1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Трансфер на административци во приватен сектор

Дискусија во 'Политика и настани' започната од referentka, 24 јули 2017.

  1. AURUA

    AURUA Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2017
    Пораки:
    703
    Допаѓања:
    2.607
    Пол:
    Женски
    Мислиш дремењето на работа и излез-влез кога ти се сака?:rofl:Во право си таа слобода пара не ја купува. Си клатиш врата и земаш вечно плата навреме, пара од народот од џеб што му брца државата со даноци и 100чуда а душата му знае кај приватникот како редовно го јаде стапот за тие пари ситна боранија.
     
    На Annath, cresa-jagoda, Nausicaa и 6 други им се допаѓа ова.
  2. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.777
    Допаѓања:
    22.418
    Пол:
    Женски
    Во приватен сектор на мајка со две малолетни деца во вторник и рекоа да не доаѓа од среда. Отпремнина вајда рачунаат последната плата што и ја дадоа цела, наместо за пола месец. Не велам дека тоа е во ред, напротив тоа е изживување а не тоа што административциве тврдат дека го трпат на работа.

    Пред да дадам отказ барав интензивно работа месец дена. Пратив 10тина резимеа, бев на 5 интервјуа од кој на 2 поминав у потесен круг. Другар мој бараше работа година ипол и имаше пратени 100 тина резимеа и беше на над 30 интервјуа. Поентата ми е ништо нема на послужавник и не треба да има нит приватно нит државно.
     
    На *Amethyst*, Doozy, Annath и 15 други им се допаѓа ова.
  3. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    2.605
    Допаѓања:
    34.265
    Кај ќе ги бркаат оти не работат ништо, оти реално не ни има работа, па уште да си ги прчат две години со 2 плати месечно, плус работа на готово, а и така и у администрација со врски се пикнале, па и нема да работат ништо и на новото работно место оти не смеат да ги бркаат...

    Абе дај не ме јеби! Шутни све што не работи, нека иде нека конобари, нека молерисува, нека иде да земе Бугарски пасош, ме заболе!

    Нека земат СДСМ економијата да ја оправат, па ќе има работа за сите... Ма да тешко тоа со долговиве од Шаторов и волон од братучед...

    Ма да сеедно, ако бидне ова, и ако не се дигнеме како народ, и малце ни е...
     
    На *Amethyst*, Annath, supergirlmb и 22 други им се допаѓа ова.
  4. Црна Ружа

    Црна Ружа Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    1.000
    Допаѓања:
    3.684
    Пол:
    Машки
    Фејл идеја е оваа, кој тоа пазар на работна сила ќе ги апсорбира десетици илјади партиски чиреви, па макар и со тешки субвенции?
    Нажалост веројатно нема излез од кошмарот кој го создаде пастирот, клиентелизмот со цел да остане вечно на власт со манијакално превработување во државна администрација, општините и државните фирми.

    Сега и да ги отпуштат сите (а треба) ќе колабира и онака скромниот пазар, куповната моќ ќе се намали драматично и ќе исчезнат и многу работни места од реален сектор. За создавање работни места, барем во сектор на услуги а зошто да не и во производство - потребна е поголема куповна моќ на масата народ, да се врти пара, да се троши.

    Од сите говнарии кои ги направи екс власта, оваа е најголема. Постојат метхеди и хорсаши кои сквотираат во напуштени згради во Марсеј кои имаат поголема шанса да се оправат него економијата на РМ. Наркоманот наречен административец, зависен од се поскапи кредити и штампање пари нема теорија да се оправи.

    Затоа нареден пат коа некој ќе ве дави со муабети за геополитики, турски текови, сорос, масони, антички хунзи ти реков ми рече...најдобро би било да го полиете со бензин и да го запалите.
     
    На *Amethyst*, SuperGirl24 и malerozna им се допаѓа ова.
  5. galapce

    galapce Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 ноември 2014
    Пораки:
    4.318
    Допаѓања:
    106.804
    Пол:
    Женски
    Зошто да им се исплати отпремнина?
    Ц ц ц...
    Отпуштање на неспособен кадар и секој сам нека си најде работа.
    Што сака сегашнава влада со ова?
    Да ги придобијат како гласачи?
     
