Траума од минатото

Дискусија во 'Секс' започната од SANCE1, 16 јули 2010.

  1. SANCE1

    SANCE1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2010
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Мојава приказна започнува пред три години, кога имав 21год.Започнав врска со еден дечко...две недели потоа за прв пат имавме односи... тоа беше мојот прв пат! Не беше лошо но не беше нешто посебно како што сум замислувала дека ке биде. Немав болка, ни крварење. Четвртиот пат кога имавме однос, почнав мн да крварам, помислев дека тоа е нормално....ноооо.. не беше така..крварењето не престана...завршив во болница...ме сошија...без анестезија...беше многу болно..Дечкото се испаничи ... се повлече... повторно се смиривме.. но кон мене се однесуваше како да сум фалична :) Односи немавме.. тој се плашеше...се плашев и јас.
    Ме третираше како ѓубре...Раскинавме! Одтогаш веќе три години, јас не можам да се соземам... да поминам преку тоа! Сум имала други момчиња.. но кога ќе дојде до секс.. јас бегам...се повлекувам...прекинувам секаков контакт со него!Сега имам едно момче кое мн ми се допага.. и јас на него...ама не можам да се опуштам...имам трема се плашам...лошо се чуствувам...многу лошо! А не сакам.. сакам да љубам и да бидам љубена.. ама тоа одвнатре е посилно од мене! Незнам што да правам! Навистина незнам?
     
  2. barbiegirl

    barbiegirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2010
    Пораки:
    129
    Допаѓања:
    47
    Ако си сигурна дека тоа што ти се случило нема да се повтори (мислам ако имаш потврда од лекар дека не е ништо сериозно) немаш причина да бидеш толку уплашена. Треба само да се решиш и со самодоверба да го направиш тоа. Се може да се случи ама ништо не би требало да те исплаши да не уживаш во животот. ;)
     
  3. lalezzz

    lalezzz Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 април 2010
    Пораки:
    349
    Допаѓања:
    60
    ...moze glupavo od moja strana no bi probala da se napijam malku poveke :lol: pa da vidam kako bi bilo kad bi bilo.inaku ne bi bilo loso da se konsultiras za ovoj problem so nekoj dobar psiholog..
     
  4. Anely

    Anely Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2011
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    219
    Како тоа те сошиле, што ти сошиле? :?: :$
     
  5. love23

    love23 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    716
    Допаѓања:
    896
    Јас мислам дека треба да се опуштиш и да се препуштиш на емоциите тие сами ќе те водат, но и мене ми се случи слично на првиот сексуален однос немав крварење, но по вториот и третиот имав но не многу, се зависи каков химен имаш може да е еластичен и може да се скине по неколку сексуални односи, како што ти се случило на тебе. Но, да ти кажам дека може повторно да имаш крварење при сексуален однос, бидејќи си немала подолго временски период, мене ми се случи пред две година кога маж ми беше една година во странство таа година немав сексуални односи кога се врати првиот сексуален однос ми беше болен и со крварење исто како да ми е прв пат, бидејќи подолго време немав ништо. Така да не се секирај само опушти се и се ќе биде во ред.
     
  6. anastasija85

    anastasija85 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    555
    Допаѓања:
    1.020
    санче опушти се,знам дека ваква траума тешко се заборава,но доколку стварно ти се допаѓа ова момче дозволи му и на него и на самата тебе да уживаш,
    идоиотот од порано,е самиот крив за се,не треба ни да погледнуваш кон минатото
    знам дека нашите постови нема да ти ја избришат траумата од главата но сепак можеме да те натераме да станеш позитивна и храбра за да можеш да се опуштиш
    :)
     
  7. Sunshine555

    Sunshine555 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    269
    Допаѓања:
    66
    Разговарај со гинеколог прашај го дали тоа може да се повтори и кажи му за ова на партнерот т.е. момчето кое ти се допаѓа, ако и него му се допаѓаш вистински како што мислиш нема да те остави поради ова. А вака ќе бидете претпазливи тоа е тоа. ;)
     
  8. slatkichKa123

    slatkichKa123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2011
    Пораки:
    598
    Допаѓања:
    331
    Мислам дека треба да разговараш со него, ако толку ти е страв дека повторно би се случило истото. Секако разговарај си со гинекологот, ако ти дозволи и рече дека е во ред супер. Ама сепак ако дошло до можност за секс, веројатно сте на некој степен блиски. Разговарај, кажи му да одиете полека и се тоа.. ии уживај :)
     
  9. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    3.316
    Допаѓања:
    21.144
    Пол:
    Женски
    Санче ова мене ми личи дека првиот пат не те дефлорирал туку дури до 4 тиот пат. Тоа е нормално затоа што многу жени имаат химен кој е е подебел и поеластичен и не се кине при првиот секс. Вие најверојатно не сте знаеле за тоа и кога сте се олабавиле он бил погруб него обично и лошо те дефролирал и затоа имало толкава крв и иинтервенција. Мој совет ти е, да одиш на гениколог, да објасниш убаво, без никаков срам, да те прегледа и мислам дека кога ќе ти каже дека е во ред и ти ќе се опуштиш. А за дечкото со кој си сега, разговарај, кажи му и се ќе биде во ред.
     
