Форумџика на годината

Трагедија во Кочани - најмалку 59 загинати во пожар во дискотека

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Kataklinkers, 16 март 2025.

  1. mKdevojce

    mKdevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    2.404
    Допаѓања:
    17.220
    Па добро ете изгледот на страна ама се потврдија тврдењата за тоа колку го разбира правото по фактите за одбрана што ги има спремено. Ако си толку јак правник нема да излезеш да убедуваш цела држава во нешто што од авион се гледа дека не е така. Дете од 12 год. може одма барем пет контра аргументи да даде протов нејзината одбрана.

    Ама по се изгледа обвинителството добро им го намести обвинението за предметот, ако не друго, барем им даде можност да го влечат предметот со години.

    И како што прочитав, максималниот притвор за тоа дело е една година. Така да, сигурно до март нема да има пресуда. Ќе си излезе господинот од притвор и после тоа лесно е да се прават математики за влечење на предметот до недоглед. И на крај, никому ништо, веќе многупати видено во нашата држава. Ако никој не одговараше за 15 изгорени во модуларна, зошто пак некој да одговара за Кочани.
     
    Последна измена: 3 декември 2025
    На eliesaab, firequeenn и Mumoftwo30 им се допаѓа ова.
  2. Travertino

    Travertino Активен член

    Се зачлени на:
    15 септември 2025
    Пораки:
    61
    Допаѓања:
    107
    Пол:
    Машки
    Адвокатката мајка и е судија у истиот кривичен суд. Па СИГУРНО ИМА СОВЕТИ ОД НЕА.Вака сега засега не ми стои лошо од професионален аспект, си го кажа воведниот збор на одбраната, ќе видиме какви докази , ќе понуди и како ќе излезе сето тоа на краја, ама од ова досега што можам јас како правник како констатација да кажам е дека Обвинението е многу килаво, не може сите за исто дело да одговаараат, како еден вид на соучесници.
     
    На H.VAGA, eliesaab, mom to be и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    17.760
    Допаѓања:
    135.208
    Пол:
    Женски
    Според законот секој има право на одбрана без разлика дали е виновен или не. Адвокатската професија постои затоа што правото е создадено да важи за сите, не само за поединци. Ај, вие не користете адвокати кога ви сметаат, па седете си заглавени во проблеми. Не можете, нели?
    Адвокатот не вели само дека неговиот клиент е невин, туку и потсетува дека тоа треба да се одреди според законот. Адвокатот запазува дали полицијата, па обвинителството и судот ја следат постапката според законските одредби.
    Без оваа професија правниот систем ќе биде нестабилен и ќе се распадне.
    Погоре коментираната адвокатка нема добар аргумент, но и никој не треба да ја оценува според изгледот. Тоа не е во ред.
    И она и останатите адвокати на одбраната (како и оние на другата страна) одат таму за да заработат пари, не за да навиваат за нивните клиенти. Не значи дека приватно не чувствуваат жал за повредените и починатите во трагедијата.
     
    Последна измена: 3 декември 2025
    На Burevesnik, bubemconia, Karamela12 и 4 други им се допаѓа ова.
  4. SeaMermaid

