Трагедија во Кочани - најмалку 59 загинати во пожар во дискотека

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Kataklinkers, 16 март 2025 во 06:34.

  1. quattro

    quattro Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    3.110
    Допаѓања:
    7.969
    Пол:
    Машки
    Ова е словенскиот воен авион и медицински тим

    Воедно Владата на Словенија донесе одлука да и донира 550.000 евра на Македонија.

    Словенијоо :l:
    FB_IMG_1742244378072.jpg
     
    На pianogirl, Skorpija25, vitamina и 54 други им се допаѓа ова.
  2. WarriorAngel

    WarriorAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    1.822
    Допаѓања:
    5.038
    Пол:
    Женски
    @Јас таа пената што е горе брзо се запалила. И после тоа се направило стампедо кога луѓето почнале да бегаат. Заради малку кислород во просторијата, а многу јаглероден моноксид, се загушиле и онесвестиле на влезот. За жал, имале многу кратко време за да избегаат сите т.е помалку од минута.
    Зошто имале толку малку време? Има научници што пресметале дека кога такви материјали горат, воздухот станува лош за многу кратко време, секунди се во прашање.
     
    На Konfetka, MakeDamnSure, Blackandwhite123 и 2 други им се допаѓа ова.
  3. Adidas888

    Adidas888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    5.908
    Допаѓања:
    24.856
    Пол:
    Женски
    :l:
    Многу пријатно се изненадив кога прочитав дека многу држави се понудија за помош, меѓу кои и Израел дури.
     
    На merriel0, Ivan4e04, Ouravanture и 8 други им се допаѓа ова.
  4. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.300
    Допаѓања:
    40.367
    Пол:
    Машки
    Ова на крајот ќе заврши како пресметка со поранешните структури на СДСМ и ДУИ, кои несомнено имаат одговорност и треба да одговараат. Но, одговорност мора да има и кај ВМРО. Сите партии имаат удел во ова, и не смее да се дозволи заштита на „своите“ додека се апсат „другите“ само за да се задоволи јавноста. Вистинската правда не е селективна – не може едни да бидат жртвувани како виновници за да се каже дека случајот е затворен, а другите да се оградат со изговорот дека се „нови“ и да ги пуштат своите да избегаат.

    Можеби не е место и време за политика, но работите неизбежно одат во таа насока и не смееме да дозволиме да биде селективно.
     
    На Ivan4e04, MakeDamnSure, DragonFly22 и 14 други им се допаѓа ова.
  5. Kataklinkers

    Kataklinkers Популарен член

    Се зачлени на:
    10 септември 2014
    Пораки:
    1.594
    Допаѓања:
    9.428
    Сигурно не е била зградата со вакви материјали.
    За 2 минути се проширил, лесно запаливо, а после тоа имало и експлозија почнал да паѓа кровот.
     
    На Јас таа му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Iva:)

    Iva:) Популарен член

    Се зачлени на:
    9 април 2016
    Пораки:
    562
    Допаѓања:
    1.350
    Пол:
    Женски
    Цела внатрешност и кровот биле обложени со сунѓер и лесно запаллив материјал. Кажа обвинителот Коцевски уште вчера.
     
    На Konfetka, MakeDamnSure, eliesaab и 2 други им се допаѓа ова.
  7. DS10

    DS10 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2024
    Пораки:
    2.778
    Допаѓања:
    4.184
    Пол:
    Машки
    Штом се фати струјата, готово е се. И општо пожар низ град негде да настане, пожарната прво ќе пробува жиците да ги спаси да не се запалат, ако тие се запалат сите куќи поврзани на таа бандера ќе изгорат.
     
    Последна измена: 17 март 2025 во 21:59
    На st-el и Јас таа им се допаѓа ова.
  8. Izaabella

    Izaabella Популарен член

    Се зачлени на:
    13 декември 2010
    Пораки:
    1.313
    Допаѓања:
    7.397
    Пол:
    Женски
    Од прееска те читам, собери се исто со политизирањево. Од кај знаеш дека е пребегнат??? Те извести некој што е директно инволвиран во истрагата или???
    Шо ви е бе, абе не пишувајте само колку да сте вклучени во темава, ја разбирате ли сензитивноста на информациите со кои се расфрлате со 0% сигурност???
     
    На H.VAGA, Skyler, Ivan4e04 и 17 други им се допаѓа ова.
  9. Dilajla123

    Dilajla123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 декември 2022
    Пораки:
    144
    Допаѓања:
    1.332
    Пол:
    Женски
    И жена му на Андреј има објава,негира дека групава ги внела пиротехничките средства,укажува да се фатат вистинските виновници а не да ги прикриваат .
     
