1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Трансфер на административци во приватен сектор

Дискусија во 'Политика и настани' започната од referentka, 24 јули 2017.

  1. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.385
    Допаѓања:
    34.195
    Пол:
    Женски
    А малку ли ти е загарантрианата плата и тоа што скоро е невозможно да те избркаат што и да направиш?
    И нормално дека не треба да бидете скиснати бре кога работите со луѓе. Мене ич не ми е гајле каков ви е денот, дали имате работа, дали ти извршуваш работа за 100 други. Јас сакам кога ќе дојдам да завршам работа без притоа некој да ми мрчи или да ме гледа на криво. Ние ве плаќаме за да не опслужувате нас, не е обратно. Оди на приватно однесувај се вака да те видам. Ако не ти одговара, напушти ја работата. И така ве има премногу, ќе најдат некој да те замени.
     
    На DAngel, kukla21, danichap и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    18.971
    Допаѓања:
    260.978
    И јас сама се плаќам, чисто да те потсетам, и јас не сум ослободена од давачки :)

    Ако тебе не ти е гајле што извршувам и како извршувам, најпаметно е да ти биде важно дали сум ја завршила работата која треба да ја завршам за тебе.
    Пошто најчесто скиснатоста не е поради колеги, туку поради клиенти.

    А можеш колку сакаш да бидеш огорчена, веќе кажав, сум работела приватно :) Исто долго колку и државно.
     
    На *Amethyst*, zhap4e и Abeja им се допаѓа ова.
  3. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.807
    Допаѓања:
    52.964
    Купувачот е секогаш во право, така се работи приватно. И кога не е, се извинуваш и можеби ќе ти се развика, ти пак ќе се извиниш, затоа што ти зависи продажба од него и од сите што може да ги повлече со себе и лошиот глас што може да го рашири за фирмата. Влези во продавница и види некоја продавачка да не те услужи или да те одмине додека ја прашуваш како да не те гледа, дали ќе реагираш, дали ќе се вратиш пак таму да пазариш? А најверојатно и ќе ја избркаат од работа. Во амбуланта ми се слоши, не можев да се соберам од земја, поминува сестра мајка ми и вика помогни, не и е добро, таа вели не е тоа моја работа??? Вријам само кога ќе ми текне на сцената, требаше да се искара, за да ме внесат во ординација и ми помогнат. Ама болница е, и ти треба и пак треба да се вратиш таму, а ако се пожалиш немаш сведок, затоа што кој од нив ќе се каже меѓу себе. Има многу разлика, огромна разлика, страшно е што државниот сектор работи од нас и треба да работи за нас, меѓутоа секогаш се однесуваат како да се над нас. Имам многу на темава да пишувам, ама немам време :(
     
    На AURUA, Hipster, Someonespecial и 7 други им се допаѓа ова.
  4. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.385
    Допаѓања:
    34.195
    Пол:
    Женски
    Штом си работела знаеш дека на приватно не смееш да си дозволиш да бидеш нерасположена и скисната. Која црна работа ја завршувате не ми е јасно? Клати врата земај плата, фб, фемина, кафенце, ова она. Оп, поминал пола ден. После пауза, па пак кафе и така... Тешко ви е, признавам.
    п.с
    За да ги платиш давачките, треба некој друг да те плати. Во случајов ние, некултурните клиенти.
     
    На Dust, kukla21, Nausicaa и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    18.971
    Допаѓања:
    260.978
    Тоа е до идиотот од сестра. Секако се подразбира дека ако некому се слоши треба да помогнеш, дали си доктор, сестра, администратор, болничар, чистачка... да сте ја пријавеле ќе била санкционирана.
    Барем кај мене се.

    Можам и сум била и никој не ме замарал како тука, да бидам искрена.
    Си ја работам работата, насмевката не ми е во работен опис.

    Љубезноста не е исто што и насмевка ;) Освен ако не доаѓаш да ме гледаш мене?
    Пошто пациентиве последно нешто што ги интересира (или би требало да ги интересира...) сум јас :)

    Оп, така е, права си. Не знаеш што работам, нема ни да ти кажам :)
     
    На *Amethyst* и zoran43m.k им се допаѓа ова.
  6. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.385
    Допаѓања:
    34.195
    Пол:
    Женски
    Не ме ни интересира што работиш, искрено. Читајќи те тука, добивам впечаток за твојот однос кон работата и клиентите. И тврдам, истиов однос кон работата и клиентите да го имаш и на приватно, нема да работиш ни еден месец.
     
  7. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.439
    Допаѓања:
    20.020
    @CameliaMiller, работиш со кленти, и тоа од најранливиот вид- пациенти со канцер? Насмевката ти е во работен опис, исто како и „Повелете“, „Имајте убав ден“.
     
    На AURUA, Mishela, Someonespecial и 6 други им се допаѓа ова.
  8. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.699
    Допаѓања:
    322.331
    Оф топик:
    Секаде љубезноста треба да е во прв план.
    Значи, како единка ја претставуваш институцијата која стои позади тебе.
    Знам, не ни е на сите секој ден до смеа и малку треба љута странка да те извади од такт.