    SeaMermaid Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2015
    Пораки:
    1.155
    Допаѓања:
    14.464
    Пол:
    Женски
    Се воздржував од коментари заради целата ситуација. Навистина, многу ми е жал за сите луѓе, за сите семејства, ги исплакав којзнае колку пати. Жалосно е до кој степен сме дојдени и колку пропусти има. И дефинитивно мора правдата да излезе на виделина.
    Сакам да објаснам нешто стручно, во врска со бранителите. Не сум ниту поврзана со конкретниов случај, ниту пак работам во адвокатура. Да не си помисли некој дека сум пристрасна.
    Прво, независно што ние мислиме, по Устав секој е невин се додека со правосилна судска пресуда не се докаже спротивното. Тоа не значи дека никој не е виновен, значи само дека во судската постапка се утврдува вината, дали, од каков степен итн.
    Второ, луѓе, по закон задолжително е бранител на лица кои се наоѓаат во притвор, потоа ако за делото се предвидени високи казни (има точно во закон определено за која висина на казна) и во мнгоу други случаи да не ги редам сите. Тоа значи дека дури и никој да не се нафати да биде бранител, обвинетите би добиле бранител по службена должност. Едноставно, на секој му е гарантирано право на фер и правично судење, независно за кое дело се товари. Во однос на стратегијата на одбраната, тоа секој бранител си знае како и што. Нормално е дека ќе си ја работи својата работа и ќе биде професионалец. Тоа не значи дека бранителот приватно не сочувствува со ситуацијата. Исто како и судијата кој мора да биде непристрасен. Судската постапка не е постапка на емоции, туку е пропишана со закон. И не, не се адвокатите без грам етика. Напротив, постои Кодекс на етика кој адвокатите се обврзани да го почитуваат и адвокатите може да одговараат пред Адвокатската комора за секое отстапување.
    Во однос на она што се виде од видеото, лично не можам да проценам каква е одбраната бидејќи тоа е само еден мал дел, исечок. Сепак, адвокат не се станува преку ноќ, години и години образование и пракса се во прашање (што не значи дека нема и во таа фела под просекот). Пак ке кажам, жал ми е што во целиов распад систем отидоа толку животи. Ја разбирам фрустрацијата, јасно ми е дека сите сме револтирани од корупција и негрижа и дека недовербата е голема. И секогаш, ама баш секогаш инсистирам на правда. Ова сите не боли.
     
    На bubemconia, jEwElRy, nextredstyle и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Iva:)

    Iva:) Популарен член

    Се зачлени на:
    9 април 2016
    Пораки:
    1.630
    Допаѓања:
    4.456
    Пол:
    Женски
    Не бе, не ви е жал и срам не ви е. Дали ќе бевте волку распишани со паметување да во тие 60 душички беше ваш близок, ваше дете или сестра/брат? Не, немаше да паметувате со реферати.
     
    На Panda00, happygirl, Sofia* и 2 други им се допаѓа ова.
  6. SeaMermaid

    SeaMermaid Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2015
    Пораки:
    1.155
    Допаѓања:
    14.464
    Пол:
    Женски
    Не знам дали се однесува за мене, ама јас само објаснив од стручен аспект. Кого го интересира може да си прочита во Закон за адвокатура, Закон за кривична постапка, ќе види како е. Ниту имам намера некого да бранам, ниту пак да се спорам тука на форум. Веќе кажав дека ми е премногу жал, трауматично ми беше и ќе ми биде. Не дај Боже да се повтори, никој веќе нека не страда. Без секирации, свесни сме сите колку е поразително нашево општество. За се останато, ниту ќе реплицирам, ниту сакам да се расправам. Бог да ги прости сите тие луѓе кои настрадаа, да закрепнат повредените и правдата да излезе на видела (тоа веќе го кажав).
     
    На bubemconia и nextredstyle им се допаѓа ова.
  7. eliesaab

    eliesaab Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    5.014
    Допаѓања:
    16.912
    Пол:
    Женски
    Интересно за набљудување, од една во друга крајност.
     
    На Sofia*, Panda00, Iva:) и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    21.336
    Допаѓања:
    135.810
    Пол:
    Женски
    Немало договор, на диво пееле.
     
