Девојки во последно време ме фати филмот со виткана коса, всушност јас имав природно така искршена коса но бидејки веќе 10 години ја пеглам а и и ставав секакви глупости за исправување сега ми е ниту искршена ниту права Сакам да и ставам минивал ама колкави отприлика локни излеваат од минивалов?? , јас сакам така покрупни локни, а не црнечки
Со мали витлери ми ја правеше ама претпоставувам дека поголеми прамени земаше. Кога ги извади беа ситни (не црнечки, ама не како на сликава), па некако си спаднаа потоа.. мене поентата ми беше да имам киселина на косата за да ми стои подолго фризурата откако ќе ставам витлери дома и тоа и ми успеа. Дека имам долга и тешка коса, после миење кога ќе ставев големи витлери требаше да ги држам подолго и потоа не издржуваше фризурата многу долго. Сега откако ќе ги ставам, за кратко време имам фризура како да ми е фенирана.
јас еднас ја виткав косата во миневал и ми стои околу 6 месеци онака убаво ама потоа лелееее како се разлетувасе и се тоа,иц неубава бесе оти веке минувасе миневалот....сега ја правам бидејки се усте не е дојдена како сто треба.. ама кога ја имав виткано многу убаво ми стоисе
Покрај се до сега прашано, јас имам уште едно нешто што би сакала да го знам - дали може да се пегла косата која има минивал? Еве еднаш во тие неколку месеци што држи минивалот да земам да ја испеглам со пегла, би било изводливо?
За пеглање ќе ја испеглаш, но не ти препорачувам. Киселината која се става на косата за минивал е многу јака. Влакното стане премногу суво и уште пегла и фали на косата. Премногу ќе ја оштетиш косата, наместо пегла исфенирај ја, но и од тоа се оштетува. Вака третираната коса бара многуууууу негување, јас и покрај сите третмани што и ги правам џабе е, го нема оној сјај на косата. Јас 3,4 пати имам правено и крај веќе не сакам ни да помислам.
Стварно,кај кој фризер ја правеше ? сакам и јас ваква коса! инаку едно прашање-дали одкако ќе си направиш минивал треба и дома да ја виткаш косата,или после миењето нормално виткана ќе ти остане?
Откако ќе направиш минивал нема потреба да ја виткаш, и по миењето си останува виткана, само локните попуштаат за разлика од првиот пат кога ќе ја направиш. Се отстранува само со шишање
И конечно јас после 7 месеци мислење и размислување храбро закажав на фризер за утре за ставање минивал,андулирање,ондулирање како и да се вика нештово ама сега незнам што ќе ми треба за одржување на локните aј веќе искусни пишете ми што и ставате на важите локнички???
Крема за обликување на виткана коса Хоби, или пена за виткана коса Тафт, Нивеа... Секоја коса е различна па ќе видиш што најмногу ти одговара, сега и многу посува ќе ти биде косата се надевам не се фарбаш, затоа што ќе ти стане метла . И обавезно маска за коса на секое миење, можеш и домашни маски да си ставаш, масло ставај пред миење да ти отстои барем еден час да ти ја омекне косата
^^ да да ставам маска редовно и не ја фарбам,прашував за пени и креми ви благодарам на инфо девојки сега баш излегувам за на фризер држете среќа да ми излезе како што сакам п.с. лелее знам ве убив со мојава фризура ајде се надевам ќе ми ја погодат па нема да ве замарам тука
Добар ден девојки!! Прво Feminium како испадна? Задоволна ли од финалниот производ? Второ, гледам сте пишувале дека е можно да се направат крупни локни. Јас сакам минивал да направам, преку глава од права коса, но работата е што сите фризерки со кој што се имам консултирано ми тврдат дека само ситни- афро локни се возможни. Е сеа ке може ли ако има некој од Скопје што направил минивал и што му се така крупни локните да се изјасни каде ја правела косата? Ви благодарам однапред!!!
не ја ни направив , отидов на фризер и фризерката со фигаро ми ја направи како одприлика ќе ми изгледа по ставањето минивал ама не ми се допадна многу беа ситни не афро ама не ни крупни како што сакам и така си станав си платив за виткањето со фигаро и фала пријатно си отидов сега сум во потрага по фризерка која ќе успее да ми направи КРУПНИ локни како што сакам ете од лутина кога се вратив заборавив и да ви пишам овде
На една моја другарка така и ја изгореа косата,па се ишиша кратко. Затоа би ви рекла не одете секаде и не бидете 100% сигурни.Косата така се оштетува.
Девојки јас па сакам ситни локни, баш ко црнечки да ми се.. Од прилика сакам вака некако да ми испадне Што мислите, возможно е?