Форумџика на годината

Трагедија во Кочани - најмалку 59 загинати во пожар во дискотека

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Kataklinkers, 16 март 2025.

  1. Iva:)

    Iva:) Популарен член

    Се зачлени на:
    9 април 2016
    Пораки:
    1.629
    Допаѓања:
    4.452
    Пол:
    Женски
    Браво. Разликата е што е ова 60 пати поголема катастрофа а уште толку деца се осакатени до крај на живот.

    Исто како за Вања беше и за Васо убиецот на Фросина, сите бевме сложни кога го нападнавме адвокатот и никој не споделуваше дефиниции тука како да се само они писмени и како да не знаеме дека само во краен случај ако не најде обвинетиот адвокат му се доделува по службена должност.

    Ама Палчо и компанија и Васо немаа бесрамни роднини и пријатели тука па суптилно да ни делат лекции по право и да бранат монструми заради кои цела генерација е уништена.
     
    На Panda00, eliesaab и Mumoftwo30 им се допаѓа ова.
  2. Mumoftwo30

    Mumoftwo30 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2023
    Пораки:
    5.040
    Допаѓања:
    16.646
    Пол:
    Женски
    Да баш, демек јас не знам дека службена должност е адвокат, па ќе ме советуваат тука, небаре непосмена сум.

    Ама многу се некои контрадикторни, ова е поголема катастрофа, има повеќе жртви, и говедава не заслужуваат одбрана, нека им дадат адвокат по службена должност, а не тука да ми се перчат дека се невини и им е жал.
     
    На Panda00 и eliesaab им се допаѓа ова.
  3. bubemconia

    bubemconia Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 август 2010
    Пораки:
    189
    Допаѓања:
    787
    Вие сте контрадикторни. Еднаш велите не треба да имаат адвокати, друг пат да им дадат по службена должност.

    Ниту некој од обвинетите ниту од загинатите ми е роднина или познаник, фала Богу, па можам непристрасно да ја гледам сликата.

    И да, неписмено звучи "зошто воопшто имаат адвокати". Оти тоа е судска постапка, никој не е виновен дури не му се докаже вината. На самата покана за суд ти пишува дека за таков вид дело, ако е тешко дело, адвокат е задолжителен. Не знам од каде ви идат луди идеи на памет дека ете ако сме сложни нема никој да ги штити. Па нема ни да почне судење, ќе се бранат оти немаат адвокат и ќе се влечат.

    А ако споредувате со Палчо, на крај ништо од јавноста, уште му е истиот адвокат. Ќе се жалат до Стразбур.

    https://archive2.mms.mk/398934/
     
    На Burevesnik му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Bebce1

    Bebce1 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2020
    Пораки:
    1.563
    Допаѓања:
    6.639
    Пол:
    Женски
    Ја гледав баш седницата вчера,жално многу ;(
    Не ми е јасно кај се другите родители? Само 5-6 и се тие пак тие,и во судница и на протести...
     
  5. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    9.185
    Допаѓања:
    41.956
    Пол:
    Женски
    Јас не прочитав некој да го бране Деко.
     
  6. anggell

    anggell Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    6.846
    Допаѓања:
    13.979
    Пол:
    Женски
    Некои не се психички доволно силни да излезат. Болката ги уништи. Секој на различен начин се справува. А многу од нив морат и да работат.
     
    На Mumoftwo30 и st-el им се допаѓа ова.
  7. Amelia

    Amelia Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    2.382
    Допаѓања:
    1.828
  8. Unknown_7

    Unknown_7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2025
    Пораки:
    178
    Допаѓања:
    1.639
    Пол:
    Машки
    За нашите Ангели, вечна ви слава ;(

    Screenshot_20251213_180617_Instagram.jpg
     
    На Mumoftwo30, st-el, Mr.Limonko и 3 други им се допаѓа ова.
  9. anggell

    anggell Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    6.846
    Допаѓања:
    13.979
    Пол:
    Женски
    Кога е следното судење?
     
  10. FriendOfDorothy

    FriendOfDorothy Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2024
    Пораки:
    1.891
    Допаѓања:
    14.959
    Еден од родителите на настраданите, кај Васко Ефтов изјави дека не виделе ниту денар од црквата, која собирала донации од дијаспората и од европските епархии. Црквата е десна рака на моменталната власт, особено оној вмровски „мечок“ со јахта, Стефан, глупо ми е да го условувам со два ,,господина" пред името.

    Стварно се изненадив што не им дале ни денар на луѓето, па тие земјишта кај Холидеј Ин немаше да ги заработат ако давале пари кај што се потребни.
     
    На eliesaab, Feniksgirl, Amelia и 7 други им се допаѓа ова.
  11. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    5.137
    Допаѓања:
    26.558
    Пол:
    Женски
  12. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    21.334
    Допаѓања:
    135.805
    Пол:
    Женски
  13. mKdevojce

    mKdevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    2.404
    Допаѓања:
    17.220
    Јас пак видов извинување од "супорт Кочани" дека не превземале мерки за навремено спроведување на процедура за подигање на парите собрани во една наша црква во Германија. Имаше црквата некој пост за тоа па после тие споделија на стори дека се извинуваат и дека во краток рок ќе изреагираат.
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  14. bubemconia

    bubemconia Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 август 2010
    Пораки:
    189
    Допаѓања:
    787
    Двајцата од УЈП уапсени ќе ги пуштат во домашен притвор. Едниот што е најмногу вмешан е брат на некоја директорка судијка таму. Извадил документи дека е болен.

    Друго, не биле демек дирек поврзани тие со настанот и ќе им се суди само за злоупотреба на службена должност.