    На LeoQueenka, Трагедијаупмм и Victorian им се допаѓа ова.
  10. WarriorAngel

    WarriorAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    1.822
    Допаѓања:
    5.038
    Пол:
    Женски
    Мене ме нервира тоа што политичариве си земаат огромни плати, а ете гледаме дека ништо не работат. Си одат на патувања со приватни авиони, им плаќаме патни трошоци, вечери да се гоштеваат, и на крај, имаат образ да бараат хуманитарни донации...парите од Словенија којзнае каде ќе завршат, во чиј џеб. Трошоците за сместувањето ќе биделе покриени. Е фала курцу, ама се треба да плати државата што ние ја полниме со пари за вие да се гоштевате.

    Е не можам да преболам! Завои немаше во болницата и физиолошки раствор. За што плаќам данок јас уствари, детето кога ќе ми отиде во болница да немаат завој, а не па нешто повеќе?! Да ми го вратат што ми го одбиваат од плата, па јас ќе му ја мислам.
     
    На WhiteCat33 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.391
    Допаѓања:
    158.996
    Така се збореше и во короната дека кријат, па никогаш фала богу не излезе така.
    Мислам дека не треба да се шпекулира. Греота е.
    59 жртви се, до сега ќе се дознаеше. Ќе кажеше некој родител, ќе искочеше вистината.

    Жена му на Андреј, сочувство, но негирање ма фактите не ја подобрува ситуацијата. Има повеќе слики каде се гледа дека ги користеле. И се користат многу често од наивност.
    Ја разбирам, но крај краева... и сами настрадаа кутрите, сигурно намерно не го направиле.
     
    На nena2010, TheGoldenPeach, Konfetka и 7 други им се допаѓа ова.
  12. Јас таа

    Јас таа Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 март 2024
    Пораки:
    48
    Допаѓања:
    605
    Ви благодарам за објаснувањето ... ;(

    Мислам дека веќе нема да има за Македонија бел ден. Може колективно сите да се спакуваме и да си одиме, а ова парче земја нека си го земе кој сака бидејќи очигледно или е проклето или сме неспособни како народ да се избориме со 150 смрдловци на функција...

    Упорно се пишува да се казнеле овие 15-20 луѓе. Добро ќе се казнат, и?

    Треба закон.
    Треба систем.
    Треба да не се повтори.

    Денес Кочани, утре било која дискотека. Не е решение сите да изгорат и да се затворат газдите. Треба инспекции, строг состем. Во Германија, Белгија, Словачка, Чешка, Словенија каде сум имала можност да одам во дискотека по 10 чати во ноќта мине поѓиција, контрола, инспекција. На глава ако сакаш застани ама нема под 18 да те пуштат... кај нас ако газдата на обезбедувањето му маже дека треба да ги пиште некои 15 годишници - ќе ги пуште. Да не збореме што 90% немаат лиценцна за работа по полноќ и алкохол...
     
    На MakeDamnSure, sj *O*, Anaroz1 и 3 други им се допаѓа ова.
  13. нина122

    нина122 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2018
    Пораки:
    4.635
    Допаѓања:
    13.243
    Пол:
    Женски
    Мислам дека ние се уште не сме свесни за каква трагедија се работи, нашиот мозок одбива да прифати дека ова е трагедија од огромни размери за држава колку нашата..
    Ја видов сликата каде што се гледа дека ископале гробови, луѓе, јас потажна слика во животот не сум видела.. Уште и читам на странски портали, луѓево збунети прашуваат зашто луѓето не се симнувале низ пожарникарски скали, зашто не се користеле и другите излези, не им е јасно како може во 21 век таква дискотека да функционира..
     
    На WhiteCat33, Masnickaaa, Gosh и 20 други им се допаѓа ова.
  14. Јас таа

    Јас таа Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 март 2024
    Пораки:
    48
    Допаѓања:
    605
    IMG_5838.jpeg
     
    На eliesaab и Adidas888 им се допаѓа ова.
  15. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.391
    Допаѓања:
    158.996
    Архитектов на Телма истото го кажува што цел ден го трубам.
    Ги пуштаат луѓето неинформирани да регистрираат фирми, па после пуштаат инспекции и почнуваат уцените, притисоците, митото - системот е креиран така да ти требаат врски и корупцијата да цвета.

