Епа проблемот е што понекогаш штетат. Видовме два примери на мажи маскирани во жени кои се пријавиле во женска категорија на спорт и еден пример на маскиран маж кој го пуштиле во женски затвор и таму силувал две девојки. Тоа ги повредува женските права во спортот, бидејќи имате нефер игра. А третиот пример ги повердува женските права во затворот. И видовме многу примери на форумов на личности кои се преправаат дека се „феминистки“ и намести да ги осудат овие измами во спортот и одлуката на судството во Англија, оние дури и не убедуваат дека овие маскирани мажи се жени
Колку сте смешни и лицемерни ајмеее Како за народ што чим се спомне парада, се спремаат реквизити од тип на палки, ножеви, колци, стапови, сукалки, шипки, пендреци.. ептен ви паѓа жал ако евентуално видите жена 'маскирана' во маж, да јаде котек од алфи во машки категории. Провидни сте
Јас тој силувачот во самица доживотно би го фрлила. Како за промена, место да ги делите луѓето по сите можни категории би требало да ги делите по тоа дали штетат некому или не. Тој што во затвор повредил други треба соодветно да си биде казнет и тоа најстрого за таков громорозен чин, јас не гледам тука да го брани некој тој човек. Без разлика што си, направи ли кривично дело, решетки. Ти златен си ги побркал малце нештата. Ако ти е дебилна дискусијата, слободно можеш да се исклучиш, зошто си дозволуваш со дебилни луѓе да дебатираш тогаш? Феминистки тебе исто на модерни принцези ти се? Мајка ти што те има родено да не бил тој феминизам знаеш во какви услови ќе живеела сега? Што тропате глупости кога нит имате познавања од историја, а уште помалку за феминизам. За спорт не сум стручна неколку пати напоменав, затоа цело време викам дека треба да се најде некое соодветно решение, зад тој милионски спорт стојат милиони луѓе, сигурно е возможно да се најде некоја middle ground. Никој не вика дека сите жени и мажи треба да се смешаат или дека треба да се укинат машко/женски категории. За спорт не сум стручна воопшто, ама како што јас си кажувам на глас, така и ти да си прочиташ малце историја а посебно за феминизам затоа што тропаш глупости. Кога сакаш може за истиот да дебатираме, да видам колку уствари си прочитал за истиот и какво мислење имаш за него. А да, за принцезички не сме, ама и те како се паметни девојките кои ти реплицираат тука. Поздрав.
. Не се жени. Ама не се ни маскирани мажи. Транс жени се. Мислам, ти маскиран атеист си? Пошо си се родил како атеист ама еве се чувствуваш како христијанин... Значи се маскираш во христијанин. Друго, што многу пати го изигнорира е дека ИМАМЕ ПОБИТНИ ЛОКАЛНИ ПРОБЛЕМИ ЗА КОИ НЕ СЕ ОГЛАСИ НИ ЕДНАШ. И ДЕКА НЕ СМЕТАМЕ ДЕКА Е ВО РЕД ДА СЕ НАТПРЕВАРУВА НА ИСТО НИВО СО ЖЕНИ, АМА НИ СМЕТА ТРАНСФОБИЈАТА КОЈА СЕ МАНИФЕСТИРА УШТЕ ОД НАСЛОВОТ силеџија, поодвратна маска од твојата немам видено. Да се преправаш дека си за љубов и толеранција, демек мислиш за арно на жените, а да труеш и со сексизам и со хомофобија. Ми се повраќа
Значи муабетот не беше тоа, ама така се сврте некако па се направи каша попара. Муабетот требаше да биде за транслица и нивно учество во спортот а не за биолошка жена да игра со мажи. И дај жити се, не збори цицачи сме биле. Ја не споредив делфин со кит. За мачките муабетот беше за многу просто доловување на поентата дека дури и животни со многу слична градба не можеш да ги споредуваш едни со други само заради тоа што се „мачки“. Физичките разлики се реални, мускулот, тежината, начинот на поставеност на нозете се фактори кои влијаат на тоа каков перформанс би имало едно животно во трчањето. А ако некоја жена сака да се натпреварува со мажи, нека се натпреварува. И нека победи ако е достојна, и спремна за тоа. Арно ама не беше тоа темава. Зборев за тоа дека уште мали нозе обично женските се одвраќани од спортот, и многу мала група достигнува одлични резултати, за да се вбројуваат во најдобри спортисти. Ааналогно на тоа не може да се прават некои споредби на мажи со жени, бидејќи ни бројката не им е иста. Спојлер Исто, пред некое време гледав видео во кое жените што играат фудбал се жалеа на слабата платеност во споредба со мажите. Не велам дека жената како поединец на работа треба да не биде исто платена на работа со маж - несомнено е дека треба, ама во некои професии во кои придонесот ќе им биде ист. Кај спортот е малку поинаква ситуацијата. Фудбалерите земаат плати од парите кои клубовите ги добиваат од реклами, спонзорства, гледаност, купени билети. За жал, пазарот е тој, и не може да им се дозволат поголеми плати бидеќи не ни имаат од каде. Помала гледаност, помали спонзорства, дури и да сакаат да им дадат повеќе, како би дале кога пари нема? Доколку дојде до степен да се развие женскиот спорт на исто ниво со машкиот - нормално е да се земаат еднакви примања. За жал спортот е само бизнис, од него се гледа да се исцеди профит, а останатото не им е ни битно.
