Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Трагедија во Кочани - најмалку 59 загинати во пожар во дискотека

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Kataklinkers, 16 март 2025.

  1. bubemconia

    bubemconia Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 август 2010
    Пораки:
    189
    Допаѓања:
    787
    Како тоа не ја гледаш поентата од пост кој укажува дека законот треба са се почитува? Ако таа поента не ја научиме еднаш засекогаш, ќе ни се случуваат вакви срања уште долго.

    Кога ќе сфатите дека системот сме ние, и дека не може на секој по еден полицаец да ни стават над глава?

    Истите што викате "ме заболе како е во Германија" први се повикувате на држави чии системи функционираат. И не, не е дека нема деца таму оти не ги пушта обезбедувањето, туку родителите.

    Полицијата на улица да ти го најде 13 годишно, во 3 сабајле, ќе молиш Бога да ти дојде само социјални и да поминеш само со кривична. Е па истиот закон го има и кај нас, ама никој не го почитува. Дете малолетно чија одговорност е, на обезбедувањето или на родителот?

    Е сега дали тоа ќе го намалил бројот на жртви, дали ќе било ова или она, не може да знаеме оти нели пожарот можел и во 22 часот да се случи. Муабетот ми е за почитување закони, а тука сите свесно ги кршеле.


    Никој не почитувал оти дозвола треба да има.
    Никој не почитувал дека малолетници не им е место таму.
    ... дека набавка и употреба на пиротехника е забрането.
    ... дека елаборат само за паркинг не може да се даде.
    ... дека место 300 имало 600 луѓе.
    ... дека сунѓерот не смее да се вгради.
    ... дека не смееш да пееш и да обезбедуваше без договор ( на црно).

    Буквално НИКОЈ НИШТО не почитувал и на крај крив бил системот. Крив е, ама системот се сите овие алки преплетени.

    И после ваква трагедија очекуваш некое подобрување, ама го нема на видик. Ни од граѓани, ни од институции, ни од фирми, секој вели другиот е крив.
     
    На scorpias, Iva:), SummerGirl и 3 други им се допаѓа ова.
  2. theunforgiven

    theunforgiven Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2012
    Пораки:
    2.085
    Допаѓања:
    3.686
    Зошто немаше стрим во живо од денес? Или има некои делови кои нема да се стримуваат?
     
  3. awkey

    awkey Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 март 2021
    Пораки:
    1.745
    Допаѓања:
    4.628
    Пол:
    Женски
    Од надвор најлесно се коментира. Сте можеле да останете и од тука да го менувате системот, ама не вие сте си отишле и се крекате на социјални мрежи.
    Во сите мали места, животот е таков и сите заедно се дружат и излегуваат во две три места кои ги имаат. Сите и малолетни сме излегувале и сме пиеле и се, тоа не значи дека заслужувам жива да изгорам. На крајот од денот, концертот можел да биде и од 2 попладне или од 8 навечер и истото ќе се случеше и пак ќе изгореа децата зошо некој за да заштеди парички стил стиропор наместо тоа што треба. Кој ќе бее крив тогаш? Пак родителите? И да немало малолетни ќе имало полнолетни и што, тие безвредни се?
     
    На Cherry333, vitamina, 1209 и 9 други им се допаѓа ова.
  4. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    14.136
    Допаѓања:
    82.948
    Пол:
    Женски
    Мене не ми се верува од сите, од се', некој посочува вина на родители. :fubar: Малолетни да не беа сите што загинаа? Па уште на судењето им се заканувале на родители деца што изгубија, со кој ум, се чудам.
     
    На Freckles., Camille84, Milobebence и 6 други им се допаѓа ова.
  5. bubemconia

    bubemconia Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 август 2010
    Пораки:
    189
    Допаѓања:
    787
    Дури стоите зачудени зошто некој критикува кршење закони ќе си горат деца. Ама после да не се чудите зошто горат.

    Тоа со малолетни го објаснив горе. Не беа, можело и во 10 саатот да се случи ама факт е дека кршење закон си е 13 годишно дете во диско.

    И колку шро разбрав родителите се тие што се заканувале со убиство. Замисли некој ти вели дека како родител си направил прекршок и ти му велиш ќе те убијам на пешачки. Океј ли е тоа?
     
  6. bubemconia

    bubemconia Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 август 2010
    Пораки:
    189
    Допаѓања:
    787
    Дефинитивно не сакам да останам во земја во која е сосем нормално малолетници да се во диско, да се работи без дозвола, да се пали пиротехника на затворено...

