1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Траен ефект на PSTD

Дискусија во 'Психологија' започната од Briar Rose, 29 октомври 2017.

  1. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.681
    Пол:
    Женски
    Постојат многу луѓе кои за време на нивниот живот се соочиле со одреден трауматичен настан како силување, служење во војна, сообраќајна несреќа, обид за убиство или друга животна опасност од која за малку би го загубиле својот живот но поради одредени околности и одвивање на настаните, успеале да останат живи и да преживеат.

    Но и покрај сето тоа, познато е дека нивниот живот веќе нема да биде потполно ист како што бил порано. Односно, овие лица многу брзо по трауматичниот настан ќе почнат да ги добиваат симптомите на PTSD
    ( Post Traumatic Stress Disorder).
    Имено, симптомите можат да вклучуваат вознемирувачки мисли, чувства или соништа поврзани со настаните и истите траат повеќе од еден месец откако се случил вознмеирувачкиот настан.

    Меѓутоа и покрај тоа што ќе помине тој одреден временски период и лицето ќе започне да го води својот живот нормално како што претходно го живеел, сепак сметам дека ова ментално вознемирување едноставно не може целосно да исчезне од умот.

    Личноста која искусила настан во која можела да го изгуби својот живот дефинитивно би започнала да размислува на поинаков начин, и тоа најчесто не е кон подобро и со оптимистички карактер.
    Со ова сакам да кажам дека од психолошки аспект лицето започнува да го губи своето поранешно вистинско себе и во меѓувреме да креира сосема ново вистинско себе кое има нездрави механизми за справување со одредени работи, макар тоа да се работи за ситници, како и темна смисла за хумор.

    Сакам да прочитам ваше размислување во врска со оваа тема, односно дали сметате дека ефектите на PTSD имаат тенденција да траат многу подолго од еден месец и како тоа придонесува одредено трауматизирано лице да започне да го променува своето вистинско себе во една потемна и поизвртоперена верзија?

    [​IMG]
     
    Последна измена: 29 октомври 2017
    На BoneMachine му/ѝ се допаѓа ова.