    На fallenangel, Emy867, Val-Dim и 7 други им се допаѓа ова.
  6. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.263
    Допаѓања:
    34.535
    Пол:
    Женски
    Сите што не работат ништо, а земаат плата, нека ги избркаат, без отпремнина и без префрлање на ново работно место во приватен сектор.
    Ако се толку способни како што глумат, ќе најдат сами работа. Или нека продолжат да му го полнат џебот на Грујо, но овој пат за во приватните фирми што сечеше црвени ленти каде што платите и условите за работа се најмизерни. Па пак нека гласаат за него, откако ќе ги вработи во неговите мизерни фабрики во кои според него ружи цветаат и е мед и млеко.
     
    На *Amethyst*, Emy867, Val-Dim и 13 други им се допаѓа ова.
  7. makedonkamak

    makedonkamak Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 октомври 2013
    Пораки:
    3.616
    Допаѓања:
    26.999
    Пол:
    Женски
    Паразитската администрација која ја доуништи државата мора да се истреби. Инаку спас се нема.
    Уште отпремнина да им се дава??? Малку ли им е што долги години земаат пари кои не ги ни заработиле?
    Затоа сме до овој степен дојдени, од лошо- полошо.
     
    На *Amethyst*, fallenangel, Someonespecial и 11 други им се допаѓа ова.
  8. Val-Dim

    Val-Dim Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    1.750
    Допаѓања:
    60.976
    Трансфер на администрацијата во приватен сектор :^)
    Мислам дека газдите нема да ги сакаат :!:

    Општо познато е колку многу „работат“ административците (секоја чест на исклучоците)...
    Работното време им почнува во 8-9 часот, значи наспани доаѓаат на работа, пијат кафе 1 час, да се „расонат“, потоа прегледуваат страни на нет, демек да бидат во тек со новите настани... Па одат на 30-минутна пауза која што трае 1-2 часа :^) По паузата ке подработат, па пак на нет, на ред се Фемина ]:) и Фесбук |(
    Следува пауза за цигара и кафе. Пааа, работа :^)
    1 час пред крај на работното време се спремаат за дома, шминка и то ]:)
    Знам, лоша сум, ама тоа е реална слика за поголемиот дел од вработените во јавна администрација...
    Штоооо... ОТПРЕМНИНА :^) (facepalm) ]:)

    Потпис... Вработена во приватен сектор, 25 години стаж :D
     
    Последна измена: 27 јули 2017
    На Espadrila, Sesil, galapce и 17 други им се допаѓа ова.
  9. supergirlmb

    supergirlmb Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2017
    Пораки:
    1.360
    Допаѓања:
    7.810
    Пол:
    Женски
    Нека пробаат бе, ама со некои ептен што не работат. Нека отидат во приватен сектор, поласат покасно од кога почнува работно време, па одма на кафе, па на појадок ( конкретно имав случај каде вработена во мвр иде во 11 на работа ( а од 8 и 30 се почнува), седи до 1 и си оди. Нека ги враќаат странките за уттре и задутре па да видиме кој ќе ги трпи. А дека не е фер да им се даде отпремнина и уште и работа не е. Јас зошто да барам работа од дома а некој се на готово да му се сервира.
     
    На AURUA, makedonkamak, Emy867 и 6 други им се допаѓа ова.
  10. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.733
    Аиии - не знаев дека вакво нешто на „некој му текнало“. Кај отпремнина, па уште и кој сака (по желба), па и да ги прими приватен секотор. Роди ме мајко административец, па фрли ме на буниште!

    Нек си одат нек си аплицираат по фирми, ко сите други, и кој е подобар нек го примат.
     
    На crimson, galapce, Rama и 12 други им се допаѓа ова.
  11. Sv. Nikolka

    Sv. Nikolka Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2016
    Пораки:
    392
    Допаѓања:
    411
    Пол:
    Женски
    Не си воопшто лоша, но во заблуда си. Јас сум во Државна институција, и кај мене на работа не е воопшто така, како што кажуваш.
     
    На mami blue и Abeja им се допаѓа ова.
  12. Val-Dim

    Val-Dim Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    1.750
    Допаѓања:
    60.976
    @Sv. Nikolka во текстот пишува...
    Секогаш постојат исклучоци... Мора некој и да работи за да течат проектите, за да работат шалтерите!!!
    Е сега, со која брзина тоа се изведува, колку време е потребно „обичен“ човек да дојде до некој документ и да си заврши работа е друга приказна.
     
