Трагедија во Кочани - најмалку 59 загинати во пожар во дискотека

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Kataklinkers, 16 март 2025 во 06:34.

  1. Adidas888

    Adidas888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    5.907
    Допаѓања:
    24.849
    Пол:
    Женски
    Абе може имале, од кај знаеш. Не сум била на нивен концерт ама слушам дека не било прв пат да користат такви работи.
    Мене газдата ми е најкрив тука, пошо он дал гаранција односно амин за такви работи во затворен простор со чаршафи наместо кров.
     
    На sj *O*, DragonFly22 и SummerGirl им се допаѓа ова.
  2. Waverly Raven

    Waverly Raven Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2017
    Пораки:
    3.483
    Допаѓања:
    13.274
    Пол:
    Машки
    При користење на пиротехнички средства во затворени простори, треба да се инволвирани лица со соодветна дозвола за нивно ракување, токму за да се спречат вакви несреќи!

    Нема шо тука газдата или членовите од бендот да одлучуваат! Како да одлучат, кога не знаат на шо да внимаваат?!

    Прашањето е дали постоело вакво лице?!


    И да, објектот е ШУПА!
    Дали се вика: Пулс, Пјур, Епицентар, ГТЦ или Расчекор е ирелевантно. Доколку, не се изградени по пропис и не се исполнети критериумите за нивно функционирање, тие се само шупи и ништо повеќе!
     
    На sj *O*, *Amethyst*, Miss666 и 14 други им се допаѓа ова.
  3. boo3

    boo3 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јули 2015
    Пораки:
    1.538
    Допаѓања:
    5.466
    Пол:
    Женски
    Не знам од кој авион ти гледаш. Ваљда РТС. Од оној од кој гледаме поголемиот дел од народот не изгледа така. Не е темата тоа за нашироко да се објаснувам.
     
    На Emy867, sj *O*, JuLleE и 4 други им се допаѓа ова.
  4. dev08

    dev08 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 март 2020
    Пораки:
    161
    Допаѓања:
    481
    Пол:
    Женски
    Другар ја отупе, дај те молам олабај малце. Се некој стручњаци само, Шерлок Холмс на батерии. ДНК дошле да свират и пеат, не се пиротехничари.
     
    На sj *O*, Bratot, nice-girl и 3 други им се допаѓа ова.
  5. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.328
    Допаѓања:
    137.360
    Од увидот на лице место во објектот денеска, беа констатирани состојби и тоа:

    -Објектот немал хидрантска мрежа ниту хидрант

    -Немал доволен број на ППЕ Апарати, односно само два

    -Немал доволен број на врати, туку освен влезот само една единечна импровизирана врата на задниот дел, но истата била заклучена со катанец и без квака од внатрешната страна и затворена со гипс картон

    -Немало можност за пристап на ППЕ возила. Внатрешноста на објектот бил со гипс картон, но без огноотпорни својства. Немало спуштен таван со противпожарна отпорност на најмалку 30 минути. Немало систем за кочење на вратите, ниту систем за известување за пожар.

    -Исто така непрописно била обложена со материјали за звучна изолација, со лесно согорливи материјали.

    -Противзаконски биле користени пиротехнички материјали без соодветна дозвола, и без друштво за палење на пиротехниката.

    -Бил присутен и државен инспекторат за градежништво и урбанизам. Објектот е регистриран како деловен објект за лесна индустција од 419 метри квадратни. Не е извершена пренамена во угостителски објект. И покрај тоа што за објектот нема пренамена, истиот има дозовла за работа од Министерството за економија како за угостителски објект издадена уште пред 15 години“, рече Коцевски.





    Страшно. Како е можно ова
     
    На Mother of 2boys, sj *O*, *Amethyst* и 6 други им се допаѓа ова.
  6. quattro

    quattro Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    3.110
    Допаѓања:
    7.956
    Пол:
    Машки
    Факт е дека немале.
    Никој до сега не спомнал каде е лиценцата за тоа.
    Сум бил на нивен концерт лани, исто палеја пиротехнила ама беше на отворено. Си викаш ај светки се, ама што од тие светки се запалат и кабли од инсталација? Не мора да е само кровот.

    А иначе да, криви се газдите, тука нема сомнеж.
     
  7. kristina.k

    kristina.k Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    8.496
    Допаѓања:
    38.666
    Пол:
    Женски
  8. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.250
    Допаѓања:
    89.286
    Пол:
    Женски
    Днк имаат одговорност,пиротехниката го предизвикала пожарот, пишуваат стручњаци од екс ју.
    Не се почетници Днк , носеле свој тим гледале каде поставуваат пиротехника, заради естетски ефекти.
    За жал грешката ја платија и самите со живот но да не ги амнестираме од одговорност.
    Плус другите виновници.
    Туку,каде е градоначалникот на општина Кочани?
    Каде е советот на општина Кочани.
    Сите седнати на столче благодарение на граѓаните?
     
    На MacenceEna, Mother of 2boys и An-na им се допаѓа ова.
  9. quattro

    quattro Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    3.110
    Допаѓања:
    7.956
    Пол:
    Машки
    Ок, утре ако твое дете се здобие со повреди од пиротехника можда ќе разбериш што претставува барут.

    З а б р а н е т о е користење пиротехнички средства!!!
     
