1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Трагедија во Кочани - најмалку 59 загинати во пожар во дискотека

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Kataklinkers, 16 март 2025.

  1. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.268
    Допаѓања:
    226.730
    Пол:
    Женски
    Мило сите што се во болниците знаат родителите.
    тие што сеуште фалат ... јасно е
     
    На Mumoftwo30, Lilit и SummerGirl им се допаѓа ова.
  2. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    3.499
    Допаѓања:
    8.821
    Пол:
    Женски
    Не знам каква врска има мрачното минато и уште помрачната сегашност на Израел со Кочани. И не бараме само ние помош, за вакви трагедии со многу човечки жртви и повредени се добива помош од оној кој може да ја понуди за да ја олесни ситуацијата, без разлика дали е богата или сиромашна државата, не функционира така помошта и не се дава помош само на оној кој не може сам.
     
    На Harper, Amellie13, Gosh и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. Skyler

    Skyler Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2022
    Пораки:
    3.858
    Допаѓања:
    12.619
    Пол:
    Женски
    Јас како поединец не осеќам вина на пример и не знам зашто би се плукале меѓу себе, кога точно ги знаеме виновниците со име и презиме. И мито не можеш да дадеш некаде кај што не проаѓа, а тука работите се завршуваат само со мито. Така да, не знам како луѓето се криви за оваа трагедија.
    И сега ќе се вртиме во круг, ќе се препуцаваме ‘ако не нудиш мито ќе ги немаме овие проблеми бла бла’, но реалноста е дека некои работи се завршуваат само така, како на пример термин кај доктор, термин за операција.
    И треба да бираш дали ќе бидеш поштен или ќе преживееш. Не знам каде тука вината ја наоѓате кај обичниот народ.
     
    На Mother of 2boys, Pixi5, MakeDamnSure и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    4.996
    Допаѓања:
    25.580
    Пол:
    Женски
    Важни се, сите до еден само што ние тие деца не ги познаваме за поединечно да постираме, а нив го знаеме сите. А нема чобек мислам што нема на Фб и на Инста постирано слика за сите.
     
    На Mumoftwo30 и gjoker4e им се допаѓа ова.
  5. DELFINA81

    DELFINA81 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2019
    Пораки:
    2.677
    Допаѓања:
    10.348
    Пол:
    Женски
    Луѓе моето Кочани е тажно,претажно,тмурно,црно,тивко..
    Вчера поради големата ќерка ја потиснував тагата и солзите,сега е во градинка,си плачам цело утро,солзи сами течат.
    Немам храброст и сила са се јавам луѓето што си го изгубија чедото...другарка школска,колешка од работа...,на колега дете се бори за живот и мн.други,немам едноставно немам сила да се јавам.
    Зошто мораше вака,зошто,млади цвеќиња беа тоа.
    Кочани никогаш нема да биде ист веќе никогаш.
     
    На Harper, Troi, Mother of 2boys и 53 други им се допаѓа ова.
  6. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    3.499
    Допаѓања:
    8.821
    Пол:
    Женски
    Веројатно се врши идентификација, мислам не се ич малку луѓе во прашање, а и мислам дека поважно е семејствата први да дознаат, отколку да се збори по весници и форуми за непроверени информации.
    Рекоа дека имало 500 луѓе, а 250 продадени карти. Колку е проверена информацијава, не се знае, со оглед на тоа какви новинари имаме.
     
    На CameliaMiller, Angie1432 и eliesaab им се допаѓа ова.
  7. Iva:)

    Iva:) Популарен член

    Се зачлени на:
    9 април 2016
    Пораки:
    816
    Допаѓања:
    2.079
    Пол:
    Женски
    Во Европа нема држава со повеќе корупција од Македонија, само што ретко не коментираат, тоест фини се со нас.[/QUOTE]
    Само за ова "фини се со нас" ќе додадам нешто многу битно, истата таа Европа ја подржува и молчи за таа корупција. Тука си поставува свои пулени кои им испорачуваат по диктат тоа што ќе се побара од нив и ги држат додека се подобни. Да не се лажеме ако и е стало на Европа за нас како што и беше за некои други држави можеше да се сотре од корен трулиот систем. Да не одиме подалеку Хан доби бизниси тука, оние што го градат автопатот до Охрид се наметнати со договор во 4 очи изад нив стоеше Бајден, се е исповрзано. Ако им противречиш ќе те заменат.
     