    На bubemconia му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Travertino

    Travertino Активен член

    Се зачлени на:
    15 септември 2025
    Пораки:
    61
    Допаѓања:
    107
    Пол:
    Машки
    OВА ИСТО Е ШПЕКУЛАЦИЈА..
    ЗНАЧИ НИКОЈ ШТО НЕ Е ОБВИНИТЕЛ НЕ ЗНАЕ ЗА ОВА И ОД ОБВИНЕТИТЕ НЕКОИ ЗНААТ КАКО ГАЗДА дЕКО, ДРУГИТЕ НИКОЈ НЕ ЗНАЕ НИШТО.
    ЗНАЧИ ПАК ЌЕ КАЖАМ СЕГА НА СУДЕЊЕТО ЌЕ СЕ РАЗБЕРАТ МНОГУ РАБОТИ И МНОГУ ЛУЃЕ ОД ОБВИНЕТИТЕ ЌЕ СЕ СВРТАТ ЕДНИ ПРОТИВ ДРУГИ, АМА ГАЗДА ДЕКО ДА СЕ ВАЃА НА ТОА ДЕКА НЕ ФУНКЦИОНИРАЛЕ ИНСТИТУЦИИТЕ, А ЦЕЛА ФАМИЛИЈА НЕГОВА СЕ СПАСИЛА ОД БРАТ, СИН, А ДРУГИТЕ ГИ ОСТАВИЛ ВНАТРЕ ДА СЕ УГУШАТ И ДА СЕ ГОРАТ СТВАРНО НЕ Е ФЕР.
    ПАК ЌЕ ПОВТОРАМ НЕ МОЖЕ ЗА ИСТО ДЕЛО ДА СЕ ГОНАТ КАКО ГАЗДАТА НА ДИСКОТЕКАТА,ТАКА И ГРАДОНАЧАЛНИКОТ И МИНИСТЕРОТ ЗА ЕКОНОМИЈА КОИ БИЛЕ ВО 2012 ГОДИНА.
    НЕ Е ЛОГИЧКИ,
    ВТОРА РАБОТА ТРЕБАШЕ ДА СЕ РАЗДЕЛИ ОБВИНЕНИЕТО НА ПОВЕЌЕ ДЕЛА, А ВАКА КАКО ШТО Е ЌЕ ГЛЕДАТЕ ДОЛГО СУДЕЊЕ.
     
  10. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    21.336
    Допаѓања:
    135.810
    Пол:
    Женски
    Зашто се дереш? Кој ти е проблемот? Ако имале договор ќе бил дел од доказите што се имало предвидено на настапот и потпис од Панчо како букинг менаџер и Менаџерот/Газдата на локалот. И научи се културно да пишуваш а не да пишуваш со големи букви и да се дереш.
     
    На nextredstyle му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Travertino

    Travertino Активен член

    Се зачлени на:
    15 септември 2025
    Пораки:
    61
    Допаѓања:
    107
    Пол:
    Машки
    Како заклучи дека се дерам??
     
  12. Mumoftwo30

    Mumoftwo30 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2023
    Пораки:
    5.040
    Допаѓања:
    16.646
    Пол:
    Женски
    Памтите дека за убијците на Вања не сакаше никој адвокат да им биде? Памтите и дека се дискутираше како не треба ниту еден да им се нафати да им биде адвокат зошто се говеда?!?!?!? Што е разликата од овие идиоти? Каде што убија повеќе од 60 деца????

    Зошто исто не гледаме и коментираме???? Секој заслужува адвокат, и насилникот, и крадецот, и коцкарот, и убиецот, па дури и силувачот, ама не секој од овие треба да го добие, не треба на вакви амеби да им се нафати ниту еден да им е адвокат и да ги брани!
    Ниту еден!

    Додека не дај боже лошото е далеку од вас, баш ви е гајле на сите, очигледно.

    Не, никој од овие не заслужува адвокат да му се нафати да го брани, и знам дека законот е друг, и се ми е јасно, ама вакви не треба да имаат право меѓу луѓе да се појават, треба да гнијат во сопствената беда, а не да имаат право на адвокат, во најмала рака.
     