    Како бе така? Значи еден човек пред 12 години ем не издал дозвола, ем умре во затвор, а овој убав на дада, цела јавност виде каде што си пишувал пораки до синот на газда Деко па ќе оди на слобода.

    И после ќе не убедуваат тука правда ќе имало. Ќе има да, кога врбата ќе роди грозје.

    А и тој јавниот обвинител кочански нека не филозофира многу, реално и тој треба да е меѓу осомничените.
     
    На 1209, Harper, Mumoftwo30 и 9 други им се допаѓа ова.
  15. anggell

    anggell Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    6.846
    Допаѓања:
    13.979
    Пол:
    Женски
    Зошто веќе нема ништо за судењето? Барем јас никакво инфо не прочитав.
    Ни новинари ни камери ништо.
    Или јас сум пропуштила. Се помалку се споделува.
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.872
    Допаѓања:
    42.530
    Пол:
    Машки
    Има денес баш судење, сведочења на родителите. Ги објавуваат од Слободен Печат, Сакам да Кажам…
     
    На eliesaab и anggell им се допаѓа ова.
  17. Iva:)

    Iva:) Популарен член

    Се зачлени на:
    9 април 2016
    Пораки:
    1.629
    Допаѓања:
    4.452
    Пол:
    Женски
    На тајм.мк има, ама за мене многу потресни се сведочењата па после првата вест се исклучив.
     
    На Mumoftwo30, azelea, st-el и 2 други им се допаѓа ова.
  18. bubemconia

    bubemconia Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 август 2010
    Пораки:
    189
    Допаѓања:
    787
    Не можам да се соземам од информацијата дека 13 годишни биле во дискотека по полноќ и дека родители кои таа грешка најскапо ја платија одговарале со "па што, и едногодишно дете може да оди на конерт". (ако е точно ова што го пишуваат медиумите).

    Нека ти го најдат 13 годишно дете во Германија во дискотека има Југендамт да дојде и да ти го земе. Плус знаеле дека ќе има рација, оти им рекле дека градот е полн со полициски коли, сепак двете деца 16 и 13г ги пуштиле да одат. 16 годишната тек во 1 излегла од дома, со видео не се секирај има рација ама со нас е ќерка му на обезбедувањето. Другото дете 13 годишно, полицијата го извадила од диското. Нејќам да замислам кој масакр ќе бил ако немало рација.

    Другата мајка, можеби најприсебна од сите родители што излегуваат во јавност, признава оти детето и работело таму на црно. Ни е прво, ни е последно такво, ама ете и тие сигурно знаеле дека дискотеката работи на црно. Дали пријавиле? Сигурно не! Дали ќе сменеле нешто ако пријавиле? Никогаш нема да дознаеме.

    Мајката на малолетната Надица најгласна сегде. Уште кажува дека била чест гостин во диското и била сведок како газдата и некоја инспекторка што и е другарка, си зборат кога и каде ќе има контрола. Па што не ги пријавила на време? Или оти другарка и била инспекторка па ај.

    Дури живеев во Македонија ова ми беше нормално, оти дел од тие прекршоци и сама сум ги правела (работа на црно за викенд, на 17 години во диско до еден, два ), ама сега кога живеам во друга држава каде се почитуваат закони, гледам поинаку на тоа.

    Во Македонија сите сакаме систем, ама најсреќни сме ако го заебеме.
     
    На SummerGirl, Larahappy, Pham и 4 други им се допаѓа ова.
  19. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    7.197
    Допаѓања:
    38.186
    Пол:
    Женски
    Не ја гледам потребата на ваквите постови?! Што е поентата?! Да се исплукаат родителите и така да се сврти вниманието кон нив, наместо кон главните одговорни, а тоа е системот, државата!!!
    Искрено, ме заболе како е во Германија да ти кажам право!!! Таму малолетно дете нема да најдеш во дискотека знаеш зошто? Затоа што никој нема да ти го прими. Така треба да функционира држава, а не како кај нас. Вината да се префрла на родителите.
    Се води организирана хајка против нив, се со цел ако може на вистинските виновници да им се намали или сосема укине вината. ВМРО предничат во ова. Од почетокот водат ваква хајка :puke:
     
    На vitamina, 1209, LadyD и 11 други им се допаѓа ова.
  20. Iva:)

    Iva:) Популарен член

    Се зачлени на:
    9 април 2016
    Пораки:
    1.629
    Допаѓања:
    4.452
    Пол:
    Женски
    На тој коментар едвај се воздржав да не коментирам, зошто е без осет и емпатија. А која е потребата за коментарот? Потребата е да поентира при крај на коментарот дека живее во странство и да го уважи своето мигрирање и скоро секогаш кога ќе се случи некое ср.ње доаѓаат со истиот муабет тука. Ете "се спасиле" ама имаат потреба да докажат дека постапиле правилно. Како да ми е гајле мене која сум во Скопје што таму на 2000км подалеку газат луѓе на божиќни маркети, по метроа и ги бодат со ножеви по улица. Но дискутирањето со директно посочување на родителите за ваква трагедија за која единствено е крива корупцијата особено ако и тие се родители е жалосно.

    И да скроз си во право, оркестрирани и организирани од одредени центри на власта се нападите овие денови кон родителите. Веројатно за некои моќници да се извлечат со помали казни, просто ужасно. Како имаат душа за такво нешто не знам, тие луѓе чедата ги изгубија, по втор пат ги убиваат децата со вакви мизерни кампањи. Жалосно.
     
    На vitamina, 1209, LadyD и 11 други им се допаѓа ова.