    На sonuvana, Justicija, Billy Idol и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.072
    Допаѓања:
    257.181
    Па се потекнува од нас, народот.
    За жал и по трагедијата не сфаќате. Врска таму, врска ваму.
    Знам како се преживува кај нас.
    Знам дека мораш да фатеш врски ако сакаш да преживееш на клиника.
    Ама пак, полека да престанеме. Не мораш да фаќаш врско за син ти да се падна кај учителка што ја сакаш, нели?
    Мораме да почне од некаде, од нас па да го менуваме системот. Како едника знам оти не можеш, не можев и јас, ама ако сите го правиме истото, промени ќе има.
     
    На noteforself, stsmua05, christinnn и 18 други им се допаѓа ова.
  9. Iva:)

    Iva:) Популарен член

    Се зачлени на:
    9 април 2016
    Пораки:
    816
    Допаѓања:
    2.079
    Пол:
    Женски
    И во право си, колку и да не се сложуваат со тебе. Се потекнува од нас, не мора да креваш телефон са секоја ситница и да бараш некое пријателче. Еве во Германија имам потесна фамилија, 5 месеци чекаат за продолжување на виза и 2 месеци чекаат за термин на лекар и нормално си чекаат. Да беа тука 100 врски ќе испофатеа да завршат побрзо работа. Треба да сватиме дека не е системот крив ние самите го создаваме системот.
     
    На CameliaMiller, gjoker4e, SummerGirl и 2 други им се допаѓа ова.
  10. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.469
    Допаѓања:
    13.697
    Само за ова "фини се со нас" ќе додадам нешто многу битно, истата таа Европа ја подржува и молчи за таа корупција. Тука си поставува свои пулени кои им испорачуваат по диктат тоа што ќе се побара од нив и ги држат додека се подобни. Да не се лажеме ако и е стало на Европа за нас како што и беше за некои други држави можеше да се сотре од корен трулиот систем. Да не одиме подалеку Хан доби бизниси тука, оние што го градат автопатот до Охрид се наметнати со договор во 4 очи изад нив стоеше Бајден, се е исповрзано. Ако им противречиш ќе те заменат.[/QUOTE]

    Треба строги мерки против Македонија, властите и самите граѓани. Кои пулени бре? 99% од народот е исти како газдата на дискотеката, политичарите и слично. Сите се исти.
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  11. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.860
    Допаѓања:
    36.513
    Пол:
    Женски
    А, кој ја прави реалноста да е таква? Некој од страна или ние?!
    Не знам како не сфаќате дека ние сме системот, власта, полиција, инспекција, итн.... ние сме тие! Они не доаѓаат од надвор, од народот се. Ние ги гласаме, ние ќутиме кога ќе ни се случат вакви гомнарии и викаме ќути има и полошо или пак лепиме етикети дека ако протестираш си платеник! Ние сме тие!
    Треба колективно сите да преземеме одговорност за нашите постапки.
    И треба протести!!! Ама, не протести закажани на неколку саати и после секој по дома, не! Протести постојано, по цел ден, се додека не се најдат одговорните, за ова и за сите останати трагедии до сега кои останале така, неказнети!
    САмо... читајќи ги наративите тука и по социјалниве мрежи, тешко тоа, партиските интереси се побитни. Ќе се создало тензија?! Па, треба да има тензија!!! Или ќе си ја чуваме кубурата за друг пат?!
     
    На DragonFly22, Izaabella, жули и 10 други им се допаѓа ова.
  12. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.268
    Допаѓања:
    226.730
    Пол:
    Женски
    Не мора да фатиш за кај наставничката што сакаш, ама мора да фатиш за да избегаш од психопатот што ти го малтретира детето а системот вели- тоа е, ништо не можеме. Мора да иде во школо и тој.
     