Мажи се. Маж со исечена рака си останува маж. Ако сакаш наречи го маж со ампутирана рака, сеедно, пак си е маж. Маж со исечен пенис исто така е маж = маж со ампутиран пенис. Исто така и ако под кожата на градите му ставиш силикон, тоа не го прави жена, туку си останува маж, маж со вметнат силикон под кожата. Верското или идеолошкото убедување е променлива категорија. Вчера си верувал во едно, па си истражувал и си се убедил во нешто друго. Нормална работа. Од друга страна полот не е менлива категорија. Во секоја од твотие 30 илјади милијарди клетки имаш XX-хромозоми кои те прават жена. Ако сакаш да станеш маж, повели смени ги женските хромозоми и додади си Y-хромозом во сите твоите 30 илјади милијарди клетки. Mission impossible ха? Исто така и годината на раѓање ти е непроменлива категорија. И местото на раѓање. Слободно отвори тема за девојчињата кои не оделе на училиште затоа што имале месечен циклус. Отвори си тема и за тоа што нема корпа за отпадоци во женските тоалети во хотел Мариот. Оваа тема како што гледаш нема допирни точки со тие теми и нема потреба од одење офтопик на секоја тема и заташкување на дискусии.
Ај добро.. да се споредиме со орангутани, шимпанза и горила. Ист род сме, како што тигарот е со мачката. Не мешај родови на животни. За пол кај иста врста е муабетот. Иначе да: транс мажите се мажи, транс жените се жени. За нив зборував. Нема што да нагласувам транс жена... жена си е.
Аферим за муабетов. Целосно се сложувам. Не мора во се и сешто да се гледаме феминизам и полова дискриминација. Бизнисот е суров и не мари многу за мажи и жени. Ако некој отвори бизнис за утовар истовар на мебел, секако дека ќе вработи мажи за таа работа и нема да ги ферма квази-феминистичките здруженија кои ќе му протестираат зошто не вработил 50:50 жени и зошто не им дава иста плата на жените. Ако во друг бизнис работата подобро ја завршуваат локалните жени, секако дека бизнисменот жени ќе вработи, ма колку сакале мажите нека му протестираат под прозор дека се дискриминирани Проблем ќе се јави во обратниот случај - на кој би требало да инсистираат активистите за родова еднаквост. Ако може жена да се натпреварува во машка категорија, заради родовата еднаквост, тогаш може и мажи да се натпреваруваат во женска категорија - што не е фер како што видовме - едноставно заради различната биологија на мажите. Што се однесува до фразата „ако е достојна“: Достоинствено за жената е да се натпреварува во женска категорија и таму да добие висок резултат. Достоинствено е за мажот е .... во машка категорија. Нема потреба од мешање и споредување на достоинствата. И едното е достоинство и другото е достоинство. И едното и другото заслужува еднаков аплауз, награда, медал.
. Чекај, ти не ја заташкуваш твојата трансфобичност со напаѓање на феминистките на темата, затоа што само тоа ти остана? Премногу провиден си.
Прочитај убаво, темата е „Жени“ од машки пол и „мажи“ од женски пол“ и јас си пишувам и дискутирам конкретно за тоа, за „жени“ од машки пол кои се инфилтрирале во женска категорија во велосипедизам и во боречки вештини. Тоа е крајно нефер. Тоа не е напаѓање на феминистиките, туку баш напротив, бранење на женските права. Жените имаат право да си се натпреваруваат со жени и нема право таму некој нашминкан маж што ставил перика и силикони да им се бута во нивните категории и да ги боксира, да им крши вилици и аркади. Исто така пишувам дека не е фер маж да се камуфлира во жена и ЛГБТ судството да му дозволува на истиот да оди во женски затвор и таму да си продолжи со силување на жените. Вистинските феминисти не ги одобруваат ваквите потези во спортот и во судството. Вистински феминизам значи да застанеш за правата на жените и во одбрана од машки натрапници меѓу нив. Нема тука никакво заташкување на темата. Си пишувам онтопик на темата, а ти слободно продужи си со твоите лични напади, навреди и етикетирања кон форумџиите што не се согласуваат со твоите убедувања. Доколку на модераторите не им пречи такво ниво на „дискусија“ по темиве, мене па ич.
