Возможно е али треба да имаш многу долга коса. Башка коа ке почне да ти расте ке биде пола право надоле така виткано.
^ А не се исправува со тек на време? Мислам, не се опуштаат со тек на време локните? Мада мене не ми е проблем, би одела и делот и коренот да го довиткам кога ќе ми потпорасне, ама па сакам баш вакви локни да ми испаднат... Иначе колку чини од прилика?
Незнам да ти кажам искрено ја затоа сакам покрупни локни да не биде толкава разликата помеѓу извитканото и новото, али ако ја довиткуваш ондак немаш гајле. А за колку чини незнам ни јас. И јас сакам да правам па барам правиот фризер место и цена
за девојчето шо сака афро локни: можно е имам блиска пријателка на која и испаднаа препреубави и и сојат, ама на мојата најдобра другарка истиот фризер и ги праеше и сосем различно и испаднаа на едната и се баш како на сликиве а на другата ко плетенка да си плетела и е косата и паднаа одма, излезе од фризерница со афро локни додека го испивме кафето скоро ништо не остата, сега веќе месец дена по андулирањето кутрата нема ништо од локни можеби е оти има таа ептен права и тешка коса, за разлика од првата нејсе сакав да ти кажа побарај помош од некој близок ако прашаш фризер тој каква коса и да имаш за да ти земе пари ќе ти стави минивал ама како ќе ти стои после и КОЛКУ ќе ти стои ниту еден фризер не кажува :/
Прочитав негде за овошен минивал-не ја оштетува косата,но ефектот трае помалку време.Опцијава многу ми се допадна,зошто многу сакам виткана да ми биде косата одреден период,но со крупни локни. Па,знаете нешто за ова да ми кажете и некој фризер што прави?
Девојки мој совет немојте да правите, јас правев и косата не можам да си ја оправам , посува коса во живот не сум имала, а што веќе не ставам, ја негувам премногу, и маски, ампули, скапи масла за коса џабе е. Првиот пат ајде ќе пројдете, јас така се зезнав, првиот пат се заљубив во косата, ама вториот пат веќе беше метла . Некни одам кај друга флизерка и ми вика кој те излажа да правеш минивал
Имам навистина јака коса која не трпи којзнае какви промени, ако ја испеглам со пегла, таа не стои права него си се враќа во првобитната состојба или пак се мрси и толку од фризурата. Инаку косата природно ми е со повеќе волумен и е релативно права но се искривува на врвовите некогаш. Не обрнувам посебно внимание на косата, ја сушам со фен и толку. Но нешто ме тера на некаква промена, па сакав да се консултирам со вас за мини вал фризурата. Читам дека веќе киселината не е таква каква што била, била некоја си млечна и не била веројатно толку штетна, дали знаете некој салон каде што добро би ми ја направиле? Споделете искуства сакам да знам повеќе, бидејќи сум само неколку чекори од тоа да си направам ваков фриз
Многу е штетно минивал,можеби и убаво ке изгледа однадвор ама кога ке ја пипнеш како испогорена синтетика е.Многу вештачки изгледа,како неквалитетна перика косава ке ви биде.Инаку јас незнам зошто некој би сакал минивал,со права коса можеш што сакаш да правиш а вака со минивал може само вртена и вртена:/
Комшиката моја правеше пред 1 година може и повеќе. Едвај еден месец и стоеше сега целата коса и е изгорена и оштетена. А кратка коса има. Ама ставаше некои киселини така нешто. Така да јас не ви правела и онака имам проблем со расцветани врвови па уште тоа ми фале.
Јас пред три години се направив минивал, со саати седев под хауба со киселина и витлерчињата, стигнав дома прерадвана, виткана,лепота.. По два дена се измив, се исушив и ни витка ништо, ни траг од минивалот Тоа е мое искуство. П.С. на киселина смрдеше уште месец дена, после секое миење!
Гледам темава веќе не е толку активна, но може некоја ќе ми одговори. Може ли да се направи трајна фризура на фарбана коса? И може ли откако ке ја направам да ја фарбам косата нормално? Бидејќи сепак нели киселина и фарба некако не ми одат...
Ve molam kade vo Skopje [ravat anduliranje ili trajna sto vikame, brojce nekoj da mi dade, ama da bide so mlecna kiselina. Pozdrav
Моја другарка исто правеше, но ефектот е далеку од очекуваното и многу е тешка за одржување . Башка што косата се уништува и после некој период ќе треба да ја носиш кратка за да се ослободиш од тој "неред".
Ја фарбам мојата коса од мои 14 години. Имам носено и минивал. Се зависи од фризерот што ти ја прави. Мојата испадна прекрасна и ја носев долго време. Значи ем фарбана и со бланш и со се, и супер излезе косата. Одржувањето исто така е лесно не знам зошто мислите дека е комплицирано. Се што треба е кога ке ја измиеш косата, малку да ја оставиш да се исуши (се препорачува природно сушење, да се избегнува со фен), додека е влажна косата да и ставиш пена.
Може мила, само многу ќе ти се оштети Јас на природна направив и многу ми се уништи, а и далеку е од излегот што го посакуваме, оние прирони локни.... 3 месеци подоцна ја ишишав кратка зошто после 3 месеци немаше ни локни туку како метла изгледаше... Не ти препорачувам
@anakonda88, со минивал ќе ти излезе пуцвал, ко оние женскине со природна виткана коса, бушава да не речам. Ако сакаш убави локни, можеш да си направиш со оние дрвенине виклерчиња ко макарони што се, не знам кај се продаваат, ама косата ептен добро испаѓа, само што после миење ти се враќа во нормала.