Трагедија во Кочани - најмалку 59 загинати во пожар во дискотека

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Kataklinkers, 16 март 2025.

  1. TamaraSJ

    TamaraSJ Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2016
    Пораки:
    158
    Допаѓања:
    320
    Пол:
    Женски
    Кога сме веќе кај одговорноста, јад ме јаде кога ги гледам овие наши амеби од политичари со изјави, како они у никој случај не планираат оставки ( а камоли затвор) , ни па мицко одговорност да бара од неговите сопартијци. А се спомне одговорност они вешто бегаат од конкретен одговор. Нема спиење оваа вечер, а обврски утре не прашуваат.
     
    Последна измена: 17 март 2025
    На Tanjamm, SummerGirl, Miss666 и 3 други им се допаѓа ова.
  2. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.877
    Допаѓања:
    45.104
    Пол:
    Женски
    Ми беше колега…толку весел човек, секогаш спремен да помогне, милион пати ни вршел работи и кога е надвор од работно време, никој не заслужува ваков завршеток.
     
    На Harper, sparklie, christinnn и 15 други им се допаѓа ова.
  3. Kasia92

    Kasia92 Активен член

    Се зачлени на:
    17 ноември 2023
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    6
    Пол:
    Женски
    Dali e najdena Sanja Hristova?!
     
  4. Bitolchanecot

    Bitolchanecot Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2021
    Пораки:
    121
    Допаѓања:
    540
    Пол:
    Машки
    Не сваќам дали уште лица се водат за исчезнати? Дали се најдоа сите, без разлика живи/мртви/хоспитализирани? Нон стоп ми излегуваат на инста луѓе кои сеуште ги бараат.

    Нешто под 500 влезници биле продадени, некаде таква вест прочитав. Колку е веродостојна незнам. То е ваљда прашање за организаторот.
     
  5. Malesia

    Malesia Популарен член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    1.712
    Допаѓања:
    3.382
    Пол:
    Женски
    Можеби каснат информациите до нас затоа што секој споделува а нема информации.

    На ваквите забави ептен точна бројка можеби и нема. Затоа што постојат гратиси. Па и на врата роднина да влезе не се брои со влезниците.

    И за жал бројката на смртност е поголема ;(;(;(
     
  6. BellaBibi

    BellaBibi Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2021
    Пораки:
    6.809
    Допаѓања:
    21.467
    Пол:
    Женски
    Полна сум гнев. Пиши бриши ми е од прееска.
    Неможам и неможам да дојдам при себе. Деца полни иднина , деца полни живот, за миг ги нема.
    Отишол да слави раѓање на дете. Тоа дете нема никогаш да го запознае татко му…
    Отишле да си поминат убаво на свирка…
    Отишле да запознаат некого…
    Отишле да си ја видат симпатијата…
    Отишле да пејат и да заработат за децата…
    Отидоа и лакомоста на некој си газда, им ги скрати сите желби. Им го скрати животот. Им ја скрати убавината наречена младост.
    Лакомоста зави над 50 фамилии во црно.
    Лакомоста остави мали деца без родител.

    На што ќе ги трошиш бе сега парите, коштаплеру еден?
    Нека ти купуваат отров додека гниеш зад решетки. Една минута мир да немаш. Секоја минута да ти биде пекол и црнила, како што истото го придаде на 50 фамилии, поради твојата лакомост.
     
    На sparklie, noteforself, stsmua05 и 24 други им се допаѓа ова.
  7. LaDyDoLl

    LaDyDoLl Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    4.628
    Допаѓања:
    37.003
    Пол:
    Женски
  8. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    3.012
    Допаѓања:
    42.503
    Пол:
    Женски
    Во Кочани не го загубија животот само некои јавни личности за кои се жали низ Инстаграм , ФБ , животот го загубија и многу други. За кои нема да се дознае многу јавно , кои биле итн .И тие се битни и треба да се спомнат . И тие оставиле ожалостени фамилии, пријатели кои тагуваат по нив.
    Секој од нив е битен , секој загубен живот е битен и треба да се тагува како и за другите .
     
