Трагедија во Кочани - најмалку 59 загинати во пожар во дискотека

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Kataklinkers, 16 март 2025 во 06:34.

  1. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.277
    Допаѓања:
    13.163
    Кој рече дека сум јас од партија? Не сум. „За работно место“ е се што знаете. Јас ти кажувам дека Латвија ги лечи луѓе, а државата е колку Македонија.
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Iva:)

    Iva:) Популарен член

    Се зачлени на:
    9 април 2016
    Пораки:
    562
    Допаѓања:
    1.350
    Пол:
    Женски
    Да затоа што ние како генерација за жал не го искоренивме она што го наследивме од нашите од екс државата и транзицијата: абе имам јас човек, абе брат ај да завршиме работа, знаеш кој сум јас, дај да протуркаме имам другарче таму... Затоа нашите деца (немам толкави по возраст ама сите се наши деца) настрадаа.
     
    На Malesia, Justicija, Golden и 3 други им се допаѓа ова.
  3. Waverly Raven

    Waverly Raven Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2017
    Пораки:
    3.483
    Допаѓања:
    13.280
    Пол:
    Машки
    Го чекам денот кога барем еден висок функционер, актуелен или поранешен, ќе признае одговорност!

    Не само да лежи во затвор, туку прво да ПРИЗНАЕ одговорност!

    Дали ќе го дочекам тој ден не знам, оти ми се чини тоа е дел од народната митологија на Македонија.

    Ова моментално шо го гледаме со информативни разговори, “апсења” и слични драмски сцени е само театар, за да се смири народот, за да се покажи дека институциите “нешто” работат. Абе ако работеа, ништо од ова немаше да се случи!
    Кај да е, ќе гледаме мавкање од “брзата лента” на граница и префрлање на вината на најслабата алка.
     
    На m.mitreska, Directioner005, rainbowec и 23 други им се допаѓа ова.
  4. sweet-cherry

    sweet-cherry Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 јануари 2011
    Пораки:
    3.662
    Допаѓања:
    29.406
    Пол:
    Женски
    Од вчера рано утрото следам што се случува и не ми се верува дека е ова реалност во која што ние живееме. Млади деца да ни отидат, нема поголема трагедија. Работам со деца и денеска навистина тешко наоѓав утешни зборови за нив, ја живеат и тие траумата како и сите ние. А не можам ни да замислам како им е на тие семејства што изгубија членови. Цела нација ја преживува болката поради корумпираност... До кога вака?
     
    На Skorpija25, CameliaMiller, Ahoy и 10 други им се допаѓа ова.
  5. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    3.076
    Допаѓања:
    7.911
    Пол:
    Женски
    Каква врска има големината на земјата со имање/немање центар за изгореници? Јасно е дека се работи за специфични повреди, и веројатно затоа се носат по неколку пациенти во различни земји, не ти текна? Инаку ќе ѝ ги тупнеа сите на Бугарија на пример дека е најблиску. Не знам што сакаш да постигнеш со ферманиве што ги пишуваш
     
    На Mother of 2boys, Dennings, Konfetka и 3 други им се допаѓа ова.
  6. andrejko82

    andrejko82 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јули 2013
    Пораки:
    3.732
    Допаѓања:
    58.322
    Пол:
    Женски
    Па незнам која точно ама еден куп популарни пејачи, пејачки имаше. Башка детево работеше на озвучување и во први редови до бина стоел секогаш. Се пресели во Швајцарија минатата недела беше на кратко дојден и одма во диско. Баш го зезав, Кочанчанец одма во диско отиде .. многу болно, многу деца негова генерација... Непребол.
     
    На nena2010 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. TamaraSJ

    TamaraSJ Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2016
    Пораки:
    154
    Допаѓања:
    317
    Пол:
    Женски
    Дефинитивно инспекторите од ДПИ отказ да и дадат ништо шо не работиле и не контролирале. Уствари не, они одеа по маркети и мали продавници да следат дали се почитуваат мерките на Владата.
    Погоре некој спомна кај да се протестира, да не се заборави и пред ДПИ.
     
    На Miss666, eliesaab, Lisandra и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Iva:)

    Iva:) Популарен член

    Се зачлени на:
    9 април 2016
    Пораки:
    562
    Допаѓања:
    1.350
    Пол:
    Женски
    Па во оваа влада од Вмро и нема некој со багаж од минатото, особено не Панче. Ако се сака ќе се реши неселективно и правично. И за ова и за се друго (Ратко и Онкологија), ако се има воља.
     
  9. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    3.076
    Допаѓања:
    7.911
    Пол:
    Женски
    Ќе се изначекаш, и ние со тебе. Еве премиерот го слушам на телевизија и вели: "Ќе одговарате сите", како на филмон Викенд на мртовци кога директорот оди дома кај покојникот да изрази сочуство и вика "Сите ќе умрете", буквално на таа сцена ми текна. Политичарите и нивните потрчковци живеат паралелна стварност со нашата изгледа.
     