  10. Erika.greeneyes

    Erika.greeneyes Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2016
    Пораки:
    4.360
    Допаѓања:
    8.041
    Пол:
    Женски
    Да ама не користеле секогаш. Јас на многу нивни настапи сум била и на ниеден не се сеќавам да користеле.
    Значи во овој случај газдага требало да им каже дека нема услови за тоа дека кровот е од "слама" и дека може да направат беља.
     
    На sj *O*, *Amethyst*, DragonFly22 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. Ta-mara

    Ta-mara Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јули 2019
    Пораки:
    330
    Допаѓања:
    423
    Пол:
    Женски
    Ми се повраќа од денов буквално, уште днк на крај криви, никој не сакаше ова да се случи, со намера сигурно не било за да се криви аман
     
    На Skorpija25, GirlRose, sj *O* и 19 други им се допаѓа ова.
  12. PollyPocket

    PollyPocket Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2023
    Пораки:
    1.051
    Допаѓања:
    4.168
    Пол:
    Женски
    Колку што беше шоферот на Тоше крив, толку се и ДНК.
    Ни тој беше професионален шофер, ни ДНК пиротехничари.
    Ако имале човек со нив, тој е крив.
    Ако немале, ГАЗДАТА не смеел да дозволи да се употреби тоа.
    ДНК биле на работа..
     
    На Skorpija25, Erika.greeneyes, sj *O* и 9 други им се допаѓа ова.
  13. Adidas888

    Adidas888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    5.907
    Допаѓања:
    24.849
    Пол:
    Женски
    А каде пишува дека пиротехниката била на днк?
     
  14. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.358
    Допаѓања:
    37.185
    Пол:
    Женски
    А за да се користат пиротехнички средства дозвола дава газдата на дуќанот.

    Сега ДНК се криви. За Ласкарци е шоферот. За болницата кабелот. За претседателот Трајковски пилотите. И така.... Не се вперува прстот во оној во кој треба.
     
    На GirlRose, sj *O*, Bitter-Sweet и 21 други им се допаѓа ова.
  15. Iva:)

    Iva:) Популарен член

    Се зачлени на:
    9 април 2016
    Пораки:
    561
    Допаѓања:
    1.345
    Пол:
    Женски
    На секоја свадба има такви ефекти па немало проблем затоа што објектите не биле импровизирани како оваа шупа. Проблем е објектот и тоа како вршел дејност како клуб кога не исполнувал ниту еден услов за тоа. Не е ваљда дека прв пат гледаат ваков "огномет", секаде ги има, сопственикот и менаџерот морале да знаат дека немаат услови да се пушти ама ете дозволиле, од каде Панчо и Андреј да знаат за тоа ако не им рекле газдиве не може кај нас пиротехника. Се согласувам со тебе.
     
    На sj *O*, Sofi.ja, nice-girl и 5 други им се допаѓа ова.
  16. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.707
    Допаѓања:
    39.924
    Пол:
    Женски
    Не заборавајте дека дефинитивната причина за пожарот не е сѐ уште истражена и постои и можноста да излезе и сосема друг заклучок.

    Дека еден куп луѓе се непретпазливи со пиротехника апсолутно се слагам и треба и за тоа да се крене свест. Ама бирајте зборови, луѓево се мртви...
     
    На sj *O*, nice-girl, DragonFly22 и 8 други им се допаѓа ова.
  17. Adidas888

    Adidas888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    5.907
    Допаѓања:
    24.849
    Пол:
    Женски
    Епа тоа е секогаш така кај нас, секогаш мртвиот е крив.
     
    На Ta-mara му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    4.852
    Допаѓања:
    25.031
    Пол:
    Женски
    Јас тек сега собирам сила да пишам. Престрашно, прежално, не сме дома поместени од место,
    Мм сега ми покажа видео кај што е сниман Андреј кај што гаси, но луѓе на снимката немаше многу, немаше некоја паника на снимката, покривот гореше, но пожарот на долу не беше слезен. Како е десено, што се случило како тоа на снимката е тој дел празен, како изгореле толку не знам ако повеќето излегле според таа снимка.. некој друг дали ја виде снимката?
     
    На Mother of 2boys, MeckaCia и mal.ecka им се допаѓа ова.
  19. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.646
    Допаѓања:
    40.386
    Пол:
    Машки
    Дали Општина Кочани објавува одлуки од Совет? Ако да, кога е одржан последниот, и дали на истиот е дадена дозвола објектот да работи покасно од 01:00 часот по полноќ? Ако да, зошто? Ако не, како работел?

    К л о п к а од виновници.
     
    На sj *O*, Miss666, Noemi и 2 други им се допаѓа ова.
  20. quattro

    quattro Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    3.110
    Допаѓања:
    7.956
    Пол:
    Машки
    За да се користи/управува со пиротехнички средства дозвола дава МВР и само МВР.

    И истите пиротехнички средства се забранети и на отворени и во затворено и во дуќан и во штало и не треба од никого дозвола едноставно ЗАБРАНЕТИ СЕ секаде.

    Со нив може да раководи само лице кое има дозвола, а потоа се бара дозвола дали може да се користат во објект.

    Во случајов, ниту ДНК имале дозвола за пиротехника а газдата на клубот е виновен зошто и тој знаел дека е забрането а дозволил.

    Едноставно ЗАБРАНЕТО Е секаде. Не смее да се користи никаде без дозвола, не смее, забрането е.
     
    На Biljarkata, CameliaMiller и Angie1432 им се допаѓа ова.