    На sparklie, Mumoftwo30, noteforself и 54 други им се допаѓа ова.
  9. Dennings

    Dennings Популарен член

    Се зачлени на:
    18 септември 2013
    Пораки:
    613
    Допаѓања:
    4.583
    Пол:
    Женски
    Сум имала излез до 11 ама кога имало долгоочекуван концерт, настан нешто што се планира постоело исклучок. Се организира превоз со такси, татко, постар брат и родителите биле информирани. Аман ни први ни последни. Младина, деца желни за журка да бидат видени, да си поминат убаво. Полесно ви е за полнолетниве што загинаа зашто според вас е ОК што биле присутни доцна во ноќта ама малолетниве ве мачат?
     
    На Larea, Mumoftwo30, DS10 и 13 други им се допаѓа ова.
  10. Јас таа

    Јас таа Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 март 2024
    Пораки:
    67
    Допаѓања:
    722
    Сношти, на 26 годишна возраст, испив апчиња за смирување за да можам да спијам.

    Зошто?

    Бидејќи пола од лицата кои починаа ги знам, сум ги гледала по дискотеки и барови како безгрижно танцуваат, пејат, се смејат и забавуваат. А јас морам да спијам, бидејќи мојот живот во црна и проклета Македонија продолжува. И така секој нареден ден ќе биде црн, најцрн.

    Простете ни мили деца што вашиот живот заврши правејќи го она што е нормлано млад човек да го прави. Простете ни што заминавте додека за последен пат бевте млади и слободни, играејќи и пеејќи со вашите роднини и пријатели.

    А што друг треба да прави млад човек освен да ужива во младоста? Која ете, му ја одземаа.
     
    На Harper, Troi, Larea и 33 други им се допаѓа ова.
  11. CooperD

    CooperD Популарен член

    Се зачлени на:
    30 август 2015
    Пораки:
    433
    Допаѓања:
    1.232
    Пол:
    Женски
    Некаде како да прочитав вчера дека имало и тела што физички неможеле да се идентификуваат, па требало преку днк.
    Блиските нормално, се надеваат дека ќе ги најдат по болници. Иако мислам дека болниците веќе имаат точни списоци. Ама надеж последна умира.
    Иако бројката од 59 мртви е катастрофална, се недавам во овој момент дека барем ќе остане на тоа
     
    На Mumoftwo30, Bubish26, nice-girl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. Dominodancing

    Dominodancing Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2024
    Пораки:
    609
    Допаѓања:
    1.491
    Пол:
    Машки
    Нека се постави прашањето дали, и зошто ДА, земаа мито поранешниот командир на ПС Кочани сега во пензија Г. Ј, и сегашниот А. Т. Од газдата на дискотеката, за да не пракаат контрола полиција за малолетници и точење алкохол на малолетници во дискотеката. Или доколку стигнеше допис за акција за малолетници од СК до КО, зошто командирите ја пробиваа акцијата т.е му јавуваа на газдата дека ке има во толку часот акција за малолетници и таа вечер да не ги пуштаат или доколку пуштат некој да ги извадат преку една задна врата во бавчата и да прерипаат зидот и да си заминат додека дојде полицијата. За мито секој месец да земаат или па...
     
    На Mumoftwo30, Izaabella, Adidas888 и 2 други им се допаѓа ова.
  13. Iris-1234

    Iris-1234 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2021
    Пораки:
    5.929
    Допаѓања:
    12.260
    Пол:
    Женски
    Лелееее ужас и тага невидена.
    Сила нека дава Господ да издржат најблиските;(;(;(
     
    На Mumoftwo30, lovely91, Cutiepie1 и 2 други им се допаѓа ова.
  14. Feniksgirl

    Feniksgirl Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    5.993
    Допаѓања:
    9.907
    Пол:
    Женски
    Јас денес станав и не можам да поверувам дека се деси ова. Се си мислам дека некој сон е, ко во бунило да сум… не знам не ми е верно.
    Што дочекавме, не ми се верува..
     
