1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Трагедија во Кочани - најмалку 59 загинати во пожар во дискотека

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Kataklinkers, 16 март 2025.

  1. Apash

    Apash Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јули 2024
    Пораки:
    141
    Допаѓања:
    238
    Пол:
    Машки
    Еве точно 1 година од трагедијата во дискотеката во Кочани. Децата отишле на забава за на крај забавата да се претвори во пекол. Како да ви кажам АЛЧНОСТА по пари ги истепа децата, се испревртеа критериумите алчноста стана водилка во животот..
     
    На noteforself, JoyJoy, st-el и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. shz

    shz Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    6.334
    Допаѓања:
    51.209
    Пол:
    Женски
    Точно 1 година помина од несреќата и мене сеуште не ми е верно дека нешто вакво се случи, дека толку многу млади деца изгинаа.
    Точно се сеќавам на тоа утро кога дознав, маж ми кажува дека имало пожар во некоја дискотека во Кочани, ама јас така мех не се замарив многу продолжив да правам појадок, ама после кога слушнав вонредни вести, толку и толку загинати, а и маж ми слушнал дека и од нашиот град има загинати што толку ме трогна што не се опишува.
    Нека почиваат во мир, вечна им слава..повеќе нема што да се каже се е џабе.
    Да не се повтори веќе.
     
    На Miss666, Amelia и JoyJoy им се допаѓа ова.
  3. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    17.984
    Допаѓања:
    190.310
    И Деко и ДНК се подеднакво
    К Р И В И

    Немој да се дрзне некој да одбрани некој од овие горе пишаните
    Точка
     
    На Sofia*, CameliaMiller, Matteaa01 и 5 други им се допаѓа ова.
  4. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    5.207
    Допаѓања:
    26.751
    Пол:
    Женски
    1 година од најголемата трагедија, 1 година откако мојот град ја доживеа најстрашната ноќ. Ништо не е исто во Кочани, не може ни да биде. Толку млади деца, невини сите...
    Летајте ангели...
     
    На christinnn и JoyJoy им се допаѓа ова.
  5. H.VAGA

    H.VAGA Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2012
    Пораки:
    1.905
    Допаѓања:
    7.611
    Ма немој молим те.
    Остана уште да судиш.
    Да не беа ДНК ќе беа други за жал.
     
    На eliesaab, christinnn и JoyJoy им се допаѓа ова.
  6. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    17.984
    Допаѓања:
    190.310
    Неможам да верувам дека се обидуваш да браниш некој од овие двете

    Ако е така да не било тоа диско ке било друго
    Ова не го викам јас твојата теза е тоа


    Криви се и Деко и ДНК
     
  7. H.VAGA

    H.VAGA Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2012
    Пораки:
    1.905
    Допаѓања:
    7.611
    Што не ти се верува?
    Дека таа дупка секако ќе се запалеше?
    Беше само прашање на време.
     
    На eliesaab и JoyJoy им се допаѓа ова.
  8. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    17.984
    Допаѓања:
    190.310
    Точно
    Но се запалила баш тогаш кога овие уклучија прскалки
    Дали да не уклучија прскалки ке имаше ваков исход?
     
    На lovestoneddd му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Apash

    Apash Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јули 2024
    Пораки:
    141
    Допаѓања:
    238
    Пол:
    Машки
    Независно како и да се наречени газди, бенд, ланец на мито и корупција.. АЛЧНОСТА по пари е главниот убиец во случајов. Желбата да се заобиколат прописите, стандардите, совеста дека тие прскалки во затворено може да повредат некого..
    И најлошо е што ништо ама баш НИШТО не научивме од овој настан..
    тоа е дечки ДИСКОТЕКАТА ВО КОЧАНИ сме сите НИЕ, огледало на нашиот однос спрема животот во изминативе децении..
     
    На Miss666, CameliaMiller, eliesaab и 8 други им се допаѓа ова.
  10. H.VAGA

    H.VAGA Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2012
    Пораки:
    1.905
    Допаѓања:
    7.611
    Ако не уклучеа тие ќе уклучеа други.
    За жал знам како функционираше таа дискотека и кои фаци одеа таму. За тоа немаше никакви контроли.
     
    На Amelia и JoyJoy им се допаѓа ова.
  11. mKdevojce

    mKdevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    2.443
    Допаѓања:
    17.484
    Да ти пукне душата...:u:
    Џабе е кој и на колку да ги осудат, родителите се тие кои од сам почеток се осудени доживотно... уште од 16 Март 2025.;(

    Сега веќе сè ни е џабе. Од ваква загуба нема државата никогаш да се опорави. Уште не сме ни свесни колкав е размерот на штетата и загубата.;(

     
    На Miss666, vitamina и JoyJoy им се допаѓа ова.
  12. kavez

    kavez Активен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2025
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Машки
    Како вчера да беше...
     