Искрено, не ја сфаќам целата фама околу муабетов - повеќе ми личи на вештачки создаден hype околу велосипедисткава и невешто замаскирана трансфобија отколку на вистински проблем. Јас ќе бидам првиот кој отворено ќе каже дека ич не ми е гајле за женски велосипедизам, односно за каков било велосипедизам у генерала - а верувам дека истото важи и за мнозинството од темава. Конечно, ако останатите жени-велосипедисти не се побуниле и реагирале за тоа зошто на трансродово лице му е дозволено да се натпреварува у женска конкуренција, кој фактор сум па ја да кажам дека не требало така? Процентот на трансродови лица во светската популација, а особено во спортот, е толку мал, што не можам, а да не кажам дека ова е вештачки создаден проблем. Мислам, не е дека сега просечни мажи спортисти ќе се стрчаат да прават операции за промена на полот за да станат прваци у женска категорија. Како да се реши овој „проблем“ и како да се регулира учеството на трансродови лица у професионални спортски натпревари? Не знам и не ми е баш гајле, ако сум искрен, ама сигурно не е нерешлив проблем поради кој жените засекогаш ќе бидат обесправени во професионалниот спорт. Ете, Меѓународниот олимписки комитет направил посебни правила за учество на трансродови лица уште у далечната 2003-та, па верувам дека секоја спортска организација може да го направи истото (или можеби веќе го направила) и тоа е тоа. Значи, можело. Ако веќе се прокламираме како феминисти, наместо да се трудиме да ги заштитиме жените-спортисти од мажи со перики кои се трудат да им ја одземат победата, подобро би било да кажеме збор-два за драстичните и драматични разлики во наградите, платите и бонусите за истите спортови во машка и женска категорија. Ама тоа е веќе друга тема.
Поголемото зло не е изговор за помалото зло. Вистинските феминисти ќе се трудат да ги заштитат и едните жени и другите жени, и тие неправилно наградените од Охридскиот маратон и оние каде што им се увалил некој маскиран маж во трката. Вистинските феминисти ги сакаат сите жени и се застапуваат за правата на сите жени, а не само на одредени. И во прави си, треба да спомнеме збор два за драстичните разлики во наградите. Баш ќе ме интересира кој од феминистите на форумов спомнал збор два за тоа. Баш сега ќе направам еден Search на форумов. Упссс, па тоа сум бил јас (Еве линк до целиот пост.) @Bender Rodriguez, каде се твоите другарки што се лупаат у гради дека се феминистки ипол да спомнеле како што велиш збор два за тој проблем? И колку сакаш релативизирај го посочениот проблем како мал, маргинален, невреден за спомнување... верувај, за оние две девојки кои што биле силувани од машки затвореник тоа е голем проблем. Да беше тоа твојата сестра, жена или мајка да те видам дали вака ќе релативизираше.
Што ако ти кажам... дека транс жена може да се носи со кратка коса, да има машки полов орган, да не става силикони, да се не носи фустани... и се уште ке е жена? Жени се. Транс е придавка што едноставно ги опишува. Како да кажам бринети жени. Ама не се некој посебен вид на жени.
Дали стварно мислиш дека покрај толку многу проблеми, дискриминација и нееднаковст со кои се соочуваат жените низ светот секојдневно, проблемот со трансродови лица во спортот е најважниот? Ни јас. Пак ќе речам, од мојот линк погоре до правилата на Меѓународниот олимписки комитет за учество на трансродови лица на олимпијадите може да се види дека спортските организации веќе сериозно пристапиле кон овој „проблем“ и дека постојат правила според кои такво лице може да учествува во машка или женска конкуреција на одредено натпреварување. Ти правиш да изгледа како да е доволно некој батка да стави перика и рече „Ја се осеќам као жена“ и готово - секоја спортска организација и настан мора да го прифати и уважи тоа и да му дозволи да се натпреварува, што е многу далеку од вистината. И ќе се повторам, доколку органзаторот на натпреварот и сите останати жени-учеснички немале проблем со тоа трансродова жена (или, според тебе, маж) да учествува, кои сме јас и ти, особено како мажи, да тврдиме дека тоа е дискриминација, особено ако жените, и тоа оние кои учествувале во натпреварот, тоа не го доживеале така? Или сакаш да кажеш дека ние мажите подобро знаеме од самите жени кога тие се дискриминирани и обесправени? Очигледно е дека спортските организации веќе си нашле начин како да го регулираат ова (божем бројот на трансродови лица во спортот е енормен) и ако на нив тоа не им е проблем, не гледам зошто мене би ми било. Супер за тебе и ме радува што е така - и во право си кога викаш дека темава не е доволно разработена на форумов - можеби треба да се направи тема у која ќе се дискутира оваа нееднаквост. Ама оваа дискусија ќе ја оставам за таа (идна) тема. Каде во моето мислење, кое се занимаваше со трансродови луѓе во спортот, виде релативизација или воопшто спомнување на случајот со силување? Силувањето во затвор според мене е огромен проблем, иако изгледа дека е дел од затворската „култура“ на САД. И проблем е и кога маж ќе силува друг маж, и кога жена ќе силува жена, и кога трансродова жена ќе силува (биолошка) жена. И совршено ми е нејасно зошто едното силување во затвор треба да биде општествено прифатливо, па дури и предмет на заебанции (don't drop the soap, хехе), а ова би требало некако да ме шокира. Ама и затворското силување е посебен феномен и тема за некоја друга дискусија.