    Колку што знам законот и за мало место важи, така да, не оправдувајте кршење закони ве молам.
     
  7. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    14.136
    Допаѓања:
    82.948
    Пол:
    Женски
    Не се чудиме за тоа, за тоа знаеме зошто.

    Добро, тоа е кршење закон, НО пожарот зошто настана, зошто заминаа над 60 луѓе и уште којзнае колку останаа осакатени? И дојде до тоа да се коментираат малолетниците наместо сите пропусти што доведоа до трагедија?

    Не е океј.
     
    На bubemconia и awkey им се допаѓа ова.
  8. awkey

    awkey Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 март 2021
    Пораки:
    1.745
    Допаѓања:
    4.628
    Пол:
    Женски
    Баш не оправдуваме кршење закони зошто од кршење закони дошло до трагедијава, не од родителите или од малолетниците туку од тој шо седел зимал плата и клател врста наместо да си ја заврши работата. Еве и Bitter Sweet ти објасни и скроз се согласувам до нејзиното напишано. На погрешно место се вперуваат прстите.
     
    На Iva:) му/ѝ се допаѓа ова.
  9. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    9.185
    Допаѓања:
    41.956
    Пол:
    Женски
    Прв законот го прекршил тој што примил малолетник во диско!
    Немој да мислеш дека кај вас малолетниците не сакаат да излаваат во диско. Сакаат, ама нема да ги пуштат на врата, а нема да ги пуштаат затоа што има закон, а таму се почитуваат законите, не се како тука 'знаеш ли на мене кој ми е татко' или 'знаеш ли кои се на власт' . Затоа прибери се малце со коментарите
     
  10. bubemconia

    bubemconia Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 август 2010
    Пораки:
    189
    Допаѓања:
    787
    И јас ви објаснив. Никој не вперува прст, само ви објаснувам како и зошто доаѓа до тие ситуации. Директни виновници се газдата и ДНК. Споредни виновници се институциите, обезбедувањето и сите други што со со делување или неделавање ја влошиле ситуацијата.

    Замисли да ги немало тие толку многу малолетници таму, можеби немало да е гужва, можеби ќе се спаселе повеќе, можеби полицијата ќе имала повеќе ресурси за други работи а не да прави рација за малолетници. Знаеле дека ќе има рација и пак ги пуштиле децата. Уште кажува си пишувала со ќерка и дека на другарката таткото е обезбедување и нема да ги избрка полицијата. Разбирате ли од ова колку е општеството од почеток до крај со врски, со "овие се наши", со кој ми е татко и ќе ти купам саат, не доаѓај кај нас.

    Друго, за починатите малолетници факт е дека ако децата им биле дома т.е. ако тие почитувале закони ќе им биле живи. И баш тие што кршеле закон се најгласни, уште и со убиство се закануваат.
     
  11. bubemconia

    bubemconia Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 август 2010
    Пораки:
    189
    Допаѓања:
    787
    Чија одговорност е малолетно дете, на родителите,на обезбедувањето или на полицијата? Обезбедувањето ете не смеело да бара лични карти по закон.

    Баш затоа оти е на родителите, тоа "во придружба на возрасен" значи да е возрасниот тука присутен, а не само на влез колку да помине.

    Пак ќе кажам, можело пожарот и во 10 часот да се случи, па темава "малолетници" ќе беше неважна. Ама се случил во 3, загинале малолетници што не требало да се таму и немало да загинатит ако некој дома почитувал закони.
     
  12. mKdevojce

    mKdevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    2.404
    Допаѓања:
    17.220
    Пред него, законот го прекршил тој што дозволил децата да се најдат пред вратата на диското.
     
    На Mumoftwo30, SummerGirl и bubemconia им се допаѓа ова.
  13. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    7.197
    Допаѓања:
    38.186
    Пол:
    Женски
    Пак ќе повторам, на погрешно дрво лаеш! Родителите сносат најмала вина во случајов. Да не биле малолетници, ќе биле некои други! Сакаш да кажеш дека несреќава е настаната затоа што во локалот биле малолетници?! Или затоа што системот не функционира?! Се надевам ја разбираш паралелава и апсурдноста на твоите обвинувања кон родителите, притоа повикувајќи се на почитување закон.
     
    На Mumoftwo30, 1209, LadyD и 5 други им се допаѓа ова.
  14. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    9.185
    Допаѓања:
    41.956
    Пол:
    Женски
    А дали мислиш дека тинејџерите им кажуваат се на своите родители?
     