    Еве друг пример како тече корумпирана држава.
    Регистрираме фирма. Ок, во ред. Почнуваме увоз на производ. А не, чекај сеа - ти требаат 100 одобрувања, стои предметот во министерство за здравство. Зошто? За меѓувремено по дојава се информира друга фирма за производов и 3 месеци после нас, со сите врски го пласира производот, а нашиот уште стои. При тоа составот на одобрениот е хазарден и има состојки кои се штетни. Ама јбг, ние не фаќавме врски.
    Или се регистрира фирма, НИКОЈ не бара никаков елаборат, ништо! за заштита на животна средина - ќе вадат ако дојде инспекција. До тогаш, ни пуштаат во канализација киселини и моторни уљиња, у вц мириса. Ама немаат гајле, не трујат, пошо газдата знае дека никој ништо не му може... има чоек.
     
    Последна измена: 17 март 2025 во 22:08
    На tambelina, MakeDamnSure, Irimiri и 8 други им се допаѓа ова.
  16. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.327
    Допаѓања:
    137.358
    За вакви лаги треба да се одговара кривично. Како што лажеа дека Андреј е дома за да оди да го бара дома полиција, така и за ова да се одговара. Секоја лага да биде санкционирана. Морбидно е да пишуваш без име и да кажеш дека си доктор и ти рекле не знам што, за да правиш дополнително мака кај луѓето. Колку лаги и непроверени информации прават проблеми... Ако не лажете, барем не ширете туѓи лаги.
     
    На vitamina, H.VAGA, GirlRose и 17 други им се допаѓа ова.
  17. Malesia

    Malesia Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    3.142
    Пол:
    Женски
    Министерството за здравство ја информира јавноста дека медицинските тимови на здравствените установи и денеска се целосно ангажирани во обезбедување на соодветна медицинска нега за сите пациенти. Состојбата на пациентите се следи внимателно, а понатамошните медицински постапки се спроведуваат врз основа на конзилијарни одлуки.

    Во текот на денешниот ден, пациентите се распределени по здравствените установи низ земјата, и тоа:

    Клинички центар – 52 пациенти
    ГОБ „8 Септември“ – 17 пациенти
    Универзитетска клиника „Св. Наум Охридски“ – 12 пациенти
    Клиника за токсикологија – 10 пациенти
    Аџибадем Систина – 7 пациенти

    Покрај обезбедувањето медицинска нега во земјата, дел од пациентите се транспортирани во здравствени установи во странство, благодарение на меѓународната поддршка и соработката со партнерските земји:

    Литванија – 4 пациенти
    Австрија – 2 пациенти
    Словенија – 2 пациенти
    Република Србија – 12 пациенти
    Република Бугарија – 1 пациент

    Во текот на ноќта и утрешниот ден се очекува медицински транспорт од Австрија, Грција и Хрватска, со авиони и хеликоптери за понатамошен трансфер на пациенти.

    Министерството за здравство информира дека сите пациенти кои се префрлени во странство се во стабилна состојба и под континуирана медицинска нега.

    Дополнително, во соработка со ЈЗУ Психијатриска болница и Клиниката за психијатрија, формирани се мобилни тимови составени од психијатри и психолози, кои обезбедуваат психолошка поддршка за пациентите и нивните семејства.

    За сите кои имаат потреба од психолошко советување или помош, достапна е телефонската линија 078 378 754, каде што стручни лица обезбедуваат поддршка.

    Министерството за здравство останува во постојана комуникација со сите надлежни институции и меѓународни партнери за понатамошна координација и поддршка.


    Овие бројки се страшни...Кој ги следи бројкиве колку пациенти се хоспитализирани а еве по Бугарија приметив 1 лице а кажаа 6
     
    На Dennings му/ѝ се допаѓа ова.
  18. L.i.n.a.a

    L.i.n.a.a Популарен член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2013
    Пораки:
    1.831
    Допаѓања:
    3.184
    Пол:
    Женски
    Колку сме без осет значи.... Немам зборови...
     
    На Malesia, Mrs. right и eliesaab им се допаѓа ова.
  19. Iva:)

    Iva:) Популарен член

    Се зачлени на:
    9 април 2016
    Пораки:
    562
    Допаѓања:
    1.350
    Пол:
    Женски
    Може се мисли на денес префрлените, така сватив. Зошто ги нема Турција, Грција и Хрватска, а таму прво однесоа пациенти.
     
    На sj *O*, Anaroz1, Adidas888 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. quattro

    quattro Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    3.110
    Допаѓања:
    7.969
    Пол:
    Машки
    Во Бугарија има сместено 14 повредени, овај 1 највероватно е дополнително сместен денеска, за денеска се мисли со оглед на тоа дека дополнителни 12 отпатуваа за Србија, уште 3 во Атина, Грција, итн. во останатите земји.
     
    На tambelina, Anaroz1 и Malesia им се допаѓа ова.