    Он топик:
    Кој ти сака административец во приватен сектор...!?!
    Имале потенцијал..како да НЕ...
    Секој паметен човек со потенцијал веќе е во приватниот сектор каде може далеку повеќе да заработи отколку седејќи на столче во канцеларија.
     
    На *Amethyst*, Dust, AURUA и 12 други им се допаѓа ова.
  9. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    18.971
    Допаѓања:
    260.978
    Епа грешиш, што да ти кажам?

    Џабе трошам време. Огорченоста е заебана работа.

    Убав ден имајте.
     
    На *Amethyst*, zoran43m.k, ana-banana и 2 други им се допаѓа ова.
  10. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.925
    И јас имав човек да ме вметне во државно, уште веднаш штом излегов на факултет. Ќе работев на струка и во државно, плус во област што неверојатно многу ме интересираше во тој момент, буквало сон ми беше да го работам тоа. И одбив, реков ќе си барам работа во приватниот сектор. Знаев дека имам потенцијал да напредувам, а државната работа не го нудеше тоа.
    И цврстро стојам на ставот дека секој млад човек што работи во државно е мрза која нема амбиција да напредува во животот (освен оние кои радо остануваат во државно затоа што работата не ги замара, па работат уште една работа плус, или фриленсаат, или како и да е.) Ама и тие го даваат минимумот на работа за да имаат енергија да работат на втората.
    Работам со луѓе од администрација секојдневно, јасно ми е како функционираат работите.
     
  11. mamita83

    mamita83 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2014
    Пораки:
    355
    Допаѓања:
    426
    Меркава НИКАКО НЕ треба да се спроведе од новава влада. Подобро е тие 9.000 евра да се дадат на невработени лица со идеја да се самовработат, да отворат свој бизнис. Тој што сака да смени работа ќе ја смени посекако.
    Мене ми се случило безобразно однесување и крајно некултурно однесување и во приватниот сектор, не само во државни институции. Во банка кога ќе влезам односот не им се разликува од односот во некоја државна институцаија, се зависи од луѓето.
    И дефинитивно не мислам дека вработените во државниот сектор треба да се со насмевка, мене ми е важно да ми ја заврши работата и да не гледа да ми каже ти фали еден документ за да ме откачи. И апсолутно вработените во било кој сектор приватен или државен не треба да трпат омаловажување од некоја странка со фрустрации од дома. Секако треба да имаат професионален однос и достоинствено, културно да си ја извршат работата.
    Како и секаде рибата смрди од главата, во државни институции каде директорот бара од вработените одговорност и почитување на клиентите и на работното време, така и ќе биде.
     
    На Rama, CameliaMiller и mami blue им се допаѓа ова.
  12. zoran43m.k

    zoran43m.k Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 март 2014
    Пораки:
    128
    Допаѓања:
    1.632
    Пол:
    Машки
    Ништо што оваа окупаторска влада работи не е реално , приватниот сектор имал потреба од 80.000 работници од разни профили...????
    Ај размислувајте и пишувајте реално де?
    Глупости.
    Инаку , мислам дека има многу административци што би отишле во приватен сектор и без отпремнина.
     
  13. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.122
    Пол:
    Женски
    80.000 слободни работни места во приватен сектор? Ејгиди. Ептем ми звучи ко изјавите од претходната постава - директорот на АВРМ и раководителката на сектор или што год, /која во слободно време читаше партиски фермани а ла портпарол на ВМРО/ и зборуваа за невработеноста во ист таков стил: Денеска има 80.000 отворени слободни работни позиции и нема кој да работи! Невработение не сакаат да работат. Нејќат да работат за малку пари и не сакаат да работат се' и сешто.
    :D
    Никој не може да гарантира дека само „неработниците“ од администрација би добиле клоца и дека нема да има колатерална штета.... да во сето (можно) отпуштање нема и реваншизам по партиска линија или чисто реваншизам од лични причини - го нејќат,неубав им е на лик... ко што претходната постава правеше со прераспоредување на луѓе за две скалила подолу (сега и тоа сакаат да го легализираат СДСМ, нели,за полесно да напредуваат и полесно да мрцварат...стандард работа на шефчињата и директорчињата), иако законот не дозволуваше. Ама од чист ќејф го правеа,да го тормозат човека. Знаат ќе им падне решението ама, ете. Ќе го помачат. Ќе го стават во некое канцеларииче уџум и ич нема да го викаат на колективни состаноци и ич работа не ќе му даваат,да си оди бе,да си оди сам:D Ќе му текне кога и да е.:D

    Приватниот сектор чисто сумљам дека би сакал да глуми министерство за шумарство па да го прими вишокот составен од се' и сешто.... секакви профили. Оти, тие слободни 80.000 места:D од кои области се, што профили бараат приватниците што никако да ги пополнат од масата невработени луѓе во земјава?
    Или дај што даш? Нека да се радуваат што ќе добијат уопште шанса за другаде, оти ние што сме си приватно и тоа немаме. И..како се вика оној момент кога владата братски се договара со приватен сектор место да вработи по распишан оглас и да бира кадри според х и у критериуми... он ќе го вработува вишокот на владата? :smirk: Интервенционизам или... поима немам.Како и да е.
    Ама ај да се вратиме на плукање на членките оти и немаме попаметна тема за дискусија освен членките на фемина. ^_^ Исклучи мозок и уживај бате. :D