  10. Iceberg

    Iceberg Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 април 2011
    Пораки:
    120
    Допаѓања:
    48
    SANCE нема зошто да се плашиш ако лекар ти потврдил дека со сигурност тоа нема да се деси и дека се е ок.....сфаќам дека ти е траума но мораш да ја надминеш ,за да не ги пропуштиш сите убавини шо ги носи сексот.мој совет ти е за опуштање да се напиеш 2,3 чаши за да не мислиш на тоа,и ќе видиш дека се ќе биде ок ;)
     
  11. Marilyn-Monroe

    Marilyn-Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2010
    Пораки:
    1.805
    Допаѓања:
    5.853
    Тоа што ти се случило, според мене е резултат од пукнат капилар за време на сексот, односно од поголема грубост, која твојата вагина не е сеуште во состојба да ја поднесе. Нели, сеуште си во рана фаза од сексуалната активност. Или пак, Нена како што ти објасна, многу веројатно дека тогаш си ја изгубила невиноста.
    Ако е ова првото, на што типувам пред се, мора да знаеш дека пукнат капилар во тој предел мора да се сошие за да престане крварењето. После само една недела ти можеш пак да пробаш да имаш односи. Но многу поопуштено да пристапиш. Да се напиеш црвено вино, некој апетисан да каснеш... И нема да има проблеми. Само опушти се.
    А за проблемот со дечкото... страв е во прашање. Машките се слабаци. Бегаат од проблемите кои ги затекнале или кои ги направиле, зашто не можат, не сакаат и не знаат како да се соочат со нив. Ние жените сме поинакви.
    И да знаеш дека сигурно не си фалична и немаш проблем. Ова обилно крварење го имаат добар дел од почетничките. Добро си направила што си се јавила на доктор, зашто вакво крварење може да донесе и потрагични последици.
    Продолжи си нормално да си живееш. Здрава си во тој поглед. :nod:
     
  12. baby19

    baby19 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 август 2011
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    0
    znaci vaka sakam da ve prasam za eden problem na edna moja drugarka stos tavrno i ona ne znae sto da misli. bese so decko koj sto stavrno mnogu go sakaa a toj e malku po za zabava.koga ja orasal dali e nevina taa odgovorila so da so stavrno i e taka. No problemot e toa sto toj so prstot mislam znaete kako i i kazala deka go lazela dali milsiste deka moze so samo eden prst da se izgubi nevinosta. pa ve molam za sovet za da i pomognam i na nea sto kolku sto milam i jas deka so eden prst nema sansi plss za sovet :) :) :)
     
  13. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.637
    Вака, прво смени си фонт и пишувај кирилица, второ не се срами ако е твој проблемот немораш другарка да внесуваш во приказнава, овде нудиме загарантирана дискреција ;) , трето молим те потруди се да напишеш поразбирливо и поконкретно прашање, зошто јас се намачив додека сфатив што сакаш да кажеш/прашаш.
    Четврто не ти е адекватна темата за прашањево еве овде е подобро да го поставиш seks/intimni-prasanja-problemi-i-soveti-t820/3180.html и напиши го појасно и поконретно, ем ќе знаеме што точно не ти е јасно, ем полесно ќе ти одговориме/помогнеме ;) .
     
  14. Serpentina

    Serpentina Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2012
    Пораки:
    306
    Допаѓања:
    136
    Значи пред 2-3 години имав повреда доле..искрварив...не би сакала детално да опишувам зошто се враќам на лоши моменти..можеби тогаш и за првпат го скинав мојот химен...имаше малку крв...
    Од тогаш со сите што ке стапам во врска кога ке дојде до моментот секс..се оддалечувам..
    Имам дечко , сериозна врска...малку сме во врска..но се сакаме..
    Се двоумам дали да му дадам..
    значи ако не тече крв овојпат и ако не е тесно да се осети дека ми влага..ке мисли дека не сумневина.
    Џабе и објаснувања и се ако фактот не се докаже...
    се мислев можеби глупо звучи но прв ден кога ке ми дојде менструација да му дадам , така нема да биде могу приметно ..
    Сфатете ме и обидете се да ми помогнете... :( :( :(
     
  15. Unfaithful18

    Unfaithful18 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2010
    Пораки:
    2.375
    Допаѓања:
    1.070
    Пол:
    Женски
    Глупости. Се разбира дека треба да му објасниш на дечко ти, ако те сака ќе сфати. Плус, не мора да значи дека ако тогаш си искрварила дека сега нема, или пак дека нема да е тесно :D Секако дека ќе се осеќа дека ти е првпат. Не се обидувај да го измамиш на овој начин, пошто после може да си навлечеш цел проблем - дека си го лажела. Објасни му за проблемот што го имаш и не му ја мисли многу како ќе биде. Ако тој се посомнева во тоа, воопшто не ни легнувај со него.
     
  16. Serpentina

    Serpentina Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2012
    Пораки:
    306
    Допаѓања:
    136
    Мислам дека има доверба во мене...знам дека ме сака, што ми е најбитно...но кога и да правиме муабет он вели дека мора да има крв..првпат, а и што ако не е тесно...којзнае што ке си помисли :(
    незнам..ризично ми е и целата сум спобудалена.. :(
     
  17. Unfaithful18

    Unfaithful18 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2010
    Пораки:
    2.375
    Допаѓања:
    1.070
    Пол:
    Женски
    Се разбира дека не мора да има крв првиот пат. Имаш тука цела тема на форумот, најди ја и прочитај на колку се им се има случено. А и дечко ти, што се прави мн дека се разбира во тие работи треба да ја прочита. И секако дека ќе се осеќа дека ти е првпат - т.е ќе биде тесно, како што велиш ти :) И не знам што се замараш толку со тоа, штом велиш дека има доверба во тебе.
     
  18. American.Virgin

    American.Virgin Активен член

    Се зачлени на:
    28 август 2012
    Пораки:
    79
    Допаѓања:
    19
    многу трогателноо...се наежив :(