    На Amelia и JoyJoy им се допаѓа ова.
  13. Mrs.Precious

    Mrs.Precious Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јуни 2019
    Пораки:
    3.487
    Допаѓања:
    21.444
    Пол:
    Женски
    1:u:
     
    На Amelia и JoyJoy им се допаѓа ова.
  14. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    17.966
    Допаѓања:
    136.220
    Пол:
    Женски
    Ничија вина не е за минимизирање!
    Наместо да се караме овде, треба да следиме како оди судењето.
     
    На JoyJoy, mom to be и lovestoneddd им се допаѓа ова.
  15. Поврзаност

    Поврзаност Нов член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2026
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    13
    1 година помина.

    Кур ги боли сите.
    Народов не му е грижа и Кочани стана банален настан.
    Имаше протести во Кочани секоја сабота, си седеа у кафичи у Кочани, имаше протест во Скопје, малку народ дојде. Вмро и Мицко и Панче ги објавија обвинетите, нема никој моментален функционер од ВМРО, едино последниот градоначалник на Кочани кој Мицковски го бранеше 15 дена дека не е крив.
    Тоа е реалноста.

    Кур не заболе за Кочани. Реално ви блескам во очи ама љутете се колку сакате.

    Една година помина и уште се на почетокот на процесот на судење и покажување докази. Со ова темпо ќе треба најмалку 5 години да заврши процесот на судењево. Како адвокат зборам од професија. За тој период ќе застари се.

    Да бевме држава ќе имаше платено од државава сместување на фамилиите, специјални простории, специјален превоз и се комплет да се заврши во брз рок.
    Турција е одличен пример со земјотресот во Газиантеп и лошите згради. Брзо се фатија, процесираа и осудија.

    Ние имаме и пари и простории но Вмро кир го боли и поготово народоц кој седи како пичка на страна.


    За 10 години што поминаа, најважното е дека Грујо е крив и диктатор. Го избраа Заев и ни смени и име и Францускиот договор со Бугарија.


    Толку му е пикот и потенцијалот на 82iq народ како Македонскиот народ.

    Боље да не издркаа отколку да не прават како нови генерации на Македонци.

    Значи толку сум разочаран и искрено дојдов до точка да зборам со навреди. Простете.

    Сите сте виновни како народ.
     
    На Miss666, Sofia*, Aschenputtel и 10 други им се допаѓа ова.
  16. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.879
    Допаѓања:
    42.650
    Пол:
    Машки
    Една година од денот кога изгубивме многу како држава, изгубивме млади, култура, тогашност и иднина, и една илузија, дека ʼабе уживај, нишо нема да се десиʼ сепак не е точно. Кочани и тој дел од Македонија изгубија цела една генерација, млади и квалитетни деца, нечии ʼсè на светотʼ, деца останаа без родители, ученици без соучениците.

    И тука сме ние, големата приказна, кои велевме дека готово, тоа е тоа, мора да се смени нешто, не смее да се повтори. Не знам дали бевме свесни што ни се случи, ни дали сега сме, а дека допрва сами ќе се освестиме не верувам. Првата недела бевме пресензитивни да гледаме и читаме трагични приказни, од комфорот на нашите дневни, после сакавме да испоштуваме 40 дена, е на крај веќе и некако заборавивме, ни помина искрата за промена, ако воопшто повеќето вистински ја имаа, или само ја цртаа преку тастатура.

    Но, ние колективно паднавме на испитот за емпатија, сочуство и она што ние го викаме општество, а Србите друштво. Така повеќе ми се допаѓа. Не, не е сочуство и емпатија да го изразиме на Фејсбук и Инстаграм преку стори или споделен пост, не е коментар или реакција Тажно на туѓа објава, не е коментар тука или на Твитер. Не најдовме за згодно вистински да сочуствуваме со засегнатите и да им покажеме (а не кажеме/ напишеме!) дека не се сами, не најдовме за згодно да направиме многу работи за друштвото, од кое патем и ние самите сме дел, на сметка на сопственото уживање.

    Точно е, бевме тажни и полуфункционални првата недела, во неверување. Ех само таа тага да ја преточевме подоцна во сочуство и емпатија кога нѐ побараа, кога им требавме. Па и во гнев, ама за тоа другпат, денеска не е соодветно.

    Денеска треба да се потсетиме како се чувствувавме пред точно една година. Јас никогаш нема да ја заборавам тишината и празнотијата надвор на пример, прекината само со болнички сирени есктортирани со полиција до Клиника. Нема да ја заборавам ни сопствената обземеност со неверување, обидите за процесирање и две прашања: Како и Зошто.