    На An-na, theowndemon, Rama и 2 други им се допаѓа ова.
  13. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.224
    Допаѓања:
    93.796
    Кај никој во државна институција не е така, а по државниве институции џаболебари со лопата да ги ринеш! Во иста ли земја живееме?! Ако да, некој овде дебело лаже!
     
    На Sesil му/ѝ се допаѓа ова.
  14. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    18.986
    Допаѓања:
    261.081
    Па се' иде споро затоа што на работа се 10 од 40 вработени.
    Тие 10 го јадат за сите, и после и тие се лоши :)
     
    На SuperGirl24 и Rama им се допаѓа ова.
  15. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.224
    Допаѓања:
    93.796
    Па некој мора кафе да пие некаде во тек на работно време, друг почесто да е на боледување, трет по митинзи, четврт во штаб... се си има распоред:D.
     
    На cresa-jagoda, SuperGirl24 и Rama им се допаѓа ова.
  16. Јаневски

    Јаневски Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2015
    Пораки:
    925
    Допаѓања:
    1.930
    Пол:
    Машки
    Демек ќе ги примораат газдите да примат no work или no show вработени?
    Не е, а и да не треба ни да биде изводливо.
     
  17. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    18.986
    Допаѓања:
    261.081
    Најозбилно сега, од кај мене на работа имаше многу поддржувачи на шарената револуција и отворени поддржувачи на СДС.
    По митинзи на ВМРО немам видено, но знам некои кои отворено ги поддржуваат.

    Дефинитивно најголем проблем се општините и министерствата, и најозбилно немаш шанса да мрднеш од работа барем кај нас.

    Не секаде под државна капа цветаа ружи, верувала или не.

    Немаме доволно персонал, па повеќе пати имаме прекинувано боледување и сме доаѓале на работа. Болница е, ќе одиш пола саат на инфузија, ќе те напикаат со витамини и ќе работиш :)

    Не те тераат де, културно те замолуваат :)

    Кафе/мафе може на одделенијата со 5 пациенти, како инфективно, инаку... Секое сабајле кога пишувам си го правам кафето, околу 12 го допивам, кога веќе ми прават второ :)
     
  18. Sv. Nikolka

    Sv. Nikolka Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2016
    Пораки:
    392
    Допаѓања:
    411
    Пол:
    Женски
    Немам причина да лажам, работата не трпи забушавање. Таква е природата на работата, врзани сме со норма.
     
  19. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.925
    Ај разбирам да треба да сработите тоа што ви стигнало во денот, ама не ти е тоа норма.
    Иди кај приватен да видиш што е норма, ако не ја постигнеш нема ни минималец да земеш, 2-3 месеци по ред утни ја нормата и можеш и од работа да леташ. Каква норма кога платата ти е загарантирана. Знам дека оние од државна администрација кои имаат директен контакт со луѓе во поголемите места имаат многу работа, ама скиснати се до немај каде, а второ, 90% од времето "системот" им е паднат заради тие во погорните слоеви што не си ја вршат работата.
    Ептен ти е тешко, норма имаш. Да не шиеш случајно или копаш, па имаш норма колку да сошиеш/ископаш?
     
    На Emy867 и fallenangel им се допаѓа ова.
  20. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    18.986
    Допаѓања:
    261.081
    Малку безобразно се поставуваш, но ајде да го препишеме тоа на твојот стил на пишување.
    Јас претходно имам работено и приватно, всушност еднаков ми е стажот приватно/државно.
    Најтешка работа ми е државнава.

    Да, предност е загарантирана плата, ама па немаш ни опција за напредок, без оглед кој е на власт, за да напредуваш мора да си нечиј. Инаку со таа плата и тоа работно место ќе тапкаш до пензија.
    Ако не го сработиш тоа што треба да го сработиш, веројатно нема да те избркаат (до сега сум видела да избркаат некого само заради крадење), ама ќе те преместат на некое најубиено работно место, па ќе те мотивираат :)

    А дали е некој скиснат или не е скиснат... мислам дај.
     
    На ana-banana, Rama, Abeja и 1 друга личност им се допаѓа ова.