Сакам да ги замолам сите феминки кои имаат некакви познавања или пак искуства или слушнале од некој за трансплантација на коскена срж од сестра на брат болен од леукемија...Колку е успешно? Колкави се шансите за целосно повлекување на леукемијата и колкави се шансите никогаш повторно да не се врати? Ве молам помагајте, итно ми е потребно мислење на ова поле...
Според она јас шо го знам најпогодна е трансплантацијата од брат/сестра.Успешно зависи прво мислам дека се тестира колку е можно да биде прифатена,па ако одговара се врши трансплантација,а за шансите за целосно повлекување или никогаш да не се врати е нешто само доктор шо можи да ти кажи.Се надевам дека бев малку од помош
најдобра е трансплантацијата од некој со иста крвна група,ист рх фактор,во добра состојба (да не е анемичен,или болен во најскоро време од нешто) претходно се испитува дарителот и ако се се поклопува да нема одбивање од примачот,тогаш се врши трансплантацијата доста е висок процентот за повлекување на леукемијата,барем за нашата земја тоа се високи проценти,но само треба да се внимава на понатамошни ремисии и враќања на болеста Спојлер ќе пронајдам повеќе материјал и се ќе ти испратам,да те информирам,за најбрзо време