    Денес треба да се сеќаваме на сите тие 63 души кои излегоа во саботна вечер, а никогаш не се вратија. Веќе се организираат изложби, турнири, трки и други симболични настани кои треба да нѐ потсетат што изгубивме. Да се потсетиме на музиката што ја изгубивме. На херојот кој после целоноќна смена и возење напред назад Кочани-Скопје од стрес и тага си замина.

    За другите работи има време, ќе се расправаме, ќе амнестираме и релативизираме, тоа најдобро го умееме.

    Нека почиваат во мир.
     
    На Miss666, Sofia*, LadyD и 14 други им се допаѓа ова.
  17. Amica geniale

    Amica geniale Активен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2026
    Пораки:
    56
    Допаѓања:
    111
    Овие денови гледам на Фб постови за загинатите од Кочани, препукувања,фалби,докажуванје,собиранје на поени ....Лесна им земја...Недај Боже пак да се повтори.
    Не сакам да коментирам на вакви теми,но сепак морав нешто да напишам.
    Родителите останаа сами со својата болка и тага,и искрено не знам колку им е помогнато.

    Пак ке пишувам за државата,не ме интересира кој е на власт сите политички партии се исти,за тоа и дојдовме до овој степен.
    Македонија како држава не е спремна за вакви трагедии, нема ништо и ништо не функционира,децата Фала му на Бога се лекуваа во други држави.
    Поголем дел од децата беа починати од задушување,НЕМАЛО кислородот во болницата.
    Секоја чест на самите вработени во болницата,тие гледале,помагале но како да помогнат кога нема КИСЛОРОД, ние имаме прекрасни доктори, медицински сестри но сме немале КИСЛОРОД.
    Пак ке пишувам за емпатијата, емпатија 0,ретки се поединците кои сочувствуваат.
    Родителите беа како трн во око, читав коментари од типот зошто некои биле воопшто на концерт, местото им било дома,јас читав и се чудев, зошто толку злоба или само да се коментира за болката.
    Пред некој месец читав како требало да се изгради споменик,парк во еден дел од градот,тоа е прекрасна идеја,уште поубаво ако е парк.
    Жителите на тој дел не биле согласни.
    Ало во кој век сме,НЕ Биле Согласни.
    Излезете малку од Македонија,не гледајте турски филмови, Европа е преполна со паркови , спомени од починати, паркови каде одат сите деца,стари. И треба да се направи споменик,парк за починатите,и никогаш да не се заборави.
    Во иднина сакам да научиме да подадеме рака,да дадеме сочуство, да помогнеме од срце,да помогнеме зошто сме луѓе,да не бараме никаков надомест за тоа што сме помагале,да научиме од грешките и Не дај Боже пак да се случи ваква трагедија.
     
    На Miss666, eliesaab, christinnn и 3 други им се допаѓа ова.
  18. Amica geniale

    Amica geniale Активен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2026
    Пораки:
    56
    Допаѓања:
    111
    Така е, во право сте, секој збор кој го напишавте е вистина.
     
  19. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    5.692
    Допаѓања:
    38.735
    Пол:
    Женски
    Една година помина, нас памет не ни дојде.

    Сите раскарани, сите со обвинувања. И никој не ги обвинува тие што се виновни.

    Највиновни се сите потплатени и поткупени инспекторишта од МВР, УЈП, сите што давале дозволи за градби. Истите тие што за 100 евра душата ќе ја продадат. Да не беа тие немаше да постои чудовиште како Деко кој со потплаќање имал нелегални локали во Кочани. Да не беа тие немаше да им биде дозволено на ДНК да помислат да користат пиротехника во затворен простор.
    На крајот на денот да не дилаа дрога полицајците и да немало рација во моментот можеби ќе имаше отворена врата да избегаат децата од шупата. Ама се правиме будали при здрав памет и ќе обвинуваме овој и оној зашто немој некој ВМРО да го чепне. Светиња се тие. Зашто голем дел од луѓето се надеваат да се офајдат од нив не за друго.
     
    На Sofia*, CameliaMiller, simonka93 и 11 други им се допаѓа ова.
  20. Apash

    Apash Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јули 2024
    Пораки:
    141
    Допаѓања:
    238
    Пол:
    Машки
    Обично велат учете од грешките на другите ама НИЕ ни од НАШИТЕ грешки не учиме..
    Недостатоците се прикриваат, се замачкуваат, инспекторите одат во контрола со мижење влегуваат, со мижење излегуваат од објектите.. Да не зборувме дека некој децата ги гледал низ призма на ПРОФИТОТ па дозволил 500 наместо 200 луѓе, НЕ РАЗМИСЛИЛЕ дека за таа квадратура колку врати за евакуација се потребни..
    Затоа реков нашиот пристап према нештата е овај и трагедиите се дел од нас..
     
    На azelea, eliesaab, JoyJoy и 1 друга личност им се допаѓа ова.