Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Трагедија во Кочани - најмалку 59 загинати во пожар во дискотека

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Kataklinkers, 16 март 2025 во 06:34.

  1. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.277
    Допаѓања:
    13.160
    Ама чекајте, полицаецот не знаел за закони? Градоначалникот не знаел што му се надлежности на пример? Некој инспектор не знаел, па ние никој ништо не знаеме и тераме и зошто има трагедии на секој чекор? Полицајците скоро па ништо не знаат, освен некои сообраќајни казни.

    Мора да знаат, напамет, што е дозволиво, а што не и што смеат и треба да казнуваат, а што не, ама тоа што кај нас се средува со едно пиво е пример за глупавост, корумпираност итн.

    Нема не знаеш, кој не знае треба да пасе овци, а не да биде полицаец, градоначалник, советник во општина, пратеник. Со овците твои се, ако утнеш нешто, штетата е само твоја и на овците, вака неписмени унаказија цело општество. Градоначалник не смее да биде никој ако не проучи кои му се надлежности, Закон за локална самоуправа итн, а тие ќе им заврши мандат и поим немаат.
     
    На st-el и eliesaab им се допаѓа ова.
  2. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.374
    Допаѓања:
    158.888
    А што очекувате, каква истрага?
    Има видеа. Има видеа и од други нивни настапи. Ете наивно се гледало и никој не очекувал...
    Просто е.

    СДСМ се молат да престанат со простачки работи. Што не ги фателе у нивно време?! Мрсули.
     
    На sj *O*, Miss666, Freckles. и 3 други им се допаѓа ова.
  3. shz

    shz Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    6.201
    Допаѓања:
    50.713
    Пол:
    Женски
    Ќе дојде до тензија низ државата, намерно не кажуваат а и нема да кажат.
    Којзнае колку има загинати, не сакам ни да помислам.
     
    На sj *O*, elimkd, st-el и 2 други им се допаѓа ова.
  4. kristina.k

    kristina.k Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    8.494
    Допаѓања:
    38.636
    Пол:
    Женски
    Прочитав дека е 63 бројката сега, ама нема официјално ништо.
    Се надевав дека не е вистина.
     
    На sj *O*, Lollipop_123 и Ahoy им се допаѓа ова.
  5. emiliana

    emiliana Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2019
    Пораки:
    3.545
    Допаѓања:
    42.120
    Пол:
    Женски
    Од каде ова инфо??
     
  6. Antebellum

    Antebellum Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2012
    Пораки:
    2.972
    Допаѓања:
    9.088
    Пол:
    Женски
    Абе ние доктори немаме да не лечат, физиолошки раствор нема во болниците, завои нема, ниту постелнина и пижами нема за пациентите вие дали сте свесни каде живееме? Амбуланти возила немаме, противпожарни возила немаме... Ние сме привид од држава, ние не сме држава.

    Специјалисти за изгореници и интензивна нега од Израел, Србија и Чешка доаѓаат утре на помош на македонските лекари
     
    На m.mitreska, sj *O*, deskarada и 11 други им се допаѓа ова.
  7. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.204
    Допаѓања:
    269.742
    Да немаше видео, може и овде кабел ќе беше крив...
     
    На Adidas888 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Adidas888

    Adidas888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    5.892
    Допаѓања:
    24.777
    Пол:
    Женски
    Има и 47 критични случаи шо се пуштени да се лекуваат во странство, кај соседите, така да не верувам дека оваа вечер ќе кажат нешто. Ќе чекаат сабајле да видат кој преживеал, кој не. ;(
     
    На DragonFly22, SummerGirl, Lollipop_123 и 3 други им се допаѓа ова.
  9. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.277
    Допаѓања:
    13.160
    Зборуваше прееска еден професор од Градежен и кажа дека ако се оди по прописи, пола објекти во државата ќе треба да се затворат. Фушерај.
     
    На Karamela12, sj *O*, andromedae и 11 други им се допаѓа ова.
  10. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.630
    Допаѓања:
    40.128
    Пол:
    Машки
    Познаници од Кочани и околината. Не се знаат кај се. Не знаат ни што им се случува. Хорор.
     
    На sj *O*, emiliana и Antebellum им се допаѓа ова.
  11. хОхси

    хОхси Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 декември 2016
    Пораки:
    200
    Допаѓања:
    175
    Македонче спакувај се и бегај, бегај што подалеку од оваа земја.