    На Mother of 2boys, MilaSs12, Pixi5 и 6 други им се допаѓа ова.
  13. moonlight-girl.55

    moonlight-girl.55 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    1.566
    Допаѓања:
    3.272
    Престанете со јадење трици за родителите на децава. Ама најозбилно.

    Тие се единствените што реално ќе ја осетат трагедијава, блиски луѓе, познаници, не е исто ко родителите.

    Во мал град, каде се знаеш со скоро сите, излегуваш и до покасно. Јас сум излегувала, малолетна, до 2 сабајле викенд тук тамо. Мајка ми мирно спиела. А да се сите во државава ко мене и мајка ми, ќе цутеше пустата.

    Малце прст на чело, бар вие што сте родители, пазете што ломотите.
    Се бива и се се дешава во момент некогаш, освен ако не си ги врзете за вас децата, ама и така не може да ги дочувате 100 посто.
     
    На Harper, sparklie, DragonFly22 и 36 други им се допаѓа ова.
  14. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.469
    Допаѓања:
    13.697
    Полицаецот што правел таму, а не преземал мерки затоа што има малолетници внатре, кои не ни имаат лични карти, оти на 14 години немаат? Пиеле алкохол, што направила полицијата која била таму? А пиротехниката? Дозвола? Како дошле тие деца на 14 години таму? Дали возеле автомобил без да поседуваат возачка дозвола, оти биле не само од Кочани, туку од Скопје, Штип, од соседните села? А што возач почетник не смее да вози доцна, што правиме со тоа? Тоа не е полиција, тоа е обична проста раја што се подмитува со мочано пиво. Тоа не е полиција. А држава што нема полиција, не е држава.
     
    На Gosh, mal.ecka, Lisandra и 3 други им се допаѓа ова.
  15. Feniksgirl

    Feniksgirl Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    5.995
    Допаѓања:
    9.908
    Пол:
    Женски
    Тање, ај олабави малку со политизирањево.
     
    На Mother of 2boys, Troi, L.i.n.a.a и 15 други им се допаѓа ова.
  16. Malesia

    Malesia Популарен член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    1.713
    Допаѓања:
    3.382
    Пол:
    Женски
    За сите се пишува... Еве сега ќе се пишува и за шоверот на итната помош. Потресно е све
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    3.499
    Допаѓања:
    8.821
    Пол:
    Женски
    Ти не мораш да осеќаш вина, но оние кои не можат да фатат врска за термин или операција ќе завршат лошо или најлошо, па после оние кои можат да фатат (и фаќаат) врска за истиот тој термин или операција ќе зборуваат како системот не чинел. Дали сум само јас или ова еден апсурд гоооолем колку планина?
     
    На жули, CameliaMiller, Annath и 5 други им се допаѓа ова.
  18. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    18.369
    Допаѓања:
    120.345
    Пол:
    Женски
    Да бидеме реални секаде во светот се бараат препораки и тешко се стигнува до добри специјалисти. Не е само кај нас.
     
    На Ahoy, baguf4e, Lilit и 3 други им се допаѓа ова.
  19. Tinkerbell11

    Tinkerbell11 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2019
    Пораки:
    611
    Допаѓања:
    1.938
    Пол:
    Женски
    И за девојката која што има бебенце од една годинка дома, што веќе тоа бебе нема ни да ја види мајка му. И што е најтрагично и најжално, тоа дете од годинка за 10 години нема ни да се сеќава на мајка му.;(
     
    На Mother of 2boys, Miss666, SummerGirl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    20.195
    Допаѓања:
    107.342
    Пол:
    Женски
    Сања не е најдена, нејзина братучетка утрово ми пиша.

    Сериозно некој спомна дека се барале врски синоќа овде за Карил и тоа го споредите? Сериозно? Некој за да дознае детето, внучето, братот, другарот како му е во овој хаос. Дај бе опрајте се. Нека го фрли каменот тој што никогаш не грешел!
     
    На BellaBibi, L.i.n.a.a, LejlaD и 15 други им се допаѓа ова.