам прашање до членките од Кочани дали пак почна да работи кафичот од Деко тој што го демолираа пошто некој на кајгана форумон имаше напишано дека пак бил отворен?
     
  18. Lostinparadise

    Lostinparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2019
    Пораки:
    883
    Допаѓања:
    2.397
    Пол:
    Женски
    Да ама локалот го изнајми друг
     
    На ija му/ѝ се допаѓа ова.
  19. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    7.310
    Допаѓања:
    47.285
    Пол:
    Женски
    Добро бе биле под дејство на алкохол, вие кога излегувате не пиете?
     
    На bubemconia, happygirl, lovestoneddd и 4 други им се допаѓа ова.
  20. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    7.310
    Допаѓања:
    47.285
    Пол:
    Женски
    Да отворен е, не тој, некој друг го зема местото и си отвори кафич, ништо лично со Деко.
     
    На ija му/ѝ се допаѓа ова.