    На Amelia, SummerGirl и awkey им се допаѓа ова.
  15. bubemconia

    bubemconia Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 август 2010
    Пораки:
    189
    Допаѓања:
    787
    Па истото го збориме, најмала вина, ама сепак кршење закон.

    Да не биле малолетници ќе биле барем најмалку две жртви помалку и тоа баш нивните деца. Да беше мое полнолетно дете таму прегазено и сокршено во турканицата, како родител немало да ми биде сеедно што внатре имало малолетници, што додатно го зголемиле бројот на гости, а со тоа се зголемила и гужвата и можноста за спасување. Среќа голема што полицијата вадела малолетници пред тоа. Не сакам да замислам што ќе било ако не ги вадела. Е тие што се криеле по тоалети, што се правдале со "не се секирај, со нас е ќерка му на тој и тој", тие настрадаа. На ИРЛ имаше дека пред пожарот полицијата извадила надвор малолетник со дрога. И сега се бунат за полицијата. Па што попрво да направи таа полиција? Полиција е или детска градинка да ви ги собира децата низ град?

    Дирекни виновници секако се газдата и ДНК, ама има околности кои придонеле да биде бројот на жртви поголем.

    Тука ќе прекинам, а вие продолжете да правдата луѓе што ем прекршиле закони, ем кога им укажале се заканувале со убиство.
     
  16. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    7.197
    Допаѓања:
    38.186
    Пол:
    Женски
    Терај си ја ти „правдава„ што да ти кажам! Големите риби секако ќе се извлечат, нешто ситно ќе страда и тоа е тоа....
    А, оваа хајка што се води против родителите е срам за државава!!! Срам и арам!!!
     
    На Mumoftwo30 и Iva:) им се допаѓа ова.
  17. mKdevojce

    mKdevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    2.404
    Допаѓања:
    17.220
    Едната мајка што сведочеше на последното рочиште кажа дека таа лично ја оставила својата 16 годишна ќерка (која патем го загубила животот) пред диското.
     
  18. Iva:)

    Iva:) Популарен член

    Се зачлени на:
    9 април 2016
    Пораки:
    1.629
    Допаѓања:
    4.452
    Пол:
    Женски
    Слика со сведоштво од судењето, нека ја прочитаат сите.

    Btw, некои коментари од претходните денови didn't aged well. Едно прашање за вас кои сте најгласни со вперување на прст кон родителите: дали за трагедијата која ноќеска се случи во Швајцарија се криви родителите на децата кои биле во диското? Или е крив локалот за употреба на пиротехника на шампањ со која се запалил кровот?

    За жал исчезнато е и момче од Македонија во пожарот, се надевам дека сепак е помеѓу повредените.
     

    Прикачени фајлови:

    На Mumoftwo30, vitamina, Camille84 и 5 други им се допаѓа ова.
  19. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.659
    Допаѓања:
    92.470
    Пол:
    Женски
    Голема трагедија во Кран Монтана, иста страшна смрт како во Кочани:(
    Пиротехнички средства на шампањите биле ставени.
    Се беља од пиротехникава произлегува.:worried:
    Кој ли тоа ѓубре го произведува во светов.

    И немојте да вперувате прст во родителите !
    Секаде 16 год излегуваат.
     
    На Mumoftwo30, awkey и happygirl им се допаѓа ова.
  20. malerozna

    malerozna Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2011
    Пораки:
    3.395
    Допаѓања:
    78.222
    Пол:
    Женски
    Огномети и лесно запаливи материјали, секогаш е исто. Пожарот почнува над барот, се шпекулира за експлозија. Па нормално, ако имало балони полнети со хидроген, кој е полесен од хелиумот и гори со експлозија. Порачај си од Тему, поефтино е, и балони. И хелиум. Што ќе фрлаш пари на скапи производи, исто е.

    Барот во дупка, со еден излез.
    Млади и пијани.
    Тие што излегоа, снимаат од надвор, наместо барем да ги скршеа прозорите.
    Тие од внатре, после драгоцено изгубени секунди, во паника трчаат и паѓаат, настанува стампедо.
    Обезбедување никаде не прочитав да имало.
    Доволно е само комбинација од неколку од овие наведените за трагедија.
    Ете пак се случи.
    Screenshot_20260101_235918_DailyMail.jpg
     
    На Mumoftwo30, Ahoy, Cosmi и 2 други им се допаѓа ова.