    Последна измена: 17 март 2025 во 19:29
    На An-na, CameliaMiller, Thinkerbell. и 4 други им се допаѓа ова.
  10. Bettina23

    Bettina23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2023
    Пораки:
    346
    Допаѓања:
    1.899
    Пол:
    Женски

    Луѓе малку ќе бидам офф топик ама ќе пишам.
    Тие врски ги има кај нас и ние сме навикнати за жал така да функционираме.Пријателка македонка идат да живеат во Словенија и го запишуваат детето во градинка што е доста далеку од местото каде што живеат,и објаснуваат дека само таму има место оти сред учебна година..она по наш обичај одма пробува преку врски да го стават во најблиската градинка..
    После тоа и се јавија од градинката-Како не ви е срам да праќате луѓе за да го преместиме детето во најблиската градинка и 100 души да пратите нема место и не е возможно таму да оди.Да бевме Мк 100% ќе најдеа место,па после 2 воспитувачки на 30 деца
    Женава потона во земја..
     
    На SV1911, CameliaMiller, *Amethyst* и 6 други им се допаѓа ова.
  11. LadyR

    LadyR Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2012
    Пораки:
    2.414
    Допаѓања:
    8.494
    На затворено е, на ќошот кај мостчето. За летно не ми текнуува, може и да се викаше некоја сезона Пјур од спроти таму, секоја сезона различно име имаат. Како и да е, моментално работат а се без лиценца сите клубови во Скопјево... Нека се освестат дури не настанала друга трагедија.
     
  12. Lisandra

    Lisandra Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2015
    Пораки:
    1.976
    Допаѓања:
    3.078
    Пол:
    Женски
    Тие одат кај шо ги пушта партијата, ќе му закачат по некоја казна ако само му е наредено, по мали бизниси одат оти мора нешто да се сработи макар шо и во тој случај можеш да ги частиш за да избегнеш казни и никому ништо.
     
    На Biljarkata и TamaraSJ им се допаѓа ова.
  13. Mazegin

    Mazegin Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2019
    Пораки:
    386
    Допаѓања:
    1.290
    Да. А претходно коментари што барале малолетници у диско, што правела полицијата, како ДНК биле криви за случајот и земале пари на црно.

    До кога бе луѓе? Ако не беа 14годишни деца, ќе беа 25 годишни, полицаецот бил сам ама зашто тој не вршел контрола?
    А каде е хиреархијата тука.
    Над полицаецот има командир, инспектор. Али добро, знаеме дека инспекторот е седнат у некоја кафана или отиден е да го дрви на некоја танчерка, а некое младо почицајче ќе го пуштат у рација сам.
    И не, тука не се криви овие одговорните, туку Панчо бил зашто имал огномет, а нема врска тоа што онаа шупата нема пепе апрат и три излези.

    И више кога сакате да политизирате многу, диското е отворено уште години години уназад кога на власт биле овие другиве лајна, тие си ги дрвеле патлаците од затајување даноци и корупции на некој остров наместо да ги спрегнат полираните опинци и да се фатат за работа.
    Ајде гитла сите политизирани дудлачи. Ради ваквите како вас државата ни стана гробница. Се надевам политизираниот леб кој го јадете мир нема да ви даде.
     
    На Antolinaa, Dennings, Izaabella и 4 други им се допаѓа ова.
  14. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    4.852
    Допаѓања:
    25.031
    Пол:
    Женски
    Од морална причина се дава исто оставка. А тоа дека требеше да излези си стои.
    Демолираат пошо мислат ајде сега пак Шарена ќе изиграваме или Србија. Џабе се прајт муабет сегде или као нешто се превземат, ќе поминит се, ќе одговара некој, дали се работи за овој случај или друг, ние како народ ќе се смениме? Не. Пак се вртиме во круг значи. Пак ќе си праиме криминали ако дојдеме до одредена позиција, пак ќе искористуваме врски, пак ќе "заштедиме" некаде, пак ќе пометнуваме стотки кај доктор за услуга која мора да ја изврши,пак ќе се праиме начукнати и кога ќе биде пак некоја несреќа оти пак ние сите сме криви, ќе земеме да кршиме. Ние сите сме криви
     
    На Malesia и Lisandra им се допаѓа ова.
  15. Iva:)

    Iva:) Популарен член

    Се зачлени на:
    9 април 2016
    Пораки:
    562
    Допаѓања:
    1.350
    Пол:
    Женски
    Е тоа е тоа, кога ќе почнеме така да фунционираме тогаш ќе не биде.
     
    На Bettina23 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. ataneR

    ataneR Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2015
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    307
    Пол:
    Женски
    Верувај и тоа како имаат. И Христијан и Панче и сите под нив
     
  17. Bettina23

    Bettina23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2023
    Пораки:
    346
    Допаѓања:
    1.899
    Пол:
    Женски
    IMG_20250317_192350.jpg доживотно затворено.
     
    На gjoker4e и Dennings им се допаѓа ова.
  18. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.860
    Допаѓања:
    117.343
    Пол:
    Женски
    Screenshot_20250317_192450_Threads.jpg
     
    На Ahoy му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    5.932
    Допаѓања:
    20.234
    Пол:
    Машки
    Не е баш соодветно прашањево ама ме интересира.

    Дали лекувањево подлежи под Министерство за здравство и Владава или треба да се собираат донации (оти видов доста постови такви..) ?
     
  20. Waverly Raven

    Waverly Raven Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2017
    Пораки:
    3.483
    Допаѓања:
    13.280
    Пол:
    Машки
    Не знам за бензин, можеби користеле за тоа, но неодамна имаше забава со танчерки и оган/пламен - огнено шоу.
     
    На nena2010 му/ѝ се допаѓа ова.