    На sparklie, noteforself, DS10 и 16 други им се допаѓа ова.
  15. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    3.012
    Допаѓања:
    42.503
    Пол:
    Женски
    Сега ќе се бара одговорност.
    Одговорност треба да сносат повеќе институции. Почнувајки од организаторот на овие концерти , газдата на локалот каде се одржува концертот и се натака .
    Голема е листата .
    Неможеле така лековерно да се организираат концерти и да се обработуваат како на лента . Од еден локал во друг . Треба да се запазат многу мерки .
    Секој треба да си ја врши работата со совест . Тој што организирал и тој што го има локалот . Дали воопшто локалот каде треба да се собираат толку луѓе , има капацитет за толку луѓе, да се обезбеди сигурноста на тие во случај да се случи нешто . Ништо од тоа не е запазено. Нит локалот бил во ред за да се одржува настан со пиротехника, нит биле обезбедени сигурносни излези во случај да се случи нешто . Немало доволно апарати за гасење пожар. Самиот покрив бил со азбест. Плус пункт да не е даден за користење за вакви настани .
    Како може организатор на концерти воопшто прифати да се одржи концерт во вакви услови. Катастрофални предиспозиции од сам старт . Нема итен излез , прозорите со решетки , нема доволно апарати за гасење пожар, нема детектори, аларми. Нема што нема .
    Одговорни има многу , од до . Од кај да се почне .
     
    На DS10, stsmua05, MandyLane и 12 други им се допаѓа ова.
  16. st-el

    st-el Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2010
    Пораки:
    765
    Допаѓања:
    5.322
    Пол:
    Женски
    Исто, кога се сетив што се случи, болката :u: :u: :u: :u:
    Господ да им дава сила на семејствата на настраданите....
    Молитва за преживеаните....
     
    На DragonFly22, nextredstyle, Cutiepie1 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. Miss666

    Miss666 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    1.459
    Допаѓања:
    4.227
    Пол:
    Женски
    Од ден на ден одново и одново се завиваме во црно. И трпиме уште. Јака кожица имал македонецот.
    Пиреј бил. Кошкај, кини, тој пак ќе никнел.

    За ова ли да никнуваме? Да закопуваме млади надежи? Да ни гние иднината два метра под земја?
    За туѓи посрани задници да јадат папаји, да се купуваат станчиња по Дубаи?
    Зарем тие ништожни политичари, околу 120 се поскапи од останатите 2 милиони?

    Ееј, ни се пеплоса иднината. Живи деца изгореа. Живи луѓе гореа та Тетово, та Кочани.
    Се најде одоговорен? Плати некој? Се смени нешто? Сменивме ли ние нешто од овој трул систем? Трул, трулеж полошо не бидувало.
    Бесна сум. Гневна. Ме боли душата.

    И нека моја Македонија. Имаш плеќи за удирање.

    Ќути Македонијо. Ќути, трпи и закопувај деца.
     
    На Mumoftwo30, stsmua05, sj *O* и 8 други им се допаѓа ова.
  18. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.072
    Допаѓања:
    257.181
    Јас само едно ќе ве прашам, од денес ќе престанете со фаќањто врски?
     
    На Harper, sparklie, smooch и 42 други им се допаѓа ова.
  19. Malesia

    Malesia Популарен член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    1.712
    Допаѓања:
    3.382
    Пол:
    Женски
    Леле ова се случува во секој град секој локал, секоја продавница,се што постои, мито, корупција ниеден закон не се поштува, законоте се само за перење пари. Злото си го зема своето. Секој потпис, секој печат е неважечки по закон ама е валиден за сите газди. Ние не сме дно, ние сме и далеку под дното.
     
    На Lisandra и Dominodancing им се допаѓа ова.
  20. Antebellum

    Antebellum Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2012
    Пораки:
    3.074
    Допаѓања:
    9.370
    Пол:
    Женски
    Го најдов на Твитер.
    [​IMG]
     
    На sparklie, L.i.n.a.a, Mumoftwo30 и 29 други им се допаѓа ова.