    На Paula123, Panda00, TammiB5 и 2 други им се допаѓа ова.
  13. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    7.197
    Допаѓања:
    38.189
    Пол:
    Женски
    Вам изгледа една проста работа не ви е јасна: Ако немаат адвокати, со оглед на делата за кои ги товарат, не може да има ниту судење! Значи, без адвокати, нема судење. Не знам како ова не ви е јасно?! Ние можеме да си збориме дали некој треба или не да им биде адвокат, ама реалноста е дека ќе добијат.
     
    На Harper, L.i.n.a.a, azelea и 8 други им се допаѓа ова.
  14. Mumoftwo30

    Mumoftwo30 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2023
    Пораки:
    5.040
    Допаѓања:
    16.646
    Пол:
    Женски
    Знам.
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  15. anggell

    anggell Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    6.846
    Допаѓања:
    13.979
    Пол:
    Женски
    Повеќето се бунат дека се имаат нафатено да ги бранат. Се знае дека мора да имаат адвокати ама по службена должност да им се додели не вака да бираат. Затоа е гневот и револтот.

    Луѓето од Кочани се гневни затоа што тоа беа нивни сограѓани, плус 9 месеци ја гледаат голготата на народот и се нафатија.
    .
    .
    .
    .
    .
    Да ви кажам искрено грда и болна е сликата наутро на денот кога има судење.
    Адвокатите на една страна итаат да се докажат и да ги бранат овие злосторници, родителите на друга страна се собираат да тргнат и да се надеваат на фер судење :u:
    Која болка им е на родителите само тие си знаат :(

    И уште нешто, што мислите адвокатите само невини бранат? Напротив за криминалци ќе се потепаат, сакаат на такви предмети да работат затоа што во нив се парите. Не зборете кај нив за емпатија, не се сите исти ама повеќето се :puke:
     
    На Panda00, azelea, Iva:) и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    21.336
    Допаѓања:
    135.810
    Пол:
    Женски
    Кога се пишува со големи букви на форум е дерење. Основно правило.
     
  17. bubemconia

    bubemconia Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 август 2010
    Пораки:
    189
    Допаѓања:
    787
    Јас мислев јас сум правно неписмена (оти не сум правник) ама што читам деновиве по форуми и групи, не што е народов правно неписмен, туку општо е неписмен.

    Зошто имал Деко адвокатка? Затоа што има дела кај што задолжително е адвокат. А адвокат за да одбие клиент треба да има добра причина. Барем така е во Германија.

    И може да ги вреѓаме колку сакаме ама сите имаат јака одбрана спремено. Што ќе му побијат на Деко? Договорот со ДНК што го нема или тоа што стварно 10 години добивал казни само за малолетници? Само не ми е јасно ако имал само казни за малолетници, зошто тогаш имал пломба 2 месеци пред настанот?

    За градбата вика не е моја, под наем е и не смеам да ја менувам.

    Јас имам чувство оти пак грешка луѓе ќе го јадат. Таа што правела елаборат (за паркинг) прашува зошто проектантот на шупата воопшто не се спомнува никаде, ни како сведок а таа што дала елаборат за паркинг (не за дискотека) е во притвор.

    Обезбедувањето исто, вели ние спасувавме луѓе, не знаеме зошто сме тука единствена вина ни е што не изгоревме. Велат не смееле да легитимираат малолетници. Ете може обврска им била да проверат пиротехника, ама истата не доаѓа од гостите, доаѓа од организаторите.
     
    На azelea, Travertino и Mumoftwo30 им се допаѓа ова.
  18. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    5.138
    Допаѓања:
    26.559
    Пол:
    Женски
  19. azelea

    azelea Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    3.785
    Допаѓања:
    16.862
    Девојчево е ќерката на докторот-градоначалник? Греота ;(,душа ми плаче за сите изгорени и повредени иако не ги познавам лично,не можам да ги тргнам од глава;(.
     
  20. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    5.138
    Допаѓања:
    26.559
    Пол:
    Женски
    Да, Надалина е ќерката на градоначалникот.
     
    На Unknown_7 и azelea им се допаѓа ова.