1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Трауми од детството

Дискусија во 'Психологија' започната од Lovely93, 30 септември 2013.

  1. ColoursOfTheRainbow

    ColoursOfTheRainbow Популарен член

    Се зачлени на:
    23 март 2012
    Пораки:
    1.187
    Допаѓања:
    2.411
    Пол:
    Женски
    Бев исмевана во градинка. Плачев дома на почетокот сечиси секој ден за да не одам во градинка. Почна од братучетката на најдобрата другарка, а потоа се прошири со другите деца (со исклучоци). Ми ги земаа играчките, ми ја отвараа вратата додека бев во ВЦ, не сакаа да си играм со нив. Знаете ли како влијае тоа на едно дете? Многу лошо. Што се случи еден ден? На таа што ме исмејуваше и ја отворив и јас вратата во ВЦто пред сите. Од тогаш цело време се плашам да не бидам исмејувана, немам самодоверба, дури ми е непријатно некој да го гледам во очи или да бидам меѓу луѓе и не сакам да бидам околу градинката.
     
  2. Mrs.Carter

    Mrs.Carter Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 март 2014
    Пораки:
    152
    Допаѓања:
    111
    Пол:
    Женски
    Траума од детството кога татко ми ја удри мајка ми.Многу го мразам.Неможам да го поднесам.Многу е лошо за едно дете да го доживее тоа ;(
     
  3. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.083
    Допаѓања:
    11.228
    Мојот татко не удираше, ама ја пцуеше често мајка ми. Многу лошо и негативно влијае на самодовербата на детето. Едноставно срам од комшии и роднини кои често слушаат и знаат за семејните кавги.
     
    На Istata od vcera и SimonaTino им се допаѓа ова.
  4. bieberfever69

    bieberfever69 Активен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2014
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    9
    Најголема траума е кога мајка ми ми кажа дека можно е татко ми да не преживее и токму тоа се случи ;( никогаш нема да заборавам како вчера да беше кога бевме среќно семејство и татко ми беше со мене,ама еве веќе 7 години поминаа ;(
     
  5. Anabelle.Amorette

    Anabelle.Amorette Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2013
    Пораки:
    3.068
    Допаѓања:
    44.096
    Пол:
    Женски
    Најголема траума ми беа исмевањата од тие проклети идиотишта...Секој ден,секоја секунда некој над глава да ти стои и да те навредува и исмева,а тие дали се виделе какви се? Сите знаеме маани кај други да бараме,никој не е совршен,ама прво види си се ти каков си,па после коментирај за некој друг...Има уште трауми,кои не се поврзани со проклетите идиотишта кои учеа со мене,ама за нив не би сакала да раскажувам.
     
    На Papillon.Papi и LittlePinky им се допаѓа ова.
  6. Hristina-t

    Hristina-t Активен член

    Се зачлени на:
    14 септември 2013
    Пораки:
    47
    Допаѓања:
    13
    Пол:
    Женски
    Истото и кај мене но јас пронајдов еден метод да ги надминам тие работи.Прво самодовербата кога сакав да направам нешто велев сега или никогаш,потоа ги надминував во учење и сеокгаш бев пред нив а нив им беше криво,јас со помош на тоа пребродив се.Инаку тоа беа страшни периоди во депресии како да се затвора цел круг околу тебе само ти се препуштена сама на себе.Сега благодарение на тактиката сега или никогаш имам поголема самодоверба и подобро ми е. :)
     
  7. Beautiful Dreams

    Beautiful Dreams Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 март 2022
    Пораки:
    750
    Допаѓања:
    1.927
    Пол:
    Женски
    Имав само 13 години и мојата баба почина.
    Се уште не можам тоа да го преболам,исто како да беше вчера...
    На моменти како ја мирисам,ми се причинува нејзиниот глас,ја сонувам..
     
  8. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.169
    Допаѓања:
    177.063
    Пол:
    Женски
    Мене војната најмногу ми остана во памет. Живеев во Ново Лисиче и секоја бомба,секој истрел се слушаше. На татко ми пријатели преспаа кај нас и бегаа за Приштина. Тие тажни и исплашени лица никогаш нема да ги заборавам.
     
    На Beautiful Dreams му/ѝ се допаѓа ова.