    Лесна им земја на починатите.:u:
     
    На Karamela12, m.mitreska, MacenceEna и 11 други им се допаѓа ова.
  12. marristovska1

    marristovska1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2015
    Пораки:
    148
    Допаѓања:
    145
    Пол:
    Женски
    Поголема трагедија не се случила во земјава, ова е невиден ужас што се случи Нека почиваат во мир душите невини, сочувство до семејствата на загинатите За ова мора да има одговорност, едноставно МОРА да има!!
    Иначе офф топик, ние кога правевме свадба, газдата на ресторанот ни даде да потпишеме договор во кој потпишуваме одговорност во случај да дојде до пожар или сл во ресторанот ако донесеме прскалки или други пиротехнички средства. И не предупреди прскалки и слични работи да не носиме бидејќи ресторанот е шатор, рече една искра фали и целиот шатор да се запали..
     
    На MacenceEna, sj *O*, *Amethyst* и 4 други им се допаѓа ова.
  13. ArabellaStarfall

    ArabellaStarfall Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2024
    Пораки:
    1.085
    Допаѓања:
    6.745
    Пол:
    Женски
    Нa твитер има две слики што посакував да не ми излезеа воопшто. Не знам кој сликал во тие моменти, но тоа што едвај се гледа е ужас. Не можам ни да замислам тоа во живо да се види. Дојдоа на концерт, некои дома никогаш нема да се вратат, други се бараат по болници, трети истрауматизирани за навек.

    Единствено ми е мило што ни пружија солидарност повеќе држави како и куп македонци што несебично понудија сместување за родителите и роднините. Иако подобро ќе беше да немаше никаква потреба од сето тоа.
     
    На noteforself, Mother of 2boys, MacenceEna и 13 други им се допаѓа ова.
  14. flower30

    flower30 Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 април 2014
    Пораки:
    7.777
    Допаѓања:
    140.613
    Не е забрането користење на пиротехнички средства.
    Има вработени, лиценцирани луѓе кои работат со тоа и кои пред користење на пиротехнички средства го испитуваат теренот и ПРОЦЕНУВААТ и УТВРДУВААТ дали местото соодејствува со извршување на тие активности. И да, се бара дозвола од МВР.

    И со такви пиротехнички средства МОРА да работи лице кое е обучено за таа работа.

    Тоа што насекаде се продаваат петарди не значи дека секој може да ги користи .
    Тоа што почнаа да купуваат " прскалки" , мини фонтани, мини огномети на Бит Пазар не значи дека секој знае да ги запали и да си слави роденден во дневна дома.

    Значи како што има вработени во фабрика која произведува и пакува храна, значи вработени кои поминале обука, така има и вработени кои поминале обука , добиле дозвола да работат со пиротехнички средства знаат како треба.

    Ама, не е забранета употреба, ПРАВИЛНА УПОТРЕБА, на пиротехнички средства!
     
    На MacenceEna, sj *O*, SummerGirl и 2 други им се допаѓа ова.
  15. emiliana

    emiliana Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2019
    Пораки:
    3.545
    Допаѓања:
    42.120
    Пол:
    Женски
    Се надевам толку ќе бидат, премногу е ова, премногу.
     
    На SummerGirl и Ahoy им се допаѓа ова.
  16. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    3.062
    Допаѓања:
    7.824
    Пол:
    Женски
    Не се критични и не се транспортирани поради природата на повредите, нема потреба од дезинформации, кажаа дека не се критични случаи, но поради немање доволно капацитети договорено е болниците од околните држави да ги преземат кога веќе е овозможен и организиран транспорт.
     
    На Angie1432 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Antebellum

    Antebellum Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2012
    Пораки:
    2.972
    Допаѓања:
    9.088
    Пол:
    Женски
    Многу поголем е бројот и подобро да не кажуваат.
     
  18. No Makeup

    No Makeup Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јуни 2017
    Пораки:
    727
    Допаѓања:
    2.063
    Пол:
    Женски
    За Панчо има инфо некое?
     
  19. quattro

    quattro Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    3.099
    Допаѓања:
    7.744
    Пол:
    Машки
    Па и јас тоа го викам.
    Забранета е за лица кои немаат дозвола, обука да управуваат со тоа.

    Дозволено е за професионалци.

    Што не е јасно?
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Adidas888

    Adidas888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    5.892
    Допаѓања:
    24.777
    Пол:
    Женски
    Беше кажано дека најлошите случаи со изгореници, ќе бидат пуштени странство. Така да, најкритичните излегува тоа.
     
    На DragonFly22, SummerGirl, Tanjamm и 3 други им се допаѓа ова.