Кажи си слободно. Кажувањето не ги менува фактите. Некој пробал да каже „абракадабра“, друг „хокус покус“.. ништо од тоа не го променило мажот во жена... јер наука знаеш. Кратка коса, долга коса, ќељава, шминкана, нешминкана, со големи цицки, мали цицки, со отстранети цицки, со фустан, со фармерки, гола... сеедно, жена е жена ако и само ако е жена. Просто ко два и два. Ништо од горенаведеното не ја дефинира жената, ниту облеката, ниту градбата, ниту функционалноста на женските органи, па дури ни тоа дали ги отстранила градите или матката на пример заради канцер. Она што го дефинира женскиот пол е постоењето на женска генетика, женски XX-хромозоми во сите 30 илјади милијарди клетки од своето тело. Оди ограби банка на пример, доволно е едно дури и кратко влакно да ти падне или само една клетка од епидермисот на твојата кожа и одма ќе се види дека ограбувачот бил жена. Нема потреба ни на сигурносните камери да се види дали ограбувачот имал долга коса, дали имал цицки, или на ренген снимка дали имал матка. Од генетиката не можеш да избегаш. Твојата ДНК е присутна во секоја твоја клетка.
А каде јас реков дека ова е најважниот проблем? Дај не зезај. А што е потребно? Мислиш дека има унифицирани критериуми? Читај на темава како една вика дека тоа е „чувство што длабоко го носиме во себе“, друга вика дека „во мозокот ние сме мажи или жени“. Еве види дека затвореникот од Англија што го ставиле во женски затвор немал никаква хируршка операција направено, туку само со шминка и перика им дошол и им рекол „жими мајка јас сум жена“ и го ставиле заедно со пенисот негов кај женските затворенички. Не знаеме дали немале проблем со тоа. Како би можеле ние од Македонија да знаеме како тие се чувствувале со тоа што маж им учествувал во женска категорија. А и не е ни битно тоа. Битен е принципот дека машките имаат биолошки предиспозиции да бидат посилни во сила и физичка активност и затоа нефер и недостоинствено е да се натпреваруваат во женска категорија.
Трамп го враќа научното биолошко дефинирање на родот во Америка. Ако успее во ова, како мажи ќе може да се заведат само лицата од машки пол (со машки гениталии и машки хромозоми), а како жени - лицата од женски пол (со женски гениталии и женски хромозоми). https://www.mkd.mk/svet/vesti/tramp-go-ukinuva-priznavanjeto-na-transrodovite-lica
^ Трамп и наука/научно во иста реченица Само за потсетување, зборуваме за истиот Трамп кој не го признава глобалното затоплување како факт, така? Shame... црно ѝ се пишува на Америка во поглед на човечки права. П.С. Нели само за спорт ќе беше дискусијата? Ете за што е hype-от, за сите посебни снегулки што ја величаа разумноста и наводното отсуство на трансфобија во темава. Мех.
Не, Трамп не забранува ти да си се оперираш, да си сечеш гениталии, да си ги полниш градите со силикони, да си ставаш перика итн. Тој само вели дека ако си женско, во администрацијата ќе си бидеш заведена како женско - т.е. твојот пол/род да одговара со објективната и научна реалност. А потоа, во твојот приватен живот, никој не ти брани да си глумиш дека си машко, вонземјанин, да мјаукаш и сл. Значи сето ова ќе биде дозволено, само нема да биде дозволено другите при очи да ги правиш слепи и да ја